- Член од
- 6 септември 2007
- Мислења
- 1.361
- Поени од реакции
- 2.176
The Last Lions
Најемотивниот документарец што било кога сум го гледала. Не сум сигурна дека го препорачувам.... Прекрасна фотографија во склоп со нараторството на Џереми Ајронс.
Еве:
1. Love Story (1970)
Филмов, класика. Сигурно има и потажни, ама мене овој секој пат ме погодува. Велам секој пат, зошто сум го гледал двоцифрено. Мислам дека ова е најголемиот мал филм кој некогаш е снимен.
2. Million Dollar Baby (2004)
OK, што да ви кажам, Клинт Иствуд... ако не ве погодува несреќата на една млада и убава девојка, имате проблем со емоциите...
3. Sibirskiy tsiryulnik (1998)
Еден од моите омилени филмови. Филм на Никита Михалков, со Џулија Ормонд во главната улога. Тажна приказна а во филмот има барем две сцени многу тажни сцени за кои не би пишувал заради спојлери.
4. Nuovo cinema Paradiso (1988)
Ако размислам подобро ова е веројатно за мене најдобриот филм кој некогаш е снимен. Ова не ми е листа на најдобри филмови па затоа и не е најгоре. Инаку, филмот е преполн со емоции.
5. The Passion of the Christ (2004)
Сега, јас одамна не сум религиозен, ама ако овој филм на Мел Гибсон не ви е тажен, незнам... чисто измачување и страдање...
6. Seven Pounds (2008)
Веројатно најсериозниот филм на Вил Смит, за еден човек кој пати поради грешката која ја направил и се обидува по секоја цена да го врати долгот. Вака го формулирав ова заради спојлерите...
7. The Virgin Suicides (1999)
Ова е многу темен филм на Софиа Копола, не е за секого.
8. Rebel Without a Cause (1955)
Бунтовник без причина, класика, што да ви расправам...
9. La vita è bella (1997)
Ова е или најтажниот смешен филм или најсмешниот тажен филм. Во секој случај, Роберто Бенињи направи вистинско ремек дело и како режисер и како актер.
10. Cinderella Man (2005)
Вистинската животна приказна за Џејмс Бредок, одлично одглумено од Расел Кроу.
Ова сигурно не е the ultimate list, повеќе се филмови кои сега ми паднаа на памет. Сигурно ќе ми текнат уште 10 други кои можат да влезат во оваа категорија, па ќе пишам и друга листа понатаму...
Postoi ushte ova temaПостои и оваа тема
Сте пуштиле ли солза на некој филм?