КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
56. American Beauty (Sam Mendes, 1999)

56.jpg
Филмов јаде многу критики на форумов а и на интернетов опшо, баш затоа и одбивав да го гледам долго време, а и боље, пошто да го гледав пред 1-2 години ќе ми беше преглуп.
Ко што реков, филмот трпи критики пред се поради тоа што им земал Оскар на филмови како The Sixth Sense и The Green Mile. Во ред, се слагам и јас, таа година Оскарот морал да заврши кај Шестото сетило.
Меѓутоа филмов си го има заслужено статусот што го има стекнато овие 16тина години, си ги има заслужено сите Оскари освен тој за филм на годината.

American Beauty (ова beauty мислам дека е иронично) е класична драма, врска нема со романса, повеќе е еден вид на црн хумор и трагедија.
Режисерот сака да ни го претстави животот на (скоро) секое второ американско семејство. Ако во American Psycho со Бејл ни е претставен еден карактер на разгалено копиле, тука режисерот паралелно обработува 5-6 карактери.

Кевин Спејси е окарактеризиран од неговото семејство како лузер, никој не го прашува за ништо се додека не ја запознае пријателката на неговата ќерка која ќе му се засвиѓа и на некој начин ќе го натера да си го промени својот монотон живот.
Жена му е опседната со идејата да биде успешна бизнисменка односно да биде број еден агент за продажба на недвижности, но на крај испаѓа дека таа е лузерот во семејството. Семејство без никаков однос, мажот и жената само живеат заедно, немаат никаков однос ниту пак се премногу заинтересирани за ќерката која како што вели Спејси е класичен тинејџер.
Џени се вика, несигурна во себе, незадоволна од својот изглед, ги мрази родителите и се дружи со една прчла (симпатијата на Спејси) која сака да биде центар пажња и најпосакувана девојка. На крај убаво ќе и објасни Рики.

Рики пак е нов сосед на семејството на Лестер (заборавив погоре да спомнам, Лестер е Кевин Спејси) дете коешто 2 години од својот живот ги поминал во лудница поради тоа што се степал на школо. Татко му фактички му ги уништил сите детски сонови кои што ги имал па среќата ја гледа во малите работи, низ објективот на камерата.
Ќе се запознаат со Џени и ќе се пронајдат самите себеси.

Татко му на Рики е некое воено лице, тежок карактер, хомофоб :)лолз), намќор кој со своите постапки во текот на годините го упропастил животот на неговата сопруга којашто се мрднала живеејќи со таков човек, воено воспитување кој секој проблем го решава со насилство.
При крајот на филмот има една сцена со Рики и неговата мајка, сцена која ќе даде објаснување за целиот нивен живот со мажот односно татко му на Рики.
Ќе ви се објасни и она лолз од погоре.

Мене ми беше многу јак филмов иако не очекував вакво нешто, мислев дека е класична романса, како што пишува во дескрипшнот на имдб, но искочи нешто сосема друго.
Кевин Спејси маестрално ја одигра оваа улога, заслужено си добил Оскар.
Филмов одлично ја отсликува американската реалност, вистинска уметност е, еден од ретките филмови од таков тип што ме воодушевил. Ако ја сакате уметноста и вистинските животни судбини, ако сакате да ја откриете реалната слика покрај гламурот и сјајот што ни го претставуваат американските телевизии во филмов совршено ќе ја уловите вистинската слика за она што всушност претставува Америка и едно просечно американско семејство. Оценка 10/10.
Многу перверзен филм, но во позитивна смисла. Ептен ми се допадна. Се работи за човек којшто запаѓа во депресија и апстинира од секс со својата жена. Затоа секој ден мастурбира.. Се се сменува кога се заљубува во другарка на неговата ќерка и веќе излегува од депресија и на секаков начин пробува да ја освои.
Филмот завршува фатално за него..
Измеѓу сето ова се преварите на неговата жена,психо момакот од другата страна на улицата,пушењето трева итн.

Оцена - 9/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
55. Witness for the Prosecution (Billy Wilder, 1957)

55.jpg
Филмов одамна сакав да ви го предложам и конечно еве го, од еден од моите омилени режисери Billy Wilder. Најпросто се работи за адвокат кој ќе прифати да брани човек обвинет за убиство, а во обвинетиот е вљубена една инзвонредна жена, толку.
Знам дека делува како обична судска драма, ама верувајте не е, само не сакам да откријам повеќе.

10 од 10 (од мене)
9,3 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
54. Scent of a Woman (Martin Brest, 1992)

54.jpg
Подзаборавен филм кој навистина вреди да се погледне.
Се работи за студент кој за да заработи некој денер оди да чува слеп човек, но работата не ни одблиску онакава каква што тој очекува. Филмот остава наследство во животот, едноставно прави да го цениме животот, прави да сфатиме дека животот може да се живее во една минута како што кажува Пачино во најубавата сцена од овој филм. Се зборува за вредностите на човекот, интегритетот и моралните принципи.

..."There was a time I could see. And I have seen boys like these, yunger then these, their arms torn out, their legs ripped off. But there isn't nothin' like the sight of an amputated spirit..."

10/10
Што убаво кога постојат класици на кои ми избледнело сеќавањето, чисто да се изненадам повторно од нечија изведба. Сосем го имам заборавено филмов, речиси секој детал ми избегал. И добро е што е така, не ми текнуваше ни на почетокот ни на крајот. А каков само почеток, средина и крај има. Стара филмска школа и маестрална глума. Само што мислам дека го има најутнатиот филмски наслов на сите времиња, асоцира на нешто сосем трето од она што е главна содржина во филмот. Ни најмалку не е потера по убави жени, тие имаат 15 минутно значење во филмот. Ова е филм за животот, накратко речено.

Самиот гледач има чувство дека полковникот Френк (Ал Пачино) му е учител. Зашто говорите кои ги држи делува како да ги споделува со секој кој го гледа филмот. Френк е комплексна личност која на моменти сериозно знае да ви згази на нерви, се до моментот кога под тој слој не му ја видите човечната страна. Тој е слеп и има поприлично тежок карактер. Сета тортура ја спроведува над момче по име Чарли Симс (Крис О Донел), кој ќе прифати да го чува за еден викенд за да заработи доволно пари да си купи авионски билет за дома. Чарли е огромно изненадување за Френк. Човечноста и емпатијата на момчето сосема ќе го освојат. Чарли ќе биде приморан постојано да се бори со Френк, за да излезе на крај дека еден на друг ќе си ги сменат животите на посебен начин. Како и зошто, може да откриете сами.

По прв пат во животот откако гледам филмови не сакав да погледнам до каде е филмот. Искрено не ни знам колку трае, толку е добар, што сакате да трае повеќе. А ќе си речете, зарем двајца луѓе може до тоа ниво да задржат нечие внимание. Да можат. Зашто и двајцата глумци се извонредни, а сценариото речиси совршено.
Конечно и јас да го гледам филмов, не сум знаела какво ремек дело пропуштам. Ал Пачино во улога на слепиот, пензиониран офицер Френк, со груб речник и сентиментална душа.
Култни сцени има филмов, реплики што воодушевуваат и најважно од сè нѝ помага да сфатиме колку е убав животот и како треба да се бориме за да си го направиме таков. За чудо говорот на слепиот Френк ме натера да пуштам солза, навлегува длабоко емотивно и ја кажува правата вистина, суровоста со која се среќаваме секој ден.
Френк иако во тотална темница, ја има најголемата светлост во животот, а тоа е неговиот длабоко сентиментален и непобедлив дух.

Must see филм, што да речам друго, оценката нормално 10ка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
53. Goodfellas (Martin Scorsese, 1990)

53.jpg
И добрите момци да добијат рецензија.(Иако пред некоја година мож сум пишал нешо онака за филмов)

Па идеме...
Подобар биографски филм со фокус на криминалци немам погледнато.
И на гудфелас можеш да се навлечеш многу побрзо отколку другите крими филмови.
Fast paced расплетот прави чуда.
Ќе се чудиш каде ти поминале 2 часа кога ролаат енд кредитс.
Улогите во гудфелас се создадени за актерите кои ги екранизираат.
Перфектноста во глумата е дел од одличната соработка со вистинските криминалци и навиката на Скорсезе да го извади најдоброто од секоја сцена.
Наративното раскажување на Лиота и претстaвувањето на ликовите е генијално.

Не очекувајте од филмов сопствен универзум ниту некоја уметност, туку галаксија во која ѕвездите сјаат повеќе отколку во било која друга улога(тука отстапка праи Де Ниро,тој сјаел и во многу други улоги).

Пример како од копиљ шо шитка цигари у маало.., станува локал мафијаш и дете од доверба.

Сето тоа едитирано на тој начин што несакаш да заврши филмот.
Бидејќи трансформацијата се очекуваше,во биографија знаеш што се случило -како ќе биде-како ќе заврши.Нема место за порадикални импровизации.

Ray Liotta требаше да се пензионира после улогава.
Лесно беше кога беше на врвот.
а види му сурат коа е у небрано.

За Де Ниро доста е шо пуши цигара и праи face expression.
Толку бил посветен на улогата шо го замарал оној вистинскиот Џими со чести повици во затвор,само за да го долови најдобро што може.
Харизмата ја објаснува нараторот,каде влага Џими сите се wow .
Таква му беше и глумата.
Некои од неговите совети во филмот се едноставни а бесценети за тие шо праат матни бизнис зделки.
Џо Пеши :vozbud: иако вистинскиот Томи бил голем човек, треба голем талент за таков психо да изглумиш.Funny guy.
Заслужено оскар.Толку за него.

Пол Сорвино, Лорен Брако,Фрeнк Винсент како појава,Мајкл Империоли како Спајдер, па и мајка му на Скорсезе.(y)10/10

Техниката на снимање.
Исто као да си во клубот.
Да не ставам клипови,има многу сцени каде се снима опкружувањето и луксузот или бедотијата на самото место.

Нема оригинален саудтрак,сепак песните као шо пишав се совршено склопени.
Одбрани според самото дејствие ,на почетокот се е повесело и полајт.
За потоа да следат Ролинг Стоун,Џорџ Харисон и Сид Вишс за крај.

Лиота се обидуваше на неколку пати да го одвикне вистинскиот Хенри хил од алкохолот и други зависности.За жал не успеа.Хенри Хил почина лани.

Ова е едноставен филм за животот на Хенри Хил и неговото опкружување т.е. портретирањето на криминалците кое ви овозможува да го видите животот на една екипа која се нарекува гудфелас.
Добрите и лошите времиња низ кои тие поминуваат.
И еден избор.
Дали сите тие со кои си го поминал животот вреди да ги уништиш ,на сметка - спас за својот газ?

Можеби и вие ќе се најдете некој ден во таква ситуација.
Класика мафијашки филм од 90тите.
Вечното прашање кој беше подобар Кум или Добрите Момчиња? Момчињава ми беше гледан многу одамна, па скоро имав заборавено се што се случуваше во него и денеска одново и неможеш да зажалиш ако го гледаш филмов повеќе пати. Кога имаш екипа како Де Ниро, Реј Лиота и Џо Пеши па уште и под раководство на Скорсезе едноставно и да сакаат да направат лош филм тој ќе испадне легендарен.
Биографски филм за Хенри Хил (Реј Лиота) и неговите другари и нивното станувањето на едни од најголемите мафијаши во историјата. хенри ќе влезе во мафијашкиот свет уште како тинејџер и оттогаш ќе сака да биде само тоа бидејќи е запрепастен од тоа како без некој посебен труд секогаш имаат се што ќе посакаат. Низ животот ќе се здружи со Џими (Де Ниро) кој е легенда во мафијата уште како млад и со Томи (Џо Пеши) кој е единствениот од нив тројца кој е чистокрвен Италијанец. Заедно ќе поминат низ се и сешто, ќе имаат свои подеми и падови, едноставно ќе го живеат мафијашкиот живот и ќе се водат по идеологијата "незнаеш што те чека утре".
Актерската екипа веќе ја спомнав и не треба да се кажува нешто посебно многу за нив. Де Ниро како и секогаш одличен, легендарен. Реј Лиота си ја заврши одлична улогата како Хенри Хил, го претстави на фантастичен начин. Џо Пеши беше дефинитивно најдобар не за џабе има добиено оскар за улогата во филмов(плус еден од омилените актери ми е). Скорсезе го средил филмов и го донел до совршенство, како што спомнав погоре кога ги имаш нив четворица лош филм неможеш да имаш лош филм.
Не верувам дека некој го нема гледано ама ако случајно има енкој таков нека го симнува и нека потроши 2 и пол саати, дефинитивно нема да ги зажали.
10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
52. Paths of Glory (Stanley Kubrick, 1957)

52.jpg
Решив во последно време да загледам малце филмски класици, па имав неколку ремек дела на Кјубрик што никогаш не сум ги видел.

Првиот таков е Paths of Glory, воен филм, или поточно кажано анти-воен филм чие дејствие е сместено во времето на Првата светска војна во редовите на Француската армија. Филмот е базиран на роман, кој пак е наводно базиран на вистинити настани во тоа време, точно е во Француската армија во WW1 имало бунтови и имало стрелање на војници. Накратко, во филмот се раскажува за една регимента, во која по неуспешен напад на германските линии на фронтот, се бараат кривци помеѓу војниците кои ќе бидат стрелани за да бидат пример за другите војници.

Најискрено, не очекував многу од филмот иако има доста висока оцена на IMDb но бев ептен изненаден, филмот иако снимен 1957 и зборува за настани од пред 100 години е безвременски. Акцентот не е ставен на самата војна, на битки и на епски сцени, туку на човечките судбини, на тројца војници избрани по случаен избор (или по некоја друга, лична причина) и во секојдневната борба на обичниот човек со неправдата, со неспособноста на своите претпоставени (шефови, генерали, директори) прикриена со ароганција, цинизам, себепромовирање и слаткоречивост, одлично пресликана во ликовите на двата француски генерали, кои на некој начин би требало да ги имаат улогите на негативци, иако во овој филм не во класична смисла на зборот.

Во филмот главната улога и ја има и одлично ја одигрува Кирк Даглас кој глуми француски офицер кој го предоводи нападот а подоцна е бранител на војниците од неговата регимента пред воениот суд.

Со оглед дека е еден од постарите филмови на Кјубрик, ја нема големината, мистиката и атмосферата како во некои негови подоцнежни, ( Одисејата, Оринџот или Shining) но во релативно слабиот жанр на филмови за Првата светска војна, ова сигурно е најдобриот филм за тој период, а секако и еден од најдобрите (анти)воени филмови на сите времиња.

Моја оцена 8.4
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
51. Sin City (Frank Miller, Robert Rodriguez, Quentin Tarantino (special guest director), 2005)

51.jpg
Одложував, одложував и ете..
Роберт Родригез, и гостин Тарантино, зарем може да е лошо?
Ме мрзи кратка рецензија, само ќе кажам дека филмов си ја заслужи својата позиција на мојата листа на омилени филмови.
Само да напоменам дека се воодушевив со репликите/дијалозите во филмов.

10+/10.
Ако сте љубители на филмовите на Quentin Tarantino/Robert Rodriguez. И ако сте љубители на црн хумор. Ако не сте, не е препорачливо.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
50. Dead Poets Society (Peter Weir, 1989)

50.jpg
Филм кој ми го смени животов.
Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм.

Dead Poets Society - Oh captain my captain! Best teacher ever.
Филмов е бајаги стар, верувам дека некои од вас го имаат гледано. Но зошто вреди да се гледа овој филм - ќе се замислите како да го гледате животот понатака, и дали сте спремни да ги остварите своите соништа без разлика дали некој ќе ви пречи или не. И да...колку сте спремни да го зграпчите денот.
Кој сака малце посериозен филм, нека го погледне овој.
Не знам како никој не го спомнал овој одличен филм на Робин Вилијамс.
И секако,извонредната изведба на потценетиот Robert Sean Leonard (Wilson - House M.D.)
Carpe Diem,филмот носи силна поента со која навистина многу луѓе можат да се поврзат.
Мене ми се допаѓа тоа што го кажува,она што јас толку време го мислам,дека секогаш ќе има авторитети над тебе,и дека некогаш ќе мора да застанеш пред нив,за твојот став.
Филмот во суштина е концентириран еднакво околу неколку ликови,тинејџери кои влегуваат во животот,и нивниот професор Dr. Keating (попознат како Captain my Captain),кој користи неконвенционален метод на предавање,и воедно на сосема друга насока на разбирање на поезијата.
Тој пробува да направи од следбеници,слободни мислители и филмот силно се фокусира и на последиците од тоа.
Вилијамс и Леонард се одлични,можеби млака улога на Ethan Hawk,но во целина,и повеќе од добар филм.

Дури и повеќето кои не ја размислиле оваа точка,ќе пронајдат инспирација,сила и ред други слични работи во филмот,како што и тврдат повеќето од коментарите за филмот.

Оценка 8,5/10.
Филм стар колку и јас. :) Ме воодушеви идејата за тоа колку е важно да се биде посебен и истакнат, да се биде храбар наспроти целата конформистичка околина. Филмот има прекрасна идеја за тоа како навистина да се допре животот и да се почуствува, да им се спротиставиме на конвенционалностите што не опкружуваат, макар што некои нема да успеат секогаш ќе знаат дека барем се обиделе. Тука се гледа другарството и предавството, она што навистина вреди и тоа што сепак ќе остане на маргините.
Ми беше интересно да го видам Robert Sean Leonard во улога на млад ученик, многу години помлад од она што го знам како партнерот на Хаус.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
49. Cinema Paradiso / Nuovo Cinema Paradiso (Giuseppe Tornatore, 1988)

49.jpg
Е ова во мојот речник се вика филм: Nuovo cinema Paradiso (1988)

Последен пат го гледав како мал уште и ми имаше останато во некое сеќавање, но тогаш не сум можел да го разберам и да уживам во него како сега, иако и тогаш ми се допаднал.

Филмот кој доби Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е лесно еден од најдобрите филмови на сите времиња. Вистинска ода на младоста, пријателството, и кинематографијата. И филм кој за жал на крајот ќе ве увери во старата изрека: Се тече, се се менува“

Дејствието е сместено во повоена Италија, во едно мало и сиромашно градче на Сицилија, во кое единствена форма на забава е Cinema Paradiso, локалното кино кое некогаш е претесно да ги прими сите оние кои сакаат да ја погледнат магијата на филмовите. Еден од оние кои неповратно се вљубуваат во филмот е малиот Тото, кој по игра на случајот ќе стане единствен жител на градот кој знае како да проектира филм на големото платно...

Филмот и оддава вистинска почит на светската кинематографија, ги прикажува филмовите какви што беа некогаш, и луѓето кои растеа со нив.

За да биде се комплетно, soundtrackot е на Ennio Morricone.

Од мене, чисти и недвосмислени 10/10.

Само една напомена за оние кои ќе решат да го изгледаат филмот: јас ја гледав оригиналната верзија која трае 2 часа. Подоцна е направена верзија во која се додадени предходно избришани сцени, и трае 2 часа и 40 минути. Ако ја најдете втората, претпоставувам дека уживањето ќе ви трае подолго.
Ремек-дело. Преубав филм. Приказна за пријателството и љубовта. Во првата половина од филмот дејството се одвива во Италија нешто после втората светска војна. Го имаме малиот Салваторе(Тото) чив татко сеуште се нема вратенo од војната и живее со својата мајка и мала сестра. Тото се спријателува со Алфредо кој работи како прожектонист во локалното кино и го поминуваат своето време најчесто тука, кај прожекторот. Тото е палав, непослушен, го внесува во неволји Алфредо но и покрај се нивното пријателство е најчисто, најискрено и нераскинливо.

Филмов е многу реален, на некој начин едноставен и лесно допира до гледачот. Има доста тажни моменти.

Алфредо е интересен лик. Делува на глуп човек, кој нема завршено школо но има некои јаки, сопствени сфаќања(и покрај честите цитати кои ќе ги користи од други филмови) и филозофии за животот кои на повеќето луѓе би им биле чудни. Ќе му раскаже една многу интересна љубовна приказна на Тото со бесмислен крај, која Tото на некој начин ќе ја искористи во својот живот.

Во втората половина од филмот,
Тото е средношколец и се заљубува во Елена. Алфредо не е баш најрадосен поради ова и има некое песимистичко мислење.

Не можам више да ви го раскажувам. Ако не сте го гледале, и сте љубители на јаки драми, моментално download.
имдб вели дека филмов е 87 на сите времиња, јас викам дека местото му е во топ 10. Еве зошто: Shawshank redemption и овој се единствените филмови кои ги имав гледано пред многу години, а ми се врежале во сеќавањето како нешто совршено. Се сеќавам дека филмов го имав гледано на Сител многу одамна и конечно вчера го гледав по втор пат. Не знам некој филм да ме погоди толку многу. Има филмови во кои на една или две сцени од филмот ви доаѓаат солзи на очите, филмов е малку поразличен, досега немам сретнато филм на кој ми доаѓале солзи едно 40-45 минути. Тоа се последните 40 минути од филмот. Во овие минути секоја сцена е посилна од претходната просто невозможно е да не пуштите солзи. Нема да ви го расипам филмов со тоа што ќе прераскажувам делови од филмот, погледнете го сами, нема да зажалите. Ќе пишам дека филмов во себе носи еден луп пораки почнувајќи од љубовта, пријателството, искреноста, животот и сите негови предизвици, упорноста, тврдоглавоста, и пак ке завршам со љубовта. Филмов МОРА да го изгледате.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
48. 300 (Zack Snyder, 2006)

48.jpg
Пак проблем - иако постојат неколку теми во кои се спомнува, нема класична рецензија за филмов на форумов, или можеби има, но поради обскурноста на search-от јас не можам да ги пронајдам. Во темите се проблематизираат некои други аспекти, како на пример дали се работи за историски спектакл или pure fiction, како и за плагијаторството, т.е. кражбата на нашата „Зајди, зајди“ од Александар Сариевски во филмот. Ако некој успее да најде некое мислење, или барем оценка за филмов, нека ми пише во приватна порака. Под ова, нешто што беше најблиску до позитивна критика, иако не е баш тоа:
Точно дека 300 не претендира да биде точен, напишав само дека сака да 'изглеа кул', но проблемот е што Американчиштата сега укапираа дека Персија = Иран и дека тие се лоши луѓе пошо ја напаѓаа демократијата Спартанска. Не се толку глупи да веруваат дека постојат луѓе без раце, но нема ни да знаат (поради филмот) дека Спарта била базирана на робовладетелски систем (7-8 роба на граѓанин) и Спартанците уживале во секс со млади момчиња.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
47. Stalker (Andrei Tarkovsky (as Andrey Tarkovskiy),1979)

47.jpg
Mislam deka nema (рецензија за филмот на форумов, з.а.), citav recenzii na IMDB kade go drobat filmov do beskonecnost, i baraat logika i skrieni poraki u nekoi smeshni detali od t.e ocajnicki se probuva da se razlozhi filmov, nekoi pisat deka e dominantno vo vrska so nauka, racionalizam, materijalizam, drugi za spiritualnost, humanizam, vera, religija, ljubov, umetnost...
Stalker ептен mindfuck-ерски е!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
46. Se7en (David Fincher, 1995)

46.jpg
Пред да го гледам филмов имав само слушнато за насловот, не знаев ни кој глуми ни што се случува.Случајно го начекав на телевизија пред заспивање, го изгледав до крај и останав :eek:.
Не сакам трилери и криминалистички филмови,ама овој е нешто неверојатно.Не сетив кога поминаа 2 саати.Претпоставувам 90 % овде го имаат гледано,но еве уште едно потсетување за тие 10 % (во кои до вчера спаѓав и јас) да го изгледаат секако.
Во главните улоги Морган Фримен и Бред Пит како двајца детективи кои се целосна спротивност.Едниот пред пензија, смирен, ладнокрвен, а другиот штотуку дојден на работното место, избувлив, hot-headed.Бркаат сериски убиец кој убива според седумте смртни гревови.
Расплетот е тотално непредвидлив, од нигде никаде ќе останате со подотворена уста, нема да верувате дека тоа е тоа.
јас одма погодив што е во кутијата, по изразот на лицето на Спејси и по моментот во станицата кога секретарката му вика на Милс дека е баран на телефон од сопругата, но сепак е WOW момент.До крај си велев дека не е можно да е така и не си верував на теоријата.Но, дека Спејси сам ќе се предаде и дека така ќе ги изигра...тоа не може никој да го очекува.
Брилијантен филм, оценката 8.7 на ИМДБ дури мислам дека е мала.
9.5 од мене, филм кој секој мора да го изгледа.
Двајца детективи (Brad Pitt и Morgan Freeman) тргнуваат во потрага по сериски убиец... И нема да откривам ништо понатаму затоа што секоја наредна реченица би била спојлер. Беспрекорна глума, интересна поука и повеќе од сигурно е дека на љубителите на добри трилери ќе им се допадне и овој. Има неколку грозни сцени, крв, гнев и возбуда.
Одлични реплики...
Ernest Hemingway once wrote, "The world is a fine place and worth fighting for." I agree with the second part.
Оценка 10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
45. Back to the Future (Robert Zemeckis, 1985)

45.jpg
10/10. Првпат го гледав. А стар е. Многу ми се допадна, интересен, на ниеден момент не ми беше досаден. Режисер е Спилберг, а глуми Michael J Fox како седумнаесетгодишно дете кое ќе се врати во минатото и ќе попречи на средбата меѓу неговите родители, со што го доведува до прашање неговото постоење.
Одамна немам гледано филмче кое вака ќе ме опушти. Го препорачувам, ако воопшто има некој кој не го гледал:smir:
Во недостаток на добри филмови брцнав малку во колекцијата и извадов една класика: Back to the future 1. Што да се каже за филмот повеќе од она што го кажува оценката на ИМДБ (8.4/10)? Одлична приказна, иако на моменти неиздржана, ама целата реализација со Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд е едноставно неповторлива. По којзнае кој пат го гледам и не ми е здосаден. Нема што многу да пишувам за содржината бидејќи верувам дека сите го имате гледано.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
44. Life is Beautiful / La vita è bella (Roberto Benigni, 1997)

44.jpg
Филмов го имав гледано само еднаш и тоа на А1 или на Телма пред едно десетина години, па затоа решив повторно да го ѕирнам.Прво што ми падна на памет е Бенињи... каков актер, со право му е доделена наградата најдобар актер за филмов. Ама баш ништо не му фалеше во неговата улога, се надмина себеси.

Малку рецензија:

Гуидо е италијански евреин кој и покрај сета немаштија, тој ужива во животот. Тој ќе се заљуби во Дора, наставничка која е верена за еден државник. Но некако успева да ја разубеди да се омажи за него, и го добиваат синот Џошуа. Потоа дејството се одвива негде 1943 година кога Италија е длабоко навлезена во Втората Светска Војна, војниците ги собираат евреите и ги носат во концентационите логори (меѓу кои се наоѓаат и Гуидо и Џошуа). Но со нив се приклучува и Дора која иако нема никакво еврејско потеко, таа се жртвува со цел да биде со фамилијата.

Мислам дека доста кажав, тие што го имаат гледано знаат за што филм станува збор... додека пак за тие што го немаат гледано, имаат еден совет од мене... наместо по 10 пати да го гледате срањено од филм наречено Fight Club, погледнете го филмов кој навистина ќе ве растажи а вооедно од срце ќе ве насмее, и сигурно крајот ќе ве остави со замислени глави. Бенињи е генијалец, ништо друго не кажувам за него. Не сум видел во ниту еден друг филм татко така да се однесува заштитнички кон своето дете.

Оденка од мене : 10/10 :cuc:
Првата половина на филмот е со многу романтика и комедија и е прикажано времето пред првата светска војна кога Гвидо ја запознава Дора.
По неколку години тие се зимаат и имаат син.
Во втората половина од фимот е прикажано времето кога започна втората светска војна. За време на 4 роденден на синот Гвидо и неговата фамилија со воз ги носат во концентрационен логор.
Се што се случува таму и дали ќе прежвеат ќе видите ако го изгледате филмот.

Оцена 10/10
Ако некој филм вреди да се гледа, дефинитивно е La Vita e bella. Станува збор за животната приказна на Гвидо. Откако ќе ја запознае љубовта на својот живот (Дора), ќе започне живот со неа. Животот ќе им се исполни кога ќе им се роди Џошуа. Филмот на почетокот е доста смешен, има многу интересни сцени. Меѓутоа дејствието се случува за време на Втората светска војна - а Гвидо (па и неговиот син) се евреи. Кога германската војска ќе пристигне во градот ќе започне оној “тешкиот“ дел на филмот.
Прекрасен филм, и иако трае 2 саати сепак носи прекрасна приказна.

Јас му давам на филмот 10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
43. Escape from Alcatraz (Don Siegel (as Donald Siegel), 1979)

43.jpg
Escape from Alcatraz или Escape from Shawshank(Shawshank Redemption) Два култни филмови...
Јас лично не можам да се одлучам,ме влече Алкатраз некако ми е по содржаен башка и Клинт Иствуд е "пофраер" од Тим Робинс.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
42. Saving Private Ryan (Steven Spielberg, 1998)

42.jpg
Филмот е нешто сличен односно е дел од калиброт филмови слични на Титаник, што се однесува до креирањето на приказната, значи, војник во Втората светска војна ја објаснува Инвазијата на Нормандија, а Спилберг го прави филмот. Во почетокот на филмот се зборува како обединетата Американска, Канадска и Британска војска со транспортни бродови (Од периодот на 2СВ) ја инвадираат Нормандија и однесуваат пирова победа, се рушува сонот на Хитлер и се срамнува со земја авангардниот проект на нацистичка Германија, Атлантскиот зид. Подоцна во филмот дејствието се пренесува во спасување на Евреи,Руси,Американци,Британци на територијата на Нормандија. И на крајот следува битката во град во Нормандија (Мислам дека се зборуваше за Авр). Сојузниците ја носат победата. Длабоко се отвора Западниот фронт, започнува пропаста на Третиот рајх. Филмот е еден од моите омилени, строго го препорачувам!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom