Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Once (2006)

Дејствието се одвива во Ирска, каде случајно се запознаваат талентиран уличен изведувач и имигрантка од Чешка. Таа свири пијано, па решаваат да снимат неколку песни заедно.

Го гледав вчера баш по дождливото време, ептен ми се погоди.
Мислам дека е најдобар филм што сум го гледала со месеци наназад.
Нискобуџетен филм. Нема луксузи, нема мачкање очи колку е животот убав. Реален филм, реални човечки судбини, реални карактери. Има сличности и со документарците.
Музиката е преубава, песните ќе сакате да ги најдете одма на youtube. Бар јас сите си ги симнав.
Се е фино склопено, јас уживав во филмов, нема ни да го бришам од компјутер.
Филмов е од оние ретки филмски богатства за кои јас викам дека имаат душа.
Огромна препорака.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665


Пред некој ден го репризирав чудово, кое за мене е најдобриот филм режиран од Мел Гибсон. Без непотребни дијалози, без глупи усложнувања, без големи актерски ѕверки, навидум толку едноставно, а толку прекрасно осмислен и реализиран филм.
Приказната, сценографијата, глумата и костимографијата се исклучително убедливи. Не велам дека се реални, односно дека се работи за некакво автентично пренесување на нешто што вообичаено се случувало пред 500 години на новиот континент (има фактографски пропусти и мешање на Маите и Ацтеките), но работите во филмот се така добро преставени што не е никаков проблем гледач да се соживее и да ужива во делото на Лудиот Макс.
„Индијанците“ се „индијанци“ онолку колку што можат да бидат, јазикот со кој се служат, според Википедија, е јазикот со кој се служеле Маите (или, далеку поверојатно е неговата современа варијанта. Секако не е англиски, шпански или португалски.). Мотивите, верскиот живот, некои сцени од секојдневието, оружјето и орудијата, начелно соодвествуваат со периодот кој е претставен.
Забелешки немам, позначајни пропусти не забележав.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.270
What Ever Happened to Baby Jane?

Неколку години пред дејствието во филмот, Бејби Џејн е мала и размазена ѕвезда, со иритирачко однесување, а нејзината сестра е онаа која запоставено и во сенка, со завист ги следи нејзините успеси. Неколку години подоцна, Бејби Џејн е психотична и чудна жена во години и бивша позната ѕвезда на која сега никој не се сеќава и која живее со својата сестра инвалид, сестра која со годините кои поминале и ја засенила славата, па дури и ја надминала и со сомнежот дека за несреќата која ја приковала во количка стои баш таа-големата Бејби Џејн... Тоа што другите луѓе заборавиле на нејзината величественост и спектакуларност, а некој друг се осудил да биде подобар од нејзе, додатно ќе ги зголеми зависта, љубомората, болните напади и злобата кај Бејби Џејн, па животот со неа секој ден ќе биде се поголем пекол.

Јас на филмов му дадов чиста 10ка, сакам филмови со такви психо заборавени и искомплексирани старици, па посебно кога вака детално и маестрално се доловени како во филмов. Од срце го препорачувам.
 
Последно уредено:

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.701
Поени од реакции
5.326
поради неможноста да пронајдам соодветен филм, решив да ги баталам на неопределено време Холивуд и компанијата и да се насочам на филмови од неанглиско говорно подрачје :) и ко ќе видиш ПОЛН ПОГОДОК... ги изгледав El Secreto De Sus Ojos (aргентински, добитник на оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 2010... топла препорака за тие шо го немаат гледано), After The Wedding (дански, номиниран за оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрајче во 2007.. исто така топла препорака за тие шо го немаат гледано)... гледајќи го After The Wedding налетав на La Chifre од Casino Royal, како главен актер и тука почна мојата "опсесија" со Мадс Микелсен... да беше дечково од Холивуд, а не од Данска ќе имаше освоено еден куп оскари... барајќи филмови со Мадс Микелсен прв шо ми падна на око и после кој знае колку време спремање го гледав вечерва е The Hunt филм од 2012 исто така дански, номиниран за оскар, златен глобус и бафта за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје..
за шо станува збор во филмов... Лукас (Мадс Микелсен) работи како воспитувач во градинка и просто речено е обожаван од децата со кои што работи :) Живее повлечен живот, а паралелно се бори со неговата поранешна сопруга за старателство врз својот син.. Кога изгледа дека работите тргнуваат кон подобро, добива вести дека неговиот син сака да живее со него, успева да пронајде љубов, една детска лага ќе му го промени и уништи животот засекогаш.....


п.с. сцената во црквата.... морници...
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Bridge of Spies (2015)

Bridge_of_Spies_poster.jpg

Последниот филм на Спилберг кој го пратат доста позитивни критики. Во главната улога на оваа биографска драма е Том Хенкс.

Се работи за приказна која се одвива во средината на минатиот век и почетоците на студената војна. Довербата на двете светски сили е на минимум. Со приведувањето на еден руски шпиун во Њу Јорк, по случаен избор честа да го брани на суд ја добива Џејмс Донован познат аквокат за осигурителни измами. И покрај сите препреки тој успева на негов начин да го заштити неговиот клиент и да предвиди настани кои ќе се случат во блиска иднина.

Внимателно гледајте ја првата сцена кога во некој бар разговараат двајца адвокати за сообраќајната несреќа.

Убава драма и мислам дека ваков човек заслужува да добие филм режиран од Спилберг. Од мене 8/10
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
V for Vendetta

Дечки филмов мора да се погледне.Се разочарав што го немам гледано порано не знам како сум пропуштила волку добар филм.Срам да ми е.Затоа сега сакам да ви го препорачам затоа што носи премногу добри пораки затоа што е премногу различен во споредба со други.

Политички филим со нетипична режија преку кој се покажува желбата за моќ, подготвеноста да се стигне до целта, неумешувањето на емоции, желбата за одмазда и промена, стигматизацијата на различноста и хомосексуалноста,очајната потреба за надеж...
Има премногу метафорични нешта почнувајќи од V-како римски број,па се до откривањето на мртвите па маските и таканатака...сето ова ќе ве натера да размислувате плус да не ги спомнувам репликите кои се фантастични.

Ве замолувам да издвоите 2 саати и да го изгледате филмот сигурна сум дека нема да зажалите.

Повелете и трејлер доколку некој сака да погледне.
п.с ако има некој нешто да праша или да ме исплука дека не е добар филмот нека пише лп

 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Rear Window (1954)



Прекрасен филм, не се сеќаваат двата саати. Јас многу одамна ја имам гледано модерната верзија со Кристофер Рив и го знаев главното дејство на филмот (некои клучни детали се изменети), ама сепак ме држеше цело време во неизвесност.

Професионален фотограф се здобива со тешки повреди при работа на тркачка писта, заработува лонгета по должина на целата нога и е закован сам во својот стан, за време на топлотен бран. Бидејќи се 1950-тите а фотографот не е нешто заинтересиран за литература, тој деновите ги минува во набљудување на своите комшии, кои за да зграпчат малку свеж воздух, целосно ги отвораат своите прозорци и венецијанерки и му ги нудат на тацна своите животи на нашиот воајер. Друштво во текот на денот му прават негувателката задолжена за него од осигурителната компанија, неговата девојка, интерпретирана од Грејс Кели :love: и неговиот стар другар од војска.

Заплет не ви кажувам, не гуглајте, ниту пак гледајте трејлер, верувајте во мајсторијата на Хичкок симнете си го во ХД и уживајте.

 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
The Curious Case of Benjamin Button (2008)

За сите љубители на фантазија, која во филмов дури некако ми изгледаше и реална, исто така не вервам дека и љубителите на романса ќе останат рамнодушни. Се работит за животот на едно дете кое се раѓа „болно“ т.е се раѓа стар наместо млад и во текот на животот младее. Звучит како да е совршено и како да е благослов но воопшто не е така. Глумата на Брет Пит одлична. Незнам шо да напишам поќе, ако го немате гледено погледнетего од мене имат 10ка.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
11:14 (2003)

Ако некад немате што да праите, досадно ви е, ви се гледа некој филм и не ви се размислува многу многу туку сакате лабав филм ама не некоја глупоштина со Адам Сендлер, Овен Вилсон и Тони Михајловски туку нешто малце посериозно...жанровски.

Еве ви го овој, 11:14 pm или кај нас 23:14. Го имаше на нашиве телевизии порано, поима немав као се вика, ми го најдоа на форумов. (y)
Нема врска тоа comedy што пишува на линков. Дакле, во 23:14 се дешава една несреќа и низ филмот се прикажани 4-5 верзии на таа несреќа односно несреќата е прикажана од 4-5 перспективи.
Хилари Свонк (со протеза) :гик: и Патрик Свејзи од Прљави плес во главните улоги ако уопште има некоја споредна улога у филмот.

7.2 му е рејтингот на имдб, толку е и мојот.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.923
The Stanford prison experiment

Драма заснована на психолошката студија на д-р Филип Зимбардо во 1971. година на Универзитетот Станфорд. Имено, студијата имала за цел да ги проучи психолошките ефекти на учесниците кои се ставаат во улога на стражари и затвореници во замислен затвор.

Резултатите се изненадувачки, а учесниците и повеќе од очекуваното се соживуваат со улогата. Филмот го изложува проблемот дека никогаш не можеш да знаеш кој е твојот избор доколку не се најдеш во соодветна ситуација и влијанието на позиција на моќ врз патерната на однесувањето, па дури и униформираноста и влијанието врз играта на улоги, т. е. однесувањето.
Интересно и информирачко филмче, вредно за 2 часа од слободното време.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.584
Поени од реакции
81.169
Harmonica: [facing three men] And Frank?
Snaky: Frank sent us.
Harmonica: Did you bring a horse for me?
Snaky: Well... looks like we're...[snickers] ...looks like we're shy one horse.
Harmonica: [shaking head] You brought two too many :cool:

Еве ви ја цела сцена, чисто онака да го доловите моментот


Нема ништо подобро од добар шпагети вестерн филм. Многупати се давал по нашиве телевизии, ама никако не сум го фаќал одпочеток, па затоа морав да го симнам и одпоново целосно да го изгледам... и морам да кажам дека сум ја пропуштил најјебозовната сцена во цел филм (оваа што ја пишав погоре) :(. Што друго да кажам за филмов...? Режиран од мастерот на шпагети вестерните Сержо Леоне кој е познат и по The Dollars Trilogy, додека главните улоги ги толкуваат Чарлс БронсАн, Хенри Фонда и Клаудија Кардинале... музиката е на неповторливиот Енио Мориконе. Неможе филмот да испадне лош кога овие луѓе стојат позади него... кај Сержо нема многу дијалог, доволно е актерите да упатат со своите валкани лица неколку убиствени погледи, и акцијата може да почне.
За рецензија нема многу да пишувам, доволно е да кажам дека цела приказна се одвива за едно земјиште на кое е планирано да се изгради железничка станица. Нормално тука ќе има многу убиства, пресврти, валкани фаци и.... човек по име Хармоника :icon_mrgr:. Во текот на филмот ќе се прашувате што бара овој човек покрај овие будалите што се тепаат за земјиштето, али на крај се е убаво објаснето (y)

Интересна анегдота е што Клинт Иствуд ја одбил улогата на Хармоника, па потоа Чарлс БронсАн се согласил да го одглуми ликот. Али како одглуми, секоја му чест, капа доле:cuc:

На ИМДБ делово има 8.7/10 оценка... можам да кажам дека е потценет, заслужува најмалку 10/10


Ќе ве оставам со овие две дела на Мориконе

И интрото на Хармониката :cool:

П.С. Не ме прашувајте зошто Бронсон го пишувам БронсАн

:kafence:
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
The Intouchables (2011)



Сакав мала промена, па барав филм од не англиско говорно подрачје и налетав на фимов (и сум го имал симнато од поодамна, но не знам зошто не сум го гледал досега) кој е базиран на вистинска приказна.
Филмот е дефинитивно еден од подобрите кои ги имам гледано, се зборува за Филип (François Cluzet) кој не може сам за себе да се грижи и му е потреба секојдневна помош, а затоа се погрижува Дрис (Omar Sy) кој започнува да работи кај Филип по желба на самиот Филип, поради необична причина.
Не сакам да откривам повеќе за филмот кој сигурно ќе ви се допадне затоа што не е напорен за гледање, а има и многу комични моменти.

П.С делот со Хитлер :pos:

 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.242
Поени од реакции
27.584
It Follows




Тоа Следи е филм за млада девојка Џеј која ја поминува ноќта со симпатично момче, за веднаш потоа да дознае од него дека преку нивниот сексуален однос таа е следена од мистериозно суштество кое менува изглед и во константен од ја прогонува додека не ја убие, или додека самата таа не го пренесе на друг.
Суштеството или демонот сеедно, е веројатно метафора за сексуално преносливи болести, според мене најмногу удира на сидата. Како смрт што доаѓа полека и без разлика колку брзо трчаш еден ден ќе те стигне.
Атмосферата во овој филм е одлична. Го има она носталгично чувство ако сте гледале хорор филмови од 80тите. На моменти е премногу хипстерски. Дури мислам некои сцени се преработени. Ја има и онаа synth музика, што на моменти ја прави потребната тензија. Одлична кинематографија, поготово палетата на бои што се користи. Претежно сцените се уредени да бидат симетрични, некако мешавината на ред со хаотичните движења на страв се прикладни за овој филм.
Нема толку крв и насилство, она што го прави хорор на некој начин е помислата на суштеството и несигурноста на карактерот.
Не е толку хорор колку што е психолошки би рекла, но мислам дека е правилна насока за идните хорор филмови.
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
61
Поени од реакции
85
Mississippi burning ( 1988 )
Reziser: Alan Parker
Za mene extra film si odlicna gluma,kinematografija .Temata ne mi e presudna da mi se dopadja filmot.Ali sve drugo mi e wow.Go imam gledano 5-6 pati . Alan Parker e i reziser na Commitments:).
Gosford Park (2001) ....to je to za mene...Ja si sakam takvi filmovi.
Reziser : Robert Altman .
Recenzija : Prviot e za rasizmot vo SAD , FBI itd.itd
Vtoriot e ..... gledajte go ako sakate .
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Room (2015)



Знам дека повеќето овде го имате гледано...Јас дури вчера се решив конечно да го гледам...
За филмов единствено знаев дека доби Оскар за главна женска улога и ништо повеќе...Немав ни трејлер гледано, ниту прочитано, ниту слушнато нешто за темата - апсолутно ништо...
За актерите- не можам да замислам дека постојат некои што подобро ќе ја одиграат улогата на мајка и син од овие двајца...Детево е створено мислам за оваа улога...Доволно е само лицето да му го гледаш и го доживуваш како реалност филмот...
Мислам дека све во глобала што сакал режисерот да постигне, кај мене како гледач го постигнал комплетно...
За мене ова е многу, многу повеќе од една обична заложничка драма, каква што сме гледале во повеќето филмови...
Искрено на почетокот, се прашував што прават мајката и синот затворени во соба и прво што ми падна на памет е дека детето е нешто болно и не смее надвор да изглегува (од некои глупости што сум ги гледала по други филмови како The others и сл. :D ) , после тоа кога видов зошто се уствари затворени помислив дека филмот ќе биде уште една обична заложничка драма (и пак погрешив...)
Емотивниот набој во филмот си го направи своето...
треба да си од камен, а да не заплачеш кога ќе го гледаш 5-годишно како страда, како плаче за имагинарно куче по име Лаки и како удира по стаклото на полициската кола и ја вика мајка му итн.........
И на крај само два главни моменти ќе потенцирам...Главната поука на филмот- татко е оној што ти пружил љубов, внимание, среќно детство, грижа, многу насмевки и те прифаќа каков што си, давајќи ти безрезервна поддршка...Во филмот во два случаи ни станува јасно дека татко не е само биолошката врска...
И другиот момент е пострауматскиот стрес...Предобра слика беше дадена за тоа...Акумулиран стрес и траума која траела со години, откако ќе помине знае да го сруши организмот...Видовме како во филмот...
Од мене оцена 10 за овој филм...
Предобар...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom