Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Па ај кажи што има во неговите филмови интересно освен луѓе што се убиваат меѓу себе на некојси забавен начин да го речам?
 
Па ај кажи што има во неговите филмови интересно освен луѓе што се убиваат меѓу себе на некојси забавен начин да го речам?
Забава, добра приказна, супер сценарио, глума, камера, режија. Се има. Не знам како може филмовиве на Тарантино да ти се досадни...
 
Тапа е да го бранам Тарантино, исто како да ми збориш дека Леброн знае да забива само. Квентин има изградено реноме на култен режисер. Сите филмови му се динамични, со исто брзо темпо, кој е како дрога за повеќето филмски фанатици.
И кога обработува различна тематика, сценската поставеност, музиката, скрипта дијалози/монолози, паралелните стории кои идат т.е мулти-линеарниот storytelling се преставени на ист начин, сето ова е негов белег и трејдмарк, и гледајќи го филмот веќе знаеш кој го режира. Малку се такви денес.
 
Забава, добра приказна, супер сценарио, глума, камера, режија. Се има. Не знам како може филмовиве на Тарантино да ти се досадни...

работава е како истиот филм да го гледаш у секој негов филм, нез дали ме сфаќаш. Истите елементи, убиства на кило, доза хумор, камера, режија. Плус и филмовите на Роберт Родригез делуваат како некоја латино американска копија од овие на тарантино
 
Па неможеш да кажеш, си има различен концепт во сите филмови, различна приказна, различна идеја, различна поента.
На пример од Jackie Brown до Inglourious Basterds има голема разлика али сепак го содржи тој Тарантино печат што си го има он оставено.
 
Има режисери кои оставаат трага, знаеш дека филмот е нивни кога го гледаш, се одликува со нешто. Повеќето се копи/пасте, не можеш да ги препознаеш. Тарантино е лесно препознатлив, ќе беше и повеќе да не постоеше Родригез :).
 
+ (што не кажавте) мене најмногу ми се допаѓа кај Тарантино вниманието кое го обраќа на детали во кадрите кои значат многу при реконструирањето на приказната по изгледаниот филм. Пример - и по безмалку 10 гледања, јас се уште наоѓам нови ситници во Pulp Fiction кои ме запрепастуваат. Затоа, не се плашам да го наречам - тежок перфекционист. Дури и она што за нас би било филмска грешка во неговите филмови, е намерно направена од негова страна, и се со определена цел. Во таа линија, јас Pulp Fiction го сметам (И) за пародија на Western филмовите, меѓу другото. Kill Bill и мене ми беше срање, морам да признаам, ама затоа Pulp Fiction, Inglorious Bastards, Reservoir Dogs, Sin City и Django Unchained се многу повеќе од ОК!
 
Тарантино направи револуција во Холивуд бе,како може некој да не го сака.Во неговите филмови има буквално се,од хумур до приказна,дијалозите му се ремек дело,како може некој да го нарече глуп:facepalm:.За мене еден од најинтелегентните и најдобри режисери на сите времиња.Стварно не знам како може да се хејта еден од најкултните ликови во Холивуд.На голема врата го промовираше сарказмот и има влијание во голем број крими комедии како Snatch,Lock stock and two smoking barrels,In Bruges и тн.Прав филмоман не може да го хејта Тарантино.
 
Само за дијалозите имаат 9/10 филмовите на Тарантино, другото е огромен плус. :)))
 
Има режисери кои оставаат трага, знаеш дека филмот е нивни кога го гледаш, се одликува со нешто. Повеќето се копи/пасте, не можеш да ги препознаеш. Тарантино е лесно препознатлив, ќе беше и повеќе да не постоеше Родригез :).
Баш тоа, и кон тоа целат сите режисери денес, да бидат препознатливи у филмовите, хајлајтот да не им го земаат актерите у филмот.
Кјубрик, Линч, Алехандро Гонзалес Инариту, Тар, Куросава, Лумет итн, сите имаат свои сфаќања за главните елементи на филмот. Некои ги нагласуваат(повеќе драма, суреализам, насилство, монотонија, меланхоличност, минималистички осврт, мултилинеарно сценарио итн.) прават комбинации и од таму вадат потпис.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom