Последен гледан филм со кратка рецензија

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Shallow grave (1994)
Искрено не очекував дека филмов ќе биде нешто , бидејќи немам видено до сеа некој да го предложил. Се работи за тројца станари две машки и едно женско , во еден голем стан со четири соби одделно . Филмот започнува како доаѓаат луѓе заинтересирани да си ја изнајмат слободната соба . На сите заинтересирани им вршат интервју и со некој дури и се исмејуваат. Никако не можат да најдат некој што ќе биде по нивни вкус. Еден ден доаѓа дечко кој сака да ја изнајми собата, по долги договори одлучуваат дека он може да ја земе слободната соба . Дечкото се сместува во собата , но наредниот ден не се буди... Гледиштето на еден од тројцата станари е прикажано , како може човек да се смени наеднаш , да видиш кој ти е вистински пријател и разни други ситуации во кој тој ќе се вплетка неочекувано. Иван Мекгрегор е најпознат актер во филмов режиран од Дени Бојл кој според мене вреди да се види. Оцена :8/10
images.jpg
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
The Wolf of Wall Street (2013)
Според досегашните импресии филмот или го мразиш или е убиствена комбинација на Скорсезе и ДиКаприо.​
За жал припаѓам на првата група, одамна немам гледан толку плиток филм со купишта импровизации.​
Ко што пишаа другите пред мене 3 саати дрога, пари и секојдневни групњаци со фото модели, го изгледав целиот филм само од почит кон Скорсезе.​
Ама подобро и не може да се очекува кога филмот е правен според книгата на типацот, кој според мене бил и доста скромен, слободно можел да напише и дека нафуран сексал марсовки на Венера, ќе го имало и тоа во филмот.​
Еден од коментарите на Имдб со кој целосно се слагам:​
Phone Rings

"Yea, Marty here"

"Marty that you its Leo"

"Hi Leo hows it going in acting Land these days?"

"Fab Marty, never better, You know how you wanted to make a movie stuffed full of naked women? You know with naked flesh, simulated sex, close ups and all manner of video nasties?"

"Leo, Leo, Leo you been drink-in or sum-ting?, you know those a/h at the censorship house would never let us get away with that, we have yanked this so many times we have given up?"

"Marty baby, steady listen, and you know how you always want to burst the F count in a film?" well think no more, I have the script, I have the finance and I have actors dumb enough to make this film.

"Leo, you know I love you as I would my own bambino, but this is crazy land, get some sleep, I'll call you in the Morning, and talk about that great western we are making"

Thus started the pre-amble for what would become the story of how Marty and Leo hoodwinked the people in making The Wolfe of Wall Street.

3-hours of gratuitous sex. lust, cocaine, champagne and excesses so large that, mere mortals such as us will be forever conned into believing that this is just what the Movie Industry was designed for, Industry self-gratification and a return on the Dollar.

Do yourself a favour with this Wall-St and Sex, Drugs and Rock & Roll rip off, if you need to see Sex in a film, order a XXX from any porno outlet, it will be milder. If you want to see people ripping of the Economy take a trip to wall-street.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Аpocalypse Now (1979)

На Капетанот Вилард му е зададено да изврши една од тајните задачи на американската армија, а тоа е да го убие отпадникот – полковникот Волтер Курц кој кај едно домородно население во Камбоџа има статус на бог. Патешествието од Виетнам до Камбоџа е уште едно стресно искуство за не така психички стабилниот Вилард.

Френсис Форд Копола на почетокот бил поттикнат од предизвикот да направи најдобра екранизација на „Срцето на темината“ од Џозеф Конрад, но потоа направил ремек дело кое е речиси целосно независно од книгата. Во 1979 поради тоа што се’ уште францускиот империјализам бил голема табу тема, за да може да биде прикажан на фестивалот во Кан од филмот се отстранети одредени сцени меѓу кои сцената кога Волард е во куќата на француските колонизатори. Но, во 2001 година Копола одлучува да ги вклопи отстранетите делови во филмот и така дава дополнителни 50 минути, односно над 3 саати филмска класика. (redux верзија)

Филмот е можеби најреален приказ на случувањата внатре во американската армија за време на војната во Виетнам. Копола прикажува како капетан кој доживува халуцинации е праќан на сериозна мисија од голема важност, како војскатата бомбардира едно место и фрла напалм (“Napalm, son. Nothing else in the world smells like that. I love the smell of napalm in the morning.”) попратено со музиката на Рихард Вагнер – Ride of the Valkyries за да може да задоволи свој каприц односно да сурфа, како без причина масакрира цивилно население... прикажува војска под влијание на дроги, војска како распашана команда, војска каде не се знае кој што прави.

Суштината и загонетката на филмот е ликот на Волтер Курц (Марлон Брандо). Копола не можел подобар избор да направи, иако Брандо тврдоглаво одбивал да ја прочита книгата. Курц е црвчето кое ја јаде совеста и прашува кој е во ова лудило луд? Или попрецизно кој е помалку луд и чии постапки се нормални реакции од лудилото? Брандо можеби се појавува се' на се' 15 минути и тоа само на крајот на филмот, но неговиот монолог, кој е еден од најдобрите било кога кажани, е темел на филмот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
12 years a Slave


Маестрално дело на Стив МекКвин и тоа од сите аспекти!
Најпрво станува збор за вистинска приказна, за реалност што ја имаат доживеано илјадници црнци, во првата половина на 19 век, во едно сурово робовладетелско општество, во Јужна Америка...Јас лично мислев дека работите на оваа тема стојат онака како што ги гледав во филмот Help, не помислувајќи дека човек може да третира друг човек како да е подоле од животно, да го поседува, да го измачува, да го става во неподнослива агонија, па и да му го одземе животот на најсуров начин...Токму од овие причини овој филм ме исполни со голема доза на негативна енергија уште од самиот почеток, а на моменти ме доведе до солзи, најмногу поради фактот што знаев дека сето тоа вистински му се случувало на некој пред многу години...
Стив МекКвин точно знаел кои актери да ги избере за ова негово неповторливо ремек дело...Глумата беше феноменална, а посебно ги пратев сите гримаси и изрази на лицето на актерите во секој можен кадар, нивните реакции, совршено одглумено и совршено пренесени емоции...Интересно ми е што режисеров точно знаел на Мајкл Фасбендер која улога да му ја додели - таа што највише му одговара секако (после Брендон во Shame) :), докажа дека истата му лежи неверојатно...Едноставно има фаца човеков за вакви улоги...Појавувањето на Бред Пит и не ме воодушеви нешто премногу, дури мислам дека можело друг актер и подобро да се покаже...
Нешто што ми остави најсилен впечаток беше целокупната сценографија, ме воодушеви максимално...- 19 век, Јужна Америка, лето, богати господари и господарки облечени во долги и широки фустани во пастелни бои во нивните огромни мансиони со големи тремови напред, полиња со памук и плантажи со шеќерна трска на кои работат изнемоштени црнци и црнкињи, зеленило, шуми со високи дрвја, прекрасни пејсажи...
Музиката во филмот е на Hans Zimmer, што и за тоа режисеров добро се погрижил да биде квалитетно до максимум...
Сценариото исто така беше добро осмислено и прикажано во цели интересни 134 минути...
Значи полн погодок од сите аспекти...
Иако веќе имам мој фаворит за Оскарите и ќе навивам за него, што не значи дека овој филм е помалку квалитетен...Препорачувам особено на љубителите на добра драма...
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Along came a spider
Филмов ме чуди како не сум го гледал до сега едноставно е одличен. Полицаец при една задача ќе го загуби партнерот потоа се повлекува се додека криминалецоткој ќе изврши киднапирање на керката на сенаторот не го побара него за случајот. Непредвидлив до самиот крај одлично смислено сценарио. Оцена 8/10
Kiss The Girls
Кој психопатски мозок треба да го поседуваш за дејството на филмот да е такво... Имено исчезнуват млади , убави и силни девојки во еден град. Киднаперот се потпишува како Казанова , а девојката која нема да ги следи неговите наредби ја наоѓаат мртва заврзана за дрво. Тешко му се влегува во траг се додека една од девојките не побегне. Сепак вистината се расплеткува со самиот крај. Добар филм 8/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572

Shattered

Филмов некако ми беше познат или сум го гледал па сум заборавил или незнам зошто претчуствував што ќе се случува во филмот. Како и да е киднипирањто на брачниот пар и заканта по животот на нивната ќерка е главниот двигател во филмот. киднаперот го знае секој детал за нив и е во мисија да му го уништи животот на Ник на кого не му е јасно зошто се случува токму тоа. Понатму гледајте мислам дека можело да има многу поинаков крај ама тоа е 6/10
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.303
После 7-8 месечна пауза да пишам во темава, тој период не гледав многу трејлери, повеќе се фокусирав на серии. Она што го гледав изминативе два дена не е нешто спректакуларно.​
Escape plan, што да се каже за филмов, главни улоги Сталоне и Шварци. Штом ги имаш нив двајца во филм и знаеш дека филмот ќе е со пукање и тепање, кој повеќе ќе истепа. Во филмот се работи за тоа како Сталоне (Реј Бреслин) оди од затвор во затвор со цел да ги најде слабите точки на затворот и да избега. Он за тие бегства пишува книга. Емил Ротмајер (Шварци) го запознава во затвор, овој затвор е сосема поинаков од затворите во кој Реј бегал. Овој затвор се наоѓа на брод, бродот цело време е во движење.​
Има еден дел во филмот кај што Шварци зборува на германски јазик, и тоа доста добро го зборува германскиот дури и чудно ми падна си велам овој научил да зборува, ама Шварци не е Шварци ако не те демантира.​
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Nokas [2010]



Најголемиот грабеж во Скандинавија. Филмот е норвешки и има малку документаристички пристап. Работен е според сведочења на учесниците во целиот случај и затоа од време на време се вметнати флеш-бек - ситуации, гледани од различни луѓе. Добро организирана група, облечена во „навидум“ полициски униформи влегува во банката.....исходот ќе си го видите (или ќе прочитате, пошо е реален настан). Атмосферата е интересна, а динамиката е таква каква што е, што би рекло нема „пумпање“, затоа во одредени моменти знае и малку да е успорен, па и досаден малку, ама се гледа - за љубители на крими е ок и нормално такви што можат да слушаат норвешки јазик (пошо е троа тежок)...
Оценката на IMDB, според мене е соодветна...
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Domestic Disturbance
Филмов ми беше онака. Дете сведочи за убиство од страна на неговиот очув. Проблемот е што никој не верува во тоа освен неговиот татко кој ќе почне да го истражува случајот и ќе ја дознае вистината за кој е всушност очувот. За тепање време доста добар нешто дека ме воодушеви не просечен филм.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
The Thomas Crown Affair
Сакам вакви филмови до сам крај неизвесни. Еден богат вљубеник во сликарството ќе украде слка од музејот. Девојката која мисли дека знае како и што направил ќе влезе во неговата игра. Одличен и маестрален 9/10.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.721
Поени од реакции
12.727
Europa Report ( 2013 )

Колку долго барам филм што конечно ќе ја врати правата смисла на жанрот sci-fi и самиот веќе не знам. По некое чудо, од вчера кога почнав со сај-фај класици, налетав и на филмов.

Во прилично блиска иднина, започнува приватно финансиран поход за истражување на Европа, сателитот на Јупитер. Групата на астронаути се составени ( како што можев да идентификувам :D ) Америка, Русија, Британија, ваљда и Источна Европа. Начинот на снимање е found footage, истиот што беше популаризиран од Blair Witch Project. Значи немате камерман, сите снимки се од веќе инсталираните камери во шатлот и скафандерите. Звучни актерски имиња не очекувајте. Револуцинорни специјални ефекти исто така.

Она што може да очекувате, е ОДЛИЧЕН сај фај трилер што полека си билда на приказната. Исто така, мала е разликата да од сај фај стане реалност. Претставено е многу реално сценаријо за што всушност се случува надвор од овој свет.

Филмот е box office flop, критичарите го фалат безпрекорно, а дебилите со акаунти на IMDB му дале оцена од САМО 6.5, каде слободно би го ставил во ранг на 2001: Space Odissey минус генијалноста на Кјубрик :) . Моја оцена 8.5 само поради претходно наведената причина.

Чисто како споредба, Gravity, ни на малото прсте неможе да му се фати на филмов. Верувам дека ќе биде ова еден од следните класици. Веќе почна до добива култно следење.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.843
42



Само уште еден вообичаен филм за и со спорт, со многу клишеа во него. И тоа не било кој спорт, туку омилениот на Американците. Опис: Moneyball meats Lee Daniel's The Butler. Но и покрај се, инспиративна приказна. Од време на време не е лошо да се ѕирне и по некој ваков. Најинспиративна реплика:

„Maybe tomorrow, we'll all wear 42, so nobody could tell us apart.“ - Pee Wee Reese

57 years later:








Јака шестка од мене. Накај седум!
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479


Eve uste edna klasika na japonskata kinematografija, normalno od strana na Akira Kurosawa. Throne of Blood e adaptacija na tragedijata Magbet od Vilijam Sekspir i voedno verna obrabotka na istata, so isklucok na prefrluvanje na dejstvoto od Skotska vo Japonija. Tosiro Mifune e brilijanten vo ulogata na generalot Washizu, koj otkako ke go zadusi obidot za puch protiv negoviot gospodar dobiva sansa da se iskaci na povisoka pozicija, so pomos na otrovnite soveti na negovata sopruga.

Hajlajt momenti-sredbite na Washizu so misteriozniot starec vo shumata na tvrdinata Pajazina kade starecot mu prorekuva na Washizu za negoviot podem i pad.


 
Член од
15 септември 2013
Мислења
104
Поени од реакции
186

Ова е мојот последен гледан филм и морам да кажам дека е еден од најдобрите филмови кои што ги имам гледано во последно време ако не и во животот.Станува збор за романтична комедија која е во режија на Ричард Куртис и се зборува за Тим кој открива дека мажите од неговото семејство можат да патуваат низ времето но само во рамките на тоа што веќе го имаат преживеано.Тој не го користи тоа за да се збогати и сл.туку го користи тоа како помош во љубовта.Посебно ме бендиса тоа што за разлика од останатите филмови откако ќе се заљубат тој не ја изневерува па таа ќе го фати и после тоа тој прави работи за да ја врати назад,туку сфаќа дека е заљубен во неа и ја запросува.Филмот всушност е за тоа што е најважно во животот и што е потребно за да бидеш среќен,а тоа се постигнува со исполнување на денот и ценење на времето кое ни е подарено.
Моја оценка 10/10
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.721
Поени од реакции
12.727
Children of Men ( 2006 ) - Дистопијски Сај Фај трилер

Срам ми е да признаам дека филмов е 8 години стар, а јас сум го пропуштил. Приказната е на некој начин реимагинација на настани познати низ историјата и митологијата, вметнати во денешното ( more or less ) опшество.

Во 2009 година, сите жени во светот наеднаш стануваат стерилни. Оние бремените пак, добиваат контракции или спонтани абортуси. Фаст Форвард во 2027, убиен е најмладиот жител на Земјата, „бебето Диего“, 18 годишен тинејџер. Тео, средновековен човек, за влакно избегнува бомбашки напад во центарот на Лондон, за подоцна да биде киднапиран од својата бивша жена Џулијан, лидер на терористичка органзиација. Целта на киднапирањето, обезбедување на безбеден премин за Ки, девојка која е имигрант, црнкиња, 8 месец бремена.

Режија - Алфонсо Куарон ( Y Tu Mama Tambien, Gravity )
Улоги:
Клајв Овен - Тео
Џулиен Мур - Џулијан
Мајкл Кејн - Џанак :D
Батката со заебано име од 12 years a slave - Терорист :D

IMDB оценка 7.9 ( неам забелешки за оцената )
Rotten Tomatoes - 93%
Се наоѓа на неколку листи за топ 10 сај фај филмови во 21 век.

Дефинитивно филм што вреди да се изгледа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom