КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
11. Birdman or (The Unexpected Virtue of Ignorance) (Alejandro G. Iñárritu, 2014)

11.jpg
Ветив дека ќе пишам нешто повеќе за Birdman, а не успеав до сега.
Дефинитивно голем фаворит за Оскарот за најдобар филм, иако почнувам да се сомневам дека ќе го добие. Што е она што импресионира во филмот: освен глумата (особено Китон, но и Нортон) и режијата (Ињариту) за кои речиси и врапчињата веќе знаат дека се јаката страна на филмот, она што мене ми се допадна пред се е камерата. Филмот изгледа како да е снимен во една клапа, со една камера која постојано е во движење, но не од типот на понекогаш иритантните shaky cameras. Нема прекини, изгледа како да не ни била потребна монтажа и како директорот на фотографија и камерманот воопшто да не заспале во тек на неколку дена додека го снимале филмот. Затоа, на невидено уште од сега се обложувам дека на Birdman му се гарантирани Оскарите за монтажа и кинематографија. Слаба точка му е музиката - има еден тип на удиралки кој ми газеше на нерви од почеток до крај на филмот. Приказната и начинот на кој филмот оговара некои прашања и се справува со некои идеи на моменти е ОК, на моменти е многу повеќе од ОК, но ниту еднаш не потфрли. Приказната е доволно интересна да го задржи твоето внимание од почеток до крај на филмот, но истовремено не е нешто што ќе те остави без здив, зошто не се воздигнува премногу над обичноста. Но интересно е како и покрај толку ordinary приказна отвора прашања за дискусија:
-дали Холивуд, индустријата и парите создаваат митови за актерите кои потоа гледачите ги величаат како да се богови и којзнае колку добри актери, и покрај нивната подпросечност?
-дали можеби филмската критика е пристрасна? Што ако најдобрата актерска игра која некогаш била видена на филм или театар од највлијателниот критичар биде негативно оценета само затоа што истиот тој критичар нема симпатии кон актерот или ако имаат некакви приватни несогласувања? Дали целата таа машинерија на филмската критика ја кажува реалната слика и дали е објективна?
-дали некои актерски имиња како Илајџа Вуд или Даниел Ретклиф можат да покажат дека знаат да глумат по своите актерски дебија кои ги фрлиле во најжешкиот оган, или засекогаш ќе останат само Фродо и Хари Потер?
-и така натаму...
Прво да спомнам дека сеуште нема добра снимка и го гледав на скринер што е богохулие за каков филм се работи. Ама не се каам, затоа што на прва добра снимка што ќе излезе го гледам пак! За филмот уште од самиот момент кога се најави настана општ хајп кај генерална публика, без разлика на каков тип на филмаџија се работи, сите знаат за Китон и Нортон. Филмов апсолутно го заслужува и оправдува целиот хајп кој го следеше.

Не знам од каде да почнам, се мислам дали од доброто накај најдоброто или во рандом редослед, ве оставам на вас да одлучите, ќе почнам од приказната.
Нема да одам во детали за да не навлегувам во спојлери со оглед дека сеуште повеќето го немаат гледано филмов, али вака приказната навидум не изгледа ништо ново или посебно. Специфичното и убавото во филмот е прашањата кои ги поставува и се труди да даде одговор, но остава и на самата публика различно да го интерпретира. Ама приказната се гради и развива одлично, особено преку предобро одбрани дијалози кои го прават филмот врв!

Глума. За мене лично ова беше најдобриот дел од филмот. Општо се ретки филмовите во кои целиот кастинг ги има едни од најдобрите улоги секој посебно. Дури и еден ебан Зак Галфинакис или како и да е беше интересен да се гледа. Али Китон и Нортон.:cuc: Нивните перформанси буквално не те оставаат да трепнеш, facial expressions, vocal од било кој аспект гледано како само ги пренесоа ликовите и каков шмек дадоа на филмот, театар, врв, не знам како да кажам само дека ова е нешто у кое треба да се ужива и величи оти е реткост ваква глума. Нортон се повеќе и повеќе покажува е дека самиот врв меѓу актерите. Китон ме изненади ептен пријатно, каква харизма имаше у филмов. Вредна за спомнување е и Ема Стоун како Сам која имаше свои моменти кои многу јако ги долови особено еден дијалог со Китон кога ќе се испука на него, општо вака мислам дека и е најдобрата улога, а и гледам на Rotten Tomatoes исто и пишале:noze:

Вториот најдобар дел спорд после глумата е самата режија на филмов. Камерата што цело време го прати Китон и општо дејствието е толку реално и толу добро направена што буквално уште повеќе те внесува во тој свет и не те остава да трепнеш, те вози од еден момент у друг како да е се еден ист настан. Искрено се надевам дека се повеќе и повеќе ќе се прати овој тренд на снмање филмови оти лично за мене ова е преубаво. И самата сценографија, театарот и све, ептен беше јако направено, ти ја доловува атмосферата.

Саундтракот е добар, зависи за кој како, ја сакам бубњеви и за мене и овој дел беше врв и уште поубаво допринасаше за филмот у некои моменти, и еве сеуште на јутуб си го преслушувам.

Се на се, 10/10 од мене за филмот, заендо со Интерстелар единствените 10ки за 14та.
Уште еден филм уште еден дијамант, барем за мене. Ова дефинитивно би го класифицирал ко сусптанца која не би ја проголтал секој, нешто ко фил ит ор кил ит. Но и дефинитивно, секој кому нема да му се допадне ќе излаже ако каже дека нема барем малку магија во него. Од каде да почнам, начинот на кој е снимен, ко една долга сцена без cuts, како камерата постојано да следи некој од ликовите и како да сака да украде дел од неговиот живот во тие моменти. Самата околина, ентериерот на театарот, неглетуваните и некречени ѕидови, зарѓаните цевки кои штрчат од плафоните и оддаваат впечаток дека е тоа некакво артистичко дувло кое сеуште ги нема слушнато зборовите индустрија и продукција и кое живее исклучиво од сопственото задоволство. Навистина, филмов е пред се за сегашноста и минатото на актерите кои земаат улога во некоја си претстава која случајно се вика "What we talk when we talk about love " .
Веројатно токму монолозите од претставата му помогнаа на ликот на Мајкл Китон да сфати дека целиот негов живот е неуспех. Неговиот пропаднат брак, неговата улога како лош татко, кариерата која му се лизга од раце и финансискиот крах кој му се ближи, полека го снемува и никому не му е гајле за тоа. Неговата перцепција дека поседува супер моќи, дека слуша гласови од birdman (филмскиот лик со кој се прославил) укажува на тоа дека има некакво ментално пореметување. Како да се што правел во животот нема никакво значење, без оглед на тоа колку се оддал на нештата секогаш бил разбран поинаку и површно и уште полошо можеби и не постоела личност која ќе го разбере. Затоа е тука birdman, гласот кој му дава надеж па макар и лажна. И без оглед на тоа колку и да сака да му одолее и да посака да одржи допир со реалноста, суровиот живот го турка се повеќе и повеќе кон брдмен. Една од неговите сурови фигури на реалноста е Мајк (Едвард Нортон), човекот кој е навидум совршен во се и кој отворено му кажува дека е дојден да го завземе неговото место. До толку иронично е што всушност Мајк до толку добро глуми што успева да си го изглуми и животот, а всушност кога не е на сцена не може да доживее ниту ерекција покрај прекрасна плавуша. Уствари целиот филм е ко збирка на човечки неуспеси, сите ликови се депресивни ко искористени кондоми, жените се као во потрага по среќа, љубов, семејство и во неможност да го најдат тоа им останува само добриот секс, а мажите се као навидум некакви генијалци кои држат се под контрола, а позади таа фасада се толку психички сјебани и усрани што не им останува ништо друго освен да се повлечат кога ќе бидат предизвикани. Прекрасна претстава за middle aged people problems. Инаку Мајкл Китон и Ема Стоун :oleee:
The Unexpected Virtue of Ignorance (2014)


It's only after we've lost everything that we're free to do anything!

Само по себе е иронично ако покушам да бидам критичар кога филмот ja акцентира апсурдноста во истото. Oваа визуелна поезија е едно големо покажување среден прст на Холивуд, многу самокритичен, многу горчливо смешен, многу засладен со глума, со фотографија, сo за-whatever-и-да-е-номиниран-за-9-оскари. Обожавав апсолутно се што ми нафрли уште од самиот старт. Ја фрла јадицата и те влече цели два часа во еден континуиран shot. Камерата беше фантастична, апсолутно го амплифицира раскажувањето, фрекфентното скокање од внатрешната борба да се биде критички воздигнат и релевантен место проголтнат од франшизно штанцање блокбастери кое се навидум материјализира во реалниот свет на еден многу саркастичен и суров начин до пардојата од заедница која е станат Холивуд и критичката маса па се до самата публика и све поврзано измеѓу.

We have just lost cabin pressure.

Во раскажувањето ги немаме шаблонските, класични флуктуации во интензитет, туку почнува напнато и скоро никогаш не престанува, не те остава многу да останеш фасциниран од нешто, кога покрај сите квалитети - дубочината и поентата кои фалеа се јавуваат на сред филм, не те остава да ги ревизираш изминатите сцени, те вози додека ти пробуваш да склопиш значењето, да поврзаш 2 и 2. И за топката да не случајно падне, цел филм е испреплетен со еден исти ритам од тапани кои ствараат нескротливост, општата анксиозност што е билд ап за самиот крај. Е крајот поради кој мислев филмот нема да ги заслужи МОИТЕ преценети пет ѕвезди е што не заврши кога мислев (и сакав) дека ќе заврши. Тој после биг бенгот одново си се оживува за одново побие све што претходно се трудел да поентира. И тука малку ми спласнаа импресиите, но давајќи му неколку минути да „легне' убаво, пак истото задоволно чувство ми се врати. Финиширајќи со дискутабилен крај.

I am Jacks satisfied tit.

Oчекував многу, а добив доста. Dark and witty, двосмислен и со леери, самокритичен и со квалитетна продукција поткован, невообичаено сценарио, интересна работа со камерата, кај глума никој не потфрли, Нортон портретираше стереотип изван овог света - мајсторски, Китон беше одличен, сите споредни беа добро доработени, визуелно преубав филм, седнуваш и те вози. Тешко е да се мрази овој филм. Барем за секој што изгледал повеќе од неколку филмови..

Oдличен пошо е right up my alley.
5/5.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
10. The Bourne Ultimatum (Paul Greengrass, 2007)

10.jpg
топ филм намалено на фенси помагала додадено на приказна,сцените со тепање реални природни, закон крај на најдобрта триологија според мене дабоме
Значи вака... Филмов на 3 август имаше премиера во Америка (долго очекувана). Уште кога го погледнав првиот дел (The Bourne Identity) стварно ме остави без здив, си велам.... значи Америка некогаш знае да направи филм. Вториот дел (The Bourne Supremacy) се исплетка уште повеќе и стварите тргнаа во погрешна насока... Едноставно ми го расипа впечатокот од првиот дел. Пред два дена тркнав до двд-тека и го зедов 3ов дел (The Bourne Ultimatum) и стварно ме шокна едноставно.... па гледам некој нов филм овде не е постиран одамна, па сакам да чујам ваше мислење, дали успеавте да го гледате и впечатоци.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
9. The Departed (Martin Scorsese, 2006)

9.jpg
Доообар филм. Римејк да ти бил ( ова Иосоно ми го кажа..:)), и баш се чудам како тоа на Скорсезе конечно му дадоа Оскар и тоа за римејк. Троа непријатно, да не речам брука, зашто сметам дека вака голем режисер заслужил за сопствена креација да добие Оскар, ама пошто му го должеа едно 40 години, му го дадоа за овој филм. Нејсе. Скосрсезе добро си ја завршил работата.

Друга работа. Кога ќе ги прочитате имињата на актерите, човек ќе си помисли дека фали уште Бред Пит ( ( значи ги имате, Мет Дејмон, Џек Николсон, Лео Ди Каприо, Мартин Шин. Марк Валберг, Алек Болдвин плус додајте го режисерското име) Сите блоксбастерски фаци се собрани на еден куп, и или ќе гледате филм што се вади на популарни актери како Џек Николсон и Ди Каприо или ќе видите врвна изведба. Јас Мет Дејмон не го сакам нешто многу. Страшно крут лик е и фацијалните изрази ги нема сменето никогаш во ниеден филм, некаде тоа подобро лежи некаде не. Ама аман човече погледни ја изведбата на Ди Каприо. Ја довел речиси до перфекција. Има и страв и паника, лице кое се грчи. Мене ме воодушеви. Мислев дека после Што го мачи Гилберт Грејп, Лео немал улога во која си го покажал полниот потенцијал. Ама ете ми потврда дека можел да биде стариот.

Инаку во филмов, најсимпатичен лик ми беше оној на Марк Волберг. Само што ќе го видев се смеев, пцовки на сите страни, стил уби боже и реплики да умреш од смеа. Фризурчето само го рпави додатниот ефект. Браво за изведбата.

Ова е филм во кој немате поим кој колку и зошто лаже. Кој стои во редот на законот, а кој го прекршува. Буквално е каша попара од такви ликови. Имате два ликови, Били (Ди Каприо) и Колин кои се на две спротивставени страни иако имаат иста стартна позиција - полициска академија. Били ги има сите предиспозиции да се измеша меѓу криминалците и да стане инсајдер, а Мет Дејмон е обработен уште како дете да му стане најдобриот информант на најголемиот криминалец кој го ловат одигран од Николсон.

Морам да признам дека филмот ми се допадна во 90 % од прикажаното, единствено јас крајот не би го одиграла така.

Знам дека е Холивудско клише добрите момци да победат се живо на крајот, но во случајов не ќе беше лошо Ди Каприо да го оставеја жив[/spоiler]
Eдно прашање. Да не е The Departed дел од „серијалот“ на Гај Ричи? :nesvest:

Oдличен криминалистички трилер чиј расплет ќе ве остави со зината уста. Приказната е за двајца „дупли агенти“. Едниот кој работи за ирската мафија undercover во Massachusetts State Police, а другиот кој работи ЗА Massachusetts State Police а е undercover кај Ирците. Има и својствен хумор. Глумата беше феноменална од страна на Leonardo DiCaprio, Matt Damon (првпат толку добро да одглуми според мене), легендарниот Jack Nicholson, Martin Sheen и така натаму. Па.. топло препорачувам. :smir:
Сигурно многумина го имате гледано, но ете јас го немав, дури сеа го изгледав. Филмчево си е супер склопено. Паралелно кажуваат за двајца младичи кои се на полициска академија. Едниот е 'пратен' од најголемиот мафијаш да биде негови очи и уши во полицијата, а другиот е пратен од полицијата на андеркавер задача кај мафијашот.:) И нормално, сплетки колку сакаш.
А да го кажам крајот, а?
.
.
.
.
.
.
.
Неее..:)
Од мене има 9/10
Обично не сакам да гледам филмови што траат повеќе од 2 часа, ме заморуваат но со овој некако брзо ми помина времето. Надмудрувањето меѓу Леонардо ДиКаприо и Мет Дејмон е интригантно, те тера да навиваш за подобриот и со нетрпение чекаш да се разреши ситуацијата. На почеток ми се смачи од претерањето користење на fuck, fucking, fuck you, fuck off и слично. :) Ме разгневија некои сцени, меѓутоа во тоа и ја наоѓам убавината, филмот да предизвика емоции кај гледачот. Би му дала 9/10.
Цело време некако како да го избегнував филмот, како да чекав прав момент да го гледам и само си стоеше во watchlist, но знаев во себе дека е многу добар, да се види актерска екипа и се ти станува јасно и така и бидна. Значи одлично филмче во кое се соочуваат Леонардо Ди Каприо и Мет Демон, како двајца кртови во двете различни страни. Едниот од страна на полицијата, другиот од страна на мафијата, и Џек Николсон како шеф на мафијата. Значи филм со многу акција, тактики, легендарни сцени, не е многу напорен или да речеш многу треба да се размислува, баш е онака интересен да те држи цело време. Многу ми се сфиѓаше онаа сцената со лажната адреса и Ди Каприо, али ајде да не откривам за оние кои го немаат гледано, ако случајно има такви. 10 од мене (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
8. The Godfather (Francis Ford Coppola, 1972)

8.jpg
Поттикнат од дискусиите а бидејќи неодамна завршив со годишната обврска за гледање на првите два дела од филмот, решив конечно да се дрзнам да напишам рецензија за ова според мене скоро совршено дело на филмската уметност. Велам скоро, затоа што не сакам да поставам горна граница – сакам да видам нешто посовршено и подобро ако е можно во овој животен век.

Мојата маленкост не може да најде зборови за рецензија која колку толку би ги доловила моите импресии од филмот. На некој начин ми е срам што воопшто се обидувам. Кум е единствениот филм кој морам да го изгледам барем еднаш годишно. Ако се навлечеш, Кум е опсесија. Има сопствен универзум од кој нема да те пушти да излезеш барем неколку дена годишно. Самата идеја, благодарение на авторот на книгите е оригинална, а сценариото е мерак за оние кои сакаат филмови базирани на карактери и добар дијалог. Фан на добра акција стои прикован на столчето поради акцијата, а Кум ме држи прикован со дијалогот и глумата. Го чекаш секој следен збор и уживаш во развојот на приказната.
Ќе пробам малку да ги сортирам работите што ми предизвикаа WOW ефект, по рандом редослед:

Марлон Брандо
Чиста 10-ка е малку за она што го одработи Брандо во филмов. Не можам да замислам дека со било кој друг актер од тоа време филмот ќе имаше приближен успех, затоа што Дон Вито Корлеоне е ликот преку кој навлегуваме во целата таа приказна. Со две парчиња памук во устата, една случајно пронајдена мачка во рацете и феноменалниот дијалог во првата сцена Брандо го доловува ликот на негативец за кој ќе навиваме, правичен човек со силни семејни вредности кој се наоѓа на погрешната страна од законот. Човек за кој највисок идеал е семејството и кој ќе направи се за да го заштити. Фигура на сопруг и татко но и на моќен криминалец. Брандо комплетно навлезе во улогата, од текст до говор на тело, импресионираше како актер. Во спојлери (заради простор) ќе уфрлам неколку слики од моменти во кои со најситни нијанси ни ја долови улогата на татко кој неизмерно ги сака своите деца.
Прегледај го приврзокот 67433

Прегледај го приврзокот 67434

Прегледај го приврзокот 67435


Се разбира, треба да се видат сцените, сликите се слики...

До ден денес неговиот лик е еден од најпознатите ликови кои било кога се појавиле на филмското платно. Освои Оскар, еден од најзааслужените било кога.

Ал Пачино
Во сенката на Брандо, младиот Ал Пачино ја одигра својата најдобра и многу потценета улога. Веројатно поради феноменалниот Брандо не му ги дадоа заслужените признанија, и во неговата фантастична актерска кариера подоцна многумина пронајдоа „подобри улоги“. Според мене, затоа што имаше улоги со силни говори и моменти. Во Кум, неговата улога ги нема силните викотници, расправии и говори со висок тон кои ги изведува совршено, но комплетната тивка трансформација од студент и воен херој до мастермајнд и безчувствителен криминалец ја изведе на таков начин што секогаш ми поминуваат морници додека гледам. Сите сцени на Мајкл и секој збор што следи од него го чекам со нетрпение да го слушнам повторно. Не зборува многу, но кажува многу со малку текст. Иако во филмот главната улога ја има Брандо, филмот е за ликот на Пачино – Мајкл Корлеоне, и неговиот подем. Мајкл е носител и на психолошката компонента во филмот. Во свет во кој малку кој го кажува она што го мисли, Мајкл е мастермајнд – неговата интелегенција и способност ладнокрвно да излаже и да ги наведе непријателите на погрешни заклучоци го подигнуваат до врвот. Сцената во која ги убива Полицаецот и Солоцо е култна, но сцена која за мене е она вистинското е онаа во која го кажува планот за убиството , но за тоа малку подолу.

Копола, Камера, Светло

На Френсис Форд Копола треба да му се оддадат сите почести за тоа што се избори со продуцентите кои не ги прифаќале Брандо и непознатиот Пачино и веројатно уште пола актерска екипа, но човекот после мачни преговори го добил она што го сакал и го направи филмот по свој вкус. Но не е само тоа. Камерата во филмов е нешто мрднато добро. Копола успеа со аглите и движењето на камерата да ни долови ситни и битни моменти и емоции низ цел филм. Еве дел:

Сцената на Мајкл што ја спомнав погоре. Моментот на трансформација, моментот кога студентот Мајкл тргнува „на темната страна“, неговиот подем, ни го доловува перфектно со движење во кое се зумира Мајкл и одеднаш станува „голем“.


Последната сцена во која Кејт за момент е ладно излажана за потоа да сфати дека Мајкл не е повеќе оној кој го познава и сака и дека се наоѓа во сопствен свет во кој таа нема пристап. Моментот кога се затвора вратата пред неа и нејзиниот безпомошен поглед, што ќе се случи по втор пат и во вториот дел.


Нема место за да додавам сцени. Одиме понатаму.

Светло. Темниот тон во кој е снимен филмот, мрачна атмосфера која одлично ја доловува напнатоста и тешкотијата со која се соочува семејството. Колку што знам, направено е со некаква техника за никој жив да не може да го осветли филмот и да сака. Не се раазбирам од тоа.

Останати актери:
Фантастични Џејмс Кан и Роберт Дувал. Дајан Китон како невина жртва која наивно влегува во тој свет на лаги и измами. Би сакал да имам повеќе време и простор да пишам нешто повеќе за нив. Импресиониран сум од тоа како и оние актери кои имаа мали улоги „дишеа за филмот“. Ретко виден пример.

Цитати:
Еден од најцитираните филмови на сите времиња. Перфектна скрипта.

Michael: My father made him an offer he couldn't refuse.
Kay Adams: What was that?
Michael: Luca Brasi held a gun to his head, and my father assured him that either his brains or his signature would be on the contract.
Kay Adams: ...
Michael: ...That's a true story.
[cut to Johnny singing again for about 10 more seconds before going back to Michael]
Michael: That's my family Kay, that's not me.




Don Corleone: My wife is crying upstairs. I hear cars coming to the house. Consigliore of mine, I think it's time you told your Don what everyone seems to know.



Michael: Fredo, you're my older brother, and I love you. But don't ever take sides with anyone against the Family again. Ever.




Don Corleone: I knew Santino was going to have to go through all this and Fredo... well, Fredo was... But I, I never wanted this for you. I work my whole life, I don't apologize, to take care of my family. And I refused to be a fool dancing on the strings held by all of those big shots. That's my life, I don't apologize for that. But I always thought that when it was your time, that you would be the one to hold the strings. Senator Corleone, Governor Corleone, something.
Michael: Another pezzonovante.
Don Corleone: Well, there wasn't enough time, Michael. There just wasn't enough time.
Michael: We'll get there, Pop. We'll get there.
[the Don kisses his son on the forehead]




Don Corleone: You talk about vengance. Is vengance going to bring your son back to you or my boy to me? I forgo the vengance of my son. But my youngest son had to leave this country because of this Sollozzo business. So now I have to make arraingments to bring him back safely cleared of all these false charges. But I'm a supersticious man. And if some unluck accident should befall him, if he should be shot in the head by a police officer, or if should hang himself in his jail cell, or if he's struck by a bolt of lightning... *then I'm going to blame some of the people in this room*... and that, I do not forgive. But, that aside, let say that I swear, on the souls of my grandchildren, that I will not be the one to break the peace we have made here today.


И многу многу други...


Саундтрак – препознатлива тема во дел од секундата каде и да ја чуете. Мелодија која му даде белег на филмот и која не носи низ времето. Но и остатокот од музичката позадина перфектно вклопен во филмот. Не претерано, никогаш премногу, во вистински моменти.

Можам уште многу да напишам веројатно. Немам време за самата приказна. Ова не е акција. Не е ни претерано насилен филм како други ганстерски филмови. Ова е филм за луѓе кои се собираат во темница и прават муабети. Ако можете да ги разберете и да се поврзете се ќе биде перфектно. А дали ќе го доживеете филмот вистински зависи само од тоа колку можете да се телепортирате во овој свет во кој работите се превртени наопаку. Ако не можете, ни 100 рецензии нема да помогнат. Оваа и не е напишана за некој да се разубеди, туку за да го документирам моето мислење и да не пишувам по 100 пати. Од сега ќе ве снабдувам со линк :)

Ќе ми текне и на работи што сум заборавил да ги спомнам. Сега да кликнам и да видам дали ова може да оди во еден пост...
Малку изгледа смешно што досега го немав гледано овој филм, ама нема да ми замерите претпоставувам :).Конечно се решив да го ставам во ДВД цедето кое ми седи дома година дена и решив да потрошам скоро три часа од моето време да не речам скапоцено :).Да се навратам на филмот.Фантастично филмско остварување како и што очекував и целосно се сложувам со ИМДБ во врска со оценката.Супер приказна, супер музика, фантастични глумци посебно Ал Пачино и Марлон Брандо.Браво за Копола, браво за сите актери.Кум заслужено се наоѓа на врвот во филмските остварувања.Другите делови обавезно ќе ги изгледам во новата година.
Filmov mene mi e vera. Ima prikazna, ima dobra gluma, ima ednostavno se. Koj go nema gleano nema nisto gleano.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
7. There Will Be Blood (Paul Thomas Anderson, 2007)

7.jpg
Филм со споредна тема за почетоците на бизнисот со нафтата-црното злато во америка ,а со главна тематика -Животот на Дениел Плеинвју,човек на кого работата и успехот(неуспехот на конкурентите) му се опсесија.
Нешто што неможе и не смее да не се спомне и пофали е глумата на Деј Луис,ако во филмот нема ништо посебно и необично неговата глума е над сите нивоа ,ако се направи листа на најзаслужени оскари-Деј Луис сигурно би бил во топ 3.
Едноставо неможам да најдам зборови со кои би доловил како глуми (имаше моменти кога се наежував од неговите говори,ѕверка)....
Друго што би се спомнало е музиката-која е на ниво а околу камерата неможе нешто да се спомне затоа што во сушни и пусти предели нема некоја убавина која би се прикажала.

9/10(трае малце повеќе )
Филм со Даниел Деј Луис не знам дали може да биде просечен (исклучок е The Age of Innocence), но овој е извонреден, а глумата е заслужено наградена со Оскар.

Накратко, филмот е приказ за подемот на еден човек Даниел Плејнвју обичен работник, кој ископувајќи земја пронаоѓа нафтено наоѓалиште. Дејството од самиот старт па се' до крајот е нетипично холивудски споро, само воведната сцена можеби трае околу 10 минути без ниеден искажан збор. Тематиката за почетоците на нафтената индустрија не делува нешто многу интересно, дури може и одбивно да му биде на просечен гледач, но како тече понатаму филмот, станува јасно дека тоа е само еден аспект од приказната која носи и други многу посилни поенти како алчноста за профит, безкурпулозноста, дволичноста, злобата, одмаздата...

Даниел Деј Луис го има одиграно еден од најголемите негативни ликови во историјата на филмот. Има еден дијалог каде зачудувачка е неговата мизантропија и не се знае точно од кај потекнува. Дали човекот воопшто има причина да мрази или само по себе, во неговата природа е да мрази?

„I have a competition in me. I want no one else to succeed. I hate most people.“

„Well, if it's in me, it's in you. There are times when I... I look at people and I see nothing worth liking. I want to earn enough money I can get away from everyone.“

За да не биде се' така црно, го има ликот детето H.W. кое откако ќе стане сираче е земено од страна на Плејнвју и како расте се запознава со бизнисот со нафтата. Нивниот однос е доста специфичен така што до крајот на филмот не може да се процени дали е искрен или и тој е дел од планот за правење добри зделки.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
6. Gravity (Alfonso Cuarón, 2013)

6.jpg
Само што го изгледав. Gravity е револуција. Чиста перфекција е филмот, ја исчитав цела дискусија и ме потсетивте на форумските критики кои еднаш ги прочитав за The Straight Story (кој патем нема никаква сличност со филмов) кои гласеа "абе единствено интересно беше кога косалицата побрзо одеше", значи се пропушта суштината на филмот кога приказната ви е под очекувањата, или во најлош случај - немало приказна (?), а цела борба на човекот (како и душата на старчето Straight) е прикажана тука, без некоја спектакуларност, она најприродната и најкатастрофалната, како сликата која змеј горјанин ја постирал на минатата страна. Симболиката. Gravity е цела симболика. Настрана од тоа што визуелно е спектакуларен, не знаев во што попрво да гледам, ги премотував сцените назад за да успеам да заприметам и доживеам повеќе. Саундтракот е одличен исто така. Штета што не го гледав на кино. Ова е вистинско доживување. Куарон мора да земе оскар. Од мене има 10.

Она што е пострашно денес е тоа што сите наоѓаат некои маани колку само да имаат причина да ги мразат филмовите. Ова е некој нов тренд и нов бран на критичари кои од секој нов филм очекуваат да биде најдобриот филм што го гледале.
Мое мислење: (5/5)

Британско Американски научно-фантастичен филм на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон. Сандра Булок и Џорџ Клуни се астронаути кои се заробени длабоко во вселената без надеж за спасување по уништувањето на нивниот вселенски шатл. Тие сфаќаат дека единствениот начин да се вратат на Земјата можеби е да се осмелат да одат уште подлабоко во вселената. Таа е д-р Рајан Стоун, медицински инженер на својата прва вселенска мисија, а тој е нејзиниот командант, Мет Ковалски, ветеран на неговиот последен лет пред пензионирање.

Сандра Булок доминира на екранот, иако на моменти иритира со нејзиното стенкање и воздишки, а Џорџ Клуни наспроти неа е смирен и кул.

Иако без сценарио, врвен, во потполност совршен научно-фантастичен спектакл. Филм кој е составен само од ефекти кои се толку атрактивни што чувствувате како Вие да пловите во просторот и едноставниот заплет не претставува проблем. Драмата и брзината се толку возбудливи што всушност живеете во моментот и само го доживувате филмот.
Еве го изгледав филмов. Еве и рецензија ќе пишам.
Чекав да излезе филмов во HD за да го гледам, затоа се воздржував толку, но и ме мрзеше да гледам филмови.
Гравитација е филм за... па не е многу за гравитација самиот филм, освен една сцена што е уфрлена на крај колку да држи името вода.
Филмот е за... една докторка... мисија во вселената... што имаше друго... а да, по класично Холивуд сценарио, нешто оди наопаку и Сандра Булок и Џорџ Клуни треба да се спасат.
Ако приметивде досега, да се обраќам со имињата на актерите на ликовите и тоа е така бидејќи ниеден од ликовите нема да ви остави впечаток. Мене воопшто, а го гледав филмов пред неполни два часа.
Има момент кога ликовиве се загрозени да го потрошат цел кислород. И логично, кога имаш 5% воздух за да преживееш, што правиш? Ха, се разбира дрдориш! Зборуваш додека не дојдеш до 1% и почнеш да паничиш!
Покрај тоа, имате класично Холивудско сценарио, каде основните принципи на физиката и Њутновите закони не важат, за по неколку минути во исто сценарио да се активираат! Не знам, можеби премногу одам до детали понекогаш, и заборавам дека сепак е филм.
Во името на драмата, заплетот и deus ex machina. АМИН!
Тоа што вреди во филмов, е се останато. CGI, звукот, глумата. Има прекрасни слики што ме оставија без коментар. Посакував филмот да е повеќе за тоа.
Искрено посакував филмот да е само некој шубе муабет во вселената. Или опасност од црна дупка.
Штета што не го гледав во 3Д, сигурно било уште поубаво кога го гледаш така. Ти летаат сателити наоколу и сите тие работи.
И на крај ми се чини дека филмов без онаа приказна што си ја носи би бил само еден скап документарец. Или слајд шоу. Не знам. Знам дека филмов има replay value и дека би го погледнала неколку пати. Има нешто во сите тие слики што некако смирува.

tl:dr
Филмов е еден од подобрите space филмови. Ако сте љубители на спора приказна без многу значење и прекрасни сцени, гледајте го филмов. Во ХД. Гревота е.
Првата 10-ка за 2013. Ме одушеви филмов, доживување плус соживување. Сандра Булок според мене растури, чувствата што ги имаше нејзиниот лик ги имав и јас, а за тоа дефинитивно допринесе и неверојатната реалност, ја мислев стварно во вселена го снимале, 2-3 пати паника ме фати:D. Да не зборам за кадрите... мераци.
Филмов обавезно во кино или на ХД снимка... believe the hype...
Го гледав Gravity. Убав филм. Се палам многу на вакви извонредни визуелни парчиња(читај The Fountain). Побрзо гледајте го дур е на кино, пошо сум сигурен дека ќе го изгубите сиот доживљај ако го гледате дома колку и да е добра снимката од торентот и колку убав монитор да имате.
единствен филм што го имам гледано кој прави некоја разлика во 3Д. Во еден момент Клуни кога посегнува по штрафот раката му стигнува до пола кино сала :)
Gravity <3
Сандра <3
Многу ми се допадна филмот, онака морници ме пролазеа на првата јака сцена негде 15 минути во филмот... и од тогаш се ми беше епик. Си навиваш за Сандра, Сандра самата беше епик и многу интересно цивкаше "nononoon please nonono" "come back, please, say anything, please just talk to me" Клуни исто така добар али meh.

Не ми го држеше нон стоп вниманието, имаше некои малце досадни и пролонгирани сцени, ми леташе умот на друго место али нема везе.


Ејјј и како можев да заборавам, сега песнава ме потсети, кога лаеше како кучееееее
Gravity e ремек дело, од идеја до реализација, визуелни ефекти, глума, приказна. Можеби најдобриот од поновите SF , во рангот на Одисеја 2001.
Како тоа Гравити бил лош зошто имал тапа глумци. Во одисеја кои беа јаки глумци, мајмуните?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
5. The Sixth Sense (M. Night Shyamalan, 1999)

5.jpg
Ако не знаете за што се работи, крајот ќе ве извади од памет. Страшно добар филм.
Искрено за филмов немав намера да го гледам се додека Mac)) на еден од неговите предходни постови го стави на ниво на Se7en.

Психологот Малком(Bruce Willis) по примањето на наградата, во својот дом ненадејно е посетен од екс пациентот кој за неуспешното негово лекување го обвинува Малком и го "ранува" со пиштол а веднаш потоа се самоубива.
Една година подоцна Малком има нов случај ,9 годишниот Кол(Haley Joel Osment) кој ги има сличните "симптоми" со предходно споменатиот пациент.Kako што спомна Mac)) филмов спаѓа во оние филмови кои додека ги гледаш не те оставаат да трепнеш и ништо незнаеш што ќе се случи следно.

9/10
Sixth Sense е masterpiece за мене. Можеби најмногу затоа што кога го гледав немав апсолутно појма каков филм е и затоа ме извади од памет.

I see dead people...

Класика...
Абе јас кога излезе филмот бев во минус со годините па и да го гледав тогаш што ке разберев освен хорор причата( а воопшто не е тоа ),па не сум направил грешка што го гледав сега филмчето:).Ме фасцинира.
Брус Вилис вака така во сите жанрови го има дали трилери мистерии, дали рушење згради, дали љубовни романтики, во секој жанр оставил човекот некоја класика за сва времена, браво...

Филмов го имам гледано пред 10 години ама тогаш како многу мал не го сфатив и не ми беше интересен и мислење за дотичниот филм до пред 6 часа ми беше досаден филм некој со дете со моќи. Т.е.малку претерав ова мислење ми беше до пред 2 години, а од тогаш ми беше мислењето “филм што можда е добар, така викаат чичковците на имдб, ама ја го неам сфатено“. И добро дојде ред да се гледа пак кога имам малку повеќе грама во мозокот нели.

Сега малку се плашам да кажувам кратка содржина, да не откријам било каков битен детал, што би го скршил филмот на тие што би го гледале после моето прочитано. Значи во филмот се работи за дете кое има “тајна“ и “моќ“ кои му прават проблеми и му оневозможуваат да има мирно безгрижно детство, како сите останати, па затоа е изолиран и од сите други. Покрај детето, водечка улога во филмот има и психологот т.е. Брус Вилис, кој е задолжен да му помогне да се справи со проблемот кој го прогонува.

Се извинувам вака што ништо не откривам, но пак ќе кажам мислам за овој филм е најдобро сами да си погледнете и преку гледање се да си дознаете. Го гледав филмов со другар, кој после третина од филмот погоди што е работата уствари, ама никако не можам да кажам дека е предвидлив филмот. Напротив максимално мистичен и зезнат филм, препорака за сите љубители на трилери.

Сега пак ќе кажам сигурно 90% овие што ме читаат го глеале така да не е многу функционален мојот предлог, но што да правма што каснам во секоја работа со години :rolleyes:. Одличен филм и препорака за сите кои не го гледале, а се љубители на ваквиот тип на филмови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
4. Forrest Gump (Robert Zemeckis, 1994)

4.jpg
Искривен грб, силни нозе, патичиња и апашка фризура ( многу години подоцна и Бред Пит ќе се курчи со неа) со се ненадминливиот Том Хенкс го чинат Форест Гамп ( каков Џон Траволта каков Бил Мареј, мислам дали воопшто можете да ги замислите?). Едноставен, искрен, обичен во очекувањата од животот, инспирација за тоа колку може да се биде голем човек и покрај се.

Филмот на почетокот се бави со неговата Алабама, со него, со неговата наивност, со неговото детство. И нема да ми верувате ако ви кажам но "I can run like the wind blows" . Безусловна љубов Форест ќе добива од својата мајка. Таа го обликува во текот на целиот филм. Тој скоро секогаш секоја своја приказна ја почнува со "My mama always said ...". Неговата мајка е таа која го прави Форест толку ист, а толку различен од другите. Сепак го остава сам да си ја избере својата судбина. Неговите прашања остануваат неодговорени и до нејзината смрт. " Why are you dying mama" и "What's my destiny, mama" толку болат во една од најтрогателните сцени у филмов. Не срамете се да заплакате. Се прашувам кога ја гледам сценава зошто е толкава рамнодушноста кај неговата мајка? Дали ради нејзината филозофија на живеење дека и смртта е дел од животот или уште повеќе поради тоа што е горда на својот "ГОЛЕМ " син.

Вториот битен сегмент од неговото детство е неговата Џени - љубовта, смислата на неговиот живот. Она е и бич, и светица и виножито и грмотевица и све. За нив двајца и самиот Том Хенкс ќе каже дека се како грашок и морковче.“Dear God, make me a bird so I can fly far, far, far away from here” е нешто шо ќе го обележи нејзиниот живот. Додека Форест талка во своите случајни успеси она се обидува да се пронајде себеси (честопати наоѓајќи се фејс ту фејс со смртта секако на своја волја - самоубиството како постојана опција се сугерира при секој нејзин крах). И секогаш е он тука за неа како вишка херој - секогаш, но нивниот пат е толку различен. Додека он се расправа со ордени, претседатели, почести кај неа имаме голи испади по стриптиз барови, многу разменувања на телесни течности, анти воени Хипи протести. Тој романтичарски дух кој дивее во Џени, за разлика од Форест Гамп, зазема страна. Додека он влегува како тотален аутсајдер во животот, Џени има свои идеали кои пак прашање е колку успева да ги оствари.
И таа просто невозможна љубов, успеа да ме расплака на два пати.


и


Неговиот монолог ја пара душата. Том Хенкс ми се чини дека пукна во сценава која секогаш ме тера да се прашувам дали некогаш ќе почуствувам ваква љубов?

Филмот го води Форест Гамп и на глобално патување низ светот али како слеп патник. Провејуваат и војни, и атентати и скандали и афери и многу претседатели и " Џон Ленони " . И секогаш кога го гледам тоа случајно живеење на Форест Гамп си мислам колку длабоко оди симболиката на неговиот лик? Дали не е тој само една огледална рефлексија на просечниот Американец? Дали не грешат тие шо го доживуваат како ерозија во националниот карактер? Дали Форест Гамп не им донесе на Американците едно брутално будење од лажниот сон? Дали Форест Гамп ја прикажа гнилоста на американското општество?
Друга битна ствар која лебди скоро секогаш и секаде у филмот е дискриминацијата кон она што е различно. Многу дрско Форест Гамп не прашува: како се однесуваме кон тие со различна боја на кожата, кон тие со различна религија, кон тие кои се помалку интелигентни, болни, кои се од оваа или онаа партија...

Значи да сумирам : филм за сва времена и за секоја пригода. И кога ви се плаче и кога ви се смее и кога сакате да се разнежните и кога сакате да научите повеќе за животот.

П.с Се извинувам ради должината на постов али јас верувам дека секој од нас е Форест Гамп. Некој повеќе некој помалку...


My name is Gump, FORREST GUMP.
Немам зборови да кажам и опишам колку е само добар филмов, значи совршенство филм. Прекрасна животна драма во која главна улога е Том Хенкс. Животот на Форест Гамп, сите ситуации угодни и неугодни низ кои поминува, сите тажни и среќни моменти, сите успеси и неуспеси кои го пратеа во животот, се со една крајна јасна порака да не се откаже човек низ што и да поминува и колку и да е тешко, на крај секогаш се добива некаква награда :) Во филмов се е совршено и претерано добро почнувајќи од сценариото, идејата за филмот, пораката, глумата па и добрата музика не ни останува должна ова и ова и ова. Колку добар филм човече :place:
Run, Forrest!! Run!! дефинитивно еден од најдобрите филмови што ги имам гледано... зошто повеќе не се снимаат вакви филмови ?? добитник на 6 оскари во 1995 година... феноменално изиграни улоги на Том Хенкс како Форест Гамп и на Gary Sinise (Маc Taylor од CSI:NY) во улогата на поручникот Ден Тејлор..

The story follows the life of low I.Q. Forrest Gump and his meeting with the love of his life Jenny. The film chronicles his accidental experiences with some of the most important people and events in America from the late 1950's through the 1970's including a meeting with Elvis Presley, JFK, Lyndon Johnson, Richard Nixon, fighting in Vietnam, etc. The problem is, he's too stupid to realize the significance of his actions. Forrest becomes representative of the baby boomer generation having walked through life blindly.
Може еден од најфалените филмови некогаш, се разбира со добра причина! Комедија која на оригинален начин ја отсликува борбата на ментално-хендикепираниот Форест Гамп за достоен живот еднаков на животот на секој нормален Американец. Приказната започнува на автобуска станица, каде возрасниот Гамп го чека автобусот бр.9... Зошто?, откриваме дури на крајот од филмот. Со рандом лица кои седнуват на истата клупа со него води монолог за сопствениот живот. Почнува од своето детство, а завршува до самиот момент на чекање на автобусот. Неговата мајка е авторитетот кој целиот живот го почитува. Постојано напоменува на нејзини реченици кои му се водилки низ животот. На почетокот е отфрлен, поради неговиот хендикеп. Но, за разлика од многумина тој е храбар, истраен и талентиран. Многу малку имале прилика да се сретнат со Американскиот претседател во Белата Куќа, а Гамп ќе ја има таа можност повеќепати во својот живот! Може прикажано на комичен начин, но дефинитивно Гамп, и покрај тоа што сме ментално совршени за разлика од него, не прави многу помали луѓе од него! Неговата храброст, искреност и лојалност е нешто со кое никој не може да се спореди. И тогаш забораваме на неговите недостатоци бидејќи не сме достојни да ги исмеваме. Форест Гамп е над нас, тој е оној кој нас треба да не исмева! Низ целата приказна е прикажан и животот на девојката Џени, која за разлика од него, нема никаков успех. Талка низ животот и живее од денес за утре. По долго време судбината ги врзува на неочекуван начин...
10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
3. The Matrix (Lana Wachowski, Lilly Wachowski (as The Wachowski Brothers), 1999)

3.jpg
matrix 1 - revolucija vo filmskata industrija :)
Едни од најдобрите филмови со уникатна приказна. The Matrix Trilogy.
Вистинит или не? Одлучете сами.

Томас А. Андерсон (Кијану Ривс) е човек шо живее два животи. Насабајле е обичен програмер а навечер е хакер. Одсекогаш се прашувал за вистината на неговото живеење и реалноста. Пред да биди приведен од ,,полицијата" , е исконтактиран од Морфеус, (кој не случајно го избра Томас) , хакер а претставен од владата како терорист.
Всушност Морфеус , ќе го воведи Нео (Томас А. Андерсон) од Матриксот , во вистинскиот свет. Ахх Тринити ... совршенство во движење. Уште од почетокот филмов ви остава некој силен впечаток со потезите кои ги изведуваат. Секој Матрикс филм почнува со некоја ептен јака сцена.
Ај вака, значи гледан ви е на многумина, ама не сте го разбрале изгледа.
Во Матрикс: Матриксот го прикажува животот на едно типче по име Томас Андерсон а.к.а. Нео, кој целиот негов живот е во потрага по Матрицата.
Декодирано: Матрицата е всушност смислата на животот, а тоа сите го бараме.
Идеме понатаму.
Матрикс: Морфиус му соопштува на Нео дека е роб, а дека ни самиот тој не е свесен за тоа робство.
Декодирано: политичката ситуација во светот. Големите држави ги контролираат малите. Наједноставно кажано, големите риби ги јадат малите. Неколкумина имаат контрола над нас, и го држат редот и мирот во државата. Еј, агентите од Матрикс не ве потсеќаат на тоа?
Матрикс: пред главниот протагонист се наоѓаат два избори, Црвената или сината пилула, вистината или робството.
Декодирано: одлуката на животот. Дали сакаме да излеземе од коцката, или ќе продолжиме да живееме во неа. Упс, ова потсеќа на Адам и Ева бе. Да гризнат или не од јаболката. Да останат слуги на Бога, или да се ослободат. Оти нели тоа не ослободува, и не прави живи, се дотогаш сме биле поданици на Бога.
Матрикс: Морфиус: „Нео ти си избраниот, ти ќе не спасиш, бла бла муабети.“.
Декодирано: Исус ебате, Исус.
Матрикс: Сите веруваат во Нео, освен тој самиот.
Декодирано: Откриј се сам себе, и ќе бидеш свој мал бог. Некоја од источните религии, не ми се баш познати тие работи.

Да продолжам?
Матриксот не е даден на тацна, треба да се задлабочиш, и да го разгледаш од повеќе аспекти.
И најважното од се: приказната за тој источниот философ кој сонувал дека лета и е пеперутка. Ја знаете? Никогаш нема да бидеме сигурни што е реалноста, оти се само електрични импулси.
Важат законите на физиката, некој ги испрограмирал, во случајот во Матрикс тоа е Архитектот. Закључок од ова: Бог е програмер.

Може забегано изгледа напишаното, ама во право сум. : )
Покрај акцијата, интересен беше првиот дел како тема за размислување. Дали сме ние навистина овде и сега или...како што еднаш ќе спомене Хокинг, можеби сме и ние универзум во некој друг универзум или само нечиј софтвер...или примерот со портокалот. За фантазирање нема граници.
Општо прифатено мислење е веќе дека првиот дел на Матрикс е "религија", има фантастична идеја, приказната се открива тука, не ни е јасно во првиот дел од филмот што по ѓаволите се случува (мистеријата) итн... Продолженијата се бедни, ако во третиот дел барем акцијата е добра, вториот е комплетна катастрофа со сите нишани.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
2. Scarface (Brian De Palma, 1983)

2.jpg
SCARFACE го имам гледано преко 20 пати
и ке продолжам да го гледам бидејки никогаш нема досаден да ми стане
такви филмови веке ретко се прават:toe::toe:
филмов е римејк на Scarface од 1932 , исто така многу добар филм, сите го памтиме Say hello to my little friend .
Иако често оспоруван филм, не може да зборувате за Крими/Драма а да не се сетите на „Лицето со Лузна“. Al Pacino во улогата на Тони Монтана, многу потемна верзија од онаа на Мајкл Корлеоне. Филм на Brian De Palma.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
1. Fight Club (David Fincher, 1999)

1.jpg
Да пробам како е да се пишува сериозна рецензија:
Има спојлери.

Ги прекршувам правилата бе. Луд сум кршам правила ACAB.
Сигурно сите го имате гледано филмов само сакам да му ја дадам рецензијата што ја заслужува веќе долго време. 5-6 пати го имам гледано и сеуште ми е интересен. Иако крајот да ти го кажат може и целиот филм да ти се сјебе.

Почетокот (интрото) ми се допаѓа многу бидејќи е буквално излегување (влегување?) во мозокот на нараторот.
Темните бои на филмот го доловуваат и расположението на ликот. Ми се смачи веќе од светли филмови каде што можам и влакната од брковите на женските ликови да им ги бројам. Мислам дека Финчер за ова има речено дека не сака многу јасно да им се гледале очите на луѓето.
Се разбира добар е и хуморот. Некои сцени ми биле посмешни и од комедии филмови. Цицките на Боб, I'd like to thank the academy моментот, реакцијата на Тајлор кога нараторот го удри во уво (why the ear man) и можеше да се види како Едвард се смее. Ова ми беше смешно кога третиот пат го гледав филмот бидејќи знаев дека реакцијата беше вистинска. Бред Пит не бил спремен за ова, Финчер му рекол на Едвард да го во уво, а требало да го „промаши“. Исто доста смешно in a weird way ми беше и: now, a question of etiquette. When I pass, do I give you the ass or the crotch? моментот во авионот.
Критиките кон општеството, или на нашки кажано хејтање. Конзумеризам, ова она. Мразам хејтање кога е од некој никој. Хејтање по форуми, фејсбук профили со 20 пријатели... Хејтање што нема ништо да смени и нема никој да го прочита. Барем ова хејтање во филмов ќе го видат милиони и има многу големи шанси на некого да му го промени мислењето, другото се е билдање его. Пример Fuck off with your sofa units and strine green stripe patterns, I say never be complete, I say stop being perfect, I say let... lets evolve, let the chips fall where they may., People do it everyday, they talk to themselves... they see themselves as they'd like to be, they don't have the courage you have, to just run with it... Дури и целиот филм е една критика кон општеството, but in a cool way.
Life lessons (или поуки од филмот) како што е моментот кога Тајлор го уплаши продавачот до смрт и го натера да го прави тоа што го сака во животот. Tomorrow will be the most beautiful day of Raymond K. Hessel's life. His breakfast will taste better than any meal you and I have ever tasted.
Низ филмот оставаат неколку hints дека Тајлор и нараторот се всушност еден лик. Како на пример I know this because Taylor knows this. Јас дури на крајот дознав дека Тајлор е замислен лик, со што изненадувањето го направи поголемо, а да го немаше тој mindfuck момент на крајот не верувам дека ќе го сакав волку филмов.
Саундтракот е добар. Можеби не е Requiem for a Dream добар но дефинитивно е еден меѓу најдобрите. Where is my mind крајот го прави многу добар. You met me at a very strange time of my life. Морав ова да го пишам бидејќи каде и да ја има песнава го има и ова. :)
I haven't been fucked like this since high school - Марла. Го рекла ова откако студиото ги одбиле да рече некоја по слаба линија од ова. Па Финчер, бидејќи е bad ass, cool dude, им вратил со оваа хардкор линија. Од ова по хардкор нема :)
Курот. Како може да го заборавам курот (no homo). Има еден фрејм при крајот од пенис. И низ филмот мислам дека имаше два фрејма од Тајлор. Ова многу глупо звучи кога некој ќе ме праша „Абе, го виде курот курот во фајтклу?“ или „Еј знаеш за курот?“ :D
Посветеноста на актерите. Никогаш не разликувам добра од лоша глума бидејќи мислам дека се зависи од ликот кој ќе му биде даден. Секој актер може различно да го одглуми тој лик, но сепак ликот и реакциите треба да бидат слични (ако не исти). Тајлот секако ќе беше cool dude дали е глумен од Бред или од некој друг. Сепак, тоа што се навистина пијани во сцената со голфот е интересен trivial факт што ја докажува посветеноста. Па и не е некоја тешка задача, да се опиеш и пари да ти дадат за тоа. :) Едвард требало да изгуби неколку кила поради улогата што ја играше претходно во American History X. Бред и Едвард инсистирале да кршат Volkswagen Beetle со палките бидејќи ја мразеле колата. Требало и да учат неколку боречки вештини за филмот.

Не знам како да го именувам; нараторот, Edward Norton, Jack...? Сеедно. Знаете за кого мислам секако :) Инаку повеќево информации ми се од интервјуа, wiki, imdb... И не ги проверив додека ја пишував рецензијава па можно е и да не бидат 100% точни.
Да не вметнувам уште trivial facts од IMDB или цитати, има уште многу работи што ми се допаѓаат. Буквално секој аспект од филмот ми се допаѓа. Омилен филм ми е. Додека го немав изгледано филмов не можев да се одлучам за еден омилен (или најдобар) филм.
После овој почнав да барам и други психолошки драми и трилери и се заразив со овој жанр. I'd like to thank Fight Club... Барав и similar movies to Fight Club на гугл и ги изгледав скоро сите филмови што беа предложени. И од сите филмови, барем според мене, The Machinist беше најсличен со FC. Но тешко е да се најде сличен филм бидејќи FC е многу различен и уникатен. Ги изгледав и повеќето филмови на Едвард Нортон. Сите филмови што ги изгледав од него ми се допаѓаа. Па сега Едвард Нортон ми е еден од омилените актери.

Инаку мислам дека тотално ја сјебале работата со рекламирањето на филмов. Според името, постерите и трејлерите личи на уште еден тепачки филм со убави актери со six pax. Не го гледав филмов баш поради тоа што си мислев дека е таков. А гледам по интернетов и многу други мислат така. Две таргет групи има филмов, едната што ќе се палат по six паковите на Бред и ќе отидат да гледаат тепање и ќе се разочараат. А другите што ќе се разочараат на одење да го гледаат филмов но пријатно ќе се изненадат :)


tl;dr - FIGHT CLUB BEST MOVIE EVER!!1!
ААХА! Значи таму лежел зајакот. Овој филм значи ја имал таа фамозна сцена, што сите џенцки ја постираа на фејсбук: - and suddenly I felt nothing. Е па можат слободно да си ги јајт белите бубрези, пошто suddenly I felt како се прејададов. Лажам, никад нема да го дознаам тој осеќај. Туку suddenly i felt smarter. :P Пошто пола од нив не знаат дека всушност таа реплика не ја кажува џенцката и дека таа не би рекла такво нешто. А јас малку касно палам, електронски уназадена сум, али битно дознав, бе. Ја открив Америка. :D Инаку, уште пред два месеца дадов збор (океј, батка - ветив) дека ќе го гледам и дека ќе бапнам една рецесија низ темиве. Не сум заборавила. :гик: Имаше многу пофални континети за филмов и конечно се решив да го изгледам. :D Кога видов дека трае два ипол саати, си симнав превод, си викам... едно е ти да не сфатиш епизода од 20 минути, али друго е да утепаш 2 ипол саати и да блееш ко теле во шарена врата. Башка за кичми кршење е работата, барем да знаеш зошто си ги кршат. А симнав некој глуп превод, па брканица си игравме цело време. На ти го, дај ми го. Живци ми искуба. :cautious:

И коонечно да почнам више нешо за филмот да кажувам. :D
Главниов типак (женско од типка), пати од несоница. Се решава да оди на „советувалишта“ (не знам како се викаат тие собири, каде што луѓето си ги кажуваат своите маки, како на пример: Здраво, ја сум Шумеќа и поима неам од пишување рецесии), така и овие, се поддржуваат меѓусебно. Таму и главниов типак се среќава со дамата со „фелтот натинг“. Фактички, батка... и двајцата одат на сите можни советувалишта (за рак, за туберкулоза и за сите други што постојат), а у ствари нив нешто сосем трето ги мачи. Али батка, си бараат утеха, нема ништо лошо тука. Во авион се запознава со еден опасан типац, со Пит-ата. Ептен опасан, бетер од безопасна. :cool: Додека тој ќе биде на патување, неговиот стан ќе изгори. Така тој се преселува во домата на Пит-ата, која е така по малку крипи напуштена куќа. Стекнуваат некоја навика - си кршат кичми. :icon_mrgr: Ваљда батка сакаат да се решат од негативна енергија, поима неам. Постепено им се приклучуваат и други души. ИИИ бам - тука више почнува она јако кршење на кичми, основаат Фајт Клуб. Кршење кичми братчеее, не се знае кој на кого крши кичма и чива е таа кичма. Мене тоа ми беше бљак, на пример. :D Во меѓувреме батка, Пит-ата се среќава со „дамата со фелтот демек натинг“ и праат некои работи за големолетни. Потоа имаше гадни сцени со сапуни, па пак со кршење кичми. Многу кршење кичми. :sick: Во борба! Во борба! Во бооорба, македонски народее! :ROFLMAO: Пит-ата започнува да формира своја војска. И имаат главно правило, да не се кодошат, на пример, без тоа ооопа, опа па, на наставничката. У овој случај на никој, не само на наставничката. Пошто ова е тепачка без пари, разбираш. :D Прават „bad boys stuff“, секакви глупости. Крвишта на сите страни, да му се згади на човек. И бам! Guess what? - до тука изгледав. Не знам, едноставно повеќе не ми привлекуваше внимание. Башка многу крв бе батка, исекотини... Еден час и пеесет минути го гледав. Не сум фан на вакви филмови едноставно. А ја баш и не сум многу по кршење кичми, ја сакам по лагани филмчиња.
И така. :D
Пи ес: Знам дека е рецензија. Рецесија е боље. :sleep:

Fight Club од 1999 година. Филмов го обожавам поради Edvard Norton. Глумецот е мајстор.
Не само поради глумецот. И филмот е ѕверски.
Мислев дека филмот се врти нешто во врска со боречки вештини и нелегални борби или слично ама излезе нешто сосем трето а воедно и многу подобро. Одличен филм, оние како мене кои не го гледале да го гледат обавезно :smir:
По трет пат.. Што да правам кога го обожавам филмов...:toe:
Рецензија мислам дека не мора да пишувам, и тие што не го гледале најверојатно знаат за што се работи..
koj go nema gledano fight club neka go zemi odmaa
Жалим што не сум го гледал порано филмов. Фасциниран сум од него.:pipi:
Одличен психолошки трилер (ајде демантирајтеме дека не е тој жарн :S).
Прекрасна екипа на чело со Edward Norton и Brad Pitt.
Гледајте го.:smir:
Последнава недела гледам се подобри и подобри филмови, и за секој изгледан кажувам дека е најдобриот. Овој најдобар, оној најдобар. Вечерва го гледав fight club и за него ќе кажам, еј, овој е најдобриот драма/трилер филм кој го имам гледано.
Мислам дека филмов го менува начинот на кој гледаме кон животот. Која приказна ја има само,. Па каков пресврт има после. Да. најдобриот е ... се додека не гледам утре некој подобар. xD

Оценка: 100/10 :D
После толку долго време седнав да го гледам филмов.И сфатив што сум пропуштила.Го гледав два пати бидејќи остави силен впечаток кај мене.Неизвесен до самиот крај.Мислам дека нема потреба од рецензија пошто скоро сите го имаат гледано филмов а и што и да пишам мислам дека нема да го доловам како што треба.10/10
Филмов е од 1999 и после него се излезени многу делумни копии, барем во расплетот, и јас нив први ги имам гледано така да ми беше потполно предвидлив. Да сум го гледала пред 5 години, ќе ми бил wow. Едвард Нортон го обожавам (и ваљда само јас сум поимпресионирана од неговата глума во филмов отколку од онаа на Бред Пит). Саундтракот е исто многу добар, посебно на последната сцена ме бендиса. И овој филм би било добро да го изгледам пак и појше внимание да обратам на некои ситници, али нема. Не пишувам содржина пошто сите го имате гледано.
Епа конечно!!!!! Прекрасен филм, секако поставил темели во 1999 за тоа како треба да се одработи трилер филм за идниве поколенија. Е сега тоа што ми кажаа спојлер уште пред да го гледам филмов, не ми ја расипа перцепцијата. И ако некој ми рече дека Пит не знае да глуми, ќе го судам мајке ми, особено што во ек на својата слава глумел вакви ликови, а не комерцијални ром -ком фраерчиња кои ќе му биле лесен залак и ќе му го полнеле џебот.
Имам и замерки на филмов. На пример, очекував повеќе борби во боречкиот клуб, очекував приказната да биде пососредоточена таму, а не на сите други места.
И сметам дека Финчер малку претерал и направил грешки во борбите помеѓу Нортон и неговото алтер его, јас разбирам дека можеш сам да си маваш боксови и да се фрлаш по скали, ама сигурно не можеш да се влечеш назачки за коса. Друга работа, можел малку пореално да го прикаже масовното перење на мозоци меѓу луѓето кои ги регрутира Нортон. Можел филмот да има малку пореален крај и ќе бев сосем задоволна
Во секој случај ова влага во топ 10 филмови што сум ги гледала.
Фактот што Fight Club го гледам дури сега е малце срамен за мене. Зошто, добога, некој не ми го препорачал филмов? Океј, океј, морам да признаам дека ми го препорачале, но го одбегнував поради насловот. Мислев дека е некој акционен филм со многу тепање (и имаше многу тепање, но на Едвард Нортон, всушност, одлично му стојат модринки), а многу се изненадив на крајот. Секако, филмот мора да се гледа уште еднаш, а дали поради тоа што периодов е досаден, јас сум досадна или луѓево околу мене се досадни, го гледав три пати последниве два дена!

И сега има ли поента да ви раскажувам кратка содржина на филмов? На IMDb рекле „An office employee and a soap salesman build a global organization to help vent male aggression.“ Мхм, баш така (или не)...вие само изгледајте го ;)

Уникатната приказна, можеби најдобрата изведба на Пит, моќта на Нортон да се трансформира од обичен, мирен човек без брада во бедес со goatee-то...филмов добива 9/10 од мене. И да, еден од ретките филмови на кои ги изгледав и credits-от :)

П.С. Спомнав колку е тоа Едвард прекрасен? :X3:
Какво ослободување на себеси од секојдневието, вау! Веќе го спомнаа филмот на оваа страна, нема потреба да се повторувам колку е навистина добар. Тргнав со мисла дека ќе го гледам еден од најдобрите филмови според тоа колку позитивна критика прочитав за него. И не погрешив. Приказната е многу повеќе од оригинална. Како само можеле да се сетат на клуб во кој луѓето се млатат како стока и при тоа се чувствуваат исполнето... Дефинитивно не е важна формата до која ќе се дојде до личната слобода, па макар и ужасна болка да се почувствува поради тоа! И не е само личната слобода целта нa клубот, туку и себеприфаќањето и препознавањето на сопствените квалитети. Можеби малку идеализирано, но дефинитивно во нашата потсвест, колку и да сакаме да го скриеме тоа, постои желба за лидерство и момент на слава!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.831
10 март 2015 - 31 декември 2016. Скоро цели две години траеше проектот КАЈГАНА ТОП 250 каде вие преку пријави, предлози и гласање ги избравте 250-те најдобри филмови на сите времиња (1888-2015). Конечно, како новогодишен подарок пред Новата 2017 година ја имате целата листа со сите филмови подредени според просекот гласови добиени во кругот во кој влегле на листата, и со ваши коментари и рецензии за истите, преземени од форумот. Знам дека има и ќе има многу несогласувања со истата, имам и јас многу замерки, но секогаш нашето, субјективно гледиште на работите не е еквивалентно на колективното.

За полесен преглед беше направена Letterboxd листа која до денеска стоеше заклучена за да не ви ги расипам изненадувањата додека чекате да се појави филмот број 1. Еве, како уште еден новогодишен подарок, денес ја отклучувам. КЛИКНИ ТУКА за преглед.

И за крај, само кратко резиме што сакаат најмногу кајганџиите:
_____________________________
НАЈОМИЛЕН РЕЖИСЕР:
Ова се сите режисери со повеќе од еден филм на листата. До името - бројот на филмови.

Stanley Kubrick 8
Christopher Nolan 7
Martin Scorsese 7
Quentin Tarantino 7
Steven Spielberg 7
Alfred Hitchcock 6
James Cameron 5
Ridley Scott 5
Robert Zemeckis 5
Clint Eastwood 4
Darren Aronofsky 4
David Fincher 4
David Lynch 4
Francis Ford Coppola 4
Akira Kurosawa 3
Billy Wilder 3
Giuseppe Tornatore 3
Joel Coen, Ethan Coen 3
Lars von Trier 3
Peter Jackson 3
Sergio Leone 3
Sidney Lumet 3
Terry Gilliam 3
Alejandro G. Iñárritu 2
Alfonso Cuarón 2
Andrei Tarkovsky 2
Andrew Stanton 2
Danny Boyle 2
Denis Villeneuve 2
Frank Darabont 2
Gregory Hoblit 2
Guy Ritchie 2
Ingmar Bergman 2
John G. Avildsen 2
Lana Wachowski, Lilly Wachowski 2
Milos Forman 2
Paul Thomas Anderson 2
Peter Weir 2
Roman Polanski 2
Ron Howard 2
Sam Mendes 2
Terry Jones 2
_____________________________
НАЈОМИЛЕН ЖАНР:
Ова се жанровските тагови кои филмовите на листата ги имаат добиено на IMDB:

Drama 188
Crime 56
Thriller 51
Mystery 46
Adventure 41
Sci-Fi 33
Comedy 32
Action 29
Fantasy 25
War 24
Biography 22
Romance 20
History 11
Horror 11
Animation 7
Family 7
Film Noir 5
Western 3
Sport 3
Music 2
_____________________________
НАЈОМИЛЕНА ФИЛМСКА ДЕЦЕНИЈА:

2000-2009 79
1990-1999 56
2010-2015 35
1980-1989 25
1970-1979 22
1950-1959 14
1960-1969 11
1940-1949 7
1930-1939 1
_____________________________
НАЈОМИЛЕНА ФИЛМСКА ГОДИНА:

2006 11
2001 11
2009 10
2015 9
2004 9
2003 9
1999 8
1998 8
1997 8
1995 8
1994 8
2007 7
2000 7
2014 6
2013 6
2008 6
1979 6
2012 5
2010 5
2005 5
1993 5
1980 5
2011 4
2002 4
1996 4
1988 4
1984 4
1957 4
1991 3
1985 3
1982 3
1975 3
1974 3
1954 3
1992 2
1990 2
1989 2
1986 2
1977 2
1976 2
1973 2
1972 2
1968 2
1966 2
1962 2
1960 2
1959 2
1950 2
1987 1
1983 1
1978 1
1971 1
1964 1
1963 1
1961 1
1958 1
1952 1
1951 1
1949 1
1948 1
1946 1
1944 1
1942 1
1941 1
1940 1
1939 1

Ви благодарам за трпението додека чекавте да биде презентирано сѐ ова. Уште еднаш им благодарам и на @wot , @џимеј , па и на @Anon за сета помош и поддршка без која ова немаше да изгледа вака како што изгледа.

Со оглед на тоа што проектот е конечно завршен, ги замолувам модераторите @wot и @џимеј да ја заклучат темава, трајно, и доколку е тоа можно, да ја стават во Важни, веднаш до Кајгана филмскиот каталог за тапчовци.

Имам неколку идеи за проширување и апдејтирање на листата низ годините кои следат, за да не остане заглавена во времето како каталогот за тапчовци, но за тоа сепак ќе мора да продискутираме во Генерална.

Клуч!
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom