Последен гледан филм со кратка рецензија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Се оставив на сериите.. Па си реков да погледнам некој нов филм. Да видам што понудила 2010.

Тhe Book of Eli

Имам навика да ги гледам сите нови блокбастери и никогаш немам големи очекувања, така кога ќе заврши филмот не сум разочаран. Пост-апокалиптична приказна, каде е прикажано вистинското лице на човекот. Иако моментот е што се обидуваат да ја однесат приказната во религиозна насока, филмот докажува дека сме еволуирале од животно и колку лесно може да ни се активираат тие нагони. Во главна улога е Дензел Вашингтон кој apparently ја поседува последната библија на светот, а другите биле изгорени после војната како резултат од меѓусебен договор меѓу луѓето кривајќи ја истата таа света тетратка. Ако 1 е лошо, 10 е феноменално а 5 просечно, како што реков некаде, овој преку сила 6 и поради coolness amount-oт на Дензел и допадливата Mila Kunis - 7ца од мене.


Unthinkable

Иако е класифицирано како психолошко-драма-трилерче очекував исфорсирана акција и дупки приказна. Како што реков, започнав со нула очекувања whatsoever, и до некаде ме изненади. Приказната започнува со локален терорист кој поставува 3 бомби низ различни три градови кои се очекува да експлодираат за недела време. Тука настапува ѕверската улога воедно и ѕверско одиграна од Самуел ел Џексон кој е тајното оружје на американците - no limits interrogator. Не е шаблонски со заплет и слично па расплетот да ве тресне од земја, туку цел филм си држи една тензична континуираност со премногу драматизирање. Знаеше да момент да ве наежи, посебно сцената, ситуацијата од која е и добиен насловот. Мене ми се допадна, можеби го форсирам, но 8 добива.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
The Daisy Chain

Филмот е кратко кажано тиња. Приказна за аутистичко девојче, брачен пар кој очекува принова и некои си лоши самовили...и покрај добрите оценки на имдб, филмот бар за мене беше ептен катастрофа, џабе симињање снимање и дремење пред тв
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
The back up plan

Зои сфаќа дека годините многу брзо и поминуваат и дека не сака веќе да го чека Mister Right со кого ќе направи семејство.Затоа се решава да оди на вештачко оплодување и сама да си одгледа дете.Арно ама го среќава Стен(Mister Right ) и проблемите на Зои почнуваат.
Филмче за гледање on a rainy day 6/10

Antichrist

Омг омг филмчево.Саат и 44 минути се чудев океј што е работава со филмов и голем дел од филмот го поминав во мижење пошто имаше прилично гадни работи.Лично мене не ми се допадна филмот.Има некоја поента кој минимално ми го задржа вниманието...ама минимално...
На маж и жена им умира детето, женава се пореметува а мажот кој е терапевт ја лечи цело време.И сето ова е прикажано на многу чуден начин што лично мене не ми се допадна 3/10

Orphan

Драма хорор филмче.Поише би рекла драма, пошто нема некој хорор елементи.Навидум среќна фамилија со две деца решава да посвојат трето дете бидејќи сметаат дека имаат уште љубов да подарат.Одат во еден дом за деца, каде зимаат детето кое се издвојува од сите но е доста интелигентно и талентирано.Лош потег во секој случај.Новиот член во семејството ќе им донесе многу непријатности и проблеми.
8/10

The Fight club

После толку долго време седнав да го гледам филмов.И сфатив што сум пропуштила.Го гледав два пати бидејќи остави силен впечаток кај мене.Неизвесен до самиот крај.Мислам дека нема потреба од рецензија пошто скоро сите го имаат гледано филмов а и што и да пишам мислам дека нема да го доловам како што треба.10/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710


Очекував многу од филмот и веќе една година се канам за да го гледам.Ништо не сум пропуштила.Некако кога го гледав трејлерот ми ветуваше многу ама ништо од тоа. Досаден и патетичен на моменти и умрев 2 саати. Единствено саундтракот ми беше океј и тоа што се потсетив на Dana Fuchs.
4/10
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Law abiding citizen


Одлично филмче со Џералд Батлер во улогата на Клајд. Ќе му ги убијат жената и децата пред неговите очи, тој што ќе ги убие ќе добие никаква затвроска казнан поради начинот на кој што функционира системот. По неколку години Клајд се враќа и решава на многу чудни начини да им врати на сите оние кои се дел од системот и посебно ел од тој случај. Се на се супер склопено филмче со одлични пресврти.
9/10


Prince of Persia


После толку чекање го изгледав. КОНЕЧНО.И дефинитивно чекањето вредеше. Многу добра приказна, одлична глума и се друго. Единствена забелешка ми е што во сцените во кои имаше борба или бркање некако беа лошо прикажани или ен беа снимани по мој вкус. Ама тоа можам да го занемарам, па се на се мислам дека си го најдов новото омилено филмче:)
Кралот на Персија ќе посвои дете од улица - Дастан. По неколку години тие ќе нападнат еден град - Амалот верувајќи дека тој град ги помага непријателите на Персија. Принцезата на тој град има нож со кој можеш да се вратиш во иднината и тука веќе станува интересно.
Да не ви го расипувам уживањето на тие што не сте го гледале. Најдете го и гледајте го гарантирам дека нема да зажалите.
10/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Prince of Persia (2010)

Многу се двоумев дали да одам во Рамстор да го гледам Робин Худ или овој. Ама Робин некако во незгодни термини ми беше па ајде да видам како изглеа Принцот од Персија, многу другари ми го препорачаа.
Како прво - џабе 150 денари. Подобро ќе се ишишав + избричев за тие пари. Катастрофа од филм.
Само едно нешто вредеше - ефектите. Има неверојатно добри ефекти, на моменти чудни ама све на све беа океј. Имаше и така интересен саундтрак чат-пат ама џабе.

Од друга страна, најмногу шо ме нервираше беше глумата. Ау... многу страшна глума. Дури и Бен Кингсли веќе има еднодимензионални улоги и мислиш истиот лик го игра во сите филмови да го ебам. Цел филм беше со некои дијалози кои не беа нешто посебно, цитати мошне клише, а пак хуморот да не го спомнам... само еднаш се насмеав, а филмов сигурно имаше цел да биде забавен во поголемиот дел.
После, приказната е веќе видена, минимум можам да се сетам на 10 филма кои имаат слична приказна. А всушност и цел филм е многу предвидлив што искрено е навреда. Се знае како беше рекламиран како нешто што мора да се види, а всушност не е ништо посебно. Кажав што вреди, малку работи вредат, а многу кои не вредат, обичен филм е ништо посебно, јас би препорачал да не очекувате премногу, како и за секој ваков сличен филм.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
HOW TO TRAIN YOUR DRAGON



Добар анимиран филм, акциона авантура, сместен во времето на викинзите. Се раскажува за едно дете кое сака да биде Dragon Sleyer ама подоцна дознава дека уствари тоа не му е вродено, и си учи финти како да се справува со змејовите на друг начин, кои ги учи од посебен пријател. :]
7/10
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Iron man II

Шо да кажам за филмов...
Па вака. Стартот не беше нешто возбудлив (клише - као на спајдермен3) Но ефектите се невидени. Иако гледан на лоша снимка (ЈБГ не најдов нешо тро посаглам) ме воодушеви. Приказна... Шо знам. Малку отскокнува од клишеата иако увек има некој мастермајнд кој е негативецот и неговиот купувач е конкуренцијата. Ми се допадна искрено како и во кецот и тука типот не е некое шмољанче кое е слаб карактер туку типче шо сака да си го дига егото. Реалност. Башка Downie Jr... не можеа бољи човек да најдат за овој карактер. И девојката во филмот ми е симпатична троа. Она као се грижи за него, али више му доаѓа као негова мајка отколку женска. Е сеа имаше и додатоци кои не ми палеа.
Тоа што тука апсолутно никој од добрите не оди курбан - малку ми е превише пумпано
. Би го стаил и тоа дека црњото не е као у кецот но тоа е шо е. моја лична оценка 7.5/10 - послабо од кецон но не е промашај.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
245
Поени од реакции
12
Pulp Fiction

Ова е тоа!!
Тарантино е ѕвер!
Филм кој има добра приказна, многу интересни дијалози и хумористични елементи, актерската екипа е најдобра. Се на се интересно склопен филм во 4 дела кој вреди да се погледне!
10/10
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.575
Јас само првиот пасус го прочитав, натака знаев дека е спојлер и не читав...

Иначе онтопик:
Вчера гледав едно постаро филмче, не знам како сум го пропуштил, ремек дело е филмот.. Филмот се вика Match Point... Се работи за бивш тенисер кој доаѓа во Лондон да заработи како тренер... Филмот започнува со следниов цитат:
The man who said "I'd rather be lucky than good" saw deeply into life. People are afraid to face how great a part of life is dependent on luck. It's scary to think so much is out of one's control. There are moments in a match when the ball hits the top of the net, and for a split second, it can either go forward or fall back. With a little luck, it goes forward, and you win. Or maybe it doesn't, and you lose.
Не сакам да ви откривам повеќе, гледајте го внимателно зашто и најмалиот детал од филмот е важен за да сфатите колку е совршено осмислен и направен филмов...

Се надевам дека е добро напишано, прв пат пишувам рецензија, за филмов немав видено во претходните 20тина страни па морав да го споделам со тие што не го гледале...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
30 Days of Night (2007)

Horror/Thriller? Сериозно? ХОРОР? Место pretty-baby-face-от Josh Hartnett, кој е очаен глумец барем според мене, беше Џек Бауер и ќе беше како да гледав 24. Акција филм! Само затоа што има некои си мутанти од вампири, 30 дена е ноќ, и лета крв не го прави филмот хорор. Дејствието се случува во Аљаска за време на некаков си whiteout, невреме каде 30 дена е ноќ, и група вампири_или_што_и_да_се одлучуваат да имаат 30-дневна гозба, додека, без изоставеното клише, група најхрабри одлучуваат да се борат за своите животи. Ваљда поради тоа етикетата хорор. Мала група лузери ловени од мутанти. Типичен хорор. Како и да е, воопшто не ми се допадна, далеку од мој вкус, и најсветла точка во филмот ми беше Меlissa George во која се заљубив после гледањето на Triangle. A на овој 30 дена ноќ преточен во 2 часа акција му давам 5-ка. Дека пола од убиствата беа барем реални. Suck on that lollipop Bauer!

Fallen (1998)

Don't trust a soul. Creepy, не? Плус Denzel Washington. Мора да е надпросек.
Започнува со Дензел како детектив, кој донел убиец на столица. Фино, убаво, за арно нека е. Но како што приказната се одвиткува се развива паранормалниот елемент, односно, убиецот бил опседнат од нешто, зло/дух/woш ангел, whatever, кој може да завземе било кое тело преку допир. Па кога сакаше да се пренесе во Дензел преку убиецот преку ракување, неможеше и затоа стана опседнат со него. Отупев со разкажување, 7ам e опростено ми е. Солидно трилерче, all in all, квалитетен mindfuck, топло препорачувам. 7/8 од 10.

Dead and Buried (1981)

Доста потценет филм. Класика од 80тите. Језива музика, уште појезива атмосфера, језив филм!
Moody, magical horror. Еден од коментарите. Мене пак таглајнот ме привлече - The writers of alien... ...bring a new terror to earth.
Нема многу да пишам за приказната, страв ми е од спојлери, започнува со неколку ладни убиства кои почнува да ги истражува локален полицаец. Крајот, типичен како од епик трилер, но филмот сеуште задржува хорор атмосфера. Доста одлично остварување. Кој е љубител на класиците од 80тите, MUST SEE!

5 или 6 на имдб имаше, од мене 9ка.

 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Вчера мавнав едно маратонче - 3 филмчиња.
Прво започнав со Робин худ од Ридли Скот. Филмот нема многу да го коментирам оти прво шо се заебав што го зедов у лоша копија (кино снимка) второ неговите филмови се гледаат повеќе пати за да целосно можат да се раскажат. Ми делуваше интересно иако очекував сосема друг пристап. Не му давам оценка додека не седнам убаво да го изгледам сосе цела консталација.

Втор беше Remember me.
Е за овој можам да коментирам (беше во одлична снимка). Па.... почетокот убаво започнува но ме иритираше еден дел каде видов примеси на евтин teenage movie. Сепак ова е романтичен филм за животот на две приказни кои ги пронаоѓаат кај себеси сите оние работи кои недостасуваат. Приказна за љубовт колку е силна да ги спои целосно разурнатите бедеми на некогашните животи кои ветуваа многу. Би се задржал на тоа дека консталацијата на актерите беше горе доле погодена (иако типот не ми е баш многу омилен). Criss Cooper - увек мора да биде џандарот у куќа - одлично доделена улога. Малото девојче ми беше троа слатко. Како и да е, самиот крај изненадува. Оценка 9/10.

Трет иако под присила на братучетките, беше сексот и градот 2.
За човек што нема изгледано ниедна епизода од истоимената серија, филмот не беше богзнае што иако изобилуваше доста смешни испади, девијации, нервни тролувања. Лесна литература - типичен женски филм. Оценка 5/10.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Unthinkable (2010)


Филмот ја обработува психолошката манипулација која постои меѓу луѓето задолжени за испрашување на осомничени терористи. Дејствието започнува кога еден терорист ќе направи видео снимка на која прикажува три нуклеарни бомби. Тврди дека ќе ги активира, доколку американските сили не се повлечат од Блискиот Исток. Откако ќе биде уапсен, започнува физичкото и психолошкото мачење со цел да се дознаат локациите на бомбите. Притоа се јавува и дилемата за тоа кои се границите кои луѓето се подготвени да ги минат во една ваква ситуација. И приказ како американците се справуват со таквите :/.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
remember me гледам многу популарен, ама освен крајот мене ништо друго не ми беше посебно...

Shutter Island 2010

Екстра филмче. Ме остави прилепена за мониторот без да трепнам...Маршалот Едвард (Ди Каприо) заедно со својот партнер оди на остров на кој се сместени ментално заболени лица. Двајцата го истражуваат исчезнувањето на една пациентка, која била хоспитализирана откако си ги удавила 3те деца. За време на целиот престој на островот маршалот ја сонува својата почината жена, која во сонот му дава инструкции во која насока да истражува......
Филмчево е закон! Стварно вреди да се погледне
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Worlds's greatest dad

Филм што многу ќе ве изненади! Изненадно е како се крие злоба во некој човек што изгледа тотално harmless претходно, сериозно треба да се помисли уште колку такви идиоти има на светов. Исто така, колку е толпата глупа со лудото идеализирање на некој што скоро никакво влијание немал во нивниот живот, ме потсети малце на Тоше моментот.
Останува прашањето, зар e можно да има кариера откако луѓето дознаа што уствари направил?
Не знам зошто го класифицираат као dark comedy, кога е само dark.
9/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom