Matrix trilogy

  • Креатор на темата Intex
  • Време на започнување
I

Intex

Гостин
Значи јас ќе ја отворам првата тема во овој подфорум. Јеееј, влегувам во историјата на кајгана. :pos::pos:

Матриксот ми е омилен филмски серијал бидејќи го прикажува денешното општество, со еден куп верски и философски елементи.
Епа ај да подискутираме овде малку за серијалот, да размениме идеи за него, да си објасниме неразјаснети сцени. :D
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Незнам добар е ако гледам од аспект на тоа како е сниман....Ама содржински ми е мн down
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Ми се допаѓа приказната ме фасцинира , но не го разбирам ова "Бидејќи го прикажува денешното општество, со еден куп верски и философски елементи."
-Како мислиш филосовски ?
-Сеуште не го разбирам филмот...матрицата највеќе ме збунува.
 
I

Intex

Гостин
Ај вака, значи гледан ви е на многумина, ама не сте го разбрале изгледа.
Во Матрикс: Матриксот го прикажува животот на едно типче по име Томас Андерсон а.к.а. Нео, кој целиот негов живот е во потрага по Матрицата.
Декодирано: Матрицата е всушност смислата на животот, а тоа сите го бараме.
Идеме понатаму.
Матрикс: Морфиус му соопштува на Нео дека е роб, а дека ни самиот тој не е свесен за тоа робство.
Декодирано: политичката ситуација во светот. Големите држави ги контролираат малите. Наједноставно кажано, големите риби ги јадат малите. Неколкумина имаат контрола над нас, и го држат редот и мирот во државата. Еј, агентите од Матрикс не ве потсеќаат на тоа?
Матрикс: пред главниот протагонист се наоѓаат два избори, Црвената или сината пилула, вистината или робството.
Декодирано: одлуката на животот. Дали сакаме да излеземе од коцката, или ќе продолжиме да живееме во неа. Упс, ова потсеќа на Адам и Ева бе. Да гризнат или не од јаболката. Да останат слуги на Бога, или да се ослободат. Оти нели тоа не ослободува, и не прави живи, се дотогаш сме биле поданици на Бога.
Матрикс: Морфиус: „Нео ти си избраниот, ти ќе не спасиш, бла бла муабети.“.
Декодирано: Исус ебате, Исус.
Матрикс: Сите веруваат во Нео, освен тој самиот.
Декодирано: Откриј се сам себе, и ќе бидеш свој мал бог. Некоја од источните религии, не ми се баш познати тие работи.

Да продолжам?
Матриксот не е даден на тацна, треба да се задлабочиш, и да го разгледаш од повеќе аспекти.
И најважното од се: приказната за тој источниот философ кој сонувал дека лета и е пеперутка. Ја знаете? Никогаш нема да бидеме сигурни што е реалноста, оти се само електрични импулси.
Важат законите на физиката, некој ги испрограмирал, во случајот во Матрикс тоа е Архитектот. Закључок од ова: Бог е програмер.

Може забегано изгледа напишаното, ама во право сум. : )
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.401
Поени од реакции
6.021
Од првиот дел бев фасцинира и од приказна и од акција ,во вториот од ништо(буквално тапа) а третиот дел имаше само добра акција и ништо повеќе.
Ова како да го имам ископирано од имдб али истото и јас го осетив за серијалот кој ми е еден од најгледаните (пред 3-4 годи кога да пуштев HBO мора да го даваја :)).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Покрај акцијата, интересен беше првиот дел како тема за размислување. Дали сме ние навистина овде и сега или...како што еднаш ќе спомене Хокинг, можеби сме и ние универзум во некој друг универзум или само нечиј софтвер...или примерот со портокалот. За фантазирање нема граници.
 
I

Intex

Гостин
Подобро кажано можи е политички теми.
Хм, да, и политички теми.
На почетокот не го напишав тоа, а во објаснувањето го вметнав, со агентите делот шо е.
Покрај акцијата, интересен беше првиот дел како тема за размислување. Дали сме ние навистина овде и сега или...како што еднаш ќе спомене Хокинг, можеби сме и ние универзум во некој друг универзум или само нечиј софтвер...или примерот со портокалот. За фантазирање нема граници.
Држи вода теоријата. Место каде нечии кодови владеат совршено, во овој случај законите на физиката.

П.С. Не мислите дека темата забега од филмска, во философска?
П.П.С. Моника Белучи беше „добра“ (второто добра) во двата филма кадед глумеше. (Чисто филмска дискусија да е) :D
 

ChaLL3nGeR

Кајгана's APEX PredaTor
Член од
15 април 2009
Мислења
721
Поени од реакции
66
трилогијава ја имам гледано многу пати и можам да кажам дека ми го смени животот. го смени начинот на гледање на нештата. како што знам секој различно го сфаќа филмот
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
П.С. Не мислите дека темата забега од филмска, во философска?
Па и да ти кажам има голема филозофија во филмот (сериозен сум)
од еден друг филм испадна Џедај филозофија .. од овој можеби и Матрикс филозофија :) (се зезам)
 
I

Intex

Гостин
Па и да ти кажам има голема филозофија во филмот (сериозен сум)
од еден друг филм испадна Џедај филозофија .. од овој можеби и Матрикс филозофија :) (се зезам)
Ај вака, од филмот не е создадена нова философија наречена Матрикс философија, или слично, туку на еден куп се собрани елементи од христијанство, будизам, физика, и е направена одлична целина која го прикажува модерното општество.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.401
Поени од реакции
6.021
Нема више Wachowski brothers ..


Lana Wachowski :pos2:

Излеа каснам со информацијава ја чим од Јанко јади бурек случајно ја слушнав ...
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.401
Поени од реакции
6.021
Пред некој ден ,не ми се читаше книга и си реков да го изгледам матрикс целиот серијал и забележав некои работи кои ги немав забележано порано односно колку вториот и третиот дел се тапа ,најтапа ,најнајтапа кога ке ги гледаш веднаш после првиот дел во кој можиш да се задумаш (како што кажа кулен во неговион пост). Сеуште неможам да сфатам како истата група која го направи првиот матрикс прави уште два филма кои изгледаат како да се направени од 12 годишно дете кое се заташкало во приказната и незнаело како да стави крај .Ке наведам само еден пример- Нео има можност да се одлучи дали да го спаси Зион или Тринити( која може да умре со стил) ,знаете што одбра за потоа Тринити да загине во лејм "сообраќајка"...

Финалето на серијалот едноставно не му доликуваше(премногу ефтин крај)...и уште нешто неможам да сфатам зошто кога го гледав Matrix revolutions во кино 2003-04 некаде, картата беше поскапа за 200 денари во однос на другите филмови :)? (и за Господарот на Прстените исто беше поскапа али бар вредеше :) )

на крај краева да не бидам погрешно сфатен Матрикс ќецот заслужува десетка а целиот серијал максимум 7ца.
 
I

Intex

Гостин
^ Да не излезе дека го бранам Матриксот како нешто свето да ми е, ама да ти вратам.
Првиот дел: црвена или сина пилула.
Вториот дел: милион одлуки ебате. Ко дежа-ву на првиот да е.
Третиот имаше јака акција, ама баш ништо друго.

Според мене, ако завршеа со првиот ќе беа совршенство, дека Нео се ослободува, на крајот летнува, и им покажува на everyday people дека everything is possible, и со тоа ги ослободува и нив .... ама они ја тупеа и ја тупеа. Ај, ќе си ќутам.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Општо прифатено мислење е веќе дека првиот дел на Матрикс е "религија", има фантастична идеја, приказната се открива тука, не ни е јасно во првиот дел од филмот што по ѓаволите се случува (мистеријата) итн... Продолженијата се бедни, ако во третиот дел барем акцијата е добра, вториот е комплетна катастрофа со сите нишани.

Интересно е што во тој период излезе Equilibrium, филм со далеку помал буџет, без посебна реклама и очекувања. Филмот имаше екстра критики, а овде го спомнувам поради тоа што тогаш многу луѓе викаа дека е голема штета што главниот актер од Equilibrium не го играл Нео во Матрикс, и дека со него Матрикс би бил полн погодок. Актерот беше тогаш релативно непознатион Christian Bale.




 

Kajgana Shop

На врв Bottom