Предлог за филм со кратка рецензија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
500 Days of Summer


Романтичните филмови не се некој жанр од кој сум воодушевена, особено што во последно време сите се ром - ком и речиси идентични. Ова не е класичен ром - ком во кој глуми Џенифер Анистон ( пошто женава одглуми во 90% од ваквите филмови снимени последнава деценија). Всушност нема тука ништо комично, освен неколку реплики кои се забавни.

Секогаш кога го гледам Џозеф Гордон Левит во некој филм, ми текнува на споредбата со Хит Леџер. Навистина наликуваат, а и многу слични гримаси прават. На пример оваа улога, Леџер мислам дека би ја извел речиси идентично како Левит. Како и да е, момчево, без разлика што мислам дека го нема постигнато потенцијалот е едно од најдобрите нешта кои ги произвел Холивуд заедно со Рајан Гослинг. Се ми се чини дека некогаш во животот и двајцата ќе лапнат Оскар, само што Гослинг може поскоро да го направи тоа со оглед на фактот што не се лепи така лесно за блокбастери како Левит.
Ако пак Левит асоцира на Леџер, тогаш Зое Дешанел е иста на лик ко пејачкана Кети Пери или па Кети Пери е исто ко неа, сеедно. Колку личат овие девојки тоа чудо едно. Без разлика на безначајниве споредби, кои не можев да ги одбегнам, морам да признаам дека не очекував така добар филм со прекрасно осмислена приказна.

Гледам дека на моиве пријатели не им се допаѓа баш, зашто сметаат дека филмов нема динамика, но јас стојам на тоа дека секој може да се пронајде во него. Барем еднаш во животот секој бил истата будала каква што е Том ( Џ.Г. Левит) во филмов. Она што е најинтересно е што овој филм нуди судир на машко женски карактери кои како да ги замениле улогите, женското не верува во љубов и романтика, машкото напротив е непоправлив романтичар. Слушајќи ги репликите на Том не може човек а да не помисли дека некогаш и тој самиот ги кажувал баш тие зборови. Изгледа сите се тешиме на ист начин или да речам се лажеме. Затоа давам голема оценка за сценариото. Одлично е осмислено.

Филмов е од оние типови какви што ги прави Вуди Ален. Малку забава, малку повеќе романса и многу голема бруталност во односите. И мислам дека кога би го режирал тој самиот, не би сменил нешто многу во него.
Гледајте го, без очекувања дека ќе гледате бомбастична љубовна приказна. Ќе го гледате процесот на заљубување, страдање и одљубување.
Всушност, ќе видите сами..:)
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Иако секогаш кога ќе видам филм кој е искочен пред 2000 година, одма го осудувам за старовремски и недоволно добар за гледање, во овој случај, признавам дека филмов ме бендиса и му давам одлична 9-ка.
Ај кај што е Џек Николсон, ај кај што е е "ретардиран" со болеста која се прикажува на почеток од филмот, па и фрчи со иронија, сарказам и ремет за комшијата. Од друга страна кога ќе се види што му била целта на сите работи што ги правел цело време....ај доста зборам :) Два сата и 15 минути вреди да одвоите во неделново попладне.


http://www.imdb.com/title/tt0119822/
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Hitler: The Rise of Evil (2003)



На Сител понекогаш го имаат давано како дел од Божиќна програма во делови бидејќи е долг. Дознав за филмов кога ми го дадоа на ДВД пред едно 5 години. Сакам воени филмови и филмови поврзани со Втората светска војна, (Издејствував кај Иосоно да го спомне филмов кај воените fuck yeah :P ) така да овој филм набрзо ќе им стане омилен на обожавателите на овој жанр кои го испуштиле да го гледаат.

Се работи за подемот на Хитлер, кој го глуми Роберт Карлајл, неговиот тежок живот како мал, неуспешноста да влезе на ликовната академија и селењето во Берлин каде што за прв пат при разговор со еден скитник почнува да ја чувствува омразата кон Евреите, бидејќи тие биле пребогати а германскиот народ спиел по мостови. Од тогаш почнуваат сите познати работи, неговото борење во Првата светска војна, оформувањето на партија, култ и станувањето фирер.

Мора да се каже дека Карлајл сериозно си ја сфатил улогата на Адолф Хитлер и маестрално добро ја одигрува. Гледајќи го филмов ќе ви стане јасно зошто Хитлер го сметаат за можеби најдобар оратор во поновата историја. Искрено, да не бидам сфатена погрешно, но овој филм малку ми ги смени погледите кон овој човек. Настрана неговите гадни злосторства кои не се за оправдување, сепак, ќе видите со која способност Хитлер успеал од скитник да стане фирер и да им објави војна на големите сили. Не сите луѓе се раѓаат со онаков искучителен талент, моќ на говорот за да успеат да соберат толку приврзаници и следбеници.

Можеби предолго трае овој филм, но на вистинските уживатели во филмот ова нема да им е некој значаен факт. Сепак, фасцинантно е како е замислен и реализиран овој филм и должината си доаѓа правопропорционално со тоа. Топло препорачувам за љубителите на овој жанр и екстраординарниот дијалог помеѓу ликови.
 
F

Frankie Yale

Гостин

Stand by me (1986)

Odamna gledan film, go fativ na tv denes pa resiv da go preporacam zosto navistina vredi. Filmot e super ama knigata poveke mi se dopadna i zatoa ne znam zosto odredeni kriticari tvrdat deka ova e eden od nekolkute retki filmovi koi se podobri od knigata vrz koja se bazirani. No i filmot e odlicen ne me sfakajte pogresno. Po tret pat pobudi cuvstva na nostalgija kon detstvoto iako seuste sum mlad ama sepak, detence ne sum. Se potsetiv na ligavite statusi i grupi na fejsbuk od tipot sakam da se vratam vo vremeto koga zmurka i bla bla bea najvaznite raboti bla bla vo destvoto sakav da porasnam sega sakam da se vratam nazad bla bla... gi znaete site. E sega ne mi se ligavi, navistina i jas sakam da se vratam 12tina godini nazad koga ne mi bese gajle za nisto i da igram "shupe dupe" i "viktorija" na ulickata pozadi mojata zgrada zaedno so najdobrite drugari so koi denes imam edno zdravo i kako si koga slucajno ednas vo dva-tri meseca ke se razminam so niv. E nema...

Ili ili igranje granica navecer na drvoto pokraj marketot do kasno (11 saat), ili imavme edna shahta blizu koja imase ubav pesok, jes da smrdese ama bese super za igranje dzamlii. Aj da ne go tupam mnogu. I'm so fucking nostalgic right now. Aj, ke mi pomine.

Filmot e desetka i vredi da se pogledne, i onaka knigite na Stiven King se odlicni za golemoto platno (shawshank, shining, misery i taka nataka) pa... Eh vremeto koga 50 denari bea bogatsvo... eh... abe ne se filmovite za sekogo, cim sega vaka se cuvstvuvam sto ke bide so mene za 20tina godini??? Pa uste nekoj moron mora da napravi video na youtube kade e spoena bezvremenska pesna od queen so odlicno iskombinirani sceni od filmot, a jas baksuz moram da naletam na ebanoto iako nema mnogu views, i sega sum overdosed on nostalgia! ahsads;adkljkljdjlzasjqkdljwrhalkadklns
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Goodfellas



Класика мафијашки филм од 90тите.
Вечното прашање кој беше подобар Кум или Добрите Момчиња? Момчињава ми беше гледан многу одамна, па скоро имав заборавено се што се случуваше во него и денеска одново и неможеш да зажалиш ако го гледаш филмов повеќе пати. Кога имаш екипа како Де Ниро, Реј Лиота и Џо Пеши па уште и под раководство на Скорсезе едноставно и да сакаат да направат лош филм тој ќе испадне легендарен.
Биографски филм за Хенри Хил (Реј Лиота) и неговите другари и нивното станувањето на едни од најголемите мафијаши во историјата. хенри ќе влезе во мафијашкиот свет уште како тинејџер и оттогаш ќе сака да биде само тоа бидејќи е запрепастен од тоа како без некој посебен труд секогаш имаат се што ќе посакаат. Низ животот ќе се здружи со Џими (Де Ниро) кој е легенда во мафијата уште како млад и со Томи (Џо Пеши) кој е единствениот од нив тројца кој е чистокрвен Италијанец. Заедно ќе поминат низ се и сешто, ќе имаат свои подеми и падови, едноставно ќе го живеат мафијашкиот живот и ќе се водат по идеологијата "незнаеш што те чека утре".
Актерската екипа веќе ја спомнав и не треба да се кажува нешто посебно многу за нив. Де Ниро како и секогаш одличен, легендарен. Реј Лиота си ја заврши одлична улогата како Хенри Хил, го претстави на фантастичен начин. Џо Пеши беше дефинитивно најдобар не за џабе има добиено оскар за улогата во филмов(плус еден од омилените актери ми е). Скорсезе го средил филмов и го донел до совршенство, како што спомнав погоре кога ги имаш нив четворица лош филм неможеш да имаш лош филм.
Не верувам дека некој го нема гледано ама ако случајно има енкој таков нека го симнува и нека потроши 2 и пол саати, дефинитивно нема да ги зажали.
10/10
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Конечно, V for Vendetta (2006)

Обично и немам многу што да коментирам кога некој филм е волку добар. Masterpiece. Немам што да мрчам, освен дека не морале да вметнуваат
на крај љубав меѓу V и Натали Портман.
Некои работи се поише вметнати ради симболот што го носат. Знаеме дека Натали според се` тоа што направи потоа, не би пробала да го напушти V, ама ипак моравме да сфатиме дека она била претходно предводена од стравот како и сите други таму. Стравот го врти светот а не парата, ко што рече Сашо Тасевски. Секако дека V после толку упуцувања, немаше да може да ги испоубие сите, но пак ради моментот дека идејата е bulletproof и дека насилството може да биде for good sake, го видовме и тоа.
Исто така, секако дека Valerie, Gordon и други од мртвите секако не можеа да бидат меѓу протестантите на 5ти, али тоа беше толку моќен чекор што дури мртвите беа станати од гробовите, духовно беа таму.

Она што не` праи навистина живи е нашиот интегритет и гордост:
- I had only told them the truth, was that so selfish? Our integrity sells for so little, but it is all we really have. It is the very last inch of us, but within that inch, we are free... Every inch of me shall perish. Every inch, but one. An inch. It is small and it is fragile and it is the only thing in the world worth having. We must never lose it or give it away. We must NEVER let them take it from us.

- I've witnessed first hand the power of ideas, I've seen people kill in the name of them, and die defending them... but you cannot kiss an idea, cannot touch it, or hold it... ideas do not bleed, they do not feel pain, they do not love...
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Brick


Доколку она што го барате е модерен film noir, дефинитивно ќе го најдете во Brick.
Можете да бидете скептични колку сакате за идејата во еден ваков филм главните ликови да бидат средношколци, но режисерот успеал во намерата, па дури и повеќе од тоа.
Логично, филмот започнува со мистерија. Девојката на Brendan е убиена, а тој започнува сопствена истрага за да дознае кој е нејзиниот убиец. Веднаш забележуваме дека тој е надпросечно интелигентен и созреан, цврст но и прилично духовит. Како што напредува во истрагата се повеќе и повеќе го ризикува сопствениот живот, инфилтрирајќи се длабоко во криминална организација.
Joseph Gordon Levitt заслужува секакви пофалби за начинот на кој ни го претставува ликот на Brendan.
Филмот е навистина уникатно искуство. Одлична режија, кул ликови, солидна глума, а и сценариото е навистина нешто посебно.
И тоа како вреди да се погледне.




 
H

-HRO

Гостин
Rio (2011)



Главниот лик е Блу-папагал единствен од неговиот вид. Блу има еден голем проблем, бидејќи е птица што незнае да лета.
Се открива дека има уште еден папагал од неговиот вид (женско со име Џуел) и за да се спаси нивниот вид Блу ќе биде однесен во Рио Де Женеиро за да се спари со Џуел, каде што почнува и заплетот на филмот бидејќи има еден проблем. :)

Rango (2011)



Ранго е камелеон кој несреќно доаѓа до едно место во пустина. Таму многу бргу и неочекувано ќе стекне нови пријатели: Ќе биде прогласен за шериф поради тоа што ќе направи јуначко дело....
Подоцна, водата во гратчето мистериозно ќе исчезне, и Ранго ќе биде тој кој што ќе треба да најде излез од целата ситуација, да ја врати водата и да открие која е причината што ја снемало...
Вистинските авантури и заплети следуваат кога Ранго ќе открие дека во градот не функционираат работите како што треба.... :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The U.S. Vs John Lennon (2006)
Секој пат кога го гледам ми се допаѓа се повеќе и повеќе, а ова е 5-ти или 6-ти пат... Не дека го немам препорачано и предходно, но сега сакам на една друга таргет-група. Не на оние кои сакаат документарци/биографии/музички филмови, иако филмов е перфектен во сите три дела, туку на оние кои сакаат анти-воени филмови и кои чувствуваат посебно гнасење од валканите војни на водечката велесила.

Перфектна фотографија и звук, одлично склопен филм кој го одсликува времето на последната генерација која собра храброст да излезе на протести. Во поголемиот дел, спорот на Ленон со владата на САД е само споредна работа во филмот, само еден начин да се долови атмосферата. Според мене ова е еден од најдобрите анти-воени филмови на сите времиња.

P.S.
Не е на листата поради тоа што нема документарци и многу се плаче по воените филмови :) На листата е Born on the Fourth of July (1989), филм со Том Круз во улогата на Ron Kovic. Вистинскиот Ron Kovic се појавува во овој филм.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Болиглава, срце си.. :love::X3::rolleyes:

Dogtooth (2009)



Се мислев дали овде или во филмски ентузијасти, но тука повеќе ќе го видат. До сега бев надвор и не ми излезе од глава, а го гледав преку ден. Ретко веќе ми се случува филм да ме допре на нов начин, свака част на пристапот; Посветеноста на детали, малите (не)битни работи, симплифицираноста и oнаа surreal атмосфера беа виновни.

Филмот е грчки (СТОП ЗА ПАТРИОТИ; НЕКА ТРЕПКА). Драма, онака класична дур не се расплетка во еден доста интересен концепт, кој чекам да го римејк-нат и америте со допадливи глумци. Да од таа генерација сум.. :'( Него од старт, 5 члена фамилија во big brother lookalike куќа и интересна позадинска приказна. Плус 3-4 сцени надвор од куќата. Тоа е филмот. Драма. Ама несекојдневна. Незнам колку ќе прочитате од IMDb и по нет ама јас неможам да напишам повеќе дека ќе ве спојлнам. Само ќе кажам за филмоманите обавезно да го гледаат. Помешани вредности, една различна перцепција на реалноста каде ќе се замислите до кој степен сме стигнати со експлоатација на се што е табуата по телевизиите и другите различни влијателни фактори. Ќе правите pros and cons околу теоријава и дали вреди животот на толку минимална изложеност, и секако без екстремноста би го немало тој драматичен ефект. Допира доста интересни точки вредни за дискусија, но за жал неможам да пишам, дека освен Охриѓаниве, не верувам многу луѓе да го имаат гледано. И предлог е ако не ви пречи секс, голотија и слично, дека не е хардкор ама има доста невкусни сцени, барем за одредени луѓе невкусни. Сепак, морален е реализмов за доловување бараната атмосфера, добар склоп е, сепак јас не би тргнал ништо. Но секој со своето.

10ка од мене, али не стар ворс 10ка.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
United (2011)


Тоа што според продукцијата BBC требаше да биде краток документарец за една трагедија, излезе цел филм од час и половина со глума за пофалби и моментално висока оценка на IMDb. Историски филм, документарец, спортска драма, кој како сака нека ја смести, за Busby babes и aвионската трагедија која му се случи на Манчестер Јунајтед во 1958та година.

Филмов започнува со запознавањето со фудбалската игра во тогашна Англија и младите играчи на клубот кои со просечни 21-2 години успеале да ја освојат лигата и да започнат да се натпреваруваат во европскиот куп и покрај негодувањето на фудбалската федерација на Англија поради стравот од неконзистентност во двете натпреварувања. Сезоната 1956/57 се освојува лигата, 1957/58 целта е двојната круна, но...
Тимот оди во Белград на меч против Црвена Ѕвезда во походот кон Европа, на враќање застанува во Минхен и тука доаѓа случката која ја потресе цела Британија.
Сер Мет Базби, фамозниот менаџер кој ја преживеа оваа несреќа и успеа повторно да го изгради клубот, го глуми Dougray Scott, кој во улогата се снајде перфектно и изглуми на ниво. Иако првиот пат помислив дека фамозниот и шармантен Англичанец Иан од „Очајни домаќинки“ ќе се изгуби тотално во оваа ролја глумејќи го строгиот и дисциплински насочен Базби, сепак успеа да ме увери во спротивното. За глумата има 10ка од мене.

За крај, не е поентата на овој филм да биде само за навивачите на горенаведениот клуб. Ова е многу убава драма пред сè која на еден начин дава лекција како да се справуваме со загубите во животот, посебно тие човечките, но по тоа и да станеме посилни луѓе. Знам, клише поука, но видете ја од страна на младиот Боби Чарлтон и Мет Базби. Препорачувам за сите љубители на драми, без разлика дали се по спортот или не се, бидејќи тука сепак фудбалот е ставен на второто место. Соочувањето со судбината и надминувањето на препреките е тоа главното што е разработено.

Тие што се по спортот веројатно знаат за оваа случка, а и тие што не се сигурно слушнале по некој детаљ, па така не верувам да можам на било каков начин да ја испојлеришам рецензијава. Не се грижете и дека нешто ќе ви расипе од гледањето, зошто како што кажа еден навивач на еден од англиските форуми за дискусија:
"You hear your heart thumping like mad when seeing the plane shaking even though you know what's going to happen."
токму истото се случува и со тие што напамет знаат како се одвивале овие настани.

Одлична работа завршија продуцентите на BBC и добар потег направија со снимањето, се надевам дека ќе направат уште многу вакви филмови.

Од мене една 10ка, непристрасно. Да беше пристрасно 15ка ќе беше :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.894
Поени од реакции
6.965
Tae Guk Gi aka The brotherhood of war (2004)



Ооооо човече фантастично, значи Корејциве закон се!!! :) (а корејките уште позакон :D) Немам многу гледано воени драми ама оваа ме импресионира. Какви само беа борбените сцени, ти се чини гледаш снимка од вистинскиот настан. Прекрасно направено, а дополнително на тоа и самата приказна за двајца браќа, постариот поагилен, се бореше храбро, штитејќи го помалиот брат, кој го регрутираја во војната иако само студент со 18 години. А и снимкава ми беше BRRip така да тоа уште повеќе го доловува филмот. Иако трае 2 и пол сати нема да зажалите :)

П.С. Rated R for strong graphic sequences of war violence
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

Ѓаволовиот адвокат. Го гледав првпат кога се прикажуваше во едно од нашиве кина, 1998 или 1999 година. Потоа налетав на него уште неколку пати. Не ми е гледан филмов скоро, но некои коментари на форумов ме поттикнаа да пишам свое мислење за него.
Сакам вакви дела, со религиозна тематика, но без премногу моралистични и верски пропагандни тупења за малоумни. Специјалните ефекти се сосем ок. но и ги нема премногу, што според мене е добро - тежината се префрла на сценариото и актерската изведба. А таа е сосем солидна. Дури и К. Ривс се надминува себеси на моменти, иако како главен лик е целосно засенет од Пачино.
Оваа улога на Пачино веројатно не му е најдобра, ама секако е од подобрите. Одлично се снаоѓа како крајно интелигентен манипулатор, бељаџија и шармер од вселенски размери. Носител на ултимативно зло кој е полн со разбирање и никого не осудува. Башка, има смисла за хумор, а колку што памтам филмовите со ѓаволи-заебанти не се баш чести.
Се` во филмот е пристојно направено, се издвојуваат неколку фантастични сцени, понекогаш незабележливи од прва ситници, солидна музика и звучни ефекти. И самиот крај е добро осмислен и само го потврдува квалитетот на остатокот од филмот.
Инаку пораките во филмов, ако некого го интересираат, и не се претерано значајни за мене, затоа што се банални. Одлично е што се пренесени на начин кој е пооригинален од вообичаениот. Се однесуваат на изборите што ги правиме во животот и колку тие може да не чинат, на овој или оној начин. Ми остана во сеќавање сцената, која за повеќето не нешто посебно: првата средба на Милтон со благонадежниот адвокат, нивната прошетка на врвот на една од највисоките згради во Њујорк, до пред извесно време економски центар на светов и понудата за работа која Сатаната му ја дава на правничето.Тоа без многу думање прифаќа. Е сега, во Новиот Завет, Сатаната го искушува Исуса. Меѓу другото го искачува на највисоката планина и понудувајќи му сите богатства на светот, бара Христос да му се потчини. Христос одбива. Можеби споредбава на некои ќе им биде неумесна, но доста јасно води до главната за мене поента на филмот, а која како што напишав е неотуѓивото право на избор на човекот и преземањето одговорност за своите постапки.
Кога го гледав првпат, бев воодушевен и сигурно тогаш би му дал 10. Сега по извесно време, мислам дека заслужува 8,5 што воопшто не е лоша оцена. Мислам дека нема да биде изгубено времето поминато во гледање на овој филм.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
Strange Days (1995)



Ова е еден од најдобрите, но најпотценетите филмови од минатото. Ако не сте од оние гледачи кои имаат фобија од сите филмови што се снимени пред 2000-та и сакате акција, крими и драма - топло ви го препорачувам. Дејството се одвива во 1999-та година, на прагот на новиот милениум, каде еден екс-полицаец „дила“ дата дискови кои содржат снимени сеќавања и емоции. Еден ден тој добива диск кој содржи меморија од убиец кој убива проститутка. Екс-полицаецот (Лени Неро) започнува сопствена истрага и навлегува се подлабоко и подлабоко во приказната, откривајќи уште повеќе убиства, уцени, силувања... Дали ќе преживее за да го реши овој случај? Погледнете сами... :)

Саундтракот (да, тоа е македонски):

Трејлер:
 
T

Tetro

Гостин
Mother (2009) aka Madeo

По постерот помислив дека ќе биде хорор, а испадна драма од два саати. Уметноста некако слаба, со прилично добра глума на главните актери, посебно мајката и малиот дечко престапник, деликвент, изрод (наречи го како сакаш). Некаде во почетните 20 минути е објаснет заедничкиот соживот на синот со мајката и како се грижат еден а друг, малата дисфункционалност помеѓу нивните размислувања и општеството, и бенг, мртва девојка во селото (или градот), каде по почетните докази малиот е извршителот на делото....
Филмот е Корејски, не е за оние кои се палат на Холивудски ефекти. Препорака до останатите.
8,5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom