T
Tetro
Гостин
Black Swan (2010) by Darren Aronofsky
Драма, Трилер.
Понекогаш се осеќам толку среќен, како на пример сабајлево кога го догледав филмов.
И веднаш се пуштив да напишам рецензија, која на жалост имаше несреќен завршеток и сега пак одново ја пишувам.
Black Swan на Darren Aronofsky доаѓа по само 12 години од неговиот првенец "Pi (1998)" и 10 години од извонредниот "Requiem for a Dream (2000)". Darren уште еднаш покажува дека може да се рамни со големите и квалитетни автори на сензационални дела кои по правило прикажуваат мајндфак ситуации.
Во психолошкиот трилер Black Swan, Натали Портман и Дарен Аронофски нудат извонредно добра и вознемирувачка приказна со сцени кои се доста квалитетно изведени во секој поглед.
Јас апсолутно многу го засакав филмов, пред се поради балетот, за кој Натали вложила многу додека научи да го игра толку добро. На почетокот на филмот ми се јави мала непријатност кон сцените кои покажуваат некои импресии на лицата од некои од споредните улоги, но полека се открива дел од приказната, и напнатоста станува се поголема.
Тешко дека би ја направил оваа рецензија без да го пофалам режисерот Дарен Аронофски, па и да спомнам дека е добра одлуката за соработка со Clint Mansell, авторот на музиката за сите филмови на Аронофски. Создадено е дело, најдоброто за 2010-та.
Во претходните филмови на Аронофски се доста квалитетни, но за разликата на вкусови не се дискутира. За таа цел можам да кажам дека секако ќе се најде публика кај која и Black Swan нема да има некои импресии, посебно ако филмот се следи со едно око. Неговите филмови не се она што може да се каже дека мора да се очекува добар крај, или во текот на гледањето да се чувствувате пријатно, но кај сите тие филмови морате на моменти да се запрашате зошто е така. Реакцијата на гледачот е сосема очекувана во некои намерно оставени сцени во филмот, со додатни елементи или вметнување на нови статисти, со кратки вметнати сцени во кои можеме да забележиме дека се прави кратко навраќање кон друѓите дела на авторот, како сцената со трамваите тука и во Pi. Кој ги има гледано двата филма ќе знае што сакам да кажам. Такви сцени се намерно оставени и секогаш се добро изведени.
Филмовите на Аронофски не се секогаш добро примени од публиката (особено The Fountain (2006), кој беше критички и комерцијално изоставен), но ваквите филмови нормално дека ќе бидат почитувани од фановите.
Очекувам Black Swan да се закити со оскар во неколку категории. Аронофски е заслужен за номинација, Портман исто, како и целата екипа, посебно да ги споменам Мила Кунис, Винсент Кесел и Барбара Херши. Клинт Мансел, одговорниот за мизиката во филмот.
Ова е филм кој вреди да се гледа, гледајте го кога сте добро одморени, очекувајте дека нема да гледате забавна драма, но сепак прекрасно дело.
10/10.