Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Perfect Sense (2011)

Ева Грин и Ијан МекГрегор во главните улогви. Една од ретките драми кои покрај стандардната љубовна приказна носат уште една значајна содржина која лично мене многу ме погоди.
Филмот прикажува еден свет во кој чувствата исчезнуваат. Луѓето полека, но сигурно го губат секое свое сетило. Но, не се откажуваат од борбата за опстанок. Се враќаат на своите секојдневни ритуали и се обидуваат да заборават на загубите кои секојднвно им ги приредува телото. Тие го губат осетот за мирис, вкус, слух... А веќе на самиот крај темнината го покрива светот околу нив. И застрашувачка е таква состојба! Кога не знаеш каде си, не знаеш дали си безбеден... Во таква сотојба стравот и паранојата би доминирале и би не довеле до тотално лудило. Но, секако, тука е љубовта. Втората приказна на филмот, за мене не толку интересна. Љубовта е чувство на духот и не е зависна од сетилните органи. Човекот и кога ќе се најде во тотален мрак може да гледа, да слуша, да мириса и да се чувствува сигурно само доколку е со личноста на која и верува и кој ја сака.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.206
Поени од реакции
30.400
The Piano

Ако го имате испуштено филмов, и ако сте обожавател на драми, јас со топло срце ви го препорачувам овој филм.
Ада е млада жена која со својата ќерка се селат во Нов Зеланд, за договорен брак помеѓу нејзе и богат земјопоседник.
Тоа што е необично за неа е тоа што таа е нема, и единствен начин за најискрено искажување на своите емоции е нејзиното пијано.
Кога стасуваат на брегот, го запознава својот иден сопруг, и иако и помага да го однесе својот багаж, одбива да го земе и пијаното.
По неколку дена, Ада го замолува неговиот пријател Џорџ, да ги врати нејзе и нејзината ќерка до брегот, за да може повторно да свири.
Слушајќи ја музиката на Ада, Џорџ решава да го земе пијаното со него, и прави договор со неа за да може да си го купи назад.
Филмот има добиено три оскари: За главна женска улога(Холи Хантер), за споредна женска улога(Ана Паквин), и најдобро сценарио.
Ана Паквин е многу слатка во филмот, секоја сцена со неа е пожива. Не е лесно да одглумиш нем човек, и да ги пренесеш емоциите на ликот преку поглед, треперење.
Но тоа и успеа на Холи Хантер, која во филмот, чувствува со музика. :)
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
The three stoogies



Гледам по имдб има оценка 5,6. Според мене би требало да има околу 6,9 или 7. Сите знаеме денешниве комедии какви се, пишува комедија и на каверот ,,You will die from laugh,, а усвари филмот е чиста глупост, најчесто драма и романса и ниедна смешка што ке те насмее. Е, овој филм не е таков. Не го гледав по ничија препорака и кога видов дека е од 2012, искрено бев скептичен и се плашев да го гледам. Но, сосема спротивно излезе. Филмот е нешто слично на глуп и поглуп.

Приказна 5.5/10

3ца сираци кои никој не ги сака, самоволно се борат за сиропалиштето. По пат, влегуваат во конфликт кој треба да заврши со убиство. И така се` понатаму и понатаму.

Саундтрак (незнам ни дали го имаше)

Од што ми беше интересен не ни приметив дали имаше музика.

Глума 8.9/10

Навистина одлучна глума според мене. Во оваа комедија, карактаристични беа глумците, Вергара, Кејт Аптон, ми оставија впечаток највеќе. Во главно одлична глума

Интересно за овој филм е појавата на идиотите од Џерси Шор. Како ке се најдат сами видете :)

Ако некој го гледа, сакам да напише рецензија и да видам и он што мисли, дека сепак ова е само мое мислење
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Ова е врвот на комедиите. Четворица школски другари се. Едниот од нив има роденден. И неговите слават неколку години од брак и му ја оставаат куќата на Томас. Но Томас е црна овца во школо. И за роденден сака да направи забава во неговата куќа па собира 50 души. И како што тече забавата, тие 50 стануваат 1.500. Ќе ја демолираат цела куќа и ќе направат најлуда забава. (Дај боже и јас утре да можев да направам така)
Број 1 комедија според мене.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Unthinkable




ОУ БРАТЕ МИЛИ!!! Ваков добар филм немам гледано многу одамна. На почеток мислев дека е некој акција, и прочитав нешто бомби, ултиматум и слично и си викам ова е типично холивудско срање. Нека не ве залаже корицата на филмот (ја по тоа ги гледам :S ), филмот е феноменален.

Приказна 10/10

-Од самиот почеток
кога типот ќе се претставува
, станува интерсено. Првата сцена ми направи да бидам уште повеќе повозбуден. Не сум се соживеал со филм мнооогу долго. Накратко... Лојален Американец, потоа сменет во муслиман ке даде ултиматум ако не му се отствари тоа што сака, ке експлодираат трите бомби кој ги има поставено.

Саундтрак (неам поим)who cares anyway

-Мене воопшто не ми е битно, така да никад нема ни да пишувам за музиката во филмовите


Глума 10/10

Познати глумци, едноставно си ја вршат одлично работата



Го имаат повеќето гледано, а на тие што го немаат им го препорачувам 100%, да не се двоумат ни секунда. Со оглед што сум јас многу тежок на филмови... И ако знае некој сличен ваков нека ми го прати по ПП :)
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Idiocracy




Го гледав од препорака и мене лично не ми направи некој голем ќејф. Филмот е солиден и одлично е претставена човечката глупавост, што може и ќе те стави под мислење. За разлика од другиве понови филмови, овој е екстра. Од мене има 6.9/10


Приказна 6,5/10

-Накратко: човек ќе биде затворен во капсула и се буди во некоја мноогу далечна година, и се` е веќе поразлично


Саунтрак (неам поим)


Глума 8/10

-Глумата е солидна. Luke Wilson не за џабе е одбра. Многу добро си го изглуми ликот. Солидно


-Препорака (Сите)

Вакви филмови ретко се наоѓаат веќе... Се` е полошо и полошо. Така да овој филм им го препорачувам на сите, без разлика кој жанр им одговара...
--- надополнето: 12 јули 2012 во 16:19 ---
Idiocracy




Го гледав од препорака и мене лично не ми направи некој голем ќејф. Филмот е солиден и одлично е претставена човечката глупавост, што може и ќе те стави под мислење. За разлика од другиве понови филмови, овој е екстра. Од мене има 6.9/10


Приказна 6,5/10

-Накратко: човек ќе биде затворен во капсула и се буди во некоја мноогу далечна година, и се` е веќе поразлично


Саунтрак (неам поим)


Глума 8/10

-Глумата е солидна. Luke Wilson не за џабе е одбра. Многу добро си го изглуми ликот. Солидно


-Препорака (Сите)

Вакви филмови ретко се наоѓаат веќе... Се` е полошо и полошо. Така да овој филм им го препорачувам на сите, без разлика кој жанр им одговара...
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.303
Contraband е крими - акција. Овој трилер е римејк во режија на Балтазар Кормакур ( ваљда му го погодив презимето :)).​
Крис Фарадеј (Mark Wahlberg), порано се занимавал со шверцување на нелегални предмети.Тој го остава "животот" со шверцување и станува фамилијарен човек. Но, наеднаш работите ќе дојдат до промена кога неговиот зет Енди ќе се вклучи во работа со Бригс. Бригс е дилер, и само што има излезено од затвор. Енди треба да чува огромна количина на дрога и да ја пренесе до друго место, но за време на транспортот на дрогата ќе се појави полицијата и ќе навлезат во бродот, Енди ќе успее да ја фрли дрогата во море и да се спаси.Кога Бригс ќе дознае дека дрогата е фрлена ќе сака да го убие Енди.За да не го убијат Енди, крис се нуди да му го исплати долгот на Бригс, бидејќи Бригс ќе почне да му се заканува на неговото семејство. Крис ќе тргне за Панама да врати некои фалсификувани валути, а со тоа и да го исплати долгот на Енди. Додека Крис е во Панама неговото семејство повтроно ќе биде нападнато од Бригс, Крис ќе го замоли неговиот кум Себастијан ( Бен Фостер) да се грижи за неговото семејство додека тој се врати од Панама.​
Доста е толку, што ќе се деси понатака ќе треба да го изгледате филмот. :)
Заборавив да ја спомнам жената на Крис, а тоа Кејт Фарадеј ( Kate Beckinsale:love:)​
Оценка од мене 6.7​
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
--- надополнето: 14 јули 2012 во 16:45 ---
Project X



ЖУРКИШТЕ! :vozbud: Ова е дефинитивно еден од најдобрите филмови кои ги имам гледано, EVER! Јаки ствари, јаки женски, пиење, цицки на сите страни.... Незнам што повеќе да кажам, секој би сакал барем еднаш во животот да организира или да присуствува на една ваква журка.

Секоја чест!

10/10

Safe House



Тобин Фрост ( Дензел Вашингтон ) е најбараниот криминалец од страна на ЦИА во која некогаш и тој самиот бил агент, но поради околностите ја напуштил и се свртел против неа. Мет ( Рајан Рејнолдс ) е исто така млад агент на ЦИА кој се наоѓа во Кејп Таун, Јужна Африка каде работи како чувар на "сигурната куќа" во која ќе биде донесен Тобин Фрост откако ќе се предаде во конзулатот на САД во Кејп Таун.

Одличен филм! Одлична глума, многу акција. Не е некоја невидена приказна досега но сепак самите имиња на главните улоги ќе ве натераат да го изгледате филмот.

Според мене 7,5/10

The Ninth Gate



Синоќа случајно го закачив филмов на МТВ и тоа од почеток, што ретко ми се случува.

Имено, Дин Корсо ( Џони Деп ) е човек кој заработува од продажба на книги. Еден негов клиент ќе го замоли да ја истражи автентичноста на книгата The Nine Gates of the Kingdom of Shadows за која се верува дека има преостанато само три копии од истата низ светот, а едната е во сопственост на клиентот негов. Кога ќе почне да ги истражува книгите истовремено почнуваат да се случуваат чудни работи околу него.

Обожавам вакви филмови! Мистерија, хорор, трилер, по малце акција....Измешани повеќе жанрови во еден филм. Посебно што филмов е режиран од Роман Полански а главната улога ја игра Деп го прават филмот вреден за гледање.

8/10 оцена од мене
 
H

HoT IcE

Гостин
MV5BMTc4MzIxNTYwNl5BMl5BanBnXkFtZTcwNzE4MjE0NA@@._V1._SY317_CR0,0,214,317_.jpg
Се работи за комедија од која очекував многу повеќе, но уште еднаш се разочарав. Од Овен како и обично, добра глума но улогата не му личи. Џејсон е антипатичен лик и можеше да одглуми многу подобро во серијава, но повеќе би му прилегала улога како Алан од Два и пол мажи.
Филмот започнува добро, но како дејствието се одвива станува се поглуп и поглуп, и на моменти ќе помислиш What the hell I'm watching? Јас лично за момент помислив дека anime porno e поинтересно. Очекуван крај уште од почетокот.
Оценка: 4/10.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Beginners (2010)

Почетници во секој поглед. Почетници во љубовта, во градењето стабилна врска. Почетници во разбирањето на сопствените родители, прифаќање на сите нивни тајни, мани и доблести, сите нивни значајни животни одлуки. Оливер не е лик кој ние може да го анализираме бидејќи на самиот почеток е празен и постојано се гради низ филмот. Низ повеќе флешбекови на настани од минатите месеци дознаваме за односот со татко му, за односите меѓу неговите родители како и неговите согледувања и разбирања на тие односи.
Оцена: 8/10. Ќе беше 7, ама нарацијата на МекГрегор го вади (y)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.303
Даг Мекреј ( Бен Афлек) е роден во криминалниот крај на Бостон. Чарлстаун е место на автомобилски крадења, киднапирања, вооружени грабежи, а сетоа тоа се пренесува од татко на син. Ниту Даг не е исклучок. Даг е водач на банда, која ограбува банки и секогаш успева да избегаат од канџите на законот по секој извршен грабеж, но Даг е свесен дека неговата среќа во секое можно време може да се смени и затоа тој е во потрага по работа која ќе му овозможи да се повлече од ограбувањето на банките. Во текот на последниот грабеж менаџерката на банката Клер ќе биде заложничка. Клер живее на неколку блока од Даг.​
Се на се добро филмче, вреди да се погледне.​
Филм испириран од вистински настани. Кети (Рејчел Вајс) е американски полицаец која се нафаќа да работи како мировник во Босна по војната. Нејзините очекувања на помагање за обнова на уништените земји ќе бидат уништени, бидејќи таа ќе открие опасна реалност на корупција, прикривање и интрига во услови на светот на приватни контрактори. Нејзината истрага ќе открие трговија со жени кој ќе бидат малтретирани од страна на Американските мировници кој се дел во таа корупција, Американските мировници се во соработка со локалната полиција во Босна и ќе помагаат на транспортот на девојките за влез во Босна.​
Вакви биографски филмови не гледам незнам што ме натера го симнав филмов го изгледав и останав без зборови. Mи падна жал за девојките како беа малтретирани.:(
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Пред скоро време го гледав филмот и сабајле пак го пуштив, пошто ми беше досадно, и... ништо посебно? Во продукција на Тод Филипс (The Hangover, Road Trip, ...) и филмот не е некоја комедија. Океј забавен е, но не е тоа тоа... тинејџерски, можеби на некои ќе им се допадне, ама мене не баш.​
Како и во сите филмови, журката се организира кога родителите се некаде на страна... и да, баш како во сите филмови цело школо е покането и не се знае кој кого ебе. Екстази, пиво, комшии, полиција и еден мрднат тип што го запали цело маало.​
И да... филмот нема смисла, барем крајот. Малиов се што има дома уништи, буквално... ради него (и неговите другари) цело маало се сјеба, а татко му на крајот како... се е океј, нели... си направи кејф, популарен си у школо, посебно меѓу женскиве, терај...​
Ја филмот би го завршил како татко му го упуцава у сред чело, наместо да го пушти со крнтиња на школо и сите да свршуваат на него и журката.​
Оцена: 5/10 ... онака дека ми утепа времето. :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Нема потреба од многу зборови за ова филмиште.Култно дело на Кјубрик правено според истоимената книга од Ентони Бурџис.​
Филмот ја прикажува црната страна на модерните општества.Насилство,банди секс,дрога.Алекс,со неговите 3 друзија се склони кон ултранасилство.Ограбуваат тепаат,силуваат речиси се што ќе им застане на патот,пиејќи молоко плус од млечниот бар Корова.​
Се до еден ден кога Алекс не е предаден од т.н друзија,па завршува во затвор.....​
Немам повеќе што да кажам,ептен онака хорор-шоу од филм....​
Оценка на IMDB 8.5/10 од мене има чиста десетка.​
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Bed Time Stories



Увод-

Филмот на имдб е 6.00. Според мене минимум треба да е 7.3/10.
Филмот можеби по наслов излгеда некој детстки, но не е баш. Сосема е добар, дури и ме воодушеви. Многу интересен филм и иако не е комедија, но е посмешен од сите нови филмови на кои пишува дека се комедија...


Приказна - 10/10

Приказната е оригинална. Накратко се работи за еден човек кои животот баш и не му е добар, рабоата поточно и иако несмасен тој се решава да чува деца. Токму овие деца ќе му го сменат животот. Останува да догледате

Саундтрак - како и секад неам поим



Глума - 9/10

Адам си одглуми одлично како и сите негови придрижници.



-Филмот навистина вреди да се гледа. Еве мене на пример, ме врати во баш она ептен рано детство, со пирати, мечови, ламји, змеови. Дефинитивно фамилијарен интересен филм.

Следен филм е Пројект икс
--- надополнето: 17 јули 2012 во 18:07 ---
Project X




Нема што да се кажува за овој филм. На имдб има 6.6/10, ја би му дал 3/10. Премногу е спомнуван овој филм од тинејџери кои да ми простат закржлавеле. Попросто = глупи. Филмот ама баш ич не вреди. На трејлерот пред да излезе филмов мислев дека се работи за некоја забава на која ке улетаат марсовци или така нешто. Утка филм

Приказна - 1.5/10

Неоригинална, досадна, сме ја виделе во многу филмови. И јас ова не го ни рачунам за приказна
Накратко: Деца кои не се познати во школо се решаваат да направат забава до 50 души, а испаѓа цел град... И цело време рипаат скокаат дечурлана, екстази, и како и во секој ваков филм мора да плива нешто во базенот. овој пат беше

КОЛАТА


Саундтрак - 4/10

За прв пат заприметив музика. Ужас. Некои рокови и песни кои едноставно не се совпаѓаат


Глума - 3/10

Тој Томас според мене нема поим од глумење. Ни дебелкиот. Едино тој индиецот што беше добро изглуми...


Ако сакате да гледате просечен и неинтересен филм (според мене) гледајте го. Заспав на филмов
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
The Love Guru



Случајно го најдов филмот дома на ЦД и кога видов дека е со Џесика Алба и Џастин Тимберлејк си реков морам да го гледам и покрај тоа што не сакам баш комедии.

Приказната е многу едноставна и проста. Еден ретардиран дечко (овој од сликата)
се прави некаков си гуру и добива задача во Торонто да спои еден разведен пар, а ако успее ќе биде гостин кај Опра. Има некои интересни делови што ќе ве засмеат, но повеќето ми беа глупави. Како и да е, не трае многу, нешто помалку од час и половина и е добар за релаксација.

И да, до средината на филмов се прашував кога ќе се појави Џастин за после да сфатам дека цело време го гледам него.
Се ми се чинеше како да ги потцениле и исмејале Џесика и Џастин со тоа што им дале вакви улоги.
Љубовната приказна е тука како неизоставен дел од секоја комедија и секако - хепи енд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom