Предлог за филм со кратка рецензија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Doors



Во огромно исчекување некој да се сети и да реализира филм од највисок калибар за моите најомилени музички легенди: Фреди Меркјури, Курт Кобејн и Џими Хендрикс, ми преостана да си гледам филм за една од најкултните рокенрол фаци кои некогаш се појавиле на музичката сцена, уан енд онли Џим Морисон. Може и ќе го пропуштев филмот да немаше Вал Килмер толку добри критики за изведбата. И сите биле во право, ама баш сите до еден заедно со членовите на бендот кои биле шокирани од тоа како Килмер го ископирал Морисон.

Имам неколку замерки за филмот, ама моја основна грешка е што го гледав ненаспана, а филм од 2 часа и 15 минути не се гледа со чечкалици на очи. Оливер Стоун повеќе се концентрирал на карактерот на Морисон отколку на случките кои го прателе, на пример времето кое Морисон го поминал во Парис пред смртта воопшто не е опфатено. Инаку човекот бил тешка психоделија, без разлика дали бил трезен или на дроги. Посебниот поглед на светот е фино прикажан. Нема шанси да не останете со подзината уста кога ќе го гледате Килмер како глуми. Неверојатно е како му ги ископирал движењата на Морисон, па дури и на некои делови од филмот самиот пее.

Едно големо ДА за сите вљубеници во делото на Дорс, чисто да ја проследат историјата на создавањето на бендот и силната доминација на Морисон чија харизма ги фрлала сите останати во сенка. Сите негови демони, онаа посебна нишка која ја носел во себе, комплетната отуѓеност од светот.
И ако можам да заклучам рокенрол сцената во сегашно време е смешка споредена со златните години на рокот кои умреа со Фреди. Музичката сцена нема капацитет да создаде т.е да истакне ексцентрична ѕвезда од типот на Морисон, која сама по себе ќе биде забележена без да бара внимание.

Како и да е сите аплаузи одат за Вал Килмер!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
United (2011)
... и како што кажа Џену, го ставив филмов на симнување, тркнав по сок и 2 паковки Палома и седнав да видам како ова го направиле Енглезите. Испадна сосема добра спортска драма и штета е што заради ограничениот буџет не можевме да го почуствуваме стариот Олд Трафорд и топката малку повеќе да се тркала. Но како и да е, фокусот е на трагедијата на една млада и талентирана генерација на Јунајтед, позната како „Бебињата на Базби“. Филмот има малку врска со фудбалот, многу повеќе со големината на еден колектив кој ги преживува најтешките моменти и успева да се воздигне од пепелта. Главните актери многу убаво си ја завршија работата што е најважно затоа што филмот падна на нивни товар. Направија да се соживееме со нивната трагедија, да сочуствуваме со нивните семејства, навивачите и со цела Англија. А тоа е и повеќе отколку што се очекуваше од филмов.

Сепак би сакал за вака важни моменти во фудбалската историја да се издвојуваат повеќе средства и да се направат, не блокбастери, туку филмови кои ќе доловат се, како моментите на слава и победи, кои недостигаа овде. Фудбалот за разлика од други спортови не е соодветно прикажан на филмското платно, со исклучок на филмови како Victory (1981) на пример.

Филмов како и да е, треба да го погледнат сите љубители на спортските драми.

P.S.
Џену, кој беше оној со лулето жити се? :pos:
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
The Man from Earth
Секоја чест на филм-мејкерите на кои им успева (посебно во денешни услови) да направат еден ваков брилијантен филм, во кој целото дејствие се врти околу мала група на луѓе, и дискусиите кои тие ги водат во една мала куќичка.
Филмот е често нарекуван и sci-fi Twelve Angry Man, токму поради тие карактеристики. Иако многумина му го оспоруваат правото да се смести во sci-fi категорија, филмот дефинитивно таму припаѓа, исто онолку колку што таму припаѓаат 2001 : A Space Odyssey, Blade Runner, Solaris итн....
Идејата која се проткајува во филмот, е нешто како излезено од самите почетоци на научната фантастика, односно столбот, дефиницијата на овој жанр, кој во последно време некако забега од сето она што го дефинираше.
Како што веќе напоменав, она што го води овој филм е комуникацијата помеѓу ликовите, а не самата ситуација во која што се наоѓаат.
Дејствието, всушност, започнува многу нормално, еден од ликовите се спрема за преселба, неговите пријатели а воедно и колеги, наминуваат да се поздрават со него. Интересното е тоа што сите овие луѓе се академици, експерти во своите полиња. Сите од нив се по малку зачудени и по потрага за причината поради која нивниот пријател така ненадејно се одлучува да замине од нивните животи. Моментот кога тој им ја кажува вистината, е и почетокот на една навистина прекрасна дискусија. Всушност главниот лик (John) сето ова го започнува како игра, наметнувајќи една хипотетичка ситуација, но како што дијалогот напредува, тој се повеќе и повеќе открива дека не е се така како што изгледало на почетокот, односно приказната која што ја раскажува не е никаква претпоставка, туку целосна вистина.
Се осмелувам да напишам дека филмов е навистина поучен, и го препорачувам не само на фановите на научната фантастика, туку на сите оние кои сакаат да погледнат нешто поразлично од она што Холивуд ни го презентира секојдневно.
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Zen (2009) 10/10
Visoka ocenka mozebi zatoa sto e prv film od ovakov tip sto sum go gledal :)
Stanuva zbor za zivotot na zen majstorot - Dogen Zenji
Zen master Hogen studied with Keishin
Zenji.
Once Keishin Zenji asked him, Joza,
where do you go?'
Hogen said. 'I am making pilgrimage
aimlessly.'
Keishin said, 'What is the matter of your
pilgrimage?'
Hogen said, 'I don't know.'
Keishin said, 'Not knowing is the most
intimate.'
Hogen suddenly attained great
enlightenment."

We live our live in mediocrity, running after higher salaries, material benefits. We have objectives for future, but we have no time to smile to the present, to the people around us. At the end of the day we imprison our natural flow of energy that makes us happy and full of love, in the cage of our concepts. I will be happy IF I WILL.... When this condition is solved another one appears. Every time there is an IF that will create a mental separation between us and our Natural State of Being.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Perfect blue


Мима е млада пејачка на "CHAM!",една од најатрактивните поп групи кај домашната публика во Јапонија,со доста голема фан база.Еден ден Мима ќе и соопшти на својата публика дека си заминува од групата со цел да стане актерка.Нејзината одлука предизвикува револт кај дел од фановите,посебно кај еден кој се претставува како "Me-Mania" кој секој ден и го следи секој детал од животот.Но тоа не ја загрижува Мима воопшто.Одлично се снаоѓа како актерка во крими серијата "Double bind",но животот ќе и се смени за 360 степени откако треба да одглуми една сцена каде е силувана во ноќен клуб.После таа сцена ќе сонува како убива луѓе во својот костум додека беше пејачка,а жртвите се луѓе кои и ја оцрнуваат кариерата.А нејзините соништа се остваруваат.

Ова звучи како опис за игран филм.Но Perfect blue е аниме филм.Жанровски спаѓа во психолошки трилери и морам да признаам е еден од најдобрите од овој жанр што сум ги видел.Режисерот на Perfect blue е Сатоши Кон,на некој начин доаѓа како јапонска верзија на Стенли Кјубрик(жанровската разлика кај секој од неговите филмови) и секако големо освежување од Хајао Мијазаки(немам ништо против Хајао,одличен режисер е,но се концентрира само на филмови со бајковита тематика).

Уште нешто,филмот не страда од стандарните аниме карактеристики-ликовите да бидат со големи очи,тенки вратови,големи гради,нема over the top ситуации;на секој лик му е дадена реалистична црта(ова го наведувам во случај некој да не сака да го гледа овој бисер само затоа што е "аниме").

Па кој сака да издвои саат и дваесет минути исполнети со Сатоши Кон mindfuck ситуации,ова е филм за вас.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710

Очекував сосем просечен филм но излезе спротивното. Прекрасен филм. Ретко, многу ретко кога пуштам солза на филм но овој дефинитивно ме натажи, најверојатно бидејќи сум огромен љубител на кучиња а посебно зашто станува збор за лабрадор.
Но, не станува само збор за филм за кучиња туку многу повеќе од тоа. Станува збор за соочување со многу предизвици во бракот,создавање на семејство,многуте кавги,приказна за љубовта, за поврзаноста и справување со ‘најлошото‘ куче на светот кое што е и дел од тоа семејство.
Верувам дека на секој оној кој сака кучиња ќе му се допадне.

Главни актери во филмот се Owen Wilson и Jennifer Aniston.
 
H

-HRO

Гостин
Kung Fu Panda II (2011)



Приказната продолжува од првиот дел.
По (пандата) се впушта во нова авантура со своите кунг-фу пријатели, каде што ќе има прилика да се пресмета со еден негов стар и голем непријател.
Вториов дел е повеќе врзан околу животот и потеклото на По.
Од каде е дојден, каде му се вистинските родители, како татко на панда може да биде една обична гуска итн.
За се останато погледнете го филмот и ќе сфатите за што зборувам. Можеби не толку добар како кецот, али вреди да се погледне :)

Blitz (2011)



Со самото тоа што ќе го видите Jason Statham на сликата, во главата ви се создава слика за каков филм станува збор.
Во филмов Jason Statham има улога на полицаец кој сака да открие сериски убиец кој убива исклучиво полицајци.

A Walk On The Moon (1999)



Незнам ни самиот по кој пат го имам изгледано филмов, ама можам да кажам дека е доста квалитетен.
Се работи за едно среќно семејство на кое секојдневниот живот ќе му се промени за 360 степени.
Ќе дознаете поради што наеднаш ќе се промени животот на ова семејство доколку го погледнете филмот.
Девојките посебно го обожаваат! :)

The Hangover II (2011)



Доколку не сте го гледале првиот дел, би ве советувал веднаш да го изгледате, а потоа да преминете на овој дел.
Доколку го имате погледнато првиот, а го немате гледано вториов...да ви кажам некои работи накратко.
Овојпат повторно сите другарчиња се спремаат да одат на свадба. Но овојпат Стју е тој кој што ќе се жени.
Стандард пред свадбата како и во првиот дел заминуваат да се журкаат сите заедно.
Се се одвива одлично и забавата им поминува успешно, но кога ќе станат наредното утро, ќе имаат еден сериозен проблем....
Што е проблемот?! Гледајте и видете сами.:D

The.Samurai.of.Ayothaya (2010)



Значи филмов е врв! Одлична акција, брутални сцени, неверојатни тепачки и огромна техника!
Се работи за еден млад дечко (Јапонец) кој е на работ да го изгуби својот живот. Ќе биде спасен од страна на еден од неговите непријатели (главен лидер на Ајотаја)
Тој ќе биде благодарен и во Тајландската провинција ќе најде и свој дом. Ќе остане да живее таму и ќе стекне нови пријатели кои подоцна ќе му станат како браќа.
Таму ќе научи и многу нови боречки вештини, ќе има за задача да ја брани Ајотаја од непријателите, а подоцна и да се одмазди на неговите непријатели.
Доколку не сте го гледале....погледнете го и нема да зажалите.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Scream 4 (2011)


Разочарао си ме... :) Ама сепак (y) ! :)

После 11 години излезе ново продолжение од мојот омилен слешер Scream. На IMDB има повисока оцена од 2 и 3 дел (признавам, третиот е катастрофа) но тоа повеќе се должи на долгото исчекување на фан-базата за филмов. Убаво е се врати човек во Вудсборо, тоа прекрасно мало место кое врие од психопати во маски :pos:

Енивеј, како и третиот, и четвртиот дел има примеси на пародија што не ми се допаѓа многу. Бидејќи 2 и 3 дел беа нешто како филм во филм, и овој ја продолжува традицијата. За оние кои не се запознаени: во првиот дел Сидни Прескот (Нив Кембел) е мета на убијци кои се кријат зад една језива маска (горе на сликата). Сидни ќе ги преживее нападите се разбира, а во содржината на вториот дел е вметнато снимање на филм со наслов Stab, кој е сниман според настаните од првиот дел. Вториот дел е ретроспектива на хорор/слешерите и нивните правила (кој умира во нив, под кои услови и зошто итн...). Во овој дел, Stab стигнал до Stab 7, помината е една цела декада и хорорите добиваат некои нови правила. Everything is reversed...

Сидни Прескот се враќа во Вудзборо за да ја објави својата нова книга, кога започнува нова серија на убиства поврзани секако со нејзиното доаѓање. Во градот се уште и шерифот Дјуи (Дејвид Аркет) и Гејл Ведерс (Кортни Аркет или наша Моника од Френдс). Истите се обидуваат да го откријат убиецот, познавајќи ги хорор правилата...

Е сега, приказната се разбира е веќе видена но секогаш е забавно барем за мене, да се гледа Scream. Јас сум од старата гарда која порасна со Halloween, Friday the 13th и Nightmare on Elm Street. Хорорите не се веќе страшни и немаат многу смисла, затоа пак во Scream ги користат старите добри слеш моменти, кога од никаде ќе се појави убиецот придружуван со нагло подигање на звукот... со добри звучници, Scream e идеален хорор за со друштво.

За жал, во овој дел потфрли и глумата и посебно сценариото, дијалозите беа лејм и немаше доволно добри нови ликови, па и добри сцени. Многу просечно, тука некаде со третиот дел, можеби нешто подобро. Следниот дел ќе биде so bad it's good.

Сепак, секогаш е забавно, посебно кога убиецот игра игри со жртвата:

Name the movie that started Slashers :
- Haloween
- Texas Chainsaw Massacre
- Last House on the Left or
- Psycho

Psycho!!!

None of the above! Peeping Tom, 1960...

Како и другите, и овој дел има хилариус реплики и моменти.

Препорака за сите кои се љубители на серијалот, оние кои не знаат, да си почнат од првиот дел.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479


2030 година.Време на технолошки напредок во многу сфери.технологијата е до тој степен револуционаризирана да му овозможува на човекот да се надградува со кибернетски делови(почнувајќи од раце,нозе,па се до мозокот).Границата помеѓу човекот и машината станува се поматна.

Мотоко Кусанаги е главниот оперативец на Секција 9,посебен оддел на Јапонското министерство за внатрешни работи со задачи да откриваат и спречуваат дела на тероризам и индустриска шпионажа.Мотоко од стартот на филмот е ангажирана,заедно со својата единица да влезат во трагата на еден многу снаодлив хакер кој се одзива себеси како "Кукларот".Тоа што се чини како обична истрага ќе ја воведе Мотоко во еден свет на заговори,задкулисни игри,скриени интереси на компании и влади и нешто што може да го редефинира односот човек-машина.

Мојата прва средба со GITS датира уште од денот кога на Viva planet го вртеа овој спот
за потоа на канал 5(мислам) премиерно да го прикажат и во Македонија.

GITS е фасцинантен филм.Одлично комбинира сајберпанк со вообичаените политички заговори,додава своја филозофија и успешно балансира помеѓу детективски трилер и акција.Екстра плус е музиката.Ништо чудно што браќата Вачовски го избраа GITS како главна инспирација за The matrix(мада Матрикс доаѓа како ретардираниот братучед на GITS,а за Relaoded и Revolutions да не правам муабет).

Во најава е адаптација на GITS во реално издание,а како режисер се јавува Спилберг.Дали ќе направи филм што верно ќе го пренесе духот на GITS или ќе биде уште една пропадната лајв екшн адаптација останува да се види.
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
The Damned United



Веројатно еден од најдобрите филмови во кои спортот, one way or another, е она што го води дејствието.
Филмот ја раскажува приказната за еден од најдобрите англиски фудбалски менаџери во историјата, односно Brian Clough, најпознат по своите успеси со Nottingham Forest (брилијантно одглумен во филмот од Michael Sheen). Но филмот не се фокусира само на неговите успеси, напротив главното дејствие се врти околу неговиот неуспешен обид да го води Leeds United, и 44те дена поминати како менаџер на овој тим. Но, во ретроспектива го гледаме и неговиот подем, односно патот кој го поминал за да стигне до таквиот статус на најдобар млад менаџер во Англија.
Се на се земено, може да се заклучи дека во овој филм фудбалот е само споредна работа, филмот повеќе ни претставува каква личност е Clough, неговите огромни амбиции, желбата за "одмазда", огорченоста, ароганцијата...Карактеристики поради кои дури би можеле и да замразите некого, а сепак тука ликот на Clough ви е симпатичен, сочувствувате со него, посакувате да успее во неговите намери....
Како фан на англискиот фудбал и се што е англиско воопшто, филмот многу ми се допадна, но не мора да значи дека тоа е предуслов за да го погледнете филмот. Ако сакате добра приказна и одлична глума, watch this movie :)
P.S. На режисерот на филмов не му требаше многу време за да добие оскар, веќе успеа во тоа на последните доделувања на престижните :giggle: филмски награди.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
The Devil`s Advocate


Се осеќам како 3 века да немам пишано во темава. Заборавив како да почнам :)
Шо да се каже попрво за филмов. Одлична глума, одлична актерска екипа, одлична приказна.
Се почнува кога Кевин Ломакс (Киану Ривс), во судница ќе успее да добие уште еден случај и да остане непоразен и понатаму во судницата. Кога потоа еден тип ќе му понуди работа во фирма во Њујорк со огромна плата, тој без мислење ја прифаќа. Таму го запознава (Џон Милтон) кој е всушност и неговиот шеф. После добро сработената прва работа, Џон ќе се реши да му понуди долготрајна работа на Кевин, кој тоа го прифаќа.
Откако ќе види каков статус добива во фирмата, каков стан добива за живеење, има толку пари колку што никогаш не ни можел да замисли, мисли дека конечно му се посреќило во животот и дека од тука неможе ништо да тргне наопаку....
За глумата мислам дека стварно не треба да се зборува многу. Шарлиз и Киану над нивото, а за легендата во филмовиве не треба многу да се пишува. Дефинитивно Пачино ми е во топ 5 на сите времиња, едноставно човеков е легендарен, секоја улога знае да ја дигне за 2-3 нивоа погоре.
Филмов е многу малку споменуван на форумов, а дефинитивно вреди да се погледне, овој е еден од тие филмови кои ако ги гледаш одново и одново пак ќе ти бидат интересни.
9/10
 
H

-HRO

Гостин
UP (2009)



Старчево на сликава е Карл Фредриксен...старче кое ќе загуби роднина која што многу му значи.
Неговиот живот веќе ќе нема смисла, и почнуваат да му излегуваат некои проблеми при што е приморан да оди во старечки дом.
Тој прикачува 283298382 балони на неговата куќа и заедно со неа одлетува на пат до Јужна Америка со цел да избегне одење во старечки дом, и со цел да ја посети Јужна Америка со што ќе се оствари неговиот животен сон.
На патувањето открива дека не е сам во својата куќа, и тука почнуваат вистинските авантури и заплети....
Што понатаму, видете и оценете сами...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Super 8 (2011)


Ми се допадна ова. Блокбастер со душа. Браво J.J. (y)

Кој ги гледал Sci-fi филмовите од 80-тите знае. Мало и пријатно место за живеење кое се врти наопаку по некој инцидент (пад на метеор, вселенски брод или било каков феномен...) Кој не ги гледал, изгубил многу. И ако овој филм не му се допадне, мојата прва прогноза е недостаток на Sci-fi од 80-тите. Затоа што јас го доживеав како тотална реплика на истите, збогатена со ефекти што ги нуди денешната кинематографија.Филмот оди по истата идентична линија: запознавање со ликовите, кои понатаму ја движат приказната. Како и секогаш, тие се најобични луѓе, во случајов повеќето се деца. Нивните ситуации (смрт во семејството, нарушени односи, симпатии итн...) немаат никаква врска со настанот, но служат за да се внесе човечност во филмот, за да се поврземе со ликовите и да ни биде гајле за нив кога ќе бидат во некаква опасност. Тоа е нешто што им фали на модерните акциони филмови кои се сведуваат на брканица на радном ликови. По запознавањето со ликовите следи главниот настан кој ја врти приказната во сосема друг правец. Понатаму да не пишувам заради спојлери, но се се движи по истиот редослед. Long Live the 80's!

Инцидентот во случајов е превртување на воз кој припаѓа на војската и со себе носи нешто кое ќе почне да го тероризира населението. Без сомневање, ова е лошиот братучед на Е.Т. за кого, благодарение на J.J. Abrams, имаме разбирање и симпатии. Ефектите се ОК а без солидно озвучење дечки, ништо не правите. Кој може да го фати филмов на кино ќе си заврши добра работа.

Ми се допадна актерската екипа составена од деца кои беа над секое ниво, целиот филм беше на нивни товар а тие многу искусно ја одработија задачата.

Повеќето денешни блокбастери се претенциозни, ако размислите подобро, се трудат да направат некаква комплицирана приказна или да уфрлат многу пресврти и изненадувања, но на крајот се се сведува на многу ефекти и дупки во сценариото. Super 8 е едноставен, не ве замара со приказната и не го комплицира крајот. Не претендира да биде филмиште, ова е мал филм со буџет за ефекти. Не е оригинален, копија е, ама убава копија. Ми разбуди носталгии, I love it!. Се надевам на повеќе „ретро“ филмови во иднина.

Истовремено, фино е што двата блокбастери од кои нешто очекував, X-Men и Super 8, не ме разочараа. Обично кога се големи очекувањата следи разочарување, овој пат не беше така.

8.5/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Gone Baby Gone (2007)

I always believed it was the things you don't choose that makes you who you are. Your city, your neighborhood, your family. People here take pride in these things...

Ретко спомнат филм во подфорумов па од тука се мислев дали да го ставам во темата за филмски ентузијасти( да го ставев таму немаше да биде грешка) или тука али пошто филмов е еден од ретките нови(не постари од 5 год :D ) филмови на овај жанр кои ми оставиле многу многу добар впечаток го ставив во оваа тема.

Режиран од тука доволно хејтаниот глумец Бен Афлек( ќе го гледам и Town па да видам дали е ќе го биде како режисер ) со неговиот брат во главната улога(a покрај него во филмов улоги толкуваат и Ед Харис, Морган Фримен и Еми Рајан која добила номинација за оскар за нејзнината улога во филмов).

На прв повидок обработува тематика која е многу пати видена предходно - потрага по изгубено девојче од страна на приватни/полициски детективи,но во филмов таа потрага,одлуките кои ги носат главните ликови се направени на еден перфектен начин ,барем за мене како љубител на крими - драма мистериите.

Да додадам дека дејството не се одвива брзо али во ниеден момент јас не осетив досада .

Како за крај , сосема заслужен 94% рејтинг кај патлиџаните.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Senna (2010)

Последно време ретко гледам филмови а уште поретко документарци. Сосема случајно налетав на филмов, затоа што никогаш не сум помислил дека може да постои документарец за еден од најдобрите возачи во ф1 (ако не е и најдобриот )кои некогаш возеле .

Но ете од кога разбрав дека постои филмов , осеќав некаква обврска да го погледнам затоа што се работи за личност која постарите фанови на ф1 циркусот го етикираат како најдобриот кој некогаш возел . За жал,во неговата ера јас сум бил премногу млад да го забележам тоа...

Филмов започнува со животот на Сена од моментот кога од картинг се префрла на ф1...ги открива неговите најинтересни моменти на и вон патеката ,неговото ривалство со Алан Прост, како и самото значење на Сена за бразилскиот народ ...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom