RocknRolla
Конечно!!Неколку месеци дремеше на ДВД без можност да биде виден и вчера скршив мраз. Ремек дело. Гај Ричи после овој филм од категорија
Почитуван преминува во
Обожаван. Морав да ѕирнам дали е и сценарист на филмов како и на Снеч што се потврди и всушност оној кој малку од малку го прати тоа може веднаш да го види. Има Гај свој начин на раскажување на приказна и посебен профил на ликови кои ги гради во филмовиве. Ако сакате да направите приказ како валкано функционира улицата, митото, подземјето и корупцијата дајте филмот да го направи Гај Ричи. Типично Британски без филување и лажен сјај, наркоманот е наркоман, улицата е полна со бесни момци, и да, меѓу нив не се сите стрејт макар колку и мажествено да изгледале. А спротивно на моите очекувања филмов не беше преполн со пукање, крвови и насилство, баш напротив има галантен криминал со неколку сцени каде нормално мора да биде употребено. Мислев дека Жерард Батлер најмногу ќе ме воодушеви во филмов, но згрешив најмногу заради дечкото кој го глуми Џони Квид и кој е неприкосновен во филмчево, макар што тврдам дека токму вакви улоги му лежат на Батлер и не треба да навлегува премногу во Холивудската комерцијала. Вистинското воодушевување е кога ќе го видите Џони Квид или вистинската RocknRolla како што го нарекуваат. Дечкото е феноменален, доволно луд, доволно инспиративен и го имаше најубавиот цитат кој ми остана во памет од филмов:
Johnny Quid: You see that pack of Virginia killing sticks on the end of the piano?
Pete: Yes.
Johnny Quid: All you need to know about life is retained in those four walls. You will notice that one of your personalities is seduced by the illusions of grandeur - the gold packet of king size with a regal insignia, an attractive implication towards grandeur and wealth, the subtle suggestion that cigarettes are indeed your royal and loyal friends, and that, Pete, is a lie.
Johnny Quid: Your other personality is trying to draw your attention to the flip side of the discussion, written in boring bold black and white, it's a statement that these neat little soldiers of death and in fact trying to kill you and that, Pete, is the truth.
Johnny Quid: Oh, beauty is a beguiling call to death and i'm addicted to the sweet pitch of its siren.
Johnny Quid: That that starts sweet ends bitter, and that which starts bitter ends sweet.
Johnny Quid: That is why you and i love the drugs and that is also why I cannot give that painting back. now please, pass me a light.
Pete: Oh you are something special, Mr johnny quid.
Филмов и да сака човек не може да го раскаже, најдоброто што може е да ги долови ликовите. Да се обидам сепак да чепнам од приказната без да закачам спојлер. Лондон се гради, а цената на недвижнините расте, еден локален мафиозо(Лени Кол) ги има сите конци во рацете и може да манипулира со дозволите. Кај него треба да се обратите ако сакате да градите и да вложите. Еден Русин склучува договор со него вреден 7 милиони евра, и како добар гест му ја позајмува на неколку дена својата "среќна" слика која наскоро ќе биде украдена. Понатаму е див Запад..
А да, и да не заборавиме, еден од најдобрите саундтраци кои јас ги имам чуено на филм..
П.С и покрај тоа што една буква го дели мојот ник овде од насловот на филмов, си земам за право да го поврзам и со него од денес..