- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 1.432
- Поени од реакции
- 2.543
Don Jon (2013)
Ова е уствари последниот филм што го гледав во 2013, али не можев претходно да пишам затоа што не бев тука...И знаете колку време го чекав торентот...
Во глобала филмов ги исполни моите очекувања...Не се сеќавам најискрено кога последен пат сум гледала филм, кадешто главниот лик е истовремено и режисер и сценарист...
Џон е 28 годишен дечко,којшто во животот ги има- своето скромно станче, бурниот ноќен и сексуален живот, два-тројца пријатели во негов стил, неделните миси во црква и...порно клиповите со кои има посебна и специфична конекција, опишана детално во филмот...
Ова е филм којшто е лесен за гледање, но не така површен како што изгледа на почетокот...Филм за љубовните познанства, кој прави совршено јасна дистинкција меѓу сексуалната возбуда и квалитетниот секс како резултат на јака физичка привлечност, но и како резултат на емотивната поврзаност и харизма...И најбитно прави дистинкција меѓу вистинско заљубување и потреба за заљубување...И верувам дека секој од нас се има пронајдено себе барем во мала секвенца во текот на тие 90 мин...
И на крај- Скарлет Јохансон во овој филм е божанствена! Да не постоеше, ќе требаше да ја измислат да глуми во овој филм...И не само тука, туку и во такви како Match Point, Lost in translation и In a good company...Незаменлива! Ја обожавам до небо и назад...