КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Конечно можете да го заборавите Кајгана филмскиот каталог за тапчовци! :sneaky: Сега имате еден нов, ваш. Цела година, од 10 март 2015 до 28 март 2016 траеше проектот во кој, според зборовите на @wot , направивме Kajgana approved листа на филмови, ТОП 250 филма на сите времиња според ВАС. Се предлагаше, се гласаше, губевме нерви сите, за конечно еве да ја добиеме листата.

Овде ќе бидат презентирани сите 250 филма, со ваши рецензии за истите, и тоа по редослед од 250-то до прво место и пак според вашите гласови! :aplauz:

Бидејќи ова ќе биде тема баш како каталогот, и со тоа read-only, ве молам не коментирајте ништо додека да стигнам до прво место зашто јас немам супермоќи за да ја отклучувам и заклучувам темава додека одбројувам кон врвот. :P Да знаете, ако правите муабет овде, ќе ве кажам на @џимеј и @wot , па после тешко вас. :uzi:

На овој линк ќе ја најдете Letterboxd листата со 250-те филма: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/250/

Почнуваме, по рекламите! :kezec:

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
250. The Best Offer / La migliore offerta (Giuseppe Tornatore, 2013)

The Best Offer.jpg

После подолго време сум толку многу импресиониран од филм што дури и рецензија се решив да пишам. Претежно читам по темиве за филм, барајќи добар предлог, и ако некој го гледал The best offer а не го препорачал направил грев. Каков скапоцен камен е овој филм, а колку незабележано поминува. Совршен е од сите аспекти. Џефри Раш ни прикажа глума која е тешко да ја опишам со зборови. Неговиот глас, начинот на кој се изразува, неговото камено студено лице, начинот на кој оди, даваат уникатен вкус на овој деликатес од филм. Ја направи најдобрата трансформација на лик која било кога сум ја видел на филм/серија, трансформација која ја градеше полека и речиси незабележливо, поради тоа и филмот така неприметно се вовлекува под кожа. Дефинитивно еден од оние филмови кои те тераат да мислиш на нив по неколку дена, како парфем кој случајно те освоил и не може да ти излезе од глава. Дефинитивно ќе направи разлика кај луѓе кои имаат голема скала за градација на задоволствата, суптилни луѓе, кај кои нијансите прават голема разлика. Филм за страста, за посветеноста, за совршенството, за љубовта кон деталите, за уметноста, а сепак обвиен со превез на мистерија, така што создава впечаток на некоја чудна напнатост и надреалност на моменти, делува инспиративно. Навистина не би сакал да пишувам ништо за приказната зошто ќе ме пцуете откако ќе го изгледате. А да, Sylvia Hoeks е толку многу убава што делува нереално, вистинска муза за секој вљубеник во уметноста. И кога на крај ќе се додаде и саундтракот напишан од Енио Мориконе, не можете а да не се вљубите во овој филм. Прекрасно ремек-дело кое ќе ве прогонува, 10 од 10.

 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
249. Interview with the Vampire: The Vampire Chronicles (Neil Jordan, 1994)

Interview with the vampire.jpg
Немам никаде слушнато дека ќе има втор дел, иако ова е филм за кој и тоа како треба да се направи, поради начинот на кој завршува. Сепак, втор дел без Том Круз и Бред Пит и Кристијан Слејтер би бил фијаско, но се надевам дека некој ќе ги „убеди“ да го направат ова.

Инаку работено е според делата на авторката Ann Rice, The Vampire Chronicles, во кои спаѓаат и Вампирот Лестат, (во филмот Том Круз), Вампирот Арманд (во филмот Антонио Бандерас) итн... што значи може да се направат и други приказни на оваа тема.

За мене филмот е фантастично остварување, повеќе е драма во која во центарот на приказната се наоѓаат вампири наместо луѓе, отколку што е хорор. Приказна долга 200 и нешто години раскажана во само два часа, со неверојатна актерска екипа. Се надоврзувам на предлогот на bucio, кој не го гледал, ова е “must see“ филм.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
248. Crash (Paul Haggis, 2004)

Crash.jpg
Филм кој му го собра на Brokeback Mountain оскарот за најдобар филм во 2006 година. Станува збор за драма на коинциденција, ако воопшто постои таков вид. Тие што го имаат гледано Магнолија ќе разберат на што мислам. Животот на различни луѓе, со различни навики, обичаи, дневни рутини се поврзуваат на необичен начин. Земајќи го в предвид фактот дека дејството се одвива во Лос Анџелес кој е милионски град, овој феномен станува дополнително возбудлив. Имено, дејството на филмот е поврзано со расната и социјална нетрпеливост по 11 септември. Не би рекол дека е некоја нова тема за САД судејќи според нивното не многу дамнешно минато на робовладетелство и експлоатација на црната раса. Но, денес сметаме дека таа тема е завршена. Барем се убедуваме себеси дека ние повеќе не сме расисти, дека знаеме што е толеранција, знаеме да ги цениме културните и традиционални вредности на различните од нас, да ги почитуваме одлуките и различностите,... Го правиме тоа бидејќи сме свесни колкава е болката на жртвите на расизам и социјална тортура. Можеби и ние сме жртви на тоа. Но, и жртвите понекогаш се расисти. Токму ова е идејата која се проткајува низ филмот. Факт е дека човекот никогаш не бил и никогаш нема да биде максимално толерантен кон различностите. Преку животните приказни на луѓе со различен економски статус, различна боја на кожата, различна националност, доаѓаме до вистинскиот лик на човекот кој е кревко суштество кога подлежи на тортура од различен облик, но кое во исто време ги злоупотребува слабостите на другите само за да се почувствува себеси сигурно.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
247. Jurassic Park (Steven Spielberg, 1993)

247.jpg

Го репризирав Jurassic Park првиот филм пошто го немав гледано од мал. Многу јако музиче има а и визуелните ефекти му одлични со оглед дека е филм од 1993, експанзијата на квалитетен CGI е скоро после 10 години. А и нема утка во сценариото, се е добро стокмено и научно поткрепено. Многу јаки авантури се правеа во 80те и 90те години - Indiana Jones, Star Wars, The Terminator, Back to the Future и др. Кој ги пропуштил нека се фаќа за работа, а не се лоши и за репризирање.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
246. K-PAX (Iain Softley, 2001)

246.jpg

Прот е пациент во психијатриска установа кој тврди дека е вонземјанин од планетата K-Pax. Опишува што како се живее на неговата планета, успева дури и во НАСА да им покаже каде се наоѓа неговата планета, и сите остануваат запрепастени. Се до моментот кога кажува дека си иде дома .....
Кевин Спејси е во улогата на вонземјанинот Прот, и улогата ја глуми совршено. Џеф Бриџис е неговиот психијатар, и некако премногу вештачки глумеше он.
Да не ја должам многу.
Оценка: 9,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
245. Cloud Atlas (Tom Tykwer, Lana Wachowski, Lilly Wachowski (as Andy Wachowski), 2012)

245.jpg

Прва работа, за да не заборавам: филм кој се доживува на кино! Или ич не го гледајте.​

Во поглед на приказната можеше и подобро, и појасно. Не е лесно одеднаш да се апсорбираат 6 различни приказни во 6 различни тајмлајни и да се открие што е тоа што ги поврзува. Посебно што тоа и не беше некоја премногу важна работа во поглед на дејството па можеа да ги дадат деталите побрзо.

Во поглед на опсегот на приказната во време, настани и локации филмот е вистински епик. Во поглед на визуелни ефекти и шминка, прва лига!

Како што реков, 6 различни приказни во 6 различни времиња, и секогаш настаните од едната приказна допираат до главниот лик од следната приказна и влијаат на настаните кои следуваат понатаму. Во позадина е човештвото и вечната битка на поединецот да даде свој придонес во она што го смета за подобра иднина. И како што одеше дијалогот на Адам со дедо во првата приказна:

- Се што ќе направите ќе биде капка во океанот!
- А што е океанот ако не збир од капки?

Во оваа безвременска битка некои од актерите, т.е. нивните души или реинкарнации, секогаш се на страната на доброто, додека некои, како ликовите на Том Хенкс, варираат од подмолно лоши и себични до луѓе кои би го ризикувале животот за поголема цел. Мала мапа на ликови, за да не се изгубите:



Приказните не се подредени хронолошки, така да филмот бара доста концентрација, но на крајот не видов некоја потреба за следење детали и се пишманам што наместо да гледам поопуштено се трудев да запамтам работи кои на крајот и не беа многу важни. Филмот е од типот на филмови како Babel и Crash само со многу поголем опсег и со актери кои играат различни ликови (одамна немав гледано таков филм). Она што најмногу ми се допадна е Sci-Fi приказната во иднината, со дистописки елементи од V for Vendeta и Equilibrium, и визуелните ефекти за вистинско Sci-fi акционо доживување. Некои ненормални идеи кои многу ми се допаднаа, а посебно сцената на мостот со леталото кое ги лови, hard-core-sci-fi! Друга сцена која ме остави без текст е онаа на Том Хенкс на почетокот на филмот со неговиот критичар, верувам дека ќе се зема како репер за пукање филм и ќе ја има по гифови :)

И секако приказната бр.6 за сите љубители на пост-апокалиптични филмови.

Актерската екипа ќе беше перфектна да глумеше Ен Хатавеј или рандом актерка наместо Хале Бери, не за друго, не ми се допаѓа втората како актерка и нема ни еден нејзин филм што го сакам. Актерката Doona Bae од петтата приказна е топ избор! Исто така Jim Sturgess кој многу го ценам по трибјутот на Битлси Across the Universe. Тие двајцата заедо со Том Хенкс (уште еднаш за него :cuc:, нема што не може да оглуми, и и негативците не му беа никаков проблем) го направија филмот.

Да се разбереме, сметам дека поголеми се шансите да не ви се допадне филмов, посебно на тие што ќе му направат даунлоад. Мислам дека со појасно поврзување на приказните ќе му дадев чиста 10-ка. Но и ваков заслужува најмалку 8-ка и се разбира, еден од филмовите за кои ќе се зборува, така да не пропуштајте!
„Од колевка до гроб, нашите животи не ни припаѓаат само нам.“
Cloud Atlas е еден фасцинантен експеримент кој покрива можеби и преку 600 години - дел историја, дел сегашност, дел визионерски поглед a la Matrix style кон иднината... и потаму!!! Но иако различните приказни се толку развлечени низ трите часа филм, релативно лесно е да се следи наративот. Потребно е само малку поголемо внимание.
Многу работи воодушевуваат тука. Една од нив е умешноста од режисерите да го избалансираат тоналитетот на секоја од шесте приказни што особено се забележува при секоја нивна промена. Како да се движиме од авантура кон трилер и мистерија, па потоа да преминеме во романса, па комедија, се до научна фантастика и пост-апокалиптична приказна. Тешко е да се одреди жанрот на филмот, затоа што всушност ова не е еден филм, туку 6 различни, секој со различни теми, но сепак споени во едно. Неверојатна е и актерската игра на некои од актерите. Пред се браво за Џим Бродбенд и Дона Бае во која по се изгледа режисерите нашле одлична замена за бремената Натали Портман. Но тука се и одличните перформанси на Том Хенкс, Хали Бери, Иго Вивинг, Сузан Сарандон, Хју Грант... Некои од нив со големи актерски ролји, некои со минорни, но лесно забележливи - оставаат впечаток. Секој од нив дава максимум од себе во портретирањето на секој од неколкуте карактери кои ги глуми.
Визуелно богат филм. Секоја епоха отсликана најдобро што може - одлична шминка, одлична костимографија!!!
А приказните... зарем за нив може да се зборува? Секоја од нив независна од другите е речиси ништо посебно, исто онака како што и животите кои ги живееме не се само наши и не се ништо посебно како такви - една од темите во филмот. Но сите тие заедно се одлично вклопени и премините од една во друга полежерни и не би можеле да бидат (затоа и очекувам номинација за Оскар за монтажа). И најинтересно од се е што во нив е прикажана една универзална вистина - дури и најмалото движење денес, нешто бизарно на кое не си ни обратил внимание, или пак можеби некое дело кое порано било гледано со презир и фрлено во амбисот на заборавот, утре ќе биде толку значајно што ќе покрева и револуции, а може и да му се поклонуваат и пеат оди. Можеби и ти ќе си повторно таму за да го проследиш неговото издигнување на пиедестал, зошто ако денес не е се како што треба, и ако нештата изгледаат безизлезно, како крај, не треба да се очајува. Нас секогаш не очекува еден поубав свет. И во него секако ќе се сретнеме повторно, можеби за да ги повториме истите грешки, но можеби и за да уживаме во среќата. Ако сега и тука сме просјаци, некогаш и некаде може ќе сме кралеви. И ако сега и тука направиме некоја грешка која ни однела многу, не треба да очајуваме, затоа што после дождот доаѓа сонце... некогаш... и некаде...

Сето ова, а и многу повеќе, само го надополнува фактот дека е тоа една вистинска епска сага и едно од најамбициозните филмски остварувања на сите времиња. Доколку не верувате, погледнете го и ќе се уверите - се сомневам дека во следните неколку години ќе имате можност да видите нешто слично!

Оценка: 10/10 - Без размислување!!!



 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
244. Breaking the Waves (Lars von Trier, 1996)

244.jpg
aka Breaking your minds (since 1996) на Ларс вон Трир. Го гледав вчера.
(Следната реченица е кажано со мало преувелучување)
Абе... џоа филмовите се за забава ама со овај да ти падни тешко на душата како некој да умрел. Ептен тешка драма, нема ни х од хорор како во Антихрист, 100% драма, но е потежок филм од него.
Колку што разбриам до сега, Вон Трир ни дава реалистично, а понекогаш преминува и надреалистично прикажување на човечките чувства и односи. Идејата зад овај филм е веројатно таа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
243. Pi (Darren Aronofsky, 1998)

243.jpg
Еден од најдобрите филмови на Аронофски, негово деби на филмската сцена, ремек дело.

Максимилијан Коен (Шон Жулиет) е математички гениј и 10 години работи упорно да ја пронајде нумеричката шема зад "организираниот хаос" на берзата, покрај тоа самиот смета дека преку броевите и нивното правилно уредување можат да бидат клуч за да се дојде до универзално знаење. Во филмот е простудирана менталната опсесија на човекот, асоцијализацијата, паранојата, и најразлични стравови, кои се дел од херојот на филмов, каде изолацијата му е потребна да му даде совршен мир за да може да ги најде одговорите кои ги бара. За него постои само Сол(Марк Марголис) кој е негов поранешен учител по математика (и е суштествен спореден лик за филмов со цел истиот да се развива правилно - она што фалеше во The Zero Theorem), кој упорно се труди да му помогне, и да престане со опсесијата за универзалниот одговор на нештата, инсинуирајки дека за се нема шема, за секој природен процес во едно општество, за живеењето, за резултатите од утакмица, за сите да се дебели и среќни, и тенка е границата која може еден математичар да ја помине од наука во нумерологија, што е математичко и научно самоубиство кое математичарот го праќа во воид и јама без дно. Макс пати од несоница, има главоболки и крварења од нос, станува параноичен и се сомнева во секого, осеќа дека е следен од луѓе кои го демнат пробувајќи да му го украдат знаењето кое би го добил од "откровението".
Затворен во неговиот стан пишува програми, ги тестира и добива 216 дигитен број кој е баг од програмата, и се чуди како има дојдено до ова.
Во филмот протекуваат две движења/струи на кои Аронофски има обратено посебно влијание да бидат дел од неговата структура, материјализам и духовност. Првата е изразена кога Макс комуницира по телефон со Марси, жена која работи во фирма на Вол Стрит за анализи каде му понудува доста пари за да работи за нив, каде овие предосеќаат дека Марк е на добар пат да дојде до нешто револуционерно. Со вториот елемент доаѓа во контакт во пабот каде што често, се среќава со еден евреј по име Лени,кој е е пријателски настроен спрема Макс но со своја мисија. Зад него стои група од еврејски математичари кои се религиозни и користат своја теорија на броеви за да ја декодираат мистичната еврејска доктрина наречена Кабала, и сметаат дека Марк може да им помогне во нивната мисија, со тоа веруваат дека можат да дојдат до Тора - код кој е испратен од Господ и го содржи неговото име, со кое би добиле одговор на се она што не опкружува, да го разберат Господ и нумерички да го перцепираат, а со тоа и предвидувањата на берзата, општествени процеси, и самиот живот.
Како што се приближува до наоѓањето на одговорот/шемата, пробувајќи на целиот тој хаос да му даде име шема или нумеричка вредност, неговиот живот се претвара во хаос, халуцинации, тешки главоболки, и самиот филм доаѓа до неосетен премин каде гледачот тешко разликува реалност од халуцинации (суреализам?). Рабинот-водач на еврејската група математичари дознава дека баг-бројот на Макс , 216 дигитниот број е вистинското име на Бог, со што му прават притисок да ја најде шемата зад бројот.
Макс евентуално го декодира бројот, но и самиот колапсира, следи сцена каде со бор-машина се буши во слепоочницата, сакајќи да стави крај на сите главоболки што му ги создаде измачувачката потера и опсесија. После тоа следи друга (алтернативна) сцена каде што седи на клупа сосема опуштено и ја нема тензијата низ целиот филм, носи капа и не се гледа дали има траги на слепоочницата со цел да се створи забуна кај гледачот дали тоа е сон, алтернативна реалност или Макс преживеал.
Од мој агол доколку Макс го има пронајдено одговорот тој пак не би можел да го прочита или разбере, пронаоѓајки ја апсолутната нумеричка вистина би било преголем товар за еден човек дури и за гениј како Макс, би излегувале нови прашања кои би го воделе во нова потера, кон друга шема и така влегувајќи во вертикален спирален круг кој бесконечно се движи надолу води кон длабока и празна темнина, затоа и го "брише" бројот од неговата глава, таквото знаење е преголем багаж за да може да продолжи да живее. По аналогија на нешто што имам претходно гледано, доколку ние сме мравки а Бог-от човек, како би тој комуницирал со нас?
Од ова што го имам пишано имам уште многу многу други ствари необјаснети и изоставени, ако ве заинтригира деби психолошкиот трилер на Аронофски, обавезно на watchlist.
Музиката, темпото на филмот, неговата структура и кадри се целосно адаптирани на концептот на филмот и се повеќе од совршени, најмногу од се има перфектна скрипта која е најтешко да се изведе за вакви концепти и идеи на режисерите. Ремек дело.

9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
241. Confessions / Kokuhaku (Tetsuya Nakashima, 2010)

241.jpg
Ауууу филмов! Дефинитивно еден од најдобрите странски филмови за 2010 година и покрај тоа што немам гледано многу :D. Каква само уметност е филмов... Филм за злобата, филм за bullying, филм за одмаздата, филм за улогата на мајките во нашиот живот. Што и да кажам нема да биде доволно, филмов мора да се погледне. Го има тоа што најмногу го сакам во филмовите, да добијам излив на емоции(Mr. Nobody!!). Филм кој ќе те држи на работ од столчето и ќе те натера неколку пати да се фаќаш за глава.

Тежок е... мрачен е, но прекрасен. Саундтракот е одличен. Базиран е на некоја книга(ретко има утка кај ваквите :)). Глумата е ОК но во филмот не ни беше потребна којзнае каква глума. И сепак, има деца. Ах тие деца... полни со омраза. Полни со желба да се истакнат без разлика дали ќе повредат некого. Натпревар за кој ќе направи нешто позлобно. Но се се враќа, се се плаќа. Или не? :)
WOW!!! Фала за препораката, конечно по подолго време еден филм навистина да ми го задржи вниманието. Имав поприлично проблеми со преводот на почетокот, јапонците зборуваат брзо и многу па не е лесно да се стигне. Тоа ми создаде малку проблеми и веројатно малку ми влијае на крајниот ефект, но добро.

Филмов е значи mindblowing, не е за тоа дали ќе кажеме доволно, туку тешко се опишуваат вакви филмови со збор. Не сум гледал вака убав мрачен а-да-не-е-хорор филм од The Virgin Suicides (1999), ако не сум заборавил нешто измеѓу. Иако се работи за сосема различен концепт.

Филмот, како што кажа Anon, те држи на работ на столчето. Обично филмови тоа го постигнуваат со акција или со тензија, а овде приказната, или начинот на кој што е раскажана, ни го држи вниманието. Во исповедите на една млада наставничка и неколку нејзини ученици се отсликани проблемите на цела една загубена генерација, деца за кои никој не води грижа и кои подоцна имаат тотално искривени морални вредности. „Никој не ми кажа дека убивањето луѓе е погрешно. Мајка ми беше научник и ми кажуваше многу за електрониката...“ Вака отприлика одеше дел од исповедта на Shuya Watanabe, ученик кој никој не го цени за неговиот талент. Во моментите на неговиот најголем успех, кој е објавен во весник, никој не му обраќа внимание, а целото внимание во весникот оди на лик кој извршил убиство. Па така, Shuya решава да убие за да го добие потребното внимание...

За содржината нема да пишувам повеќе, но дејството е исполнето со шокантни и неочекувани моменти. Да се навратам на вториот болд кај Anon, саундтракот е одличен, а мене како фан на Radiohead баш ми направија мерак со


Два пати. Radiohead е перфектен бенд за вакви филмови, мрачни, уметнички, комплексни, тешки... Има мали спојлери на видеото но ништо што ќе го разберете на негледан филм.

Значи, мислам дека се подразбира дека препораката за гледање е за филмоманијата на форумов. Филмот е мрачен и по дејство и по фотографија/камера, саундтрак и се тоа... Темите се тешки: насилство, силеџиство, деликвенција... Од мене има одлична 9-ка, имам некои замерки за кои не сакам да трошам време, па му симнав малце.

P.S.
@Tallahassee, не го гледај жити се, кој ќе се расправа после... :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
240. Brokeback Mountain (Ang Lee, 2005)

240.jpg
Brokeback Mountain спојува двајца млади каубои,сезонски работници кои ги чуваат овците на планината повеќе месеци.Живеејќи заедно меѓу нив се разгоруваат страстите и започнуваат љубовна романса која трае до крајот на нивните животи.Филмот е ремек дело,must see само за слободоумните членови :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
239. Ben-Hur (William Wyler, 1959)

239.jpg
Од толку вртење по телевизии невозможно е да сте ја промашиле приказната за богатиот евреин Јуда Бен-Хур (Чарлтон Хестон) кој е предаден од својот пријател Римјанин и пратен во ропство, за подоцна да се ослободи и да се врати по одмазда. Филмот е за тоа време вистински историски спектакл кој освои 11 Оскари, бројка која ја стигна само Титаник. Заради повеќе простор кај историските филмови, го вметнавме овде.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
238. Troy (Wolfgang Petersen, 2004)

238.jpg
Филмов го имам гледано кога играше како премиера по кината кај нас. Филм како филм, солиден но се знае... на стара слава. Голема лепеза на различни личности кои меѓу себе имаат некои заеднички карактеристики. Го имаме Ахил. Типот кој скоро се` му е сеедно. Тој е бестрашен, себеси се смета за сам свој стопан. воин кој војува под ничие знаме. Од друга страна е Хектор, кој е самопожртвуван човек, Патриот, заштитник на послабите. Иако спротивностите се многу изразени кај овие два лика, сепак авторот ни оставил и нишка на поврзаност. И двајцата се во потрага по стекнување на слава. Но дали вреди по секоја цена да се стане славен? Тука го имаме Одисеј, кој игра улога на мудриот воин, итрецот кој успева да го вовлече моќниот Ахил во војната. Го имаме Агамемнон кралот на Микена, тврдоглав и алчен по природа, човек кој сака да владее сосветот (типично за крал - матерјалист). Истотака да не заборавам на Парис, силен на збор но слабак на дело. Голем љубовник на Елена, девојката која искрено ја љуби но која за жал е јаболкото на раздорот помеѓу Микенците и Тројанците (јас тука не би се сложил туку би рекол дека е само една причина повеќе за Агамемнон да ја започне војната). Во самиот филм истотака се покажани сите можни ситуации на љубов; Братска, родителска, пријателска, опонентска и нормално љубовта на мажот кон жената.

Најдобар главен лик: Хектор
Најдобар спореден лик: Одисеј (реално си е реално)

Изрeка на филмот: War is young man dying and old man talking
Odysseus

конечна оценка 8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
237. Shrek (Andrew Adamson, Vicky Jenson, 2001)

237.jpg
Едно добри 90 проценти од луѓето кои го посетуваат подфорумот го имаат гледано биографскиот филм на популарниот Вејн Руни. Интересен сет на ликови предводени од Мајк Мајерс и Еди Марфи, Шрек е еден од предводниците на анимираниот свет затоа што своевремено претставува еден од најспоменуваните анимирани филмови било кога. Доживување и релаксирање. Предлог за опуштени вечери во друштво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom