КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
71. Gran Torino (Clint Eastwood, 2008)

71.jpg
Gran Torino (2008)

Уште еден од низата на одлично прифатени филмови на Клинт Иствуд. Unforgiven (1992),
Mystic River (2003), Million Dollar Baby (2004), Changeling (2008).

Ни сам веќе незнам дали старецот е подобар зад камерата или пред неа. Изрежира и глумеше во неколку прекрасни филмови кои како нешто заедничко имаат потресна, трагична приказна. Приказна која знае да допре до гледачите, ликови кои брзо ќе ги засакате.

Клинт Иствуд е еден осамен старец, отуѓен од фамилијата, човек кој не сака никого на светот. Живее во населба која ја населуваат Азијати и Црнци, самиот тој е преполн со омраза и расни предрасуди но не сака да се отсели. Веднаш до него се доселува фамилија која ќе стане дел од неговиот живот, по што и нивните проблеми, ќе станат негови.

Клинт си е Клинт и мора да го сакате. Филмот, како и серијата предходни филмови, оди по малку спора линија. Работите бавно се движат, но тој што ги изгледал останатите филмови, знаат за што се работи. Сепак, завршницата им е секогаш возбудлива и емотивна, а секој негов филм носи многу поуки. Филмов е доказ, дека не треба многу пари или познати холивудски актери, за да се направи нешто добро. Или така е можеби заради тоа што Клинт Иствуд е доволен за тоа?

Оцена: 9/10
A fucking masterpiece! Damn...
Невозможно ми е да го замислам филмов без Клинт Иствуд во главна улога.
"Get of my loan or else I'll fucking shoot a hole in your head" го кажува ко да вика "Good morning to you too"!
Се чувствува сop Dirty Harry низ филмов...
"Ever notice how you come across somebody once in a while that you shouldn't have messed with? That's me."
Хел јеа.
Непоправлив badass расист до последна минута, а не можеш да не го сакаш. Нели е тоа just amazing?! Каков слатко-горчлив хумор. Расистички коментари со зарипнат глас, крв на марамче и цигар во уста. Само зборови...who gives a shit?Никој не е навреден. Интелектуално убиство.
Запира здив на филмов. Брилијантно.
Неповторливо и прекрасно обмислено.
Зарем Клинт Иствуд може поинаку?
После овој филм, уште долго ќе ми се вртат мисливе и цитатите на Клинт Иствуд. Веќе од лани кога го гледав „Slumdog Millionaire“, не ме оставил некој филм со толку длабоки и силни импресии. Според мене од изгледаните „Мистична река“ и „Размена“, дефинитивно ова е најубавиот филм на Иствуд. Филмот ни‘ нуди прекрасна содржина, фантастична глума, и неверојатна режија и музика. Саундтракот веќе ми е на листата за симнување, генијален е. Иствуд дефинитивно го одигра маестрално ликот на стариот и огорчен Волт Ковалски. Дефинитивно најинтересни цени ми беа додека беше на скарата кај комшиите Азијци, значи прекрасни цитати!

Крајот беше доста shocking :nesvest: ! Уште еднаш, огромна препорака до сите, овој филм ќе го паметам уште многу долго време...!

Чиста 10ка, без размислување!

Ториното беше :smir:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
70. Room (Lenny Abrahamson, 2015)

70.jpg
Знам дека повеќето овде го имате гледано...Јас дури вчера се решив конечно да го гледам...
За филмов единствено знаев дека доби Оскар за главна женска улога и ништо повеќе...Немав ни трејлер гледано, ниту прочитано, ниту слушнато нешто за темата - апсолутно ништо...
За актерите- не можам да замислам дека постојат некои што подобро ќе ја одиграат улогата на мајка и син од овие двајца...Детево е створено мислам за оваа улога...Доволно е само лицето да му го гледаш и го доживуваш како реалност филмот...
Мислам дека све во глобала што сакал режисерот да постигне, кај мене како гледач го постигнал комплетно...
За мене ова е многу, многу повеќе од една обична заложничка драма, каква што сме гледале во повеќето филмови...
Искрено на почетокот, се прашував што прават мајката и синот затворени во соба и прво што ми падна на памет е дека детето е нешто болно и не смее надвор да изглегува (од некои глупости што сум ги гледала по други филмови како The others и сл. :D ) , после тоа кога видов зошто се уствари затворени помислив дека филмот ќе биде уште една обична заложничка драма (и пак погрешив...)
Емотивниот набој во филмот си го направи своето...
треба да си од камен, а да не заплачеш кога ќе го гледаш 5-годишно како страда, како плаче за имагинарно куче по име Лаки и како удира по стаклото на полициската кола и ја вика мајка му итн.........
И на крај само два главни моменти ќе потенцирам...Главната поука на филмот- татко е оној што ти пружил љубов, внимание, среќно детство, грижа, многу насмевки и те прифаќа каков што си, давајќи ти безрезервна поддршка...Во филмот во два случаи ни станува јасно дека татко не е само биолошката врска...
И другиот момент е пострауматскиот стрес...Предобра слика беше дадена за тоа...Акумулиран стрес и траума која траела со години, откако ќе помине знае да го сруши организмот...Видовме како во филмот...
Од мене оцена 10 за овој филм...
Предобар...
Само што го изгледав Room и не можам да се соземам целосно и дваесетина минути по завршувањето. Наежен сум од глава до пети ко кокошка по колење. Вакво нешто ни очекував, ниту пак воопшто помислив дека баш овој филм може да ми биде фаворитот од 2015-та. А баш тоа се случи. До сега, за мене најдобриот од 2015-та!

Не можам подетално сега, уште сум под импресии. Морам да почекам да се сталожи, да легне малце, да се соземам, да се вратам назад, па утре (можеби) би елаборирал поопширно.

Ау, каков филм!
Ај у пм, кај денес грдо ми е на душата со смртта на Боуви, па и скроз ме расцепи Room!

Е кога вакви филмови ти оставаат кнедла во грло и грутка на срцето знаеш дека си гледал квалитетен филм. Бри Ларсон заслужено си доби Глобус синоќа, изглуми прејако, Оскар на повидок сигурно после гледањето на филмот. Многу многу жална приказна :place::place:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
69. Before Sunrise (Richard Linklater, 1995)

69.jpg
Филмов заедно со неговото продолжение се дефинитивно најдобрите романтични филмчиња што може да ги најдете.Многу ми се допадна тоа што не одат по стандардниот холивудски шаблон на boy meets girl , boy falls in love и сите такви срања.Оваа приказна е практично дијалог меѓу двајца млади кои се среќаваат на воз што оди за Виена.Момчето треба да утепа еден ден во Виена затоа што авионот за во Америка му тргнува наредниот ден а пак девојката оди за Мадрид.Ќе започнат муабет во возот по што Џеси ќе ја покани Селин да му прави друштво во остатокот од денот и така почнува нивната авантура низ Виена.Глумата е одлична и од Итан Хок и од Џулија Делпи а муабетите што ги водат едноставно се мерак за слушање.Дефинитивно еден од паровите со најголема хемија што се појавил на филмското платно.
Одамна немав пишано на темава но овие два филма доволно ме импресионираа за да ги спомнам и пофалам. Првин се мислев дали да ја ставам рецензијата во темата за филмој со мала актерска екипа(затоа што целиот филм зависи од 2цата главни актери) но сепак се решив тука да ја напишам.

Двата филма претставуваат романтична драма ,без шокантни и сцени кои ќе ве држат во неизвесност,но пред се ќе ве релаксираат а и замислат истовремено(колку чудно и да звучи).

Како што спомнав целиот товар лежи на 2та актери Итан Хок и за мене (да бидам искрен) не познатата француска актерка Julie Delpy . Од Итан не можев да очекувам нешто лошо ,а од французинкава(која е преслатка и нема шанси да ви биде одбивна во ниту една сцена) бев прилично импресиониран и успешно му парираше на Итан во двата филма.

Иначе во првиот филм се работи за 2ца патници во воз кои случајно се среќаваат и одлучуваат да поминат една вечер заедно во Виена,додека вториот е за нивната повторна средба 9 години подоцна во Париз.

Филмовите се исполнет со интересни мисли околу љубовта,религијата,семејството и самото постоење пренесени преку разговорите на 2та лика и како голем плус се прекрасните сцени од Виена и Париз во кои едноставно не може да не уживате.9/10
Омилен! Го изгледав буквално во еден здив. Романтична драма. Совршен е. :D Цело време се врти околу два лика, се среќаваат во воз како тотални странци, знаејќи дека нема никогаш повеќе да се видат, решаваат да поминат време заедно. Водат различни разговори, раскажуваат по нешто за својот живот, премногу интересни дијалози поврзани за љубовта, семејството, уметноста, за сешто... Времето буквално лета со филмов. И си се изнаплакав на филмов, за сите пари. :D Инаку има уште два дела, но за мене првиов е врвот. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
68. The Conversation (Francis Ford Coppola, 1974)

68.jpg
Ретко кога некој филм толку ме фасцинирал за да се осмелам да напишам рецензија (која за жал заборавив како се пишува веќе...) но и причината за овој предлог е што филмот и не е толку познат колку што треба да биде.
Се работи за The Conversation (1974), филм на Франсис Форд Копола, кој за филмот кажал дека од сите филмови што ги направил, ова е неговиот омилен филм.

Копола долго време се обидувал да го финансира филмот но ги добил средствата тек после успехот на The Godfather, па со парите од него го снимил овој.
Јас искрено не ни знаев дека постои филмов се до скоро време.

Накратко, се работи за експерт по прислушкување (stranski_sluzbi) кој има задача да прислушува пар маж и жена и нивниот разговор транскриптиран да го предаде на агенцијата која го изнајмила да ги прислушкува. Парот, кој очигледно параноичен и искусен со такви служби, знае дека ако разговара во гужва многу се мали шансите за да биде прислушкуван. И поради тоа се среќаваат на најпрометно место, на плоштад.
Gene Hackman, кој ја игра главната улога на прислушкувач, почнува да стравува дека парот кој е прислушкуван има опасност да биде убиен.
Накратко, тоа е главниот plot на филмот.
Кинематографијата е одлична, The Conversation е исто така многу значаен по тоа што има многу добар sound editing, лесно се навлекува човек и 2 часа поминуваат многу брзо. Изобилува и со добра џез музика така што љубителите на џезот би уживале во филмот.

Мене ме држеше напнат до самиот крај, значи до последната минута. Кога го изгледав морав да го премотам назад на неколку сцени затоа што не бев свесен што точно се случи.
За тие што сакаат мистерија, трилер (има трилер елементи секако), неизвесност, убава режија и класика актери од тој период (Џин Хакман, Харисон Форд, Роберт Дувал) обавезно да го погледнат филмот, мислам дека нема да ве разочара и ќе ви ги исполни очекувањата за тоа што е добро аудио визуелно остварување.

Од мене има 10ка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
67. The Breakfast Club (John Hughes, 1985)

67.jpg
Сабота, 24 Март - 1984 година. Петорица студенти (Пубертетлии :icon_mrgr:) се приморани целиот ден да го поминат во школо со нивниот професор. Се ќе беше тоа добро, само што студентите се со сосема различни карактери. Во филмов ќе се запознаете со Џон (на прв поглед тежок багабонт и криминалец), Ендју (Спортски тип), Брајан (Еден од најдобрите студенти во школото, ама кај нас ваквите ги викаме "Бубалици"), Клер (Богата татина маза) и Алисон (нездрава личност на прв поглед). Да не го заборавиме и професорот Дик кој исклучително е темпераментна личност, и гледа само како да им го направи денот на студентите помизерен. Како што ви опишав, ученициве немаат ништо заедничко, и се со тотално различно мислење за опкружувањето околу нив. Со буџет од само 1 милион долари, филмов направи тотален БУМ кај тинејџерите. И после 30 години, филмов се смета за еден од најдобрите дела што некогаш се направени во филмската индустирја. Се разбира неможете а да не го забележите саундтракот за филмот, од Simple Minds, песна со која се прославија како бенд.Филмов го ставам во категоријата Must Watch Movies... дека едноставно делово е за сите несватени души​
:icon_mrgr:

ИМДБ Оценка: 7.9/10
Моја оценка: 10/10

Уживајте :pipi:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
66. I Am Legend (Francis Lawrence, 2007)

66.jpg
Прво, филмов е со Will Smith! Второ, е доста напнат, и неочекуван, и го има она соживување со главниот лик што многу ми се свиѓа. Во тие саат ипол едноставно дишите со Will Smith. Има 2 различни краја, не пропуштајте да ги изгледате и двата. Имам доста за зборење за краевите, ама ај да не ви давам спојлери. Му давам 8,5 ваљда.
Пост-апокалиптичен филм во кој што опасен вирус се шири и го убива поголемиот дел од човештвото ,а помал број од човештвото...А во Њу Јорк еден преживеан храбро се бори за да пронајде лек против опасниот вирус. Ептен некако ми беше напнат филмов ,ми се допадна но...(се разбира ако не си го гледал филмот не погледнувај под спојлерот)​
Почеток добар , средина одлична ,но крајот беше малку краток ,доколку Смит преживееше ќе беше клише ,но сепак мислам ќе имаше подобар крај...А да и уште 20 минути да беше подолг филмот мислам дека ќе беше одличен.
Сликава ептен ми се допадна ,можеби ќе ве натера и да го гледате....некако мистериозна и напната е.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
65. Blue Velvet (David Lynch, 1986)

65.jpg
Со филмовите на Линч не сум баш на рамно дали ги сакам или не и какви што му се филмовите, така е и моето мислење за нив - нејасно :D Само, има нешто во нив што не ми дава да ги исклучам, колку и ништо да не разбирам и мозокот да си го напрегам, гледам, пазам, се внесувам и таман кога очекувам кулминација, нешто најјако да се деси, оп крај. Не можам да проценам дали гледам ептен глуп, или премногу генијален филм, дали 2 или 9 да му ставам, битно колку и да се нејасни и неповрзани, за чудо повеќе ги памтам од некои со обична проста приказна. Како било, овој филм не е нешто такво, за овој си имам мислење и оцена. :D

Едно исечено човечко уво и истрага за да се најде сопственикот и оној кој го оставил без него.
Одамна го имав во план, ама сосема друго мислење имав, па некако деновиве ептен ми се провртка и веќе не можев да го игнорирам. Па и кога го прочитав и ова..
И ај го пуштив...
Сега не е баш Хичкок стил, ни на нешто негово потсеќа, ама и не треба да биде така зошто си има оригинален печат. Филм на Линч се познава од прва минута дека е негов. Исти бои, атмосфера, ликови, музика...

Убаво. Гледајте си го. 8/10
Кога го спомнавте Линч одма ми текнува на Blue Velvet , баш да се потсетам шо забегано филмче беше.Ако го немате начекано на тв негде , за филмоманите обавезно да се погледне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
64. Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 2 (David Yates, 2011)

64.jpg
Заврши и последното поглавје од познатиот Хари Потер.
Во последната битка за извојување победа над Лорд Волдерморт, Хари и неговата дружина мораат да ги уништат последните магични нешта кои му овозможуваат на Волдерморт да биде бесмртен (пехар, дијадема, и неговата страшната змија). Хари Потер дознава дека едно делче од душата на лошиот Волдерморт се наоѓа во него и единствениот начин да се ослободи од неа е да се жртвува и да му се предаде на Волдерморт.
Не сум фан на Хари Потер, но морам да признаам дека филмот и сценариото беа брилијантни.
Моја оцена 9,5, додека моменталната на IMDb 8,7.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
63. Groundhog Day (Harold Ramis, 1993)

63.jpg
Како е да живеете еден ист ден долго време....?
Филмов се двоумевме дали овде или во комедии, ама сепак одлучивме овде затоа што во комедии беше жестока конкуренцијата така да, сепак спаѓа во овој жанр. Некои велат дека е оригинална идејата, некои не... ама небитно. Филмот е премногу интересен. Се сеќавам дека на форумов се актуелизира пред околу година дена и тогаш пола форумџии го гледаа. Кој не го изгледал досега, ова е вистински филм за некој подепресивен ден. Ма не е битно. За секој ден. Обавезно на спуштање.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
62. The Terminator (James Cameron, 1984)

62.jpg
Кога Џејмс Камерон го снимал нискобуџетниот филм за Киборгот дојден од иднината со цел да го убие малиот Џон Конор, на крај памет не му паѓало дека таа приказна ќе стане еден од синонимите за жанрот S.F. Филмот го направи Arnold Schwarzenegger огромна ѕвезда иако човекот едвај зборуваше англиски
Филмот го имам гледано повеќе од 30-40 пати но секогаш ќе ми биде интересен.
Нема што да објаснувам на сите ви е гледан.

Оценка 10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
61. The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring (Peter Jackson, 2001)

61.jpg
Ако кажам дека сум ги гледала повеќе од 10 пати, ќе ви стане јасно колку ги обожавам 3-те делови на Господарот на прстените?

-Многу ми се свиѓа поставата од актери ... не ми се верува колку добро се избрани, колку секој најмногу си одговара на својата улога и колку најдобро глумат!
-Иако е некаква фантазија, ептен реално изгледа се` ... не е пренатрупан со некои незамисливи сцени ... т.е. можеби има и по некоја таква, ама тоа воопшто не се приметува додека се гледа филмот.
-Многу ми се свиѓа и тоа што се опфатени повеќе теми ... има добро прикажани војни (срце ми се кине на секое гледање), љубовни моменти, доловено е другарството какво што би требало да е, фамилијарни љубови и нељубови :))) итн итн итн.
-Општо без здив ме остава секогаш целата таа борба на тоа големо зло против доброто ... тоа е секојдневна работа, само поинаку прикажана, па токму затоа толку ме фасцинира филмот ... неповторлив е и ќе го гледам уште мал милион пати!:vozbud:
Го читав Хобитот, ја читав и трилогијата ги гледав и филмовите. Многу моменти се неверојатно склопени, идентични како во книгата. Ликовите на глумците, гласовите, движењата, се е до перфекција баш како во книгата и заради тоа ми се допаѓа. Ретко кој филм што е правен според книга може да се пофали со доловување на таквите моменти. А отстапки секако дека има, и нормално е да има како што е смртта на Саруман и некои делови што се сосема неважни не се прикажани. Го ценам трудот на луѓето што се погрижиле се да изгледа така како што изгледа, сепак тоа бара многу работа, анализирање и трпение.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
60. American Gangster (Ridley Scott, 2007)

60.jpg
Najdobriot film spored mene sto ispadnal vo 2007godina
Конечно некој добар гангстерско- мафијашки филм. Номиниран за оскари.
По смртта на неговиот шеф, Франк Лукас (Дензел Ваншингтон) се претвора во најголемиот дистрибутер на херион во Харлем најпрво а после и во цел Њу Јорк.
Наоѓа добар начин да ја пренесе дрогата од Азија во Америка и како резултат на то неговиот хероин е подобар од другите и со пониски цени. Blue Magic. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
59. Rocky (John G. Avildsen, 1979)

59.jpg
џимеј напиша:
Најдобрата спортска драма на сите времиња. Силвестер Сталоне во неговата најдобра улога. Неверојатно инспиративен филм. Не се работи само околу спортот, туку околу љубовта, борбата за опстанок во пониските слоеви на општеството и ентузијазмот за постигнување нешто големо. Цела антологија вреди да се погледне, иако останатите делови заостануваат од овој за нијанса, сепак таа нијанса не е многу голема. Пред неколку години повторно се врати на големото платно со Rocky 6 и не разочара, туку направи уште едно ремек дело со инспиративни цитати.
Од сите делови на Роки, овој е единствениот кој го немав гледано. Интересно филмче со одлична приказна. Роки од никој и ништо, добива шанса за живот. Иако никој не верува дека ќе успее да го стори невозможното тој успева.
Оценка: 9,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
58. Inglorious Basterds (Quentin Tarantino, Eli Roth, 2009)

58.jpg
Факин шит, филмов е ебено WOW мислам дека Тарантино се надминал себеси со ова дело, срдечна препорака за сите љубители на филмови инспирирани од втората светска војна... иако филмов ни малку не е по вистинска приказна и не е некој реален приказ на тоа како се одвивале настаните не е ни филм во кој треба да барате логика на истите - со тоа што истата е доста запазена т.е она што сакам да го потенцирам е дека приказната за втората светска војна е извртена и имаме поглед на една алтернативна варијанта на тоа време... МАЕСТРАЛНО, можеби одамна не сум истрескал олку пофални зборови во пост, а особено во пост во оваа тема... after all ретко кога сум пишал само еден гледан филм во оваа тема, сеуште под импресии од филмов но веројатно тоа се осеќа :), можеби требаше да "преспијам" па да рецензирам но неможев да се воздржам после толку долго време чекајќи да го изгледам овој филм достојно... на прекрасна слика и навистина да го почуствувам со целиот негов сјај, костимите, боите... деталите. Оценка 10/10 - онаму каде што фали нешто е надополнето во следната сцена + музиката :drk:
Филмот е нешто неверојатно. Долго време немам гледано некое добро филмче како ова. Ми недостигаа долгите дијалози како карактеристика на Тарантино.

Глума перфектна. Бред Пит , пак со различен акцент.
Дејствието се одвива во Наци окупирана Франција за време на Втора светска војна. Неславните всушност Славни Копилина пуштени во Франција да чистат Нацисти.

Ах ... едноставно после гледањето на овој филм бев исполнет некако на чуден начин. :) Сепак крајот го краси делото би рекол ... и тука тоа се докажува. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.823
Поени од реакции
36.831
57. Double Indemnity (Billy Wilder, 1944)

57.jpg
Филмиште. Може би и најдобриот од овие пет предложени (се јадат со The Big Sleep). Наративот е одличен во филмов, карактерите се перфектно изградени. Низ цел филм се осеќа таа тензија која виси дали ќе ги откријат или не, прави да се сочувствуваш со ликовите. Најдоброто нешто во филмов е тоа што ти покажува дека секој може да биде убиец, безразлика дали е тоа твојот комшија, колегата од работа или па жената со кого ја делиш постелата.
Јас почнав со Double Indemnity. И ауууу... :cuc: Немам што повеќе да кажам, навистина. Ме запрепасти филмов, бидејќи, најискрено, очекував нешто малку поинакво. Film Noir повеќе ме асоцираше на тајни агенти, мистерии, пиштоли... и femme fatale - нешто налик на Бонд можеби, а гледав сосема поинаков филм, па веројатно затоа толку ми се допадна. Маестрално! Од глума, режија, сценарио, приказна, игра на сенки и светлина... ма перфекција. 9/10

A propos femme fatale, мислам дека сценава најдобро го опишува тој термин:
Прегледај го приврзокот 142978
P.S. По филмов веројатно со други очи ќе гледам на жена ми :cautious: - имам полиса за животно осигурување. :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom