Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
duplex.jpg
Aлекс и Ненси е пар кој е во потрага по нов дом. Тие по долго барање изнајмуваат стан. Над нив живее една болна старица по име Конели. Досега никој не прифатил да живее таму поради старцита но Алекс и Ненси прифаѓаат бидејќи не можат да си обезбедат подобри услови. Конели ужива да гледа филмови со најголема јачина на тонот и да пушта гласна музика. Алекс е писател и треба својот роман да го заврши пред дадениот рок, но Конели со своите барања му одзима време. Добар филм со интересни комични сцени.​
Оцена 7/10​
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Ever After (1998)

Овој филм е еден од оние кои поради некои околности, недоволно рекламирање или истовремено пуштање со други форсирани филмови (за споредба, од летото 1998 се и филмовите Godzilla, Armageddon, Deep Impact, Saving Private Ryan), не ја достигнале славата која ја заслужуваат. Неговите добри страни се гледаат многу јасно особено кога ќе се спореди со новите филмови од сегашниот залет на Холивуд во светот на бајките. Новите обработки на бајките, и покрај стремежот да достигнат нешто посебно и да го прилагодат на вкусовите на сегашната публика, се, според мене, многу слабо изведени, досадни и не им пружаат уживање ниту на децата, ниту на возрасните - за разлика од овој филм.

Филмов е верзија на бајката за Пепелашка, и е можеби најдобрата верзија досега. Почнува со приемот на браќата Грим кај една француска благородничка, која ја глуми Жана Моро. Таа ги повикува за да им ја раскаже вистинската приказна за Пепелашка и им покажува нејзин портрет. (Портретот, всушност, е базиран на вистинскиот портрет од Леонардо да Винчи – La Scapigliata.) Дејствието е сместено во 16-тиот век во Франција, во времето на Ренесансата. Даниела е ќерка на Огист де Барбарак, земјопоседник (но, не и благородник – што е важно подоцна во приказната) кој по смртта на сопругата решава да се ожени за баронесата Родмила де Гент (која е благородничка по првиот брак), која има две ќерки – Маргарита и Жаклина. Откако тој ќе почине, Даниела станува слугинка во сопствениот дом. Едно утро, случајно го запознава принцот Хенри.

Принцот Хенри (Анри) е всушност син на кралот Франсоа I (со англиското име Франсис во филмот), а самиот подоцна станува кралот Анри II. Освен овие ликови, заедно со Леонардо да Винчи (кој ја има улогата на добрата вила), ништо друго не е историски точно, па оваа историска фикција и не треба да се гледа, ниту критикува, како точно претставување на историјата, туку како обид, преку она што го позајмува од историјата, поверодостојно да ја прикаже приказната. Ова е и главната причина поради која сценариото е многу добро – нема ништо натприродно, волшебно или магично, а сите ликови се доволно развиени и имаат сопствена длабочина. Даниела не е пасивен лик, има свои убедувања и верувања, свои желби, и способна е самата да се грижи за себе и за нејзините блиски, и е вистински феминистички лик. Глумата на Дру Баримор ја прави многу допадлива и многу лесно ја води публиката низ приказната. Можеби акцентот не и е беспрекорен (сите во филмот зборуваат со британси акцент), но се држи доста стабилно и воопшто не одвлекува внимание. Анџелика Хјустон ја глуми маќеата, и е одлична, се разбира. Прикажува многу убави нијанси на ликот, особено со движењата на лицето и на телото. Принцот Хенри го глуми Дагри Скот и прикажува лик со вистински карактер, нормално бидејќи и самото сценарио има што да понуди. Може да се каже дека глумата на сите актери (скоро сите добро познати) е одлична, нема некој кој негативно се истакнува. Мене особено ми се допаѓа глумата на Меган Додс, лошата ќерка Маргарита. Вреди да се потенцира дека сите имаат одлични комични моменти, особено Леонардо да Винчи, со што филмот е уште поинтересен.

Бидејќи е историска фикција, филмот има одлични сцени со преубави локации (сниман е во замоци во областа Дордоња во Франција), а има и одлични костими. Мислам дека музиката на Џорџ Фентон (кого го паметам по Ганди, Опасни врски и Ана и кралот, а и документарецот Planet Earth) му дава посебно чувство на филмот и заслужува огромна пофалба.

Оценката на IMDb е 6,8, на RottenTomatoes има 90%, и има Metascore од 66. Јас сум пристрасна, бидејќи ова е еден од ретките филмови кои можам честопати да ги гледам, па му давам дури 10.

Нормално, филмов го препорачувам повеќе на оние кои се повеќе романтични, а оние кои се поцинични, најверојатно нема многу да уживаат гледајќи го филмов. Исто така, филмот е одличен за децата, иако MPAA му дала рејтинг PG-13 (искрено, не знам зошто), па слободно можат да го гледаат сами или со родителите.

Еве една сликичка од Даниела и да Винчи, со портретот во позадина.

Ever-After.jpg
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Incendies

Немам пишано рецензија одамна, но ретко имам гледано филм во последниве години што вака силно допира, па макар и на болен начин. Потресни слики и приказна би бил вистинскиот опис, малку потсетува на филмовите посветени на воените трагедии кои во 90 те се случуваа на Балканот. Една голема пустелија во која луѓето пробуваат да се истребат меѓу себе за ништо, плус филмов праќа една убава порака за религијата како убедливо најлошиот "пронајдок" на човештвото. Малку не ми се допадна начинот на кој беше донесена приказната во оној момент кога главните ликови и филмската публика треба да бидат шокирани и изненадени од она што го гледаат, некако предвидливо и претенциозно, приказната има праволиниски редослед на настаните така да логична би била и претпоставката на гледачите, тое е единственото нешто кое што не ми направи ќеиф. Плус саундтракот и Рејдиохед се неверојатно погодени и во тон со целата атмосфера од филмот. Моја оцена 8,5.

 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710

Германице добри филмови правеле. :)
Базиран на вистинска приказна. Станува збор за спроведување на проект во едно средно училиште во Германија а за тема на дискусија се поставува -автократија иако студентите не веруваат дека повторно може да биде воспоставена диктатура. Нивниот професор Rainer Wenger иако самиот е анархист прифаќа да застане на чело на групата и да го спроведе експериментот а со тоа да докаже и колку лесно може да се манипулира со народот. Доаѓа до формирање на групи, именување на групата,смислување на свој препознатлив симбол. Кој ќе биде резултатот од овој експеримент, до каде може да доведе, дали вреди да се спроведува за да се добие нешто во споредба со се‘ она што може да се изгуби и дали го оправдувате останува на вас.

На imdb има оценка 7.5 од мене малце поголема 8.5-9. :)
 

Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
Tropa de Elite ( Elite Squad )​
Дејството се случува во 1997 година во Рио де Жанеиро кога Папата треба да го посети градот но за сето тоа да помине во најдобар ред полицијата ќе има многу работа да ги расчисти улиците преполни со дилери на дрога . Таа задача му е дадена на капетанот на БОПА ( тоа се дечките во црни униформи од Рио кои ги вршат сите опасни мисии за кои полицијата нема храброст ни да помисли), Насцименто кој во исто време бара заменик за неговото место бидејќи неговиот семеен живот пати од стресната работа.​
Филмов е многу повеќе од само добри момци против лоши , овде на многу реален начин е прикажано секојдневието со кое се соочуваат силите на законот во Бразил и какви ризици превземаат знаејќи дека секој ден нивниот живот виси на конец.​

--- надополнето: 10 септември 2012 во 20:31 ---
Tropa de Elite 2 - O inimigo Agora E Outro ( Elite Squad 2 - The Enemy Within )
Во вториов дел проблемите се поинакви за капетанот Насцименто , сега битката треба да ја води против своите . Голем дел од полицијата е корумпирана и е користена од многу повисоки позиции во владата со цел да се победи на престојните избори . Но полицајците ќе забележат дека и тие можат да ја искоритат ситуацијата купувајќи дрога од малкуте останати дилери низ Рио и притоа препродавајќи ја на други дилери . Работите ќе излезат надвор од контрола а богатите полицајци ќе станат главна сила во државата правејќи пустош низ градовите додека населенито го допира дното од сиромаштија . Што ќе превземе Насцименто се неговата БОПА дознајте сами .
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Девојка ми е киборг

http://www.imdb.com/title/tt0929860/

Ѓиро е жив пример за forever alone тип, дечкото од што нема девојка и другари оди до тој екстрем на секој свој роденден сам да си дава подарок во истиот ресторан каде го јаде истото јадење. Но ништо не е вечно па така нашиот forever alone јунак во ресторанот ќе сретне една чудна но слатка девојка. Таа ќе седне до него и ќе побара заедно да јадат по што таа нарачува од се по нешто. После оброкот Ѓиро не може да ја плати високата сметка но девојката го уверува дека она ќе плати, но наместо тоа таа ќе му рече да избегаат заедно. Успеваат да избегаат од полицијата и шефот на ресторанот и се враќаат во домот на Ѓиро. Дечкото е повеќе од изненаден, никогаш не му се случило вакво нешто во една ноќ. Но на оваа мала магија и доаѓа крајот, девојката исчезнува а Коиде е оставен да си го живее истиот живот. После една година пак си се враќа во ресторанот за својот роденден и пак се среќава со девојката. Овојпат е малку посериозна и кога се враќаат дома му кажува дека таа е киборг конструирана од него, да, него во иднината и пратена од него во минатото за да му биде девојка на Коиде. Како ќе се справи нашиот форевер алоунер во целава ситуација?

Многу поинаква романса на филм и право освежување од холивудските.

ПС: Појма немав која слика да ја ставам од главната глумица, еве ви цела галерија https://www.google.com/search?hl=en&safe=off&q=Haruka+Ayase&bav=on.2,or.r_gc.r_pw.r_cp.r_qf.&biw=1024&bih=630&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=AitWUOmYNKb64QTX7oGABw
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
The devil's advocate
the-devils-advocate_6102.jpg
Чиста класика. Коку само ме изненади квалитетната слика изгледа на времето не сум знаел за ништо друго освен Сителатас Идеме по ред.

Актерска екипа: Се двоумам дали главниот лик во филмов да му го препишам на Ал Пачино или Киану Ривс , ќе го оставам тоа на вас. Маестрална глума на 2 актера кои одлично се надополнуваат , но сепак Ал отскокнува најмалку за една класа во однос на Ривс. Шарлиз Терон дефинитивно во едно од своите најдобри изданија. Изгледа ентузијазмот е поважен од искуството.

Приказна: Најголема грешка ќе направите ако насловот го сватите буквално и да кажете дека не ве интересира овој жанр на филмомови. Тука има се на едно место: трилер , драма , акција , црн хумор
who are you?
i have many names
satan?
you can call me daddy
, а можеби некој ќе пронајде и хорор (единствено такво нешто не видов). Иако приказната е со надреален лик ја раскажува само човечката природа. Ривс е адвокат кои за да се стекне со слава и благосостојба го убива сопствениот морал и гази преку сите вклучително и најблиските. Слика која за жал стана секојдневна реалност и кај нас.

Препорака: За сите тие кои не го гледале , за тие како мене кои последен пат го погледнале пред 10 години , тие што се спремаат да постираат во поплаки во фудбал(истите како мене) - како само ме изрелаксира ме отргна буквално од реалноста.

Напомена: Треба да одвоите 2ч и 20минути , по 90-тата минута веќе ќе сакате да знаете како завршува филмот но никако нема да сакате да премотате нанапред , а одговорот ќе го добиете не е ова Прометеј па да треба да го чекаме седмото продолжение.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Un monstre à Paris (2011) / Чудовиште во Париз

Овој француски анимиран филм раскажува за двајца пријатели, Емил и Раул, кои случајно ќе создадат „чудовиште“. Тоа ќе предизвика паника во Париз, покрај другата непогода која се случува истовремено – големата поплава од 1910 година. Но, кабаре-пејачката Лусил ќе ја дознае вистинската природа на чудовиштето и ќе му помогне да си го покаже талентот. Понатаму следи интересна мешавина од случувања.

Режијата е на Бибо Бержерон, кој е познат по Shark Tale и The Road to El Dorado. Иако овој филм не е премногу добар, мене ми се допадна повеќе од тие два, барем од тоа што ми останало во сеќавање. Анимацијата е одлична и создава многу убава и шармантна слика на Париз од тој период. Приказната е релативно оригинална и иако потсеќа многу на Фантомот од операта, случките се невообичаени и секоја со себе носи изненадување. Недостаток е недоволно добриот след на тие случки и како тие се претставени, па филмот губи на динамичност, или пак премногу ја има (како моментот кога планот на Раул, Емил и Лусил одеднаш пропаѓа и почнува големата брканица). Ликовите се невешто развиени, но за ваков филм се супер – смешни се, посебни (особено како се дизајнирани) и многу допадливи (освен шефот на полицијата - лошиот :D ). Затоа, филмот многу повеќе би бил интересен за децата.

Гласовите на главните ликови се на Ванеса Паради (Лусил и во англиската и француската верзија), францускиот пејач -М- (Матју Шедид, кој пее наместо чудовиштето, и според мене е подобар од Шон Ленон кој пее во англиската верзија) и Гад Елмале (познат француски комичар и глумец, кој го глуми Раул). Посебно е добар и смешен Гад Елмале, а верувам дека и Адам Голдберг (Раул во англиската верзија) е исто така добар со смешните реплики.

Музиката и песните кои ликовите ги пеат во филмот се одлични, а особено се истакнува La Seine, првата песна која ја пеат заедно Лусил и чудовиштето. Мене ме зарази комплетно, па ќе ставам неколку линкови, но ако некој се реши да го гледа филмот, подобро прво да се запознае со песната преку филмот отколку вака.

- видео од филмот
- видео спот со Ванеса Паради и -М-
- настап во живо во една француска емисија
- верзијата на англиски со Шон Ленон

Оценката на IMDb е 6,6, а јас давам 7. На RottenTomatoes има 82%.

Јас ја гледав француската верзија, но има многу повеќе копии од англиската верзија. Ако некој се реши да ја гледа француската верзија и има проблеми со наоѓање соодветен превод, може да ми напише порака.

monstre a paris.jpg
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Планина на Гневот (1968) http://www.imdb.com/title/tt0182367/
Режија: Љубиша Георгиевски
Улоги: Ристо Шишков, Дарко Дамески, Петре Прличко, Оливера Катарина, Ацо Јовановски – Снагата, Драги Костовски, Мара Исаја, Драгомир Фелба и Бранислав Јериниќ.

Ако во 1952 година за прв пат беше создадена „Фросина“, која го одразува македонскиот битов елемент, тогаш слободно може да се каже дека 1968 година, со „Планина нагневот“ де-факто е настаната првата македонска комплексна филмска драматизација.

Мошне краток и брз период, со оглед да македонската кинематографија, била во својот зародиш, но мора да се истакне дека ентузијастичкиот пристап кон филмот, потребата за иновација, истражување и комбинаторика, а секако и потребата да се следи модерната светска кинематографија, вродиле свој плод.

„Планина на гневот“ е филм кој го разработува поимањето на времето, обичајот и односите, судирот на генерациите, оние новите, оние старите и оние статичните.

Постојат неколку клучни сегменти што навистина го красат овој филм.
Најпрво тоа е „немиот пристап“. Нем затоа што не изобилува со музика и константни дијалози меѓу ликовите т.е. дејствијата. Режисерот како намерно да ја изоставува музиката во него на клучни кадри, за сметка на тоа да во потполн сјај го покаже инертното – т.е. настојувањето да се исполни просторот и дијалогот со динамика, но присутноста на субјектите, кои еклетично делуваат како објекти, намерно се противат на тој чекор.
Единствено во моментуи кога субјектите го креваат својот „глас“, а со цел да ја одржат пасивноста, т.е. статиката, тогаш динамиката – музиката е најсилна. Иронично, но по се изгледа дека режисерот дополнително се обидувал да раскаже дека единствената подвижност на свеста се раѓа онаму каде што е пореметена статичноста, тромоста и мртвата моторика.
Ова највпечатливо се гледа во сцената кога група од постари селанки, предводени од Калина (Мара Исаја), ќе ја одвеадт младата девојка, Оливера (Оливера Катарина), на карпестиот предел, надвор од селото, за да ја казнат поради гревот што го сторила, останала бремена пред брак. Интересно, но дел од кадрите во тој предел се поставени од жабја перспектива, од гледиште на младата девојка, чиј видокруг се гневните лица и празното небон над нив, додека таа лежи на студените голи карпи. Во истиот момент, жените и се нафрлаат и во една таква безконтролна состојба, девојката ја обесчестуваат, а детето и го оцрнуваат и плукаат, цитирам:„Копиле колективистичко!“
Овде ќе се надоврзам и на самиот израз „копиле колективистичко“, кој во суштина е олицетворение на духот на времето опишан во филмот.
Имено, Ристо Шишков (во улога на Стамат), е партиски комесар во новата социјалистичка држава, има за задача од партијата, да оди во селото и ги разгледа проблемите на руралната област и нејзиното население, и по наредба на партијата, од една страна, да ги согледа проблемите и даде директиви за нивно решавање, додека од друга страна, пристапи кон колективизација, а се со цел заради организирано остварување и задоволување на потребите на новата држава.
И тука настанува конфликтот – динамиката не е во физичкие дејствија, ами во менталниот пристап кон новонастанатата ситуацика. Тромата и статична „динамика“ да се замени со „нова динамика“.
Така, оттука всушност и произлегува изразот „копиле колективистичко“, како своевиден израз на бунт на статичното против динамичното.
Уште една маркантна сцена од филмот, која што всушност е основа за статичноста, се моментите кога Ристо Шишков, како партиски комесар, е веќе во селото и во локалната месна канцеларија ги собира селаните да им ја претстави својата задача и ги поттикне истите да му ги кажат проблемите што ги имаат, додека во исто време селаните бледо седат на своите столици и како да не го гледаат човекот што говори пред нив, туку како пред нив да постои само комесарски шинел и униформа кои се движат. На крајот од таа сцена доаѓа само една жена пред Стамат (Шишков) и го засегнува со еден проблем. Старата жена – Клина (Мара Исаја) му вели на Стамат (Шишков), дека проблем во селото немаат, но дека сепак како сериозен проблем е една млада девојка Оливера (Оливера Катарина), која се „сплеткала“ со некој млад маж од селото, не придржувајќи се кон волјата на селаните, па поради што му вели, цитирам: „Ние ќе си останеме со кралот, а ти ако не го решиш ова, нема да видиш ни „К“ од колективизацијата и од твојот комунизам!“
Од овде се гледа дека и покрај тоа што е претставен конфликтот на духот на времето, туку во полн израз е претставена конфликтната состојба меѓу статиката и динамиката, и тоа онаа менталната – на суперегото внатре во себе.

За крај, „динамичноста“ на статиката доаѓа во полн израз кога насобраните слани со вили, мотики, икони и крстови го наклеветуваат, оцрнуваат и бркаат Стамат (Шишков) од селото, осигурувајќи си ја сопствената пасивна конзистентност. Се чини дека злото е избркано.

„Планина на гневот“ е филм за пасивноста, статиката, параноичниот мир и менталната паника од промена која ја предизвикува статиката франктично да се придвижи, но не заради промена, ами заради нејзино моторичко опстојување кое ќе се осигура во веќе променливиот дух на времето.

Оттука и произлегува таа насобрана планина од гнев.

П.С. Малку тешко ми беше да го најдам постерот од филмот на нет... али во секој случа мислам дека слика од кадар и не е така лоша замена.. Ова е сцена негде при крајот на филмот каде што Стамат (Ристо Шишков) го распнуваат на крст....

 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


http://www.imdb.com/title/tt1456635/

Филмов е многу едноставен. Шон Вилијам Скот глуми хокеарски фанатик кој како Хомер во една епизода од Симпсонови открива дека може слободно по глава да го лупаат без проблеми, се приклучува во хокерски тим и цел филм го поминува претепан или претепува други луѓе. Сериозно. Тоа е цел филм(shit, може требаше спојлери да ставам :P). И со таква едноставна премиса филмов успева да е одличен. Актерскава екипа во филмов е погодена, поготово Скот(кој се повеќе ми прилегнува на срце), а Шрајбер како и секогаш е добар.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
По препорака на Biggus Dickus Ви го претставувам „М“ на Фриц Ланг.. Фантастичен филм, Друже фала, стварно ми се допадна...

Не би сакал многу да пишувам за овој филм, со оглед да има навистина многу што да се напише , но и ако би пишал, тогаш непотребно би ви го скратил задоволството...

„М“ – (1931) http://www.imdb.com/title/tt0022100/
Режија: Фриц Ланг
Улоги: Ото Вернике, Питер Лори

Имајќи в предвид дека ова остварување на Фриц Ланг е негово прво „звучно“ чедо, може слободно да се каже дека истото претставува повеќе од успешен експеримент.

Во ова остварување повеќе од очигледен е фактот дека фасцинацијата на Фруц Ланг не е музиката како човекова творба, туку обратното, да се постави прашањето: „Дали звукот го крира човекот?“, односно „Дали човекот е творба на звукот?“ Впрочем, заради фактот што овој филм воопшто нема музика, туку постојат само звуците говорот од актерите.

Имено „М“ е приказна за односот на еден опсесивен убиец на деца – девојчиња, и преплашеното општество и неговите реакции кон тивкиот психотик.

Филмот започнува со игра на група деца пред нивната зграда, пеејќи песна – брзозборка, која пее за човекот облечен во црно што ги зема децата и кој со својот нож од нив прави мелено месо. Песната оди вака:

„Just you wait, it won't be long
The man in black will soon be here
With his cleaver's blade so true
He'll make mincemeat out of you!
You're out.“

Во меѓувреме една мајка ја чека својата ќеркичка да се вради дома од училиште, но залудно, со оглед да на пат кон дома, девојчето ќе биде пресретната од песната на тивкиот убиец. Девојчето е мртво. Овде употребата на звукот е амбивалентна, во еден момент невиноста пее за смртта, но во друг, смртта пее и ја повикува невиноста.

Она што е најинтересно овде е убиецот. Имено, тој ги содржи двете дејствија т.е. особини, на полицијата и подземјето, и своите жртви. Кога е сам и слободно дејствува, тој делува смирено, но веднаш штом ќе забележи потенцијална жртва, како некој глас одвнатре да го претвора во друга личност, водена од своите внатрешни импулси кои не препознаваат ништо друго, освен задоволство.

Се чини дека токму овде лежи суштината на филмот „М“.
Имено, ако звукот во овој филм на Фриц Ланг е главна преокупација, но звукот кој што потекнува и произлегува од човекот,одвнатре, тогаш овде се наметнува дејствието на звукот, кое е внатрешно, она инстикнтивно, нечујно, но вистинито, и она надворешно, наметнато однадвор, како правило и како норма за делување.

Насловот на филмот „М“, произлегува од сцената кога еден од просјаците, најмени од подзмјето да го следи убиецот, како не би можел да го изгуби од вид пред толпата луѓе низ градот, просјакот, со бела креда ќе запише „М“ на својата дланка и ќе го потчукне по рамето, за да може да го препознае. „М“ како маркиран (гер. Markiert)!

Но што овде е маркирано?

Она што исто така е мошне впечатливо во филмот е фактот што е снимен 1931 година, само некоклу години пред доаѓањето на Нацистите на власто во тогашната, сеуште Вајмарска, Република Германија, па така испаѓа дека описите во филмот се поклопуваат со реалните настани што подоцна следат. Ланг како да предупредува на изопачената претстава на моралот и правдата, и дека токму тие се еден од симптомите што веќе го заболуваат организмот, а кои ќе придонесат до неминовен фатален крај. Можеби тоа не е вистинската интенција на Ланг, а можеби е, со оглед да во 1934 година го режира „Тестаментот на Др.Мабузе“, филм со исто така провокативна и актуелна тематика.

Во секој случај, „М“ е многу храбар филм, режиран од Ланг, во време кога искажувањето на внатрешниот глас (потсвеста) значело вистинска смрт.






 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
The-Three-Stooges-Movie-Giveaway-Blessings-Abound-Mommy.jpg
Конечно добра комедија од 2012 година. Се работи за три бебиња кои се оставени пред вртата во домот на калуѓерките каде исто така живеат и други деца без родители. Филм со многу комични сцени во кој е прикажан животот на овие тројца дебили, најпрво како мали деца, а потоа и како возрасни и кој од нив ќе успее најдобро да се снајде по заминувањето од домот.
На IMDb има оцена 5.1/10 премногу потценувачки, но јас му давам 10/10.
Филм кој барем малку ме потсети на изгледот на актерите во стариот и добро познат Dumb and Dumber.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Deneska po insistiranje na sestra mi go gledav ovoj film.
Hachi: A Dog's Tale

Si rekov, pf Ricard Gir i kuce vo film? Auuu kakov film, ne ocekuvav! Nemam placheno na film volku ne znam ne pamtam od koga, ama filmot e fantasticen osobeno ako ste ljubitel na kucinja.Ne kazuvam nisto za filmot a i da najdete informacii na net veruvajte mora da go gledate.Samo ke kazam deka e bazirano na vistinska slucka vo Japonija i toj fakt ve tera da ste uste poemocionalni.Fantasticno filmce koe eve cel den me drzi vo miks na taga i radost , melanholija i mala depresija.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ова е филм кој длабоко ќе ве вознемири ....
Одамна немам гледано вакво оригинално дело кое обзема од самиот почеток. Мрачноста , тензијата се присутни во текот на целиот филм и обзема со некој магнетизам за очекување на следниот чекор , на следниот дел , на крајот. Овој филм треба задолжително да се изгледа затоа што ја покажува сета суровост , сето безумие , хорор кој се случува во воени дејствија и во крволочната граѓанска војна . Либан е земјата длабоко потопена во крв , а овој филм на толку безмилосен начин ја покажува нејзината длабока мрачност и страдање.
Еден заклучок од овој филм :Од љубовта се раѓа љубов , од ужасот ужас , но дали е така? Не, раѓањето е љубов создадена под какви и да е околности. Воспитанието е она што ја изградува личноста !
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Prozac Nation (2001)
Улоги: Christina Ricci, Jason Biggs, Jessica Lange, Michelle Williams​
Режија: Eric Skjodlberg​
Сценарио: базиран според истоимениот бестселер на Elizabeth Wurtzel​
Кристина Ричи уште кога ја гледав во филмот Monster во лезбејска сцена со Шарлиз Терон, ми стана некако одвратна, општо значи цела нејзина појава во филмот...​
Али да бидам објективна, тука имаше одлично одиграно - маестрално - улога на млада девојка од дисфункционално семејство: татко кој ја напуштил уште на 2 годишна возраст и мајка која сака преку нејзиниот живот да го постигне она што таа не успеала во својот тотално промашен живот...Девојчево се запишува на Харвард, оди во сосема нова средина, кадешто треба да се адаптира на нови ситуации и ликови, а тука спаѓа и формирање на социјален живот, кој за неа е мисловна именка...​
Повеќе не откривам од содржината...Од самиот збор Prozac во насловот знаете што следува и за што се работи...​
Луѓето коишто во својот живот порано или покасно осетиле депресија, која не мора да е онаа со тешки симптоми и која бара сериозно лекување, туку и да е најблага форма на депресија која им траела кратко - јас сум сигурна дека ќе се препознаат себе си во определени сегменти од филмов...Реално, депресијата е кај секого индивидуална, односно секој ја доживува на соопствен начин...Често сакајќи што побрзо да се излезе од пеколната ситуација, која те држи закован за земја и не ти дава да функционираш нормално, бараш нешто што преку ноќ ќе ти го смени гнасното секојдневие, ама скрос да ти го смени на подобро...Бараш нешто да те "спаси"...И така запаѓаш во уште подлабока кал, бидејќи многу си очекувал, а крајно си се разочарал по не знам кој пат во животот...Депресијата започнува и завршува на сличен начин - прво постепено и потоа одеднаш... - цитат од филмот...​
Ова е еден сосем реален филм, без претерувања и патетики...- што мене искрено многу ми се допадна, а посебно што е инспириран од вистински настани...​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom