Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
Bridge of Spies (2015)

Мое мислење: (4/5)


Филмот е Американско-Германски историски трилер, заснован на вистинска случка од 1960 година за време на Студената војнакога е подигнат Берлинскиот ѕид, а Германија поделена на Источна и Западна. Во Њујорк е уап сен руски шпион, а Американците за да не си го уништат угледот ќе му понудат фер судење и ќе го ангажираатЏејмс Б. Донован, истакнат адвокат во осигурителна компанија. Тие всушност очекуваат сè да заврши брзо и да го постават шпионот на електрична столица. Меѓутоа Донован го застапуваше обвинителството во Нирнбершките судења и неговото сваќање на доброто и злото потекнува од Втората светска војна. Тој е човек со високи морални вредности кој верува во САД онаков како што е опишан во Уставот. Сака да ги обезбеди истите права на рускиот шпион како и на секој друг американец.


Во исто време е соборен и заробен американски пилот на територијата на СССР. Донован ќе се најде во средината на Студената војна откако ЦИА ќе го испрати на речиси невозможна задача да преговара со Русите за замена на заробениот американски пилот за рускиот шпион. Дел од филмот се одвива во САД за време на судењето на рускиот шпион, а дел во Источна Германија. Ниту една страна, политика или држава во филмот не е фаворизирана.


Многу добар филм, но без неизвесност и напнатост.
BRIDGE.jpg
[DOUBLEPOST=1464484500][/DOUBLEPOST]The Big Short (2015)


My opinion: (0/5)


Американска драма, вистинска приказна за четири инвеститори кои ја предвидоа глобалната економска криза која се случи во 2008 година и одлучија да се обложат против системот со големи вложувања против банките со цел да земат дел од нивните парите. Филмот бара истовремено следење на четирите главни актери и нивните различни приказни, но и на многу други ликови и премногу неразбирливи дијалози. Има брзо темпо и во никој случај не е забавен.
the big.png
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
The Immigrant (2013)
Мое мислење: (3/5)(само поради последната сцена)


Американска драма во режија на Џејмс Греј роден во Њуjорк со рускoеврејско потекло. Неговите баба и дедо биле руски имигранти кои дојдода во САД во 1923 год. и „The Immigrant” се заснова на нивните сеќавања. Тој го опиша филмот како негов најголем личен и автобиографски филм досега. Филмот беше номиниран за Златна палма на Канскиот филмски фестивал 2013.

Во 1921 год. полските католички сестри Ева и Магда пристигнаа на Островот Елис во Њујорк како имигранти во потрага по подобар живот откако го напуштија својот опустошен дом во повоена Полска. Кога ќе стигнат до Островот Елис, докторите откриваат дека Магда е болна, ја одземаат од Ева и ја ставаат во карантин за туберкулоза. Сама, оставена на улиците на Менхетен каде владе злоба немајќи никој да му се обрати и помогне и очајна да биде повторно заедно со Магда, Ева го запознава Бруно, шармантен но нечесен човек. Се чини дека тој често се шета на Островот Елисчекајќи на дами во неволја. Тој ја зема и ја принудува на проституција. САД тука не е претставена како Ветена земја. Тоа е темна и ладна земја каде владее сиромаштија и злобни, нечесни луѓе, што претставува еден вид фотографски негатив на Американскиот сон. Но, Ева го среќава роднината на Бруно, магионичарот Орландо кој ú дава некаква надеж. Тој ја исправа Ева на нозе и брзо станува нејзината единствена можност да избега од кошмарот во кој се наоѓа. Орландо е фигура која речиси како да е човек измислен за Ева се додека не почне да се бори против Бруно.

Филмот е просечен, тажна љубовна драма со добри актери. Иако Марион Котијар освои неколку награди од филмските критичари, Хоакин Финикс е актерот кој го носи целиот филм, додека Џереми Ренер е вистинско освежување. Филмот ќе беше многу покомплетен ако Марион Котијар имаше можност да изрази повеќе човечки емоции на нетрпение, лутина или огорченост.

Филмот не е некое достигнување кое ќе изнуди солзи во очите или ќе допре до срцето, но втората половина од филмот, посебно завршната сцена се изненадувачки добри. Не постои нешто помоќно од конечната снимка која претставува незаборавна визуелна слика што може да се постигне само со талентот и вештината на човекот кој е зад камерата. Тоа е Дариус Хонджи, иранско-француски кинематограф познат по неговата работа на: Se7en, Evita, The Beach, Panic Room, My Blueberry Nights, Midnight in Paris, Amour, Irrational Man, etc.

Вреди да се гледа, но сепак со овие актери и овој кинематограф можеше да биде ремек-дело.
imigrant.jpg
[DOUBLEPOST=1465164871][/DOUBLEPOST]Brooklyn (2015)
Мое мислење: (4/5)


Бруклин е Ирско-Британска-Канадска драма базирана на истоимениот роман на ирски писател Колм Tобин.Дејствието се одвива во педесеттите години на минатиот век, кога Ирска беше во тешка повоена криза, а САД претставуваше ветената земја. Елис е интелегентна млада девојка која живее со својата мајка и постарата сестра. Таа не е во можност да најде вработување, освен за време на викендите кога работи во продавницата водена од страна на зајадливата стара г-ѓица Кели. Отецот Флад, ирски католички свештеник од Њујоршкиот кварт Бруклин каде што живеат многу ирци ú обезбедува сместување и работа.Таа со брод патува за САД кон подобра иднина.Со помош на Флад, Елис се вработува во стоковна куќа и се сместува во пансионот на лажно намќорестата, добронамерна г-ѓа Кехо која издава соби на млади девојки и со својот симпатичен цинизам ги советува.

Елис се обидува да се вклопи во новата средина, посетува ноќно училиште, запознава нови луѓе и постепено почнува да ужива во новиот живот. Таа оди на игранки каде го запознава згодното младо момче Тони, кој работи како водоводџија и се заљубува во него, но сè уште не е спремна да возврати на неговата изјава на љубов.Тој е исто така од емигрантско семејство со Италијанско потекло. Но, вестите од дома за семејната трагедија ќе ја принудат Елис да се врати во Ирска, што ќе ја оддалечи од Тони. Тони инсистира на тоа дека ако таа го напушта, мора прво да стапат во брак, но Елис не се согласува.

Во Ирска ú е понудена книговодствена работа, поради нејзината Американски диплома. Таа го запознава младото, згодно и добро ситуирано момче Џим и почнува да чувствува дека сега има иднина во Ирска што не постоеше кога си замина и ќе престане да ги отвора писмата што ги добива од Тони. Таа излегува на состаноци со Џим и ќе се соочи со искушението да остани со него. Елис има можност за еднакво убав живот во Ирска, но од друга страна со своето заминување во САД добива слобода која во Ирска сигурно нема да ја имаше.

Бруклин е повеќе животна драма од љубовна приказна.Тоа е филм за имигрантите растргнати меѓу двата светови, стариот и новиот, модерниот и традиционалниот. Елис се наоѓа помеѓу нив како симбол на тие разлики. Самото име Елис, можеби не случајно се поклопува со името на Островот Елис кој заедно со Остров на слободата каде се наоѓа и Статуата на слободата, претставуваат симбол на американските имигранти.

Бруклин не е филм од кој застанува здивот.Со својата прилично површна содржина не претставува нешто посебно. Дејствието во филмот се одвива бавно.Елис е срцето на филмот, додека италијанецот Тони и ирецот Џим се бледо насликани и не претставуваат нејзини рамноправни партнери.

Бруклин има префорсиран романтичен приказ на американскиот сон, што во реалноста ни одблиску не е така. Постојат многу поуспешни и посилни филмови за имиграцијата и преживувањето, но можеби тоа всушност е причината зошто овој филм е номиниран за најдобар филм на Оскарите 2016.

Но, можеби причината е што во овој филм Католичката црква е прикажана како им помага на имигрантите во нивното поуспешно прилагодување, што одговара и на историските факти.Католичката црква е главна тема и на биографскиот филм Спотлајт кој исто така е номиниран за најдобар филм на Оскарите 2016. Но тука Католичката црква е вмешана во прикривање на злоделата извршени од свештениците. Ретко се случува во иста година во категоријата за најдобар филм да се номинирани два филма кои на различни начини обработуваат иста тема.

Сепак Броклин е пријатен без непотребни сцени, дијалози и патетика.Солиден филм со емотивна и интересна приказна која го окупира вниманието.
brooklyn.jpg
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
Looper, со Брус Вилис во главна улога. СО time travel е филмот. Дејството е во некоја блиска иднина пред да биде измислено патувањето низ времето ама 30 години подоцна Е измислено и лошите чичковци од иднината ги праќат своите жртви 30 години во минатото, а одредена група на луѓе (loopers) се задолжени да ги убијат и да се ослободат од телото. Значи тие убиваат некој кој технички се уште не постои. Прекрасен филм, динамичен, со добра акција.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Wanderlust

Прво ако веќе ги соблекуаат за шо маваат цензура после? Филмот е онака за тепање време не е некоја јака комедија.
Џорџ и Линда се млад брачен пар кој ќе купат гарсоњера само што ќе ја купат Џорџ добива отказ , а Линда не добива работа во НВО . Единствен излез им е братот кој живее во периферија по патот ќе залутат во еден мотел кој всушност е заедница и понатаму гледајте.
Во принцип заклучок коа ќе и кажеш на жена може да спиеш со друг таа тоа ќе го направи и мажот е тежок на таа одлука да изневери жена. Оценка 6/10.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
The Martian (2015)
Мое мислење: (3/5)

Американски научно-фантастичен филм со Мет Дејмон во режија на Ридли Скот, базиран на првиот објавен роман "The Martian" на Енди Вир. Писателот и програмерот Вир првично го само-објави во 2011 во вид на постови на својата вебстрана, но читателите побараа да го направи достапен на Amazon Kindle, сајт за е-читатели дизајниран од страна на Amazon.com. Романот влезе во листата на бестселери и Вир во 2014 објави и негова печатената верзија. Во својот роман тој ги имплементира обемните од областа на орбиталната механика, условите на планетата Марс, историјата на вселенските летови на човечки екипажи и ботаниката, така што тој е колку што е можно научно поточен. НАСА пак, го прегледа сценариото за филмот така што филмот има и стручна поддршка од страна на научниците. Тој е фокусиран на науката, се занимава со техника и стручни поими, но на таков начин што може да се разбере. Сцените од Марс се снимени во пустината Долина на месечината (Вади Рум) во Јордан.

The Martian е филм за астронаутот Марк кој е оставен сам на Марс во 2035 година од страна на екипажот за време на нивната мисија на Марс по грешка, претпоставувајќи дека е мртов по неочекувано силната песочна бура. Како специјалист за ботаника Марк е најниско рангиран член во с војот тим и најмалку квалификуван да се справи со оваа ситуација. Со недоволно храна нема да преживее ако не успее да го култивира Марс. Тој е принуден да примени различни методи за преживување користејќи математички и други научни апликации.

Опуштен и оптимистички научно-фантастичен филм, но површен и на моменти здодевен што предизвикува чувство дека трае премногу долго.
the martian.jpg
[DOUBLEPOST=1465768376][/DOUBLEPOST]Gravity (2013)
Мое мислење: (5/5)

Британско Американски научно-фантастичен филм на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон. Сандра Булок и Џорџ Клуни се астронаути кои се заробени длабоко во вселената без надеж за спасување по уништувањето на нивниот вселенски шатл. Тие сфаќаат дека единствениот начин да се вратат на Земјата можеби е да се осмелат да одат уште подлабоко во вселената. Таа е д-р Рајан Стоун, медицински инженер на својата прва вселенска мисија, а тој е нејзиниот командант, Мет Ковалски, ветеран на неговиот последен лет пред пензионирање.

Сандра Булок доминира на екранот, иако на моменти иритира со нејзиното стенкање и воздишки, а Џорџ Клуни наспроти неа е смирен и кул.

Иако без сценарио, врвен, во потполност совршен научно-фантастичен спектакл. Филм кој е составен само од ефекти кои се толку атрактивни што чувствувате како Вие да пловите во просторот и едноставниот заплет не претставува проблем. Драмата и брзината се толку возбудливи што всушност живеете во моментот и само го доживувате филмот.
gravity.jpg
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
Mad Max (1979)

Мое мислење: (5/5)

mad max1.jpg

Австралиски високо-октански, пост-апокалиптичен, дистописки акционен филм во режија на Џорџ Милер, австралиски филмски режисер, сценарист, продуцент и поранешен доктор. Во филмот глуми тогаш малку познатиот Мел Гибсон како "Mad" Макс Рокатански. Овој филм е прв (и најдобар) од серијата на филмови Mad Max: The Road Warrior (1981), Beyond Thunderdome (1985) и по 36 години Fury Road (2015) со Том Харди.



Во блиската иднина на улиците во уништената и пост-апокалиптична Австралија, владее дива безмилосна банда од моторџии. Таа тероризира невини луѓе и ја исмејува полицијата која треба да ги спречи. Сепак, тие потценуваат еден полицаец, а тоа е Макс Рoкатански. Откако го нападнат неговиот најдобар пријател и неговото семејството, во неговите мисли останува само едно нешто за кое вреди да продолжи да живее - одмаздата!


Mad Max беше првиот филм на Милер и тој направи големи напор за да го сними, бидејќи имаше проблем со недостаток на пари. Колку пари недостасуваа покажува фактот дека само двата главни актери имаа јакни од вистинска кожа, додека сите други беа копии. Но, тоа не го спречи да создаде навистина безвременска класика. Овој футуристички филм во кој тој успеа да ја долови посебната атмосфера на безмилосен и суров свет, го држи Гинисовиот рекорд за најпрофитабилен филм од 1980-1999.



Mad Max претставува едно пеколно добро возење, но она што го прави филмот посебен е и самата приказна, која останатите Mad Max филмови ја немаат.

[DOUBLEPOST=1465972303][/DOUBLEPOST]Mad Max 2: The Road Warrior (1981)

Мое мислење: (3/5)
mad max 2.jpg

Австралиски пост-апокалиптичен акционен филм во режија на Џорџ Милер со Мел Гибсон кој ја репризираше својата улога во вториот дел од Mad Max франшизата. Цивилизацијата е пропадната, во светот владее анархија и насилство и скитничките банди од пљачкаши се убиваат едни со други за малкуте преостанати залихи на нафта.



Филмот е приказна за една мала група на доселеници на среде пустината кои се обидуваат да ги заштитат своите резерви на нафта од нападите на скитничките банди кои ги опколија. Макс е закоравен човек кој повторно ја открива својата човечност кога одлучува да им помогне на доселениците возејќи цистерна полна со бензин пробивајќи го кругот од скитници, со цел да ја однесе до брегот, каде што сите тие се надеваат дека ќе бидат безбедни.



Ова е еден од најагресивните филмови некогаш направени, со најопасни каскадерски акробации од било кога. Милер имаше големи проблеми со австралиската цензура, така што цели сцени со насилство се исфрлени од филмот. Филмот е визија за еден насилен иден свет. Луѓето во прилагоден панк стил возат возила кои претставуваат остатоци од светот во кој живееме денес. Но, оваа визија не е поткрепена со развиени ликови и дијалог, така што не може да се спореди со Mad Max од 1979.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
Mad Max 3: Beyond Thunderdome (1985)
Мое мислење: (3/5) (Само поради Tina Turner и Bartertown)
Mad_Max3.jpg
Во третата Австралиска пост апокалиптична акцискаавантура "Mad Max", поранешниот полицаец Max (Мел Гибсон) е оставен во пустина за да умре, но некако успева да стигне до трговскиот град Bartertown со кој владее Aunty Entity (Тина Тарнер). Таа го прогонува повторно во пустина, каде што е спасен од група напуштени деца кои со години биле во потрага по помош. Кога неколку од нив неговото појавување го сватија како знак и заминаа кон пустината да се бунтуваат против кралицата на градот Тарнер, Max успева да ги спаси.

Во првата половина на филмот, режисерот Милер, целосно осмисли еден високо кинематографски иден свет, Bartertown и незаборавно фасцинантен лик на секси негативка, Тарнер која навистина го прави филмот посебен. Но, во втората половина нешто тргна наопаку и од никаде се појавија слатки деца облечени како воини со хумористични недоразбирања на пред апокалиптичната технологија.Можеби причината за судирот на овие две различни идеи е дека во тоа време Милер загуби интерес за проектот, откако неговиот пријател, австралискиот продуцент Бајрон Кенеди загина во хеликоптерска несреќа.

Една од поголемите работи по кои Beyond Thunderdome е запаметен е Тина Тарнер, која доминира на екранот со нејзиното магнетно присуство. Нејзините две незаборавни песни "We Don't Need Another Hero" и "One of the Living" кои беа дел од саундтракот се само неколку од најнезаборавните моменти во филмот, а Auntie Entity е еден од најголемите ликови од историјата на акциониот филм.
tina turner.jpg
Beyond Thunderdomeе далеку од совршен, но можеби вреди да се гледа барем заради Bartertown, кој се напојува со енергија од отпадните продукти на безбројните свињи, од кои се генерира метан. Тоа е насилeн, хаотичен и дистописки град, каде што сè и секој може да се купи или продаде.
[DOUBLEPOST=1466028698][/DOUBLEPOST]Mad Max: Fury Road (2015)
Мое мислење: (3/5)
Mad-Max-Fury-Road-2015.jpg
Австралиско-американска пост-апокалиптична дистописка акција, повторно во режија на Милер, со Том Харди како Mad Max, Шарлиз Терон како императорката Furiosa и Хју Кејс-Брн како негативецот Immortan Joe, кој пред 36 години ги тероризираше австралиските пустини како незаборавниот Toecutter во оригиналниот Mad Max од 1979.
ova.jpg
Во пост апокалиптичната австралиска пустина, години по колапсот на цивилизацијата, тиранинот Immortan Joe ги поробува сите преживеани од апокалипсата во внатрешноста на пустинската тврдина. Тој е насилен владетел на пост-апокалиптичното село со кое владее преку ограничување на снабдувањето со вода и ги користи убавите жени за раѓање на негови следбеници, "War Boys". Човештвото е уништено и секој се бори за најосновните потреби за живот.

Постојат двајца бунтовници кои можат да воспостават ред, Furiosa која е во потрага по својата татковина со петте жени на Immortan Joe и осамениот скитник и поранешен заробеник Max. Тие се обидуваат да се ослободат од Immortan Joe и неговата војска, што доведува досмртоносна потера со голема брзина преку пустината.

Турбулентната брзина во филмот не остава простор за развивање на карактерни ликови, дејствието е праволиниско без пресврти, a дијалозите се сведени на минимум. Иако акцијата не е здодевна што главно се должи на силната изведба на Шарлиз Терон, доколку се отстрани, не би останало скоро ништо од филмот. Тој е визуелно интересен, но малку е досаден и долг.

Ова е првиот Mad Max филм кој доби Оскар, освојувајќи шест од десет номинации. Тој беше кандидат и во категоријата за најдобар филм, но можеби причината беше оддавање на почит на комплетната Mad Max франшиза. Fury Road е хипер забрзана потера на патот за пеколот во пост-апокалиптичниот свет и тоа е возење кое вреди да се гледа.
madmax_fr_comicon_trailer.jpg
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Colonia 2015
Филмот е работен според случувањата во Чиле во 70тите кога на власт со државен удар доаѓа воената хунта на Пиноче. Германецот Даниел (Даниел Брул), политички активист и неговата девојка Лена, стјуардеса (Ема Вотсон, девојчето пораснало) ги апсат, а Даниел го носат во непознат правец. Лена тргнува по него, со намера да го извлече од каде и да е. Дејството се префрла во една вила Баварија во Чиле, популарно наречена Колонија на гордоста (Colonia dignidad) каде случувањата наликуваат на микс од Голи Оток и сектата во Џонстаун, Гвајана. Плус некои матни зделки со оружје, сарин итн. Главниот ум Пасторот Шефер го глуми Микаел Никвист (ако добро го погодив), познат повеќе по улогите во трилогијата за девојката со тетоважа.
Поинтересна ми беше поентата на филмот (сцените од стадионите на Пиноче, хорор, ем тој логор навистина постоел) отколку некоја фиктивна приказна каде девојката трча по момчето во логор.

Cell 2016
Правен е според истоимениот роман на Стивен Кинг. За мене романот беше добар, адаптацијата и покрај добрата екипа, беше нешто послабо направена (можеби во час и половина, толку се можностите да се опфати целото дејство). Во секој случај Џон Кјузак и Семјуел Џексон имале подобри улоги.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Warcraft

Не треба многу информираност за она што се случува во индустријата на игри, ниту пак треба некој да е фан на Warcraft и на WOW, за да знае дека Blizzard направија лом последнава деценија (и нешто порано :) )
Мене таа WOW еуфорија некако ме одмина па пристапив без некои големи очекувања и желби. Абе се фино, блескаво, 3д искри на сите страни, па некои ликови нешто глумат, дијалози се вртат, некаква приказна има тука. Забележав и Орки некаде. Веројатно поминува супер кај обожавателите на игрите, посебно кај помладите (помалите). Мене ми е некако премногу Б категорија, независно од тоа што е првокласно спакуван. Иако потфрла на повеќе нивоа, сепак е донекаде забавен (спец. ефекти и сл.) и трае два часа.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.960


Finding Dory

13 години по Барајќи го Немо се појавува продлжение на овој филм. Овојпат Дори ги бара своите родители.
Прекрасна авантура во која Дори свесна за своето губење меморија, но водена од некоја логика трга да ги бара своите родители на кои од време на време може да се сети. По пат таа го вади најдоброто од рибите и останати морски суштества кои ја опкружуваат вадејќи ги од зоната на комфорот.
Пиксар во најдобо светло.
Едноставно нема слаба точка во филмов. Анимацијата е најпопрекрасна, приказната е одлично раскажана.

На филмов отидов со внук ми кој има 7 години и е голем фан на Авенџерс, Трансформерс и останатите филмови за момчиња, ама на крајот на филмот ми кажа дека ептен му се допаднал филмот.

И за крај, едно селфи додека чекав да почне филмот :)
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
Dead Man's Shoes (2004)
Мое мислење: (0/5)

Британски психолошки трилер, сценарист и режисер Shane Meadows и ко-сценарист Paddy Considine, кој ја игра и главната улога.
Еден војник се враќа дома во неговиот мал град по завршувањето на воениот рок во британската армија. Со неговиот помлад хендикепиран брат кампува во напуштена фарма во близина на градот. Преку флешбекови се открива дека неговиот брат е злоупотребуван од страна на група дилери на дрога. Тој започнува смртоносна одмазда врз насилниците кои го малтретираа неговиот брат додека беше отсутен. Филмот ја прикажува темната страна на современа рурална Британија, во заедниците каде што криминалот е неконтролиран, и дрогата, заплашувањето и покажувањето моќ се прифатени како дел од секојдневниот живот.
Не толку добар филм за одмазда,кој го спојувасоцијалниот реализам со натприродни елементи, испрекинат со убиства, помешан со флешбекови и исполнет со непријатни и глупави луѓе.
ded.jpg
[DOUBLEPOST=1466364801][/DOUBLEPOST]Blue Ruin (2013)
Мое мислење: (1/5)
Американски трилер по сценарио и режија на Jeremy Saulnier со Macon Blair во главната улога.
Мистериозен бездомник живее мирен живот покрај плажата, но застрашувачката вест го праќа назад кон неговиот дом од детството за да изврши одмазда која излегува од контрола. Започнува брутална борба за да го заштити своето оттуѓено семејството, спремен да изврши и убиство ако е потребно.
Солиден, но бавен и воздржан филм за одмазда со интересна приказна.
blu.jpg
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
The Rezort 2016

Филмот со приказната не е којзнае што ама кој има мерак за филмови со зомбиња, не е ни лош. И така последно време немаше zombie survival филмови па додека се чека на RE the final chapter. Од глумците само овој ми беше познат.
Еден остров се користи за лов на зомбиња, врзани и контролирани од компјутерски систем. Се јавува "случаен проблем" со системот и ...Концептот (не и реализацијата) е сличен на Jurassic Park со тоа што наместо раптори имаме зомби. Ми се допадна ама мене ми се допаѓаат и ѓубре филмови, само да се со зомби :)
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Dead Ringer (1964)



Некогаш во минатото, една од двете сестри (идентични близначки) го краде дечкото на другата и го живее животот што би требало да го живее нејзината сестра. Тогаш престанува нивната комуникација, а 20 години подоцна се среќаваат на погребот на мажот. Едната, благодарение на мажот е богата и почитувана жена, а другата е сеуште под влијание на минатото со плус еден куп долгови и проблеми, спремна да се одмазди за тоа што се случило и да се спаси од бедата, и овој пат таа ќе го украде идентитетот на нејзината сестра. Но, одмаздата не е онаква каква што си ја замислувала и низ филмот следуваат шокантни пресврти и неочекувани работи. До крај е неизвесен и напнат, топ филмче, јас ќе го предложам иако никој нема да го гледа :) За Бет Дејвис не мора ни да пишувам, се подразбира за каква глумица се работи, а тука глумејќи и двојна улога-се надминува себеси. 9/10 (y)


Bunny Lake is Missing (1965)



Бани е девојчето кое на крајот од денот ќе исчезне од градинка. Потрагата започнува како нормална потрага по исчезнато дете, но понатаму не постојат никакви докази дека Бани навистина постоела. Никој освен нејзината мајка не ја видел и не слушнал за малата Бани. Нејзината мајка е претставена како нестабилна личност, која во минатото се дружела со измислени пријатели, но во нејзиното опкружување постојат и други чудни ликови што ја прават приказната повеќе заплеткана и неизвесна. Препорака и за овој. 8/10
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Before I wake 2016

Филмов ме изненади. Мислев уште еден во низата водникави хорор флимови. Означен е со мешавина од жанрови-натприродно, фантазија, хорор. Брачен пар (Кејт Босворт и Томас Џејн) чие дете е починато, го посвојува Коди. Коди и претходно бил посвоен од друг брачен пар (со секвенци од последните моменти од животот во тоа семејство започнува и самиот филм). Детето има некоја моќ да го материјализира сонот кој го сонува. Но, со оглед на минатото низ кое минал, секој негов сон е кошмар кој, материјализиран, ќе се одрази на неговите блиски. Е зошто е тоа така,...
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
Blue Velvet,
филм на Дејвид Линч. Kрими-драма, за еден млад дечко кој во близина на неговиот дом наоѓа уво од човек. Го носи во полиција и додека детективот го замолува да не поставува прашања за случајот, тој оди сам да истражува и заедно со ќерката на детективот се вплеткуваат во целиот случај. Малку тежок за гледање и ми се допадна, но морам да кажам дека Линч има многу, многу по добри филмови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom