Последен гледан филм со кратка рецензија

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586


Доста интересна пуцаљка со малку уплеткани самоубиствени бомбаши и чакнорис вештините на Траволта.
моја оцена 6.5/10, добар филм за тепање време, но ништо посебно за раскажување, целата приказна можам да ви ја раскажам у една реченица: Asslicker with a hot chick, meets a motherfucker with guns, where the chick turns out to be antigovernment suicde bomber and gets killed by her fiancee while the motherfucker kills everyone else.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807

Дејството се случува во Алабама каде што два пара ке се најдат во борба за опстанок.Бегајќи од убиец бегаат во шумата и ќе се засолнат во една куќа каде што ќе побараат помош.Покасно дознаваат дека токму тој убиецот ги навел да дојдат до оваа куќа и дека ти сега се заробени.Започнуваат да ја играат неговата игра.Имаат помалку од 12 часа за да преживеат.На изгрејсонце ако не се исполнат правилата кои тој ги дава сите ќе умрат.Дознаваат дека едниствен излез е да седат внатре,но навлегувајќи понатаму во куќата ги чека се повеќе непознати предизвици
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Dylan Dog : Dead of Night.


Дилам Дог популарниот стрип роман екранизиран во филм, е сега не би ги споредувал стриповите со филмот туку само за филмот. За тие што не им познато иако е филмче со врколаци вампири и зомбија не е хорор, гнасен крвав никаков, па ни хорор што би требало да плаши за што и првично се правени хорорите. Ова е лесно летно филмче и дејствието е представено Диландоговски.
 

Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Transformers 3 : Dark Side of the Moon

http://www.imdb.com/title/tt1399103/



Најискрено и од прва , тешко срање .. Приказната е lame , глумата е epic fail , само графиката му ја качува цената на овој филм.

Многу дупки , многу нелогичности , едноставно овој филм ти ја ебе интелигенцијата .. Не се трудите ни да го гледате , посебно што трае и 2 и кусур часа.
Оцена 2/10 , би му дал 0/10 ама ај за графиката мора малце признание да им дадам.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Jacob's Ladder (1990)

Како прво морам да го пофалам соундтракот на филмот. Ептен ме бендиса..
Е сега за содржината на филмот. Иако не сум многу по филмовите со воена тематика, овој
некако ми се допадна. Се започнува со војната во Виетнам и кошмарите на Jacob после неа.
Границата меѓу реалноста и фиктивното после ранувањето се непознати поими за него.
Се разбудува во Њујоршкиот underground каде го бркаат зомбија,халуцинации за неговиот мртов
син, разведувањето од неговата жена. Неговата состојба толку многу се влошува што не знае
дали сонува или е вистина. Добар мајндфак и интересен филм.

Оцена - 9/10. (random one)

P.S. Каде се ставаат спојлери на чудово.. Ако треба спојлер за рецензијава нека стави некој од модераторите..јас појма немам..
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
V for Vendetta (2006)
\
Remember, remember, the Fifth of November, the Gunpowder Treason and Plot. I know of no reason why the Gunpowder Treason should ever be forgot... But what of the man? I know his name was Guy Fawkes..
Премногу е жешко за да коментирам повеќе за филмов.. Сега дури знам зошто толку прашина се кревало за овој филм, ради тоа што е феноменален..
Топло би го препорачал на сите да го гледаат..

Оцена - 10/10 with no doubts..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Män som hatar kvinnor (2009)

Искрено се надевам дека римејкот ќе биде подобар. Иако е факт дека скандинавците прават се подобри и подобри филмови, овој ме разочара. Во случајот на Let the Right One In на пример имавме оригинален хорор кој доби римејк, многу холивудизиран. Ова пак е веќе холивуски филм, класичен холивудски трилер со сите тертипи, како од книга. Не е ништо ново, ништо „европски“, ништо поинакво. Приказната е околу откривање на убиство старо 40-тина години, што исто така не е ништо ново, нешто слично видовме во аргентинскиот The Secret In Their Eyes, таму случајот беше стар 20-тина години, расплетот беше многу поинтересен и многу понеочекуван.

Филмов е исто така предолг, 2 часа и 30 непотребни минути. Девојката со тетоважата е исклучително антипатичен лик, а како пар со главниот актер немаат никаква хемија.

Визуелно е исклучително квалитетен, значи воопшто не заостанува зад холивудските, но не е доволно за позитивен впечаток. Иако се надевав дека некаде по пат во филмот ќе се случи пресврт, заплет/расплет кој ќе ми го поправи впечатокот, ги добив истите изџвакани холивудски финти.

6/10, доста му е. Финчер има шанса да го поправи очајниот резултат на римејк филмовите против оригиналите :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
The curious case of Benjamin Button (2008)


Прилично ме изненади филмов. Интересно склопен приказна за Бенџамин кој го живее својот живот обратно од целата човечка популација. Тој е феномен, роден е како старец. Одбиен од свото семејство, вдомен е од црнци и тоа не било каде, туку во старечки дом. Целото свое `детство` го поминуваа соочувајќи се со најстрашните моменти од човечкиот живот, загубата на најблиските. Секојдневно гледа како некој доаѓа во домот и како некој засекогаш си заминува. Неговиот живот не е воопшто поинаков од животот на било кој, освен што неговиот изглед не соодветствува со годините кои ги има. Паралелно со неговиот живот се одвива и животот на Дејзи, но во `правилниот` правец. Го сретнува Бенџамин како старец, а таа е дете. И знае дека тој е посебен. По долго време, некаде на половината од својот живот тие се сретнуваат и вљубуваат. Тоа е периодот кога изгледот на Бенџамин се поклопува со неговите години... Како продолжува нивниот живот, како Бенџамин ќе се соочи со бракот и фактот дека ќе биде татко... нема да откривам. :)
10/10

Unthinkable (2010)


Последен гледан филм. Сеуште сум под импресии...Се работи за вечната борба на САД со тероризмот. Терорист со американко државјанство се заканува со 3 нуклеарни бомби доколку не бидат исполнети неговите услови. 3 града ќе бидат кренати во воздух и милиони луѓе ќе го загубат својот живот. Во потрагата е вклучува ФБИ, војската и уште нколку `тајни` безбедносни служби. Терористот е изложен на монструозна тортура од страна на Х. се со цел да ја изнесе вистината за бомбите. Додека Х. е ладен и подготвен на незамисливи методи за да дојде до целта, агентката Броди од ФБИ се обидува да допре до емоциите на човекот. Но, и двајцата се безуспешни во тоа... Филмот нема целосно среќен крај најверојатно со цел да не остави да размислиме, нас гледачите, дали луѓето кои требаше да дојдат до вистината, ја извршија својата задача или не....
Интересно кај овој филм се условите кои ги поставува терористот. Тоа се улови кои денес ги сака секој Американец, а и секој човек на светов. Но, услови со кои владата на САД ни под `разно` не би се согласила. Со тоа, кај нас останува отворено прашањето за оправданост на делото кое го прави терористот, но и за (не)оправдувњето на примената на тортура врз било кого. и за било која причина. На крајот на филмот режисерот најверојатно сака да ни укаже на тврдогавоста на Американската влада и за последиците до кои може да доведе таа.... Свесни сме дека денес целиот свет трпи поради таа тврдоглавост.
9/10
 
F

Frankie Yale

Гостин


Das Boot (1981)

Начекав негледан филм од листата па решив да го погледнам и да видам дали го заслужува неговото место во World Cinematography, и што да кажам друго освен одлична препорака од џимеј! Се оставив со филмов, ја симнав uncut верзијата која трае околу 4 саати, хех од 10 саат сабајле го почнав... Но, во ниеден момент не ми здосади иако скоро целото дејство се одвива во подморница, сепак одличниот дијалог и глума не дозволија. Тука беа и акционите сцени, психолошката војна и надмудрувањата помеѓу екипажот на подморницата и разорувачот (200 метри... 210 метри... 220 метри... незаборавно) кои ме оставија без здив. Највеќе ми остави впечаток тоа што и покрај безбројните демонизирања на Германските војници во скоро секој холивдуски филм das Boot ја покажува реалноста, и тие војници се луѓе како и сите други, а не некакви безлични зомбија, војници кои следат наредби како и сите други со единствена разлика што тие се наоѓаат на 'другата' страна од војната. Додека крајот ни ја пренесува пораката "There are no happy endings in war" и "War is not glorious". Едноставно филмот pulls no punches шо се вика и ја прикажува реалноста на војната таква каква што е, нема никакво глорификување, и тоа навистина ми се допадна.

10/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
X-men First Class
Нема да речам залудно потрошени 2 часа али филмов е далеку од добар. Незнам до каде во холивуд ќе тераат со правење филмови од оваа франшиза , која според мене го достигна максималниот потенцијал со првите 2 филма(Режирани од Брајан Сингер- The Usual Suspects ).
Можеби Дарен да го режираше ќе испаднеше нешто друго али вака испаѓа филм во границите на просечноста.
Филмот е уствари приквел на првиот икс мен филм, и ни ги кажува почетоците на мутантите. Незнам како е во стрипот али искрено ми е ску*чено со филмови кои што ја вклучуваат студената војна(или понародски кажано амери против руси),а овде тој конфликт е во преден план на приказната ( Генералот кај русиве го Толкува Раде Шербеџија,вообичаена улога за него во последно време). Второ што не ми се допадна е онај момент кога суперхероите си ги дознаваат своите супер способности , 5ти филм е аман од франшизава и некој со мало познавање од неа нема потреба тоа да го гледа,а веќе кога тоа го правиш, направи го на некој по фин начин а не ајде во круг ќе се собереме и ќе покажуваме кој што знае.
И трет минус на филмов е изборот на актери. Не дека актерите се лоши , напротив ама имаа недостаток на харизма за да толкуваат супер херој (нешто спротивно од Патрик Стјуарт и Иан МеКелен).

Од другата страна како филм во кој преден план е акцијата а не глумата и не е толку лош филмов. Значи не е од оние филмови кои ве "заглупавуваат" али 8цата што ја има на имдб е преценета (на мое зачудување високо котира и кај патлиџаните па гледајте го и проценети сами дали заслужено високо котира или не ).

6/10
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790


Das Boot (1981)

Начекав негледан филм од листата па решив да го погледнам и да видам дали го заслужува неговото место во World Cinematography, и што да кажам друго освен одлична препорака од џимеј! Се оставив со филмов, ја симнав uncut верзијата која трае околу 4 саати, хех од 10 саат сабајле го почнав... Но, во ниеден момент не ми здосади иако скоро целото дејство се одвива во подморница, сепак одличниот дијалог и глума не дозволија. Тука беа и акционите сцени, психолошката војна и надмудрувањата помеѓу екипажот на подморницата и разорувачот (200 метри... 210 метри... 220 метри... незаборавно) кои ме оставија без здив. Највеќе ми остави впечаток тоа што и покрај безбројните демонизирања на Германските војници во скоро секој холивдуски филм das Boot ја покажува реалноста, и тие војници се луѓе како и сите други, а не некакви безлични зомбија, војници кои следат наредби како и сите други со единствена разлика што тие се наоѓаат на 'другата' страна од војната. Додека крајот ни ја пренесува пораката "There are no happy endings in war" и "War is not glorious". Едноставно филмот pulls no punches шо се вика и ја прикажува реалноста на војната таква каква што е, нема никакво глорификување, и тоа навистина ми се допадна.

10/10
Вистинско ремек-дело, вистинска штета е што не си налетал на филмов до сега...
Филмот го гледав многу одамна и ако добро помнам бев изнервиран со преводот кој не ми се чинеше најточен, но од кога го изгледав сватив дека и да не разбереш збор од тоа што се зборува во подморницата филмот ќе го доживееш на идентичен начин, можеби дури и подобро.
Инаку се сеќавам дека во моментите кога даваа како тоне подморницата: 200... 210... 220... и кога пукаа шрафовите како куршуми, чувствував како да останувам без здив и дека ќе ми експлодира главата од притисок. Без зезање... до толку се соживеав со екипажот на нацистите.
Еден од најдобрите воени филмови на сите времиња.
 
H

-HRO

Гостин
Rio (2011)



Главниот лик е Блу-папагал единствен од неговиот вид. Блу има еден голем проблем, бидејќи е птица што незнае да лета.
Се открива дека има уште еден папагал од неговиот вид (женско со име Џуел) и за да се спаси нивниот вид Блу ќе биде однесен во Рио Де Женеиро за да се спари со Џуел, каде што почнува и заплетот на филмот бидејќи има еден проблем. :)

Доста интересно анимирано филмче навистина. Вреди да се погледне! :)

Rango (2011)



Ранго е камелеон кој несреќно доаѓа до едно место во пустина. Таму многу бргу и неочекувано ќе стекне нови пријатели: Ќе биде прогласен за шериф поради тоа што ќе направи јуначко дело....
Подоцна, водата во гратчето мистериозно ќе исчезне, и Ранго ќе биде тој кој што ќе треба да најде излез од целата ситуација, да ја врати водата и да открие која е причината што ја снемало...
Вистинските авантури и заплети следуваат кога Ранго ќе открие дека во градот не функционираат работите како што треба.... :)

Исто како и Рио, одлично анимирано филмче, вреди да се погледне дефинитивно ако имате слободно време и одлично расположение. :)
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.758
Поени од реакции
8.016
The General (1926)

Johnny Gray е работник на локомотива, се регрутира за војник, но не го примаат... па следуваат нападите врз нив, односно крадењето на воз, во која случајно ќе остане неговата сакана таму... е од тука следува веќе...

Глејте па ќе збориме :P Оценка: 9/10
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
American Pie (1-7)


Сите знаеме за кој филм се работи. Си допуштив малце искулирана атмосфера и ги изгледам сите 7 дела на Американска Пита.. Нема што да се објаснува за филмовите, освен тоа како што доаѓаа новите делови се по тапа и по тапа стануваа, со исклучок на 6 дел кој мене лично највеќе ми се допадна..

Оцена - 10/10 една вкупна оцена,пошо навистина ме насмеаа..
 
Г

Грејвдигер

Гостин

Еди - писал на кој баш и не му оди од рака да ја заврши својата книга, девојката го остава, доцни со станарирана и шета низ градот прилично неуреден. Би можело да се каже дека е вистински губитник, се додека не се сретне со еден стар познаник и ја добие тајната супстанца со која може да постигне сѐ што сака. Одличен филм.​


Двајца ожените мажи добиваат едно неделна дозвола од своите жени да прават што сакаат, вклучувајќи го и тоа да идат со други жени... Но, согледуваат дека работите баш и не се како кога биле млади. Просечна (можеби малку под просек) комедија која баш и не ми се допадна.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom