КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
41. A Beautiful Mind (Ron Howard, 2001)

41.jpg
Ми го имаа раскажувано филмот дури и некои детали од него па решив да го гледам иако донекаде знаев што ќе се случи и како ќе се одвива дејството.
Станува збор за млад и одличен математичар со извонредна интелегенција кој станува професор, но исто така се јавува и еден проблем во неговиот ум,
почнува самиот да си измислува и да гледа ликови што всушност не постојат, не може да разликува што е стварност, а што е негова илузија
. Поради тоа настануваат многу проблеми, а неговата жена е покрај него и секогаш се обидува да му помогне и да му објасни некои нешта.
Перфекција. Оценка од мене 10/10.
со Расел Кроу
- Тематиката партали- десетка од мене :), скроз изместен филм на моменти иако Расел баш и не ми се свиѓа како глумец. Сторијата е јака, бидејќи го следи животниот пат на Џон Неш, од студентските години до неговата старост. Поминете 2ч. и 15 мин. без да трепнете :)

*по препорака на Saladin :)
Биографска приказна за животот на Џон Неш, добитник на Нобеловата награда за економија во 1994. Филмот е на Рон Хауард, а во главната улога е Расел Кроу. Во 2002 година добива 4 оскари, меѓу кои и оскар за најдобар филм за 2001 година. Филмот е адаптиран според истоимениот биографски роман на Силвија Насар.
Филмот го прикажува целосно животот на извонредниот математичар. Почнувајќи од неговите универзитетски денови и успесите на полето на теоријата на игри и поставувањето на моделот на она што денес е познато како Нешов Еквилибриум, па се до неговата длабока старост.
Јас не знаев дека се работи за реална личност. Затоа и посебно го доживеав филмот. Да не беше реален Неш, тогаш филмов ќе бешe одлична психолошка драма. Вака е само одлична биографија. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
40. The Devil's Advocate (Taylor Hackford,1997)

40.jpg
Се осеќам како 3 века да немам пишано во темава. Заборавив како да почнам :)
Шо да се каже попрво за филмов. Одлична глума, одлична актерска екипа, одлична приказна.
Се почнува кога Кевин Ломакс (Киану Ривс), во судница ќе успее да добие уште еден случај и да остане непоразен и понатаму во судницата. Кога потоа еден тип ќе му понуди работа во фирма во Њујорк со огромна плата, тој без мислење ја прифаќа. Таму го запознава (Џон Милтон) кој е всушност и неговиот шеф. После добро сработената прва работа, Џон ќе се реши да му понуди долготрајна работа на Кевин, кој тоа го прифаќа.
Откако ќе види каков статус добива во фирмата, каков стан добива за живеење, има толку пари колку што никогаш не ни можел да замисли, мисли дека конечно му се посреќило во животот и дека од тука неможе ништо да тргне наопаку....
За глумата мислам дека стварно не треба да се зборува многу. Шарлиз и Киану над нивото, а за легендата во филмовиве не треба многу да се пишува. Дефинитивно Пачино ми е во топ 5 на сите времиња, едноставно човеков е легендарен, секоја улога знае да ја дигне за 2-3 нивоа погоре.
Филмов е многу малку споменуван на форумов, а дефинитивно вреди да се погледне, овој е еден од тие филмови кои ако ги гледаш одново и одново пак ќе ти бидат интересни.
9/10
Чиста класика. Коку само ме изненади квалитетната слика изгледа на времето не сум знаел за ништо друго освен Сителатас Идеме по ред.

Актерска екипа: Се двоумам дали главниот лик во филмов да му го препишам на Ал Пачино или Киану Ривс , ќе го оставам тоа на вас. Маестрална глума на 2 актера кои одлично се надополнуваат , но сепак Ал отскокнува најмалку за една класа во однос на Ривс. Шарлиз Терон дефинитивно во едно од своите најдобри изданија. Изгледа ентузијазмот е поважен од искуството.

Приказна: Најголема грешка ќе направите ако насловот го сватите буквално и да кажете дека не ве интересира овој жанр на филмомови. Тука има се на едно место: трилер , драма , акција , црн хумор
who are you?
i have many names
satan?
you can call me daddy
, а можеби некој ќе пронајде и хорор (единствено такво нешто не видов). Иако приказната е со надреален лик ја раскажува само човечката природа. Ривс е адвокат кои за да се стекне со слава и благосостојба го убива сопствениот морал и гази преку сите вклучително и најблиските. Слика која за жал стана секојдневна реалност и кај нас.

Препорака: За сите тие кои не го гледале , за тие како мене кои последен пат го погледнале пред 10 години , тие што се спремаат да постираат во поплаки во фудбал(истите како мене) - како само ме изрелаксира ме отргна буквално од реалноста.

Напомена: Треба да одвоите 2ч и 20минути , по 90-тата минута веќе ќе сакате да знаете како завршува филмот но никако нема да сакате да премотате нанапред , а одговорот ќе го добиете не е ова Прометеј па да треба да го чекаме седмото продолжение.
Подобро да владееш во пеколот, одколку да служиш во рајот.
"Better to reign in Hell than serve in Heaven", is that it?

Филмот е достоен за пофалба за неговите квалитети. Постулатите на приказната се едноставни. Сатаната (Pacino) со човечки лик сe движи меѓу луѓето, чие алтер его е "крунисано" со иметo John Milton (за оние што не знаат, ја има напишано поемата за истерувањето на човекот од Garden of Eden, "Paradise Lost"). Како претседател на престижна адвокатска фирма, го најмува Kevin Lomax (Reeves), просперитетен млад адвокат кој од почетокот на својата кариера нема изгубено случај.

Дејствието почнува да се развива кога Kevin ќе ја прифати работата и ќе се пресели со неговата прекрасна жена Mary Ann (Theron) за да работи на нови случаи.

Добра воведна сцена која наговестува 145 минутно филмско патување без досадни моменти.

Al Pacino го видовме како добар во And Justice For All, лош во The Godfather и ружен во Scarface. Во филмов му се нуди шанса да ја интерпретира Сатаната лично, во што и успева. Ликот на Milton e претставен како лукав, остроумен, препреден и префинет човек, чија проникливост и рафинираност сака да ја ископира младиот Kevin.
Виртуозната глума на Pacino, зачинета со неколку добри монолози низ филмов, денес во Холивуд тешко некој да ја достигне. Човекот кога се работи за глумење, едноставно е ѕвер.

Еве неколку од нив:

John Milton: The worst vice is advice.
John Milton: Да ти дадам малку познати информации за Господ. Бог сака да гледа. Тој е первезњак. Размисли малку. Му дал на човека нагони. И што прави со истите? За неговата галактичка, посебна забава тој поставува правила спротивни на нагоните. Шала на сите времиња.
Гледај - Не допирај!
Допирај - Не вкусувај!
Вкуси - Не голтај!
И дур ти скокаш од една на друга нога, тој се смее. Затоа што е садист, отсутен власник.
John Milton: Адвокатите се свештеници на ѓаволот.

За разлика од перформансите на Pacino, Keanu Reeves сметам дека можел повеќе даде.
Како светло во неговата глума, е тоа што избегна да изглуми глупав, во спротивно ќе направеше сопствена лична пародија. Умешно го разграничува глупавото од наивното. Неговата вообразеност ја искусува неговата жена Mary, во најтешките моменти кога најмногу и е потребен. Во тие моменти е изразена и неговата нарцисоидна природа, која е секогаш на прво место.

John Milton: It's your wife, man. She's sick, she needs you... she's got to come first. Ah, wait a minute, wait a minute. You mean the possibility of leaving this case has never even entered you mind?
Kevin Lomax: You know what scares me? I quit the case, she gets better... and I hate her for it. I don't want to resent her, John, I've got a winner here. I've got to nail this fucker down, do it fast, and put it behind me. Just get it done. Then - then. - put all my energy into her.

Потфрлувањето во неговaта глума го гледам во последните сцени, во кои сфаќа каде згрешил и што всушност е тој. Разбира дека неговата вообразеност е еден од главните виновници за хаосот во кој се нашол. Така и завршува филмот со
реплика на Milton - Вообразеноста е една од моите омилени гревови.

Oценка: 9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
39. Tattoo / Tetoviranje (Stole Popov, 1991)

39.jpg
Култен македонски филм. Невин Македонец настрадува и му се случуваат иронични нешта во времето кога комунизмот веќе го доживува својот крај. Се среќаваме со криминалци од различен тип, пропаднати луѓе што се наоѓаат на маргините на опшеството и полицајци кои се изживуваат затоа што им се може.
Вреди да се гледа, впрочем верувам дека повеќето го имаат гледано има интересни реплики па ако досега не сте го гледале веднаш симнувајте и гледајте.
Оценка 10/10.
Тетовирање - треба да биде на врвот со Шошенк од затворските филмови .. реална затворска приказна за тоа време со многу добро сценарио,глума,смешни моменти а воедно трагични...трагичен крај ..али американциве прават од 500 филма еден сличен ваков.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
38. Taxi Driver (Martin Scorsese, 1976)

38.jpg
Класика од филм со режија на Мартин Скорсезе во кој главните улоги ги толкуваат: Роберт Де Ниро, Сибил Шепард, Џоди Фостер и Харви Кајтел. Карактерот кој што го глуми Роберт Де Ниро ме импресионира со неговиот природно лесен став, и начинот на кој се зазема и ги гледа работите и ситуациите околу себе.
Одлична глума на сите, човек само заради актерската екипа се чувствува привлечен како од магнет за да го гледа овај филм. Добро класика од филмче и вреди да се гледа.
Што да се напише за ова? Има ли потреба од зборови? Верувам дека повеќето веќе го имаат гледано филмот, јас одамна му се мислев да го гледам и еве деновиве успеав.
Скорсезе + Де Ниро = Masterpiece
10/10
По долго чекање конечно да го изгледам онака како што заслужува. Мартин Скорсезе и Роберт ДеНиро, дрим тим :).
ДеНиро игра ветеран од виетнам кој почнува да работи како таксист, кој станува опседнат со чистење на политиката и криминалот во градот.
Влијанието што го остава „Таксист“ во тоа и во ова време е подеднакво исто. Осамениот Травис е репрезент на истата осаменост што повеќето од луѓето ја имаат искусено во различен период од животот и на различен начин. Во филмот практично тој е „таксистот“, а ние гледачите „патниците“ и навистина таа околина која тој ни ја претставува на некоја начин делува застрашувачки, е баш она што филмот го прави едно големо ремек дело.
Режисер Скорцезе ,главна улога Де Ниро (нов таксист во њу јорк кој има мали психички проблеми,неможе да спие),Џуди Фостер на 13-14 години а толкува к*рва,просто неверојатно....Сибил Шеперд(која ја познав по серијата со брус вилис :) moonlighting ) улога на партијски војник(друг збор кој ја опишува работата неможев да најдам ) ...и така натаму сторијата е перфектна ,самиот Де Ниро е во елемент ама во елемент во буквална смисла ,едноставно мастерпис филмче.Единствено што забележав е како филмов не освоил оскар...

9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
37. Casablanca (Michael Curtiz, 1942)

37.jpg
Of all the gin joints in all the towns in all the world, she walks into mine. :)cuc:, з.а)
Љубовниот триаголник кој се одигрува во една кафетерија во Казабланка и ден денес е еден од бесмртните романси кои се одиграле на филмското платно. Негативно: Humphrey Bogart зборува премногу брзо. Позитивно: преубавата Ingrid Bergman.
Од почеток до крај владее она чувство на невозможна љубов, на нешто кое треба ама нема да се случи. И се тоа низ тажните очи на Ингрид Бергман. Play it again Sam...
Класика која мора да се види и не само поради Богарт и Бергман,не поради бессмртните теми како војна и љубов,туку поради маестралното сценарио и незаборавните реплики во истото.
Прв пат во животот го гледав Казабланка, и многу ми е жал што нема да ја имам можноста пак да го гледам за прв пат.
Love at first watch :love:

Words don't cover all that I feel right now!
Помина и Sin City :icon_lol:

Јас не знам кој ќе победи, ама ако Казабланка не ми се појави до крајот на листава, многу лута ќе ви бидам! :place:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
36. A Clockwork Orange (Stanley Kubrick, 1971)

36.jpg
Лектирата - A Clockwork Orange, кој не го гледал, а не планира да го направи тоа во блиска иднина, треба да престане да гледа филмови/дише.
Нема потреба од многу зборови за ова филмиште.Култно дело на Кјубрик правено според истоимената книга од Ентони Бурџис.
Филмот ја прикажува црната страна на модерните општества.Насилство,банди секс,дрога.Алекс,со неговите 3 друзија се склони кон ултранасилство.Ограбуваат тепаат,силуваат речиси се што ќе им застане на патот,пиејќи молоко плус од млечниот бар Корова.
Се до еден ден кога Алекс не е предаден од т.н друзија,па завршува во затвор.....
Немам повеќе што да кажам,ептен онака хорор-шоу од филм....
Оценка на IMDB 8.5/10 од мене има чиста десетка.
Многу добар филм. Иако малку постар, сепак одлични ефекти и квалитет. Прекрасно замислена приказна, а воедно и остварена.

Се работи за малолетен деликвент кој пустоши во својот крај..

При еден упад во една куќа, неговите другари се вртат против него и така завршува во затвор, осуден на 14 години. По 2 години се сложува да учествува во еден експеримент и е ослободен. Благодарејќи на експериментот веќе не можи да биде насилен и после ослободувањето се се свртува против него и веќе не е онај моќен малолетник. За другите настани би ви препорачал да го гледате филмот.:smir:

Како и обично уште едно маестрално дело од англиската продукција на филмови.. Досега се немам сретнато со лош англиски филм, се што сум гледал било маестрално, па така е и во филмов.

Оцена - 9 / 10 :smir:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
35. The Usual Suspects (Bryan Singer, 1995)

34.jpg
филмов е од типот "must see". Иако постар трилер, причина за се пушти на двд е фактот дека без овој мастерпис не се оди на нови трилери. Кога го прашале Ал Пачино за што му е најмногу жал во животот, тој одговорил - Жал ми е што ја одбив улогата за Usual Suspects.
Филмов нема да ве остави рамнодушен. 10 минути после завршетокот ќе поседите така и ќе ја свртите последната сцена сигурно уште два пати.
Е ова е филмиште и пол! Кевин Спејси во најдобро издание. Му лежат вакви улоги, ептен ме потсети на улогата шо ја играше во Se7en. Сепак, крајот е еден од најлегендарните во филмската индустрија, мислам на темата беше спомнат, па морав да го гледам.:) Сценарио 10, Cast 10... абе све 10. Ептен ме бендиса.
Филмчево беше :vozbud:,незнам што сум чекал да го гледам(по 2 пат,пошто заборавив како заврши али вреди да го гледам уште еднаш најмалце)...

Ево нешто од имдб-A boat has been destroyed, criminals are dead, and the key to this mystery lies with the only survivor and his twisted, convoluted story beginning with five career crooks in a seemingly random police lineup.

-The Film That Made Kevin Spacey a Star...

9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
34. The Hateful Eight (Quentin Tarantino, 2015)

35.jpg
Сценографија со одлично запазени детали. Црниот хумор, треш гор елементите и непредвидливоста на настаните во филмот се стандардниот потпис на Тарантино. Временската линија не е еднонасочна и дејствието проследува ликови со различни мотиви и различни убедувања, со карактери кои се синергични и спротивни на различни начини и поради различни причини.
Филмот си заслужува солидна 8 според мене.
The Hateful Eight, what a fucking masterpiece!! :coffee:

Добро што антипатичната Џенифер лоренс ја одбила улогата на Дејзи Домергју, успат... одлично издание на Џенифер Леј.

Тарантино throwback!! 8.5/10
Тарантино мајсторе, The Hateful Eight одличен, само ми изгледаше дека Освалдо Мобри, ликот на Тим Рот да бил пишуван за Кристоф Волц, многу ме потсеќаше на него.
Одличен Hateful Eight (y) Класика Тарантино и неговите играчки и заебанции.
Убаво забележа еден член неколку страни поназад дека улогата на Тим Рот можно е да била пишувана за Кристофер Волц. Малце као да му ги копираше движењата.
Курт Расел и жената најјаки ми беа од цел филм, Семи класика.
Мајкл Мадсен каубоец (n)
Го гледав The Hateful Eight, на Bluray излегол вчера, и ми е криво што го промашив кога се даваше во кино. Quentin Tarantino многу го сметаат за преценет но за мене е уникатен и гениј. Од 2 саата и 40 минути дијалог на мал каст во една соба направи спектакал. Не трепнав.

Музиката на Ennie Moriccone е одлична, му дава на филмот тензичност и препознатливост како кај вестерн филмовите од 60-тите и 70-тите. И во сред филм генијот убацува поп песна и знаеш дека станува збор за филм на Tarantino. Само него му успеваат вакви ствари како рапот во Django Unchained и ова сега. :D

Таман мислиш Tarantino has lost the hunger for blood и наеднаш се дешаваат срања, се спојуваат небото и земјата, крв и мозоци летаат на сите страни.

За глумата да не почнувам. Каков дрим тим има собрано Tarantino ауу, уште два саати да збореа нешто пак немаше да ми здосади. Samuel L Jackson се враќа повторно со моќен лик и растури. Женската исто, мислам она оскар зема за споредна. Хуморот беше исто така на место, имаше неколку добри фори кои ме насмеаа јако.

10/10
Култен ќе е овој филм, треба само да помине некое време да легнат импресиите кај гледачите.. според мене филмов ќе котира многу високо меѓу делата на Тарантино.
Топ 5 со сигурност.
John 'The Hangman' Ruth: [about Mannix] If he's a goddamn sheriff, then I'm a monkey's uncle!

Daisy Domergue: Good, then you can go share bananas with your nigger friend in the stable!

:pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
33. Pulp Fiction (Quentin Tarantino, 1994)

33.jpg
Pulp Fiction е лектира за прво одделение. Џабе ти е и Тихиот Дон да го прочиташ, ако го немаш Зоки Поки прочитано. Обавезно да го изгледаш!!!
+ (што не кажавте) мене најмногу ми се допаѓа кај Тарантино вниманието кое го обраќа на детали во кадрите кои значат многу при реконструирањето на приказната по изгледаниот филм. Пример - и по безмалку 10 гледања, јас се уште наоѓам нови ситници во Pulp Fiction кои ме запрепастуваат. Затоа, не се плашам да го наречам - тежок перфекционист. Дури и она што за нас би било филмска грешка во неговите филмови, е намерно направена од негова страна, и се со определена цел. Во таа линија, јас Pulp Fiction го сметам (И) за пародија на Western филмовите, меѓу другото. Kill Bill и мене ми беше срање, морам да признаам, ама затоа Pulp Fiction, Inglorious Bastards, Reservoir Dogs, Sin City и Django Unchained се многу повеќе од ОК!
Гад демит мадерфакин кул... Една од најупотребуваните реченици во филмов, баш е ова филмот, мадерфакин кул :).
Типична Crime Drama, каде што глумат фантастични актери.Општо земено, кога Самуел Л. Џексон, Џон Траволта, Брус Вилис и Ума Турман ќе се најдат во акција или пак криминалистички филм, филмот не смее да биде промашај. Квентин Тарантино ги исполни моите очекувања, можеби ова е и неговиот најдобар филм. Генијалец.
Очекувано од моја страна, оценките на Имдб се енормно високи, дури 8.9. Се на се одлично смислена криминалистичка драма, со одлично сценарио и актери кои одлично се вклопуваат во целата приказна.

Ќе издвојам некои интересни цитати
W. Wolf: Well, let's not start sucking each other's dicks quite yet.

Jules: Well, I'm a mushroom-cloud-layin' motherfucker, motherfucker! Every time my fingers touch brain, I'm Superfly T.N.T., I'm the Guns of the Navarone! IN FACT, WHAT THE FUCK AM I DOIN' IN THE BACK? YOU'RE THE MOTHERFUCKER WHO SHOULD BE ON BRAIN DETAIL! We're fuckin' switchin'! I'm washin' the windows, and you're pickin' up this nigger's skull!

The Wolf: Jimmie, lead the way. Boys, get to work.
Vincent: A please would be nice.
The Wolf: Come again?
Vincent: I said a please would be nice.
The Wolf: Get it straight buster - I'm not here to say please, I'm here to tell you what to do and if self-preservation is an instinct you possess you'd better fucking do it and do it quick. I'm here to help - if my help's not appreciated then lotsa luck, gentlemen.
Jules: No, Mr. Wolf, it ain't like that, your help is definitely appreciated.
Vincent: I don't mean any disrespect, I just don't like people barking orders at me.
The Wolf: If I'm curt with you it's because time is a factor. I think fast, I talk fast and I need you guys to act fast if you wanna get out of this. So, pretty please... with sugar on top. Clean the fucking car.

Се на се одличен филм, тие што го немаат сеуште гледано, обавезно да го сторат тоа :)
Оценка 9/10
Ова е тоа!!
Тарантино е ѕвер!
Филм кој има добра приказна, многу интересни дијалози и хумористични елементи, актерската екипа е најдобра. Се на се интересно склопен филм во 4 дела кој вреди да се погледне!
10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
32. Donnie Darko (Richard Kelly, 2001)

32.jpg
еден од моите најомилени филмови. Имаш две опции, или многу ке ти се допадне, или ке ме колнеш за потрошените 113 минути од твојот живот, средина нема. Ако е втората опција, мој совет, гледај го пак. Нека не те залаже тоа што глуми Дру Баримор, ептен малце се појавува, споредна улога има и нејзината антипатична појава не го упропастува филмот. Oцена 10/10, одлично дочекан од критиката, одлични рецензии од филмоманите на Imdb, феноменален саундтрак .
Може месец дена ми стоеше не гледан. Сега сфатив што сум пропуштила... Филмов е феноменален. Те тера да мислиш, а ако не ти е до тоа, откажи се од гледањето. На почеток стварно се чудев зашто е уствари зајак пријателчето, ми изгледаше дури и бизарно, за на крај да сфатам зашто...
Психолошки трилер, треба да се гледа на одморен мозок, ама јас уживав во него .Има убави реплики, убави мисли, некои толки прости искажани на прост начин а толку значајни, а има и тешки што ве тераат да размислите,за животот, за нашите судбини.
Накратко за приказната. Тинејџер Дони Дарко има визии, нему му се појавува суштество со зајачка глава и му навестува за крај на светот.Дони Дарко добива инструкции од мистериозното суштество да прави некои несвојствени работи.
и еден цитат: ''They made me to do it'':vozbud:
Mу давам 9/10
еден од најзабеганите ако не и најзабеганиот филм шо го имам досега гледано.Филмов е лудница. Иако можеби нема некоја главна "над порака" која сака да ја пренесе режисерот, филмот изобилува со еден куп мали пораки кои ме замислија многу овие денови. Во филмов се споменува нешо за патување низ времето, балнас на универзумот, втора шанса, начинот на кој ја живееме сегашноста, каде после смртта и уште еден куп такви вонвременски ствари за кои размислуваме секој ден. Ќе заборавев за малку. Глумата и музиката во филмов се вонземски. Со еден збор прекрасен филм, го препорачувам на сите што сакаат посериозни филмови кои носатнешто повеќе од она веќе виденото.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
31. The Good, the Bad and te Ugly / Il buono, il brutto, il cattivo (Sergio Leone, 1966)

31.jpg
Класика, веројатно 90% го имаат гледано. Не случајно Тарантино изјавил дека е најдобро режираниот филм евр. Не сакам вестерни (овој е шпагети вестерн), ама ова е нешто неверојатно. Саундтракот го утепувам од слушање веќе 3ти ден. Ако има некој што го нема гледано, препорачувам тоа да го стори одма!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
30. V for Vendetta (James McTeigue, 2005)

30.jpg
Remember, remember, the Fifth of November, the Gunpowder Treason and Plot. I know of no reason why the Gunpowder Treason should ever be forgot... But what of the man? I know his name was Guy Fawkes..
Премногу е жешко за да коментирам повеќе за филмов.. Сега дури знам зошто толку прашина се кревало за овој филм, ради тоа што е феноменален..
Топло би го препорачал на сите да го гледаат..

Оцена - 10/10 with no doubts..
Конечно, V for Vendetta (2006)

Обично и немам многу што да коментирам кога некој филм е волку добар. Masterpiece. Немам што да мрчам, освен дека не морале да вметнуваат
на крај љубав меѓу V и Натали Портман.
Некои работи се поише вметнати ради симболот што го носат. Знаеме дека Натали според се` тоа што направи потоа, не би пробала да го напушти V, ама ипак моравме да сфатиме дека она била претходно предводена од стравот како и сите други таму. Стравот го врти светот а не парата, ко што рече Сашо Тасевски. Секако дека V после толку упуцувања, немаше да може да ги испоубие сите, но пак ради моментот дека идејата е bulletproof и дека насилството може да биде for good sake, го видовме и тоа.
Исто така, секако дека Valerie, Gordon и други од мртвите секако не можеа да бидат меѓу протестантите на 5ти, али тоа беше толку моќен чекор што дури мртвите беа станати од гробовите, духовно беа таму.

Она што не` праи навистина живи е нашиот интегритет и гордост:
- I had only told them the truth, was that so selfish? Our integrity sells for so little, but it is all we really have. It is the very last inch of us, but within that inch, we are free... Every inch of me shall perish. Every inch, but one. An inch. It is small and it is fragile and it is the only thing in the world worth having. We must never lose it or give it away. We must NEVER let them take it from us.

- I've witnessed first hand the power of ideas, I've seen people kill in the name of them, and die defending them... but you cannot kiss an idea, cannot touch it, or hold it... ideas do not bleed, they do not feel pain, they do not love...
Дечки филмов мора да се погледне.Се разочарав што го немам гледано порано не знам како сум пропуштила волку добар филм.Срам да ми е.Затоа сега сакам да ви го препорачам затоа што носи премногу добри пораки затоа што е премногу различен во споредба со други.

Политички филим со нетипична режија преку кој се покажува желбата за моќ, подготвеноста да се стигне до целта, неумешувањето на емоции, желбата за одмазда и промена, стигматизацијата на различноста и хомосексуалноста,очајната потреба за надеж...
Има премногу метафорични нешта почнувајќи од V-како римски број,па се до откривањето на мртвите па маските и таканатака...сето ова ќе ве натера да размислувате плус да не ги спомнувам репликите кои се фантастични.

Ве замолувам да издвоите 2 саати и да го изгледате филмот сигурна сум дека нема да зажалите.

Повелете и трејлер доколку некој сака да погледне.
п.с ако има некој нешто да праша или да ме исплука дека не е добар филмот нека пише лп
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
28. 12 Years a Slave (Steve McQueen, 2013)

28.jpg
Маестрално дело на Стив МекКвин и тоа од сите аспекти!
Најпрво станува збор за вистинска приказна, за реалност што ја имаат доживеано илјадници црнци, во првата половина на 19 век, во едно сурово робовладетелско општество, во Јужна Америка...Јас лично мислев дека работите на оваа тема стојат онака како што ги гледав во филмот Help, не помислувајќи дека човек може да третира друг човек како да е подоле од животно, да го поседува, да го измачува, да го става во неподнослива агонија, па и да му го одземе животот на најсуров начин...Токму од овие причини овој филм ме исполни со голема доза на негативна енергија уште од самиот почеток, а на моменти ме доведе до солзи, најмногу поради фактот што знаев дека сето тоа вистински му се случувало на некој пред многу години...
Стив МекКвин точно знаел кои актери да ги избере за ова негово неповторливо ремек дело...Глумата беше феноменална, а посебно ги пратев сите гримаси и изрази на лицето на актерите во секој можен кадар, нивните реакции, совршено одглумено и совршено пренесени емоции...Интересно ми е што режисеров точно знаел на Мајкл Фасбендер која улога да му ја додели - таа што највише му одговара секако (после Брендон во Shame) :), докажа дека истата му лежи неверојатно...Едноставно има фаца човеков за вакви улоги...Појавувањето на Бред Пит и не ме воодушеви нешто премногу, дури мислам дека можело друг актер и подобро да се покаже...
Нешто што ми остави најсилен впечаток беше целокупната сценографија, ме воодушеви максимално...- 19 век, Јужна Америка, лето, богати господари и господарки облечени во долги и широки фустани во пастелни бои во нивните огромни мансиони со големи тремови напред, полиња со памук и плантажи со шеќерна трска на кои работат изнемоштени црнци и црнкињи, зеленило, шуми со високи дрвја, прекрасни пејсажи...
Музиката во филмот е на Hans Zimmer, што и за тоа режисеров добро се погрижил да биде квалитетно до максимум...
Сценариото исто така беше добро осмислено и прикажано во цели интересни 134 минути...
Значи полн погодок од сите аспекти...
Иако веќе имам мој фаворит за Оскарите и ќе навивам за него, што не значи дека овој филм е помалку квалитетен...Препорачувам особено на љубителите на добра драма...
Златен Глобус за најдобар игран филм - драма и 9 номинации за Оскар, меѓу кои Оскар за најдобар филм, режија, главна машка и споредна машка и жесна улога. Извонредна филмска адаптација на мемоарите на Соломон Нортап, слободен афроамериканец, сопруг, татко и одличен виолинист кој станува жртва на трговијата со робови. Градација од денешното поимање на САД, филмот не сели пред век и половина каде поимот цивилизираност нема воопшто допирна точка со денешницата. Додека на северот луѓето живеат во мир, на југот ропството е најнормална практика. Црнците се приватна сопственост и газдата одлучува за нивната судбина. Но, Соломон е човек од северот. Токму тоа го прави овој филм посебен. Кога еден човек кој поминал низ ужасот на ропството и сонувал за слобода и среќа... ја доживува слободата и одеднаш се буди назад, на почетокот. Филмот не прави индирекно сведоци на големо ѕверство, крајна нечовечност... целосно ни ја потврдува погрешноста на ропството, ни го појаснува значењето и моќта на слободата и колку таа некогаш била од дното на срцето посакувана. Нашата слобода се гради над грешките кои се правени во минатото. Судбината на Соломон е судбина која ја имале илјадници црнци низ плантажите на Луизијана. Нивниот живот е пример за неправедност кога силата е над еднаквоста и кога само надежта го буди новото утро. Музиката во филмот е, секако непогрешливо, на Ханс Цимер.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
27. The Dark Knight (Christopher Nolan, 2008)

27.jpg
Филмов ме одзема, прекрасен е! Читав тука негативни критики, затоа долго одолговлекував да го гледам, а и затоа што сеуште ми е жал за Хит Леџер. Сега ми е криво за тоа и планирам да го гледам уште сто пати деновиве. Не знам зошто толку ми легна на срце ... дали дека има добри актери или само поради Леџер незнам ... важно, една 10-ка има од мене!:pipi:
IMBA филмче. Чекав рип од оригинал доста време ама сигурен сум дека вредеше. Приказна ЗАКОН, Глума (особено Хит Леџер) ЗАКОН, ЕФЕКТИ ЗАКОН. Немам што друго да кажам, ако го немате гледано.... одма да се гледа. Можеби некој ќе рече typical Superhero филм али не е така.

П.с: Ако не го имате гледано првиот дел (Batman Begins) прво тој да се гледа обавезно, исто така ЗАКОН филмче. Да беше малку поевтин Блу-реј комбото (Dark Knight + Batman Begins) без мислење ќе го купев.
Тоа беше само една приказна како ги добил лузните. Потоа кажа уште една, за жена му. И на крај почна уште една, но не ја заврши. Не значи дека лузните се добиени од тоа, туку дека сака да си измислува работи. Во "оригиналниот" Batman (1989) со Џек Николсон, Џокерот беше обичен криминалец кој падна во некоја чудна киселина и излезе насмеан.

Глумата на Хит Леџер за 11/10. Ме воодушеви.

Бетмен од друга страна, во
Batman Begins (2005) и
The Dark Knight (2008) е далеку по темен јунак од предхосните стрип-верзии. Авторите на филмот му ја истакнале темната страна која нормално ја имаат сите, за разлика од постарите филмови во кои јунаците се безгрешни добри супер-херои а нивните противници се чисто зло.

Во последниот филм, Бетмен не беше лош, туку сите моменти во филмот ги украде Хит Леџер па останатите паднаа во сенка. Ќе ги паметиме најмногу сцените во кои беше Џокерот.

Од мене 10/10, затоа што конечно направија филм за Бетмен кој вистински го портретира херојот, а и не е направен за мали деца (после Batman (1989) кој беше одличен филм имаше серија ужасни детски Бетмен-филмови.) Во продолжение се очекува филм во кој негативец ќе биде никој друг туку Џони Деп, па очекувам уште една прекрасна претстава.

Бетмен и понатаму останува мојот омилен супер-херој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom