Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Agora

Agora Movie French Poster.jpg

Опфатен е периодот на раната појава на христијанството (почетните векови од Новата Ера) кое, нормално се поставува наспроти многубошците (паганите) и евреите. Помеѓу тие два, односно три огна ќе се најде девојка која копнее светот да си го објасни преку науката и сите претходни сознанија на античките филозофи т.е. да го пронајде рационалното решение.

А сега и мој коментар. Уште при првите искри, како да се отслика расплетот и крајот. Како што одминуваше филмов, мојата претпоставка за тоа што и како би се случило на крајот се повеќе се зацвртуваше и на крај ми испадна точна. Можеби и за тоа не се исфрустрирав, разочарав или пак инзервирав многу. Оние што имаат гледано филмови на слична тематика, брзо би требало да го осознаат крајот, бидејќи јасно се гледа тоа како милум или силум во тие рани години луѓето биле приврзувани за верата, без оставен и милиметар место за науката, истражувањето и рационалната мисла. Таквите ги прогласувале за вештери и ги кинеле, а СЕ благодарение на неписмениот и неук народ кој како ограничен коњ на пајтон го гледале светот. Пак ќе кажам, не ми се допадна бидејќи јас сум секогаш на страната на науката, ама па од друга страна тоа е всушност било вистинското лице на тоа време. - Железото се кова, додека е врело. :toe:

 
SALT
angelina-jolie-salt-movie.jpg

Филмо тешка пуцаљка,она сама против цела Америка.Филмо ми беше онака просечен веке треба да имаш ногу храброст да снимаш филм од овај жанр и со оваква тематика поради ненормалната конкуренција и веке неизбежните клишеа ама јбг.Филмо како филм има колку позитивни толку и негативни страни ,Џоли доста добро знае да одглуме бич у некој филм .Околу содржината да спомнам троа .....мааабето е за Руски шпиони у Америка кој се унесени у Амриканското општество уште како деца и со децении чекат на дено кога ке и биде доделена мисија.Дејствуват самостојно се додека не дојде дено Х кога почнуват да сорабубат и ја клекнуват на колена цела Американска нација.Знам дека не е некоја рецензија тоа е.Моја оцена 7/10
 
2012_Poster.jpg



Филмот за фамозната 2012 година, конечно го изледав, и морам да признам дека сум воодушевен од реализацијата и од ефектите.

Знаете сите за што се работи, неколку научници откриваат дека крајот на светот е наското,
се градат арки и се спасуваат само богатите.
Кога ќе дојде крајот, милиони умираат и светот ќе го надвладее омразата и никој нема да мисли на другите.

Суштината на говорот на Адриан ме воодушеви, ме остави без зборови. Но сепак на крај хуманоста се врати во луѓето и се бореа еден за друг.


Би му дал и 10 оценка, но смртта на Сатам ме потресе многу, најзаслужниот човек за спасувањето на човештвото беше лефт бихајн и Гордон беше предобар за да умре.
 
A Clockwork Orange (1971)

clockw1.jpg


Филмот го следи животот на Алекс кој не може да одолее на силувањето жени и насилството, па затоа оди во затвор каде што прима терапија и излага како нов човек
Или не?
Филмов е mind blowing и музиката е top notch
Иако мислам дека не е за сите мене ми остави огромен впечаток

10/10
 

Падот на големата сенка...
Филмот случајно го фатив на TCM каналот,и искрено не зажалив за потрошеното време...
Филмот е прилично стар и е базиран врз вистинска приказна за Маркус ,првиот генерал на Израелската држава и за изградбата на Бурманскиот пат кој е всушност бајпас на Арабската блокада на Ерусалим за време на Израелско-Арабски конфликт 1948...
Добар филм,а гледам и го има на јутјуб...
 
Donnie Darko.





Првиот клип е трејлер другите два се музика за тој филм, има уште неколку добри парчиња на музика низ него ама ќе мора да го изгледате за да видите кои.
Втор пат во животов го гледам првиот пат онака површно но сега малку подетално :icon_lol:. Во центарот на вниманието е Дони Дарко млад тинејџер сосема нормален за својата возраст, случајно се случуваат некои работи околу него или сепак не :icon_lol:, прашање е начинот на кој се гледа филмот и симболиката што ја представува тој,
паралелни универзуми, психијатар кој на на главниот лик му дава легална дрога која сепак нема да биде тоа, демон во форма на зајак кој што представува нешто добро или сепак не, духовен учител кој е педофил и сублиминалните пораки залепени на фрижидер.....
Нај јака порака во филмот е разговорот помеѓу Дони и зајакот во киното кога Дони ќе го праша зошто ја носи таа глупава маска на зајак, одговорот ќе биде зошто овај ја носи таа маска на човек, еееееее а што значи тоа?
Не чепкајте кај спојлерот ако не ви гледан филмот, или ако ви е гледан одамна гледајте го уште еднаш после кај спојлерот можете да видите што има.....
 
По кратко боледување... кратко апстинирање да пишам во темава, решив да пишам за некои од последните гледани филмови кои ми оставиле доволен впечаток да ги спомнам тука, одиме со ред, од филмот со највисока оценка според мене кон тој со најниска:


Од филмов сум доста пријатно изненаден, го чекав, го чекав и на крај го дочекав и излезе дека чекањето се исплатеше. Приказната е совршено скроена и ако не сте изначитале спојлери ви ветувам доста квалитетно поминато време со овој филм, нема да спомнам ништо од приказната особено од тоа како се одвива и што се работи - нека ве понесе магијата на Ридли Скот и глумата на Расел Кроу. Оценка 8,5 од 10


Е тука веќе се работи за нешто навистина неверојатно со оглед на тоа дека филмов е снимен врз вистинската приказна која следела после убиството на 11 израелски атлетичари од страна на палестинците за време на олимпијадата во Минхен 1972ра. Феноменален филм, кој ќе им се допадне на сите љубители на шпионски акции... мосад... атентати итн. Оценка 8,5 од 10


Кој го испуштил филмов како мене, нека се снајде со него и нека го гледа. Нема да зажалите во ниеден момент додека ќе гледате една неверојатна приказна (препорака да го гледате со девојките) филмов е преполн со емоции. Или накратко, момче во дом за сираци со неверојатна дарба и слух за музика, музика која го повикува кон неговите вистински родители на кои неправедно им е одземен, изборот на актерите е одличен, приказната уште подобра. Препоракава за гледање особено се однесува на девојките. Оценка 8,5 од 10 (само поради некои ситници кои ме изнервира а ако ги спомнам ќе ја уништам приказната)


Солидно продолжение на првиот дел, константна акција, понешто хемија меѓу Старк и Пепер и повторно акција и само акција. Го нема шмекот на првиот дел но совршено се потрудиле да ги покријат тие недостатоци со хуморот. Кој го сакал првиот дел, ќе го сака и овој. Оценка 7,9 од 10


Силвестер Сталоне и неговиот избор на актери за неговиот филм... актери кои мора да се признае, се вистински ''ѕверови" сме гледале мал милион акции со секој од нив, секој од нив приказна за себе, но сега сите заедно во една глупа и површна приказна, можеле и морале да направат многу подобра приказна, доста разочаран сум од овој филм оценка 7 од 10 (со нетрпение го чекам чедото на Родригез/Тарантино кој треба да биде пандан на филмов по изборот на актери и се надевам... подобра приказна)

Salt
Анџелина Џоли во нова бесмртна улога (ок овој пат градите не се во преден план дури скока од ѕид на ѕид :icon_lol:), битно и Чак Норис да и се појави во филмов, мислам дека нема да ја преживее... Оценка 6,8 од 10


Е и овој го чекав... го дочекав и имаше што да видам, солиден избор на актери, но прикаската бе... па од Дизни ќе ја направат подобра, изобилува со акција и специјални ефекти, да не речам сличен или наместа ист како Clash of Titans. Но тоа е тоа, кога се работи за филм правен според игра, досега се покажало дека не треба да се очекува премногу, истото и сега се случи. Оценка 6,5 од 10
 
ОК, сум пропуштил еден култен филм: Nineteen Eighty-Four (1984)

Едно легендарно дело на Џорџ Орвел е Животинска фарма (1945) во која ни е нацртано (претскажано) како ќе изгледа еден тоталитарен систем, преку животните на една фарма, од нивната револуција, преземањето на власта, искривувањето на идеалните за сопствена корист и заменувањето на стариот режим со нов, уште посуров. Второто е 1984, напишано во 1949 година, во кое Орвел ни претставува како би изгледала крајната фашистичка тоталитарна држава и како би изгледал системот во кој човекот е сопственост на државата. Ова второто дело е овековечено во неколку филмови, а веројатно оној за кој ја пишувам рецензијава го отсликува перфектно.

Се сетив дека постои овој филм (имав слушнато порано но не сум се сетил да го побарам), откако пред некој ден слушав една песна од еден од моите омилени бендови, Radiohead. Песната се вика 2+2=5 и во коментарите на youtube (видеото се однесува на Животинска фарма) прочитав дека насловот и дел од текстот се однесува дирекно на 1984 (постои сцена за 2+2=5, симболизира перење на мозок.) Текстот оди нешто како:

...And 2 and 2 always makes a 5

It's the devil's way now
There is no way out
You can scream and you can shout
It is too late now

Because you have not been payin' attention...

Енивеј, нешто подоцна настана дискусија околу Еквилибриум, филм кој го имам гледано од поодамна, а исто така има директни мотиви од 1984. На некој начин, 1984 е Еквилибриум ама без акцијата. Како се совпаднаа овие работи, решив да го побарам 1984 и конечно да видам околу што е фрката, бидејќи Фармата ја прочитав одамна, ама 1984 не.

И ондак, еден високо уметнички филм, кој ни претставува едно мрачно општество во кое човекот е роб и секојдневно е подложен на масовен brainwashing. Слободното размислување е забрането и се бара начин како да се отсранат емоциите и како биолошки да се уништи оргазмот како последна препрека кон крајната цел. Се бара само покорност и послушност и ставање на себе си во служба на државата, неограничена верба во лидерот и партијата.


There is no way out е чувство кое ве следи низ целиот филм за разлика од Еквилибриум во кој холивудски се тежнее кон хепиенд. Филмот е навистина мрачен, сниман во нијанси кои ни го доловуваат ропството на еден слободен човек и трагедијата на човештвото. Сетот е во град разрушен од нуклерните војни помеѓу фиктивни држави како Океанија, Евроазија и Источна азија. Атмосфера во која никој не знае кој е противникот, работите се онакви какви што ќе ги каже партијата, 2+2 обично се 5, а некогаш и 3. Низ целиот тој хаос, Орвел како вистински пророк ни пренесува некои работи кои години подоцна ќе се покажат како точни: војната не се води за да се победи, војната се води за да се одржува, да трае, да ги сочува структурите на власта недопрени и да го потчини народот. Според мене, дел од пророштвата на Орвел се обвистинија низ историјата, останатиот дел се предупредување за уште полоши работи кои можат да го снајдат човештвото.

Како и да е, филмот е дораснат на идејата, мене ми ги исполни очекувањата. Не е за помладата публика на форумов и не е за оние кои не сакаат тешки филмови. Останатите нека си погледнат, иако претпоставувам дека сум меѓу последните што го пропуштиле. И запамтете, Големиот Брат ве гледа сите!

9/10
 
Push

push_international_movie_poster.jpg

Ник (Колин Форд) е дечко кој поседува телекенетски моќи и живее како и секој обичен смртник. Животот му се обрнува наопаку кога на врата ќе му тропне Кејси (Дакота Фенинг) која има способност да ја гледа иднината, но не баш најјасно и од него бара помош. Тие се впуштаат во трка и битка со организацијата Дивизија која е составена од луѓе како нив двајцата, со што пред нив би ја пронашле девојката Кира и еден куфер со unique drog. Movers vs. Watchers vs. Pushers !


- Ми се гледаше вчера некој ваков лабав science fiction - action филм и изборот ми испадна 10ка. Интересна приказна која држи онака и е стварно one of a kind, слично нешто немам гледано до сега. И уште едно нешто само - ДАКОТА ФЕНИНГ !!! - СЧ за девојчето. Во ниту еден до сега нема разочарано, браво.
 
.

Wicker Park


wicker_park_verdvd.jpg


Значи, ЗНАЧИ ако не доживеав нервен слом вечерва заради филмов, никогаш нема да доживеам! Па како е возможно бе да му се плукнам толку расипани и покварени суштества да има бе на планетава, они мизерни па и цел свет заради нив мизерен. Значи стварно на моменти ми се одеше да влезам во компјутерот и во филмот и да затепам некој. Одамна ме нема напнато толку филм, крвта уште ми врие.

Чуден, напнат филм. АМА од мене добива 10/10!!!!!!!!!!!!!

Убаво ми рекоа дека ќе се напнам на филмов... :pipi:

И уште да не завршеше со хепи енд, мислам дека ќе скршев нешто дома.
 

Attachments

  • wicker_park_verdvd.jpg
    wicker_park_verdvd.jpg
    39,2 KB · Прегледи: 10
Memento 2000
Вакви филмови вредат да бидат репризирани одново и одново, може претходно иам пишувано за него али еве пак.
Совршенство од филм кој се гледа на само. Крајно напнато, нема дел од филмот кој што не е битен. Гледајте го внимателно за да не се чудите од кај ова сега, зошто ова вака. Испуштите ли нешто, џабе го гледавте. Не кажувам ништо од приказната, што и да кажам нема да ви доловам-ќе си гледате:)


American History X 1998
Ах Едвардовци што ми направивте? На крајот се расплакав :( Многу ме погоди филмов.
Очекуваш хепи енд кога...
Нортон- ЅВЕР! :cuc:Во ниеден филм ме нема разочарано. Како само ја изнесе омразата, препородувањето во затвор и грижата кон помладиот брат, трудот да му покаже дека во се‘ што досега верувал е погрешно. Фурлонг исто уверлив како помладиот брат Дени.
Значи приказна за двајца браќа Дерек и Дени. По смртта на татко му Дерек станува нео нацист, заглавува во затвор, за кога после кога ке излезе да види дека и брат му Дени тргнал по негови чекори...


Dorian Gray 2009
Одлична екранизација на делото на Вајлд. Да, имаше некои ситни измени али тоа не влијаеше на квалитетот. Бен Барнс е брилијантен како Дориан и супер му легна улогата. Одлична драма, вреди да се погледне.

Angels & Demons 2009
Прв пат кога го гледав се воодушевив од филмот, али тогаш не ја имав читано книгата. Сега гледам дека многу(според мене) битни работи се изменети со кои се нагрдува филмот. Знам, не може да е исто ко во книгата, али подруго го замислуваш сето тоа од книгата.
Околу приказната: Ленгдон е симбиолог кој иде во Ватикан да помогне да се справат со древниот непријател на Католичката црква-Илуминатите.

Goal: the dream begins 2005
Со упорност и посветеност можеш да си го оствариш сонот, па и по цена да му се спротивставиш на најблискиот. За 2сата филмчево успеа да ми ја продаде филозофијава. Се работи за спортска драма и уште ако сте навивач на Њукасл ептен ке ви се допадне. Сантјаго Муњез е талентиран мексиканец кој на предлог на бивш скаут, пристигнува во Англија за да си ја проба среќата во Њукасл јунајтед.
 
Salt (2010)

Ете го изгледав, не оти не знаев што ќе видам, туку чисто за да можам да се вклучам во дискусииве :) Ќе му дадам и едно две оцени на филмов. Што очекував?
Очекував добра акција, онака што викаат енглезиве, да те држи на работ на седиштето. Тоа и добив, акцијата е одлична, оваа Салт скока по автопати од мост на камион, од камион на кола, нишо не и фали, куршум не ја дупчи, ги тепа тоа мајмуните бетер од Стивен Сигал кога им мава шамари или Нео кога го тепаше агентот Смит. Тоа е, такви времиња дојдоа, секој може да биде акционен херој, па така нема што да и се замери на Анџелина Џоли: ако може Бонд да паѓа во багажник на кола од авион, да се отклучи и да се пења по колата нагоре додека оваа паѓа со вртоглава брзина (така нешто беше последна сцена од Бонд што сум ја гледал, од тогаш не гледам :) ) ондак зошто не би можела Салт да прерипа неколку огради и да искрши неколку кичми. Се на се, ми се допадна динамиката на филмот и акцијата која е чиста, во споредба со некои понови акции во кои не се гледа кој пие а кој плаќа. Кој има големи очекувања од вакви филмови редовно си има мака, овој филм се гледа заради тепачките и брканиците, и како таков, за акциониот дел, му давам 10-ка бе и ич не ми е гајле шо ќе речете.

Е сега, за содржинскиот дел му давам здрав кец у кец пошто како и повеќето вакви филмови, нема никаква логика, апсурден е, невозможен е, смешен е и ред други работи кои нема ни да се мачам да ги анализирам како што правев со Eagle Eye (2008) на пример. Ќе ме боли главата без потреба.

Солиден филм за пуканки и пуштање мозок на пасење. Толку од мене.
 
The Bucket List ( 2007 )

The-Bucket-List.jpg

Еден од најдобрите филмови што ги имам гледано. Одлична приказна и глума, неможе и да се очекува помалку од Џек Николсон и Морган Фримен. Нема да пишувам рецензија и ќе ве оставам љубопитноста да ве натера да го гледате филмот, верувајте нема да зажалите.

10/10
 
Деновиве си барам филмови од топ250 листата на имдб и ми влегоа во очи овие два.

Taxi Driver 1976

Кога го видов режисерот си помислив овој филм мора да се гледа.Тука е и актерска екипа, Роберт Де Ниро и Џуди Фостер на млади години, да не прочитав дека се они веројатно немаше ни да ги познаам.
Роберт Де Ниро e во улога на таксист, тој е осамен ветеран од Виетнамската војна и се пријавува да вози такси во ноќна смена. Секоја вечер тој е сведок на проституција и насилство по улиците на Њујорк.Еден ден тој одлучува да направи важен чекор во неговиот живот, да спаси тинејџерка од проституирање.
Оцена 8/10


Donnie Darko 2001

Психолошки трилер, треба да се гледа на одморен мозок, ама јас уживав во него .Има убави реплики, убави мисли, некои толки прости искажани на прост начин а толку значајни, а има и тешки што ве тераат да размислите,за животот, за нашите судбини.
Накратко за приказната. Тинејџер Дони Дарко има визии, нему му се појавува суштество со зајачка глава и му навестува за крај на светот.Дони Дарко добива инструкции од мистериозното суштество да прави некои несвојствени работи.
и еден цитат: ''They made me to do it'':vozbud:
Mу давам 9/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Филм од 80десетите,правен според албумот The Wall на познатите и неповторливите Pink Floyd.
Жанр- мјузикл.
Зборува за еден човек Pink кој како дете е растен без татко(загинат во војна) и прегрижлива мајка,којашто социјализација резултира со еден вид невклопување во општеството.Уметник по душа,човек кој што подруго ги гледа работите во околината.Создава околу себе еден зид(The Wall)во којшто се чувствува безбеден.Зборува и за многу други работи...
Филмот е уметнички и не е баш лесен за протолкување.
Од мене 8/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom