Последен гледан филм со кратка рецензија

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Leaves Of Grass

Како испуштен филм а веке запишан у агендата најде време да го зирнам.Едвард Нортон звер и пол е у филмо ,глуме 2 улоги тотално различни и у ниту една не добива никаква негативна нијанса,посебно акцентот што го доловува во улогата на Брејди е нешто маестрално.Сега малку околу филмот.Бил е филозоф и професор со угледна кариера и се тоа и добива шасна да основа свој институт и да го оствари сонот.Уште многу одамна го напуштил домот каде што сега се врака поради наводната смрт на брат му кој е дилер на дрога.Овде започнува спојлерот и тоа дали Бил некогаш воопшто го напуштил домот целосно.Можеби нема некоја страотна приказна ама е одличен филм и вреде да се гледа како за глумата така и за глумата на Едвард.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Ruins (2008)
ruins.jpg

Сосема пристоен хорор, не е некој голем филм, но ќе имате можност да изгледате хорор со еден сосема поинаков негативец.

Група млади туристи се на одмор во Мексико, каде што го запознаваат Матиас, германски турист кој ги повикува да отидат до некои антички рушевини кои не се на официјалната мапа. Тргнувајќи во авантурата, тие не се свесни дека нивниот престој таму нема да му се допадне на локалното население, и дека во овие руини ги демне големо зло.


Понатаму нема што да се открива. Филмот има добра, млада актерска екипа и е сличен со многу хорори од овој тип, има многу клише, предвидлив е, барем за оние кои се изнагледале филмови од овој жанр. Сепак, го препорачувам за некој момент кога барате полесен хорор или филм на кој нема многу да мозгате.

6.5/10.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
A Clockwork Orange (1971)

Многу добар филм. Иако малку постар, сепак одлични ефекти и квалитет. Прекрасно замислена приказна, а воедно и остварена.

Се работи за малолетен деликвент кој пустоши во својот крај..

При еден упад во една куќа, неговите другари се вртат против него и така завршува во затвор, осуден на 14 години. По 2 години се сложува да учествува во еден експеримент и е ослободен. Благодарејќи на експериментот веќе не можи да биде насилен и после ослободувањето се се свртува против него и веќе не е онај моќен малолетник. За другите настани би ви препорачал да го гледате филмот.:smir:

Како и обично уште едно маестрално дело од англиската продукција на филмови.. Досега се немам сретнато со лош англиски филм, се што сум гледал било маестрално, па така е и во филмов.

Оцена - 9 / 10 :smir:
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
The Pink Panther 1963



Долго време сакав да го гледам оригиналот и денес случајно го начекав на тв и тоа сабајле во 9 :)...Солидно започнат филмски ден :)
Приказната е горе долу позната, се работи за инспекторот Клусо кој се обидува да го фати најпознатиот крадец на скапоцени камења така наречен „Фантом“. Приказната и не е баш таква каква што ја знаеме од поновите филмови и тоа ме изнанади, не очекував таков крај...Навистина филмот е класика, кој гледа вакви филмови да не го пропушта...

 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
THE FOUNTAIN - 1000/10! Моите Топ 3! Монотон е филмов, ама ако се внесите доволно добро ептен крш филм е (ако го гледате само како филм не е нешто којзнае што).

Иначе филмот нема никакви (речиси) компјутерски ефекти. Се е макрофотографија (што мене ме запрепасти).

Филмот не е високобуџетен за актерите :) работеле со минимален надоместок од чист респект спрема Аронофски. БРЕД ПИТ...упм...фала Богу ја одбил улогата.

 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Последниве 2-3 дена изгледав неколку филма, па да почнам по ред.

The Tourist

The-Tourist1.jpg

Иако многумина го критикуваат филмот мене искрено ми се допадна. Можеби приказната не е толку интересна но глумата е одлична, посебно онаа на Џони...7/10

The Human Centipede ( First Sequence )

The_Human_Centipede_1.jpg

Филмот се одвива околу еден психо хирург кој киднапира луѓе и планира да ја направи првата "човечка стоногалка"...

Одличен филм...Оригинална приказна...Одлична глума...Се надевам вториот дел ќе биде уште подобар. 10/10

127 Hours

127-hours-poster.jpg

Филм базиран според вистинска приказна. Алпинистот Aron Ralston заглавува во еден кањон во Јута, САД откако камен паѓа врз неговата рака...
Одлична глума и прекрасно режиран филм кој ги доловува моментите и чувствата на еден човек што ќе се најде во ваква ситуација и на што се е подготвен да направи за да преживее. 9/10

Taxi Driver (1976)

220px-Taxi_Driver_poster.JPG

Што да се напише за ова? Има ли потреба од зборови? Верувам дека повеќето веќе го имаат гледано филмот, јас одамна му се мислев да го гледам и еве деновиве успеав.
Скорсезе + Де Ниро = Masterpiece
10/10

 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
The Mist



Нели деновиве има магла едно друго,па ми текна дека филмов ми е на листа за гледање(а башка според на Стивен Кинг книга е правен)..
Супер S.F. Психолошки Хорор--Врз едно мало градче се истура бура,и после бурата надоаѓа магла.Еден куп ликови се среќаваат во тој момент во локален супермаркет.Еден човек трчајки крвав накај маркетот,ги предупредува сите дека иде магла и "има нешто во неа" - заебана магла :pos: Следните саат време,си викам да го извртам филмов,некако детцки делуваше,(почнаа да се појавуваат некакви бизарни суштества и лапаа луѓе) ама си викам шом се работи според книга на Стивен Кинг,МОРА да има бар психолошки пресврт (вајда нема да е глупост до крај)..
И, пресвртот..-една жена од градот,убедена дека тоа е божја казна,почна да цитира цитати од библијата дека ред е гревовите да се искупат и сл...работите се поделија.Поголемата група застана зад неа,заведени од нејзината невротична состојба, искомбинирана со цитати од библијата и убедителна моќ а другата група исто сакаше да си го спаси газот,само да избегаат со некое количе..(женава успеа со нејзината психоза да ја убеди нејзината група на жртвување луѓе)
Добар филм во секој случај.
заебан крај :nesvest:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Tangled (2010)

http://static.moviesbase.net/wp-content/uploads/2010/11/Tangled-2010-Mega-Poster-1.jpg

Ова бепе еден навистина неверојатен цртан од Дизни. Како втор најспак филм на сите времиња и најскап анимиран филм, Tangled ни раскажува еден од најдстарите приказни за деца, за девојката со златната коса. Се арзбира оваа модифицирана верзија приказната многу ја проширува и збогатува со неколку навистина изузетни песни, како и преубава анимација. Дефинитивно овој цртан е еден од најдобрите кои некогаш биле направено. Смешен е интересен и пред се живописен.

Alpha & Omega (2010)

http://www.moviesjunction.com/wp-content/uploads/2010/09/Alpha-and-Omega-2010.jpg

Веднаш после Долгокоса го изгледав и овој цртан филм и се соочив со еден навистина голем контраст. Хуморот во овој цртан беше излишен, приказната премногу педвидлива, а анимацијата изгледаше некако премногу заостаната. Пред се најмногу не ми се допадна изгледот и дизајнот на волците кои практично немаа никаква грациозност во нив.

Megamind (2010)

http://3.bp.blogspot.com/_GOTPd3ujXJ4/TC1h_k6J1rI/AAAAAAAAACs/1NklbrMg6zQ/s1600/megamind+movie.jpg

Доста интересно анимирано филмче. Не беше нешто навистина посебно но сепак ми остави позитивен впечаток. Приказната е доста интересна и го отсликува односот меѓу супер хероите и супер негативците.. Анимацијата е многу слична на онаа од Incredibles а самото дејствоје е доста добро и во ниеден момент овој цртан не станува досаден.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Burried

Не знам како би го рецензирал филмов поинаку освен да кажам трогателно, првата половина од филмот и ја очекував додека втората удри на емотивниот дел што воопшто не очекував. Како и да е супер филмче, и Рајан Рејнолдс беше ѕвер дефинитивно. 10 од 10
А да, на кој му се свиѓаше Burried сигурен сум дека нема да остане рамнодушен и на Phone Booth како и на Five Fingers
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
The A - team

Незнам што друго да искоментирам,првиот филм на кој сум заспал 3 пати...Moжеби една од причините е што го гледав касно али тоа е.
На страна-малце поинтересен ми беше од The Expendables,но претерано немогуча акција помешана со ефтин хумор=zZzZzZzZ
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Buried (2010). Дури ни линк не ставам, нема потреба.

Одличен филм. Нема целосна рецензија, само ќе се надоврзам. Тензичната и клаустрофобичната атмосфера која според некои ја има а некои не, не е главната работа во филмот. Тоа е, па да речиме, само шминка со цел да се појача ефектот, но е главна шминка, без тоа немаше да биди тоа што е. И многу успешно го појачува.
Главната работа во филмот е политиката. Ова е политички филм, критика на тоа што денес се случува.
Тоа ни е пренесено преку сценариото, сценарио кое заслужува Оскар но (многу [не]нормално) нема да го добија.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Exam

Добар трилер - мистерија. Нешто во стилот на Nine Dead или на Cube.
Цел филм се одвива во една просторија каде што осум луѓе се донесени да го решат последниот тест за да го добијат работното место на кое што аплицирале. Во собата има и еден чувар, а пред почетокот на тестот ќе влезе "Набљудувачот " и ќе им ги каже правилата за време на тестот и ќе им каже дека треба да одговорат само на едно прашање. Почнуваат да течат 80 минути, но тогаш ќе откријат дека прашањето всушност.....
7/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
True Grit (2010)

ЗА оригиналот не можам да кажам дека ми се допадна многу, пак интересен вестерн беше и би му дал 6.5, а на римејков, поради :

- поквалитетната глума од оригиналот; девојката подобро одлуми и нејзиниот лик е подобро направен во римејкот, и Џеф Бриџис го одигра одлично на U.S. Marshall-от на свој начин (иако по-"badass" ми беше Џон ВЕјн у оригиналот, кој за оваа улога го доби единствениот оскар) , а и Мет Дејмон одглуми добро, иако остана у сенка на другите два лика

- некои помали нови сцени, ставени за хумор, кои го постигнуваат ефектот а и не приближуваат повеќе до ликовите

- подобрата музика, потоа кинематографијата, атмосферата, дијалозите, ...

... мислев да му дадам 7, АМА една работа ми го упропасти впечатокот од филмот, па би му дал:

6/10

...затоа што не ми се допадна :

(Голем СПОЈЛЕР, не кликај ако не си го гледал!)
Новиот мрачен крај - ампутацијата, и потоа ладното, дрско, тврдоглаво однесување на девојчето како возрасна жена, плус актерката одглуми лошо, здрвено. Овој дел не се уклопува со останатиот главниот дел у филмот, ми изгледа неприродно, како вишок кој требало да го исечат од финалната верзија.
Не сум против тажни краеви, да има само хепи-ендинг, напротив, ама кога е добро направен и му одговара на филмот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Tomorrow, When the War Began (2010)


Oh dear god...

Единствена причина што ја пишувам рецензијава во „ниедновреме“ е да ве поштедам од маки да не го гледате овој филм, кој може да ве измами со интересниот наслов и со младава актерска екипа на убавиот постер. Имаме ли ние збор за ridiculous? Пошто смешно не го покрива тоа што се случуваше.

Филмот е австралиски, снимен според книга која очигледно е добра, но филмот потфрлува комплетно. Што е полошо, филмот изгледа ќе има и продолженија. Единствена причина што има оцена од 6.7 е затоа што е австралиски па домашната публика го бодрела, но штом излегол во кината по САД веднаш почнал да паѓа, затоа што и за нивните смешни стандарди ова е лошо.

Да прејдам на содржината: група од 7 луди млади одат на кампување во дивина. Во меѓувреме непозната армија ја напаѓа Aвстралија и кога тие ќе се вратат во дома, сите жители се заробени од непријателската војска. Така, нашиве тинејџери во стилот на Expendables тргнуваат во пресметка со војската... Сталоне и Шварци бурек да јадат.

Понатаму, филмот е над секое можно срање. Сцените се толку нереални да не му се верува на човек. Дури и кога хелихоптер и авион ги напаѓаат во куќата во која живеат, не чувствувате дека може да умрат. Нема тензија, нема страв. Непријателската армија 200 пати ќе ги пронајдеше во секое време, затоа што на местото на кое што беше сниман филмот е невозможно да им се скриеш. Веројатно авторот на книгата поинаку тоа го замислувал.

Војниците се очигледно ретарди кои не можат да излезат на крај со 7 глупи тинејџери, кои пак ништо посебно не покажуваат. Покрај тоа, армијата составена од Азијати не добива име до крајот на филмот, како да се плашеле да кажат дека Кина или Јапонија ги нападнале... филм е да му се невиди!

На страна тоа, ликовите не се развиваат, какви се на почетокот такви се и на крајот, бледи и неинтересни. Филмов не е so bad it is good, туку so bad it hurts!

Единствена добра работа е почетокот во дивината и ефектите кои ме изненадија, и само заради тоа ќе му дадам 2/10, со препорака да не го гледате.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754


Interesno "komedice", so legendarniot Paul Rudd.
Edniot od dvata glavni lika cel zivot place za unapreduvanje na rabota, i za da ja dobie treba da otide na vecera kade sto sekoj si nosi nekoj cuden tip so sebe za da go ismevaat, taka Tim(Steve Carell) go naogja Barry(Paul Rudd), koj sto e mnogu cuden pravi figuri od gluvci itn.

Ne e nisto posebno, ama moze da pomine :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom