Последен гледан филм со кратка рецензија

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Вчера го гледав The Best Offer, по мене најдобар филм што сум го гледал во 2013, можам слободно да кажам ФИЛМИШТЕ. Иначе на омотот пишува MIGLIORA OFFERTA пошто режисерот е Италијанец.
Филмот е трилер-романса-драма, многу добар заплет и непредвидливост до крај. Дефинитивно за мене филм кој влага во топ 10 што ги имам гледано
--- надополнето: 22 декември 2013 во 14:48 ---
Вчера го гледав The Best Offer, по мене најдобар филм што сум го гледал во 2013, можам слободно да кажам ФИЛМИШТЕ. Иначе на омотот пишува MIGLIORA OFFERTA пошто режисерот е Италијанец.
Филмот е трилер-романса-драма, многу добар заплет и непредвидливост до крај. Дефинитивно за мене филм кој влага во топ 10 што ги имам гледано
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Oldboy.




И оди песмата од Мерлин Мансон :icon_lol:.

Филмов е од 2003 а јас го гледав дури вчера. Можеби така би требало да биде затоа што да го гледав тогаш немаше да го разберам како сега :icon_lol:. Спајк Ли прави римејк или веќе го има направено ама бил само бедна копија :icon_lol:.

Филмов ти е школски пример како илуминатите работат на дело прикажано низ фикција или филм, значи сите мачења и манипулации што во реален живот им се правени и тие луѓе имаат просведочено за тоа се изнесени во овај филм. Јако моќно, на моменти тешко и гадно филмче, страшна работа опасно за гледање, и кога ќе речат за илуминатите и нивната магија како зема моќ преку тоа што сакаат да го пренесат што си прават себе и на своите блиски низ филмови, овај филм е еден пример за тоа.

Thx God... Јас мислев дека сум единствена будалетинка што сака и гледа корејски филмови (кои ме воодушевуваат се повеќе и повеќе)
--- надополнето: 22 декември 2013 во 18:10 ---
Irreversible (2002)


Моќен филм. Моника Белучи и Винсент Касел се ок ликови, но приказната е таа што држи и трае и трае и те тера на некои сцени да се подместиш и да си речеш „у јеботе“. Кој не го гледал, а расположен е за добар филм, бујрум, топло го препорачувам.;)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1.jpg

У недела толку не правам ништо и имам толку многу слободно време, шо почнав да трипам дека сум македонски политичар. Среќа шо го имам Ио за филмски гуру, па на време ме атерира, затоа шо кој на своето его дрка и на своите усни свршува. Во овие зимски ноќи, кога само јамболија искрено те љуби, пробај да му дадеш шанса и на некој филм кој ти го препорачал Ио, гарнат ќе го рашутира студенилото (околу твоето срце) до толку - што ќе си помислиш дека Моника Белучи те грее. Мајке ми миле...!:cuc:

Bus 174 е еден од тие филмови. Тоа е филм кој најдрско те соочува со фактот дека ако се давиш у предрасуди и си рамнодушно створење не си кул. Не си ни мангуп. Ти си ман глуп.

Bus 174 ја раскажува приказната на Сандро кој држи заложници во автобус, во Бразил.

Но Bus 174 само навидум е филм за Сандро. Ангелите немаат пол, па и чувствата кои ќе ги гаиш кон него ќе добиваат различен интензитет и боја додека го гледаш филмот. Ќе го сакаш, па ќе го мразиш, па ќе навиваш за него, ќе пцуеш, ќе колниш и сето тоа додека лакомо се гоштеваш од својот привиден мир и греаната поезија во чаша. На крај може да ти ги испегла брчките на срцето и да те здоболи. Дозволено е.

Bus 174 е и само навидум филм за Бразил. Кој вика дека ние немаме „човечки отпадоци“? Додека го гледав не можев да ја извадам од глава една колумна на Драган Антоновски. Еве еден мал цитат:

„Тие се тука, но сепак поради нашата циганската работа се некаде од страна на нашата раскрсница, испраќајќи ве со поглед дали мрсулави, дали закачени за ретровизорот, за шофершајбната… ве испраќаат без да ви се налутат што ги оставате, без оглед дали имало сонце, дожд или снег, ќе ви простат и утре повторно ве чекаат со насмевка.

Ромите се најтолерантните суштества кои постојано подаваат рака, а никој не им возвраќа. Тоа е вистинската циганска работа, и ги имаш покрај себе, а никогаш не ги есапиш за еднакви и се тоа го примаш како нормално, префрлајќи ја вината на другиот, на нив или на власта.“

Bus 174 е всушност филм за игнорираните, невидливите, маргинилизираните, незаузданите, нескротливите, за осудените на уличниот метеж, за регрутираните да ја вкусат месечината на типчеџак (додека се испентерени на покривот на некоја трафика). Bus 174 е нивниот крик, нивната желба да бидат слушнати, видени, да бидат помогнати, да бидат еднакви...

Bus 174 е и филм кој покажува дека мирисот на бајатост е легитимен мирис на полицијата било каде во светот. Класичен показател за нивната неефикасност, која во конкретниов пример дозволи на крајот да биде понесена од глутницата луѓе. Мислам сосема логично, кога општеството би ја признало својата целулитност, би ги покажало на мегдан и своите стрии. Стерилноста на општеството во решавањето на статусот на бездомниците се гледа и во решението кое го нуди - бразилските затвори.

Набрекнатата емоција која мислам ќе ме прогонува цел живот е онаа која бабреше и татнеше во мене додека камерата талкаше низ затворите. Третирани ко животни со расипана храна, валкана вода, спиење на смени, додека болести им течат низ артериите постојано немилосрдно тепани и како врв на се сцената кога камерата си игра со светлината давајќи ги затворениците бездомници како изгубени души од пеколот те тера да се запрашаш дали навистина општеството ја сака нивната рехабилитација или нивниот непостој?

Bus 174 е филм за сите нас. Затоа што покривот кој го имаме над глава можеби е само сплет на околности, игра на судбината, сме вечерале со Господ или пак само сме имале среќа при нашето прво зачекорување во рудникот наречен живот над вратата да ни пишува СРЕЌНО!
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
SAVING MR.BANKS



Оние што ме знаат поарно, знаат дека работам на дизниев брод, а со тоа и меѓу првите ги гледам сите нови Дизни филмови. Пследно остварување од оваа магична работилница е Спасувајќи го Г-дин Бенкс (Онаму каде што книгата, завршува почнува нивната приказна). Филмов во една реченица раскажан би бил „Како Волт Дизни се бореше да ги добие авторските права за екранизација на Мери Попинс“. Малку поопширно би изгледало вака...

Извонредно ракажана приказна за тоа зошто Памела Траверс, авторката на Мери Попинс толку љубоморно го чувала својот омилен лик, низ флешбекови навраќање на нејзиното детство и како тоа влијае врз нејзината сегашност. Од друга страна го имаме Волт Дизни, претприемач чија главна дејност е раскажувањето приказни и тоа колку бил упорен да ги добие правата врз овој роман. Том Хенкс како Дизни и Ема Томпсон како Траверс се на висина на задачата, а лик кој е навистина впечатлив е г-дин Бенкс маестрално одигран од Колин Фарел.

Имам чувство дека ќе треба да го изгледам филмов уште еднаш за навистина да го изгустирам како што треба.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
Hobbit : Desolation of Smaug (2013)


the quest to get your home and slay a dragon.
прилично како голем фан на Толкин како шо можи да се забележи и Никот(за тие поупатените во случувањата во средната земја)
иако со мало разочарување од првиот дел, кој ми беше солиден и забавен али не тоа што го очекував, со проемна на брзини во приказната и самото движење од почеток до крајот, и со претерано нелогични акциони сцени и без врска додадени ликови што беа како plot device for the sake of character & story development, сепак ми беше солиден и заслужуваше една оштра 7.5 накај 8ка.
по тој мало разочарување сепак трејлерите ме хајпнаа до максимум, па самото учество на бенедикт камбербач како гласот на Смауг ми беше причина плус да се закренам од прилеп и да одам во скопје да го гледам, а филмов и архангел.
се решив ете на обично да го гледам и се надевам не пропуштив нешто по специјално али најверојатно ќе ми пукнеа очите од HFR како што сум за никаде со видот.
за разлика од првиот филм каде што почнува споро и 45 минути се заглавени во една просторија, со песни и јадења итн. овој почнува премногу динамично, летаат чаптер по чаптер и скокаат прилично интересни карактери пошо не му стасуваше ни 4 саати за малку да намалеа со тоа темпо, еден карактер излегува кажува 2 реченици, поминува, една сцена што прилично делува интересно завршува во 2-3 минути и така , трчаат џуџињата и билбо на кај магливите планини, со 120 на саат.
ќе кажам тука со болдирани букви иако свесен сум дека некој може да ми рече дека има разлика од книга и филм ама ете.
сигурен сум дека многу фанови на книгата нема да му се допадне филмов !!!
тотално Петер Џексон си ја изврти приказната и се реши да ја исфура дури и со примеси на класичните акциони филмови АКА expendebles style, луѓето кој очекуваа авантура со пејзажи и едноставно да ја истражат средната земја и да уживаат во карактерите што ни ги нуди сторијата, јас видов 2 саати и 15 минути mindless action кој јас а верувам и други што го гледаа со мене се смееа на глас од толку апсурдни сцени во акцијата, абе во класичен акционен филм со жан клод ван дам неможам да начекам такви работи какви што ги видов од Леголас и Таурел(кој според мене првиот имаше логика да го има во филмот, другава е fan service material како што беше и азог во првиот дел)

Џексон пробува да протне некоја приказна што апсолутно никој не му е гајле за да има едно од џуџињата повеќе screen time и приказна околу него.

сега ќе се фокусирам на смауг малку нема да кажам некој спојлер туку само ќе ви го опишам, значи бенедикт камбербач ми стана еден од омилените глумци и неговиот глас го слушав и на аудио книги како methamorphosis, човекот е роден за voice over, растур направи со смауг што реално никогаш ме нема исплашено животно кое зборува, па макар и кракенот од clash of the titans што изгледаше страшно ако зборнеше нешто ќе се изгубеше сета таа мистичност,
се потрудиле малку да го развијат смауг во филмот што беше добра работа, интересен карактер и CGI екипата си ја заврши работата одлично. единствено нешто што тотално ме бендиса во филмот и кога ќе го слушнеш како вика barrel rider ме полазија морници, одличен беше.

ќе го ставам ова во спојлер за секој случај да не испадни после колење бесење
завршува на многу нелогично место, и од филмот се гледа дека уште некоја работа е останата и самата приказна привршува после наводната битка што треба да се случи, незнам што ќе стават во три саати во филмот ??
се на се ако не сте ги читале филмовите може многу повеќе да ви се допадне, ако сте ги читале ќе барате некој подруги работи кој ви се допаднале во книгата а ги нема во филмот.
Оценка: 7/10

сум го изгубил осетот за рецензии у пм :cautious:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Multiplicity



Еве една добра препорака за филм кој е актуелен на форумов. Се работи за еден фраер наречен Ио (во филмот го глуми Мајкл Китон на кого ова му беше најдобра улога од Бетмен наваму), кој во слободно време модерира форум за тапчовци, запоставувајќи ги своите секојдневни обврски. Еден ден Ио ја запознава Ане (Енди МекДауел :love:) по што решава да ги промени работите но нема кој да го замени. Ио се жали на еден свој пријател научник кој без негово знаење и согласност креира клон наречен Њот, за да го замени. Њот е прилично функционален лик но проблемот при клонирањето е што 30 IQ поени одат у Курдистан, па така Њот има нешто помалку разбирање, шарм и смисла за хумор, недостатоци кои ги надополнува со напорна работа и копирање на Ио каде ќе стигне.

Вистинската фрка настанува кога Њот ќе се клонира себе си, по што во филмот влегува следниот клон - фино дете ама наркоман што се пали на филмови како Фаст и Фјуриус и навива за Милан, логична последница на клонирањето без усул. Да биде повесело, армијата Њотовци се множи а следниот е приказна за себе...

Поради спојлери тука би прекинал со дејството. Филмот, како што потврди критиката, е многу повеќе од романса. Тоа е приказна за искреноста, лојалноста и забивањето нож во грб. Приказна за плагијаторството и неостварените желби и лајкови... Глумата е одлична, ликот на Ио оригинален и природен како градите на Енди а Њотовците - џубриња!

Треба да се спомене дека филмот е римејк на постар филм за народниот херој Чеде Филиповски - Чеде.


Можно е оригиналот да ви се допадне повеќе.

8/10. Уживајте!
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
images1.jpg
Значи ретко кога ќе се пронајдам некаде .. аууу ме изгоре филмчево, се осеќав ко напалена пубертетлијка и стил ај донт ноу вај.. :oops:

images.jpg

Неможам некоја посебна рецензија да дадам или да се отворам, така одма ми доаѓа вода во уста, да не речам доста интересни сцени, малце надвор од сите ефекти визуелни ова она, малку мен - вомен рилејшнс, и она д бед бој тинг.

Доста добро у секој случај!
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Lee Daniels' The Butler (2013)




Oscar bait movie, ама јас загризав, иако влегов со големи предрасуди.

Kaко прво, Im big on human rights иако не ми се примеќа. Второ, филмот тера да се засрамите што сте бели, барем мене ме, што е borderline хистерично како неамериканец, ама впиваме толку многу од нивната култура како да е препишана за холестерол, редовно, што и не е така, нели смешно. A да играш на таа карта, расизам, политика, човеки права без премногу лелекање, дерење и све од таа кошничка ризикуваш резултат досаден филм само за одбрана публика. Што за мене е ballsy. Незнам дали трипам, ама како да се осеќаше режирањето, имаше континуитет, флуидност од самиот почеток а опфаќа едно патување со не толку мал year span, со времетраење од некои два часа според мене беше совршено склопено, и одлична комбинација на драма, љубов, интегритет, политички и идеолошки убедувања и пред се е историски инспирирана биографија. Плус, нарација.

Приказната го следи Сесил Гејнс од неговото детство до бидувајќи батлер во белата куќа од Кенеди, Реган, Никсон.. па се до Обама, што можеби ќе створи некој скептицизам околу објективноста кај гледачите за вметнување на овој дел, ама не е толку тој круцијален како резултатот на што-и-како и доловување емоции и некаков closure адекватен за филмот. Иако акцентот е воглавно врз батлерот, многу добра е и приказната за син му како споредна, градењето на ликот, развивањето и трансформацијата ради условите и околината и пред се... времето, мене ми беше доста битна за целиот впечаток околу филмот. Едно големо делче (ха, контрадикторно!) од американската култура пренесена преку животот на Сесил, од Цивилните движења за права до Виетнам, филмот е доста интересно и вредно за гледање патување.

Форест Витакер нема да е нешто страшно ако е номиниран/или зеде оскар за машка, многу добро се снајде во улогата, природно. Би се бунел за жена му Опра, која очајно сака оскар мада не беше лоша, солидна споредна улога ама сепак.. Опра. Претседателите, фамилијата.. систе сосема одлични, од познати фаци до непознати, глумата е една од движечките сили во филмот. Друга е музиката, погодени поменти, за погодено доловување на чувства низ целиот филм. Да не дрвам, ништо интересно ионака не пишам, солидно филмче, субјективно 7-ка.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
The Lincoln Lawyer



Прочачкав низ пцто малце и наидов на филмови кои не сум ги избришал, па си реков да репризиран некој вечерва, побарав предлози и еден ми го предложи овој се присетив и ми текна дека беше добро филмче, по мој вкус и го пуштив да го гледам. Не се сеќавав на целиот филм, на некои моменти што ми оставиле добар впечаток.

Класика од филм инаку, незнам али многу ми се допадна филмов направив добра работа што го репризирав после 2 години и повторно ми го остави истиот впечаток. Глумците изглумија феноменално, одлично. Подобра глума Matthew McConaugher немал во цела кариера колку што се сеќавам. Приказната истотака беше одлична, на место, со судење, криминал одлично вакви филмови обожавам да ги гледам. Знам, филмов ќе ми стои уште долго во компјутер, каде што стојат само силните 10ки, само тие ги чувам.

Да ја прокоментирам глумата на останатите: Одлично изглуми и Wiliam Macy но беше многу кратко во филмот. Другите изглумија солидно.

Во 2014 ќе најдам време и ќе го репризирам уште еднаш, можда и два пати филмов е класа и дефинитивно една од најсилните 10ки што сум ги дал.

Кој не го гледав, веднаш нека го спушти, уште вечерва и нека го изгледа нека дојде и нека коментира, перфекција од филм, ме остави без зборови дефинитивно! Оценката е јасна се разбира.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Lee Daniels' The Butler



Морам да признаам - со одлична глума од Форест Витакер и солидна од Опра, музика на ниво, во функција на приказната... Но за жал, премногу недостатоци и детали кои го прават пре-претенциозен и просечен. Ќе ги спомнам по редослед, како што ги забележував:

Лоша кинематографија - можеби е само субјективно, ама глава сечам ако овој филм добие номинација за кинематографија на Оскарите. Особено во почетокот на филмот, но и низ цел филм со таа некоја dreamy и магловита атмосфера, имав впечаток како да гледам flashback во некој ситком.

Лош кастинг - нели звучи смешно и нелогично да ја видиме Мараја Кери како мајката на Сесил само минута и пол во кадар? Или Ванеса Редгрејв да глуми улога од само три минути? А да не ги спомнувам претседателите и нивните сопруги за кои најверојатно само Господ и Ли Даниелс знаат зошто баш тие актери се одбрани за тие улоги. Листата на актери (што одиграа „маестрални улоги“ од само неколку секунди) како Џон Кјузак, Алан Рикман, Робин Вилијамс, Џејн Фонда, Џејмс Марсден дополнета со Опра и редица други не остава во недоумица само по прашањето зошто не го зеле и Чак Норис за во филмов? Нели е екстремно извештачено? Нели од километри се гледа колку очајно сакале филмов да биде нешто посебно?

Претенциозно режиран - Во секоја сцена јас ја пронаоѓав интенцијата на режисерот. Наместо да се внесам во филмот и да заборавам дека постоела екипа зад камерите, со промената на секој кадар знаев што следи, која е намерата на режисерот. Режисерот не ме остави сам да ги донесам заклучоците за сцените и карактерите. Тој однапред ги врежал во нивната DNA и ги направил провидни.

За историската точност на случувањата нема да говорам - ете, ќе речам дека се работи за фикција.

Од мене само скромно 6/10. Може и многу е.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Kandidaten [2008]


Не е најнов филмов, сега налетав скоро на него. Скандинавски тип по сите параметри. Две работи што се многу важни: секогаш имаат добри ентериери (па и екстериери) и полни се со изненадувања, додека не се појави телопот на крај, не знаеш кој излегол победник во приказната. Супер филм, тензичен, добра 8/10 од мене....

Out of the furnace [2013]


Да си напишам и ја за филмов....
Cast-от ми е ептен по кеиф - Bale, Harrelson, Dafoe, Whitaker (не е многу во филмов) и уште неколку други многу добри глумци. Приказната не е којзнае што, ама вреди филмов. Вреди пошо се бави со некои тешки животни ситуации и има и своја емотивна страна (што у амерички филм не се гледа многу често). Мислам дека моменталнава 7.1 на imdb е сосема коректна оценка - треба да се гледа!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
The Music Never Stopped (2011)



Филмот е приказна за човек на кој музиката му била се во животот, заради која и се отуѓил од дома е приморан остатокот од својот живот да го поминува затворен во четири ѕида во установа која се грижи за неговото здравје по операцијата од тумор на мозокот по која е спречен да формира нови сеќавања. За него постои само животот пред туморот и музиката со која ги поврзува настаните пред туморот. Истата таа музика која го оддалечила од неговите, особено од татко му, сега ќе биде врската со чија помош тој ќе комуницира со него.
Морам да признаам дека до половина, филмот ми беше здодевен. Но втората половина ја изгледав со озарено лице и (не сум сосема сигурен зошто) со широка насмевка. Длабоко емотивна драма која ме натера да размислувам дали музиката е само средство кое буди емоции, или пак и лек? И што е тоа што одекнува во нас со секој такт, и со секоја нота? Во едно сум сигурен: не е само музиката таа која буди емоции и одекнува во нас - и филмот е! А на овој се уште му го слушам ехото.
Препорачувам!
IMDB: 7,4/10 Од мене: 8/10
 
Член од
29 декември 2013
Мислења
23
Поени од реакции
31
Тој сеа новиот со Вол стрит го глеав на кино. Закон филмиште. Дефинитивно го ставам на прво место на листата на омилени филмови. Соништата и фантазиите на секое младо маже, кеш, успех, женски, манекенки, скапи коли, јахти. Али само до пола филм.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Lone survivor [2013]



Воени филмови ретко пропуштам, со тоа што американските не ги ценам многу затоа што се користат претежно за пропаганда, стварање гнев кон „гадните“ Авганистанци, мобилизирање на гледачите и нормално политичко одобрување на колонизаторските војни на јенките. Сепак од време на време знаат да снимат некој добар воен филм, како Black Hawk Down на пример, кој беше и како приказна и визуелно добро сработен. Овој може да се вброи во таа лига. Најчесто пишувам кратки препораки, па и тука - претпоставувате, пропала акција на американците и „вадење од го**а“.
Одлична воена акција (во смисол филмски) во прекрасните авганистански шуми со релативно добро држење до реалноста. Нормално е замислено ликовите да бидат прикажани како херои, ама ете не е претерано. Како и Виетнамците претходно и Кореанците и Швабите и Сомалијците (и уште не знам со кого се немаат р'чнато) ги праат пуздер војничињава.....и глумата е сосема коректна, со Marky Mark and the Funky bunch (кој го знае као рапер, никад нема да го скува како глумец).....добра 8-ца од мене.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
All Is Lost (2013)



Драма, авантура во која главната и единствена улога ја толкува Роберт Ретфорд. Се раскажува приказна за човек кој се плови низ Индискиот Океан кога еден ден неговата едрилица е удрена од контејнер за стока. Од овој момент целиот филм ги прикажува настаните и постапките кој тој ги прави со цел да преживее.

Визулено филмот изгледа прекрасно, а крајот веројатно ќе ги задоволи сите гледачи. Заради недостаток на возбудливи настани во филмот ќе му дадам 7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom