Последен гледан филм со кратка рецензија

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Да погодам... недостигав на темава :) не е дека не гледав филмови... мака ми беше да пишувам (еден по еден :P) вака на куп ми се поинтересни... ај да си почнам (да видиме што вика листава)

Hot Fuzz



Главниот актер во филмов - полициски инспектор во Лондон инаку најдобар во својата класа, едноставно совршено здраво и исто толку спремно физички човечко суштество, е префрлен (од непознати причини) во гратче (буквално упи*ку матер и тро лево) со стапка на криминал од беден 1 (нецел) процент - цајканите буквално дремат онака без работа... комични ситуации, црн хумор и препорака за сите љубители на црниот хумор и непредвидливи текови на филмот. Оценка 7,5/10


The Pink Panther 2

Е овој од што е толку аматерски, ни слика не заслужува... веројатно најбедното филмско издание на Стив Мартин и Жан Рено, оценка 3/10 и препорака за сите кои успеваат да се цепат од смеа на Чарли Чаплин.


The Hangover



Хмм, веројатно на почеток обид за да направат нешто како Ергенска забаваили само јас имав грешен впечаток на почетокот :raz: енивеј троцја другари пред свадбата на едниот од нив одат за Лас Вегас и филмот дотука е многу здрвен за да мрдне утрото од кога сите полека се освестуваат од првата преспиена ноќ таму... оценка 7/10 (незнам кој му ставил 8ка на имдб)

Carlito's Way

Епа ни тука не ставам слика иако оценката не му е мала, ама па може оценката а и Ал Пачино во главната улога ме натераа да почнам да го гледам филмов... можеби на некого на кого му се дига на мафијата и на мафијашки работи филмов ќе му биде откровение, но за мене куп досадни дијалози за животот на Карлито Бриганте т.е период од неговиот живот после излегувањето од jail ...не колеџот :icon_lol: оцен4е: 7/10 (и тоа поради Ал Пачино и некои интересни моменти)



Рецензија... па има прсти да ме заболат ако почнам за овој филм, си го гледав онака да се потсетам на маестралната изведба на Мел Гибсон во улогата на Вилијам Валас... первезии оценка 9/10

Rescue Dawn



Кристијан Бејл во улога на германско американски... т.е натурализиран американец пилот кој е соборен на мисија во виетнам и приказ на страданиата негови и патот до слободата... бла бла прикаска без жар онака празно млатење слама... оценка: 5/10



Николас Кејџ во приказна типична америчка т.е да... приказ на американската реалност за продажба на купишта оружја и печалба од истото приказ на светот во промени (падот на СССР) и така натака... приказна без... шознам и фали многу дури и премногу како документарец е вака... оценка: 6,9/10

Banlieue 13 - Ultimatum



Париз... иднина, блиска иднина... париз поделен на кварт на ајдуци и кварт на нормални... ајдуциве забегуваат, џандариве сакаат да ги решат инаку џандарите се корумпирани и тоа многу и сакаат да се решат со битангиве... паркур до бесвест и остала бесна гимнастика 8/10

Enemy at the Gates



Втора светска војна... руски фронт, приказ на русите пред да се свестат што прават и приказ на моментот кога се освестуваат и ќе почнат да ги шибаат дотогаш несопирливите германци, прикажано низ биографијата на најдокажаниот руски снајперист Василиј Зајцев (Џад Лоу), херој каков што дотогаш немале во своите редови, синоним за храброст со кој прават цела реформа... љубовна приказна, прекрасни кадри фатени низ снајперските нишани и убава приказна оценка: 9/10 (сакам филмови од 2св)


Филм кој ме остави без зборови, приказ на масакр на американска воена единица од страна на германците во Франција... филм снимен со мнооогу мал буџет (не ми текнува колку беше :D) доста реална приказна на трауматизирани преживеани од масакрот и обидот да се спојат со нивните... кои се на само една германска армија пред нив. Оценка: 8,5/10

zemjak mora da te popravam za poslednava recenzija , masakrot e napraven na ardenite t.e. Vo Belgija http://en.wikipedia.org/wiki/Malmedy_massacre toa e poslednata ofanziva sto hitler uspeal da ja napravi, ali od nedostatok na gorivo ne uspeal da izbie na antvrpen ili barem do rekata meza ))).

inaku filmot e stvarno dobar, i humanisticki realen )))
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Едни од најдобрите филмови со уникатна приказна. The Matrix Trilogy.
Вистинит или не? Одлучете сами.
The Matrix 1999
Томас А. Андерсон (Кијану Ривс) е човек шо живее два животи. Насабајле е обичен програмер а навечер е хакер. Одсекогаш се прашувал за вистината на неговото живеење и реалноста. Пред да биди приведен од ,,полицијата" , е исконтактиран од Морфеус, (кој не случајно го избра Томас) , хакер а претставен од владата како терорист.
Всушност Морфеус , ќе го воведи Нео (Томас А. Андерсон) од Матриксот , во вистинскиот свет. Ахх Тринити ... совршенство во движење. Уште од почетокот филмов ви остава некој силен впечаток со потезите кои ги изведуваат. Секој Матрикс филм почнува со некоја ептен јака сцена.

The Matrix Reloaded 2003
Овај дел е мислам и најтежок од трите.
Значи после некое време Нео се надоградва се повеќе и повеќе. Посилен, побрз а и може да ги гледа кодовите во Матрицата.
Но Сентинелите (машини) , почнаа да копаат длабоко накај Зион, единствениот останат град на земјата. Нео е советуван од Пророкот (The Oracle) дека треба да се сретнат со Изворот (Изработувачот на Матриксот) и тој ке му кажи што да прави. Тогаш настапува онаа легендарна сцена со телевизорите. :)
Да не го заборавиме најлошиот, најбројниот и најитриот Villain , Agent Smith. Го има насекаде низ матриксот, може да те најде секаде низ матриксот. Едноставно не може да биде избришан.

The Matrix Revolutions 2003
Некако Нео почнува да има моќи во вистинскиот свет и можи да ги оддели неговиот ум од неговото тело. Така станува заробен во место помеѓу Матриксот и Вистинскиот Свет. Како и да е борбата со Сентинелите почнува. Нео е спасен и се верува дека само тој може да ја прекине борбата со машините.

Нешто шо го сакам кај сите три дела е таа некоја темнина која преовладува како и борбите. Едноставно ги обожавам тепачките , особено кога се тепа Тринити и оној нејзин легендарен потег.
(кај 1:32 почнува). Дефинитивно одлична работа на браќата Вачовски :)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
District 9 (2009)

Го гледав и јас, конечно има излезено ДВДРип... Овдека на сајтот имаше мислење од корисник со доста негативна оцена на филмот, јас сепак мислам дека не беше лош и дека вреди да се изгледа. Моментно е еден од најгледаните филмови во светот, а јас мислам дека беше сосема солиден.

Во кратки црти - вонземјани што ке се приземјат на земјата и ке прават проблеми :) Нема да пишувам ништо повеке за да не ви го упропастам филмот, само ке препорачам да не го гледате на кино снимка пошто филмови од ваков тип (научна фантастика со голем број графички и звучни ефекти) едноставно губат 90% од ефектот на тој начин. Јас почнав да го гледам на кино снимка, но до половина се одкажав. Го догледав на ДВДРип.

Inglorious Basterds (2009)



Уште еден филм што неможев да дочекам да се појави на ДВДРип па го гледав на кино снимка. Филм на Квентин Тарантино со Бред Пит во главна улога. Забеган филм максимално, овој пат навистина добро направен - за разлика од Кил Бил (една жена ке се изнервира и ке му ја ебе мамата на сите, филм за деца до 5 години) овој е измислен убаво со многу крвовици, хумор, збрки, пукање и фашизам :)

Гледајте го.
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Inglorious Basterds (2009)



Уште еден филм што неможев да дочекам да се појави на ДВДРип па го гледав на кино снимка.
Исто. =)
Интересен филм, иако со тематика што е малку исфорсирана, позицијата од која се гледаат работите во Втора Светска Војна во филмов е прилично свежа. :) Класичен Тарантиновски пристап, многу насилство, мрднати ликови, црно-хумористично сценарио, прилично добра глума. Сепак мене не ме воодушеви. Иако филмот е забавен, впечатокот бргу избледува. Насилството е веројатно најзабавното и најдобро направеното нешто во филмот. Не е екстремно смешен, дијалозите не се посебно добри, а самиот невозможно-среќен завршеток оддава чувство дека филмот е тотална фикција и не треба да се зема во обзир, зошто се е нереално. Филмот треба да се погледне, ама да не се очекува многу. :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Одамна се немам толку смеено колку денеска, Cougar Town, Modern Family па сега и филмот со неверојатната Сандра Булок „ПРЕДЛОГОТ“. Фантастична комедија, во која цели два часа ќе те умре од смеа, посебно сцените со Сандра Булок, ама најмногу ме насмеа онаа додека зборуваше на телефон и испадна кучето и орелот наместо кучето мобиленот и го зема :pos2::pos2: која смеа било, па кога одеше гола и овој гол со слушалките на уши и се судрија :vozbud: . Иначе оваа е шефицата, а овој и беше асистент и таа поради тоа што валјда нелегално нешто била во САД и требало да ја депортираат во Канада, и бара од него да се венчаат и ќе отидат да го посетат семејството на овој во Алјаска :pos2: Прејако нешто :pipi::pipi: Ама на крајот :smir:

7,5/10 одлично! :back:
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
"MAN ON FIRE"

Филм на Тони Скот, со Дензел Вашингтон и Дакота Фенинг. Преубава содржина, ме остави без зборови и кога прв пат го гледав, а и сега.
Филм за љубовта пред се и над се, за човечноста, за алчноста што ја предизвикуваат парите и моќта и за тоа колку се губиме во тој вртлог, така што сме во состојба да ги жртвуваме и најблиските.
Филм за корумпираноста на институциите на системот, за немоќта да се справиш со сето тоа и за моќта на локалната мафија која владее со секој сегмент од општеството.
Филм за безусловната љубов- детска, мајчинска, човечка...
Филм на кој плачам како мало дете...не знам зошто...ама не можам да се воздржам.
Најдете време и нека го погледне секој што не го гледал.[/quote]
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Lord of War

Морам да кажам ногу досаден филм Кејџ у главна улога по потекло од Украина живее у бруклин и нели како и секој е у потрага по самио себе и по подобро утре.Со брат му работата у ресторан и моменто кога пред него се случи убиство за него беше како просветлување и почна да се занимава со оружје и целио филм е искачувањето на еден дилер со оружје од самото дно нагоре заедно со брат му кој му беше партнер цело време.Од мене ке добие една 5/10 стварно ногу монотон филм и ногу предвилив онака колку филм да се снима.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Дискусијата на Apocalipto и bibil околу Чарли Чаплин префрлена во темата „Комедии“, продолжете таму.

Invader мора да пишува и кратки рецензии без разлика што е фан на Интер. :smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
TRANSFORMERS 2.


Се стрпив и дочекав да го гледам со добра снимка затоа што кино снимката за никаде беше. Што да кажам многу специјални ефекти оружје деструкција добар блокбастер вреди да се гледа....
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Proposal (2009)

Јас сакам романтични филмови ама не ги сакам ваквите. Премногу лесни, премногу предвидливи и сите завршуваат со хепиенд, не е ни спојлер ова веќе знаете. Нема мистерија тука. Исто така, најлош тип на комедии ми се оние кога актерите се ставаат во непријатна ситуација пред другите па мора да измислуваат глупости и да лажат... тој тип на хумор не ми одговара не гледам што е смешно тука.

Како и да е, филмов иако е од тој тип може да пројде пред се заради двајцата главни актери, Ryan Reynolds , кој е навистина талентиран актер и го покажал тоа во многу филмови, и Sandra Bullock , која од некоја причина, секогаш кога ќе ја врзе косата во репче успева да пројде како 32-33 годишна.

Приказната едноставна како и во секој ваков филм: девојката е шеф во една издавачка куќа, многу неомилен лик кај сите вработени. Дечкото како што погодувате, не може да ја смисли. Потоа твист што ги врзува двајцата: девојката треба да ја депортираат затоа што е имигрант, па таа го принудува вработениот да ја земе за жена заради виза... џагара-багара и биднува работата.

Се е предвидливо ккао што реков, а покрај тоа има и две дупки, од кои едната посебно ме нервира: Испаѓа дека Рајан е од богато семејство кое живее на Аљаска, но не сака да раководи со имотот на татко му, туку сака да си ја работи неговата работа. Тоа е се супер и сме го виделе 100 пати. Проблемот е што неговата работа е читање книги, а неговиот изговор е: сакам да читам книги, тоа ме прави среќен. WTF? Книги можеш да читаш и дома, сине.

Екстремно глупав проблем.

Имав проблем и со хепиендот, пошто обично знаете како е, двајцата се мразат па се вљубуваат, ама во филмов, нити видов кога тој се вљуби во неа, нити пак кога таа се вљуби во него... Ако веќе ја вртеа приказната имаше подобри краеви...

ОК, 6/10 со крајни напори. Ако ви треба лесен филм без замарање, ете ви еден.

Вечерва ќе го ѕирнам Transformers 2. Очекувањата ми се многу ниски, т.е. ништо не очекувам освен ефекти и многу сцени со Меган Фокс. Така да би требало да пројде...
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Streets Of Blood



Дејствието на филмот се случува во Њу Орлеанс после поплавата, темата е за борбата против бандите кои продаваат дрoga, добрите и поткупливите полицајци...
Доколку сте љубители на добра рап музика и цицлести наркомански кучки кои шетаат голи додека гангстерите ги бројат парите и шмркаат кокичка тогаш ви го препорачувам филмот, филмот си нема врска со седмата уметност, ниту Фифти Сент глуми како што треба а ниту пак Вал Килмер не се покажа кој знае колку...
Во случај на досада или немање идеја кој филм да се гледа кликај на PLAY а ако имате попаметна работа тогашш не си го губете времето, тоа ви е совет од мене!
П.С. Не дека ова е рецензија ама и тоа е многу што го напишав за овој филм...
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
He's Just Not That Into You

Добра ископлицирана љубовна драма. Нешто малце ,,женски,, филм е како и секоја драма.
Би го препорачал за женски само.

p.s... ја не дека сакав туку морав да го гледам :)

 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Beetlejuice



Мојот омилен филм од детството случајно денес го најдов на видео касета и го гледав.
Beetlejuice е комедија - хорор филм.
Адам и Барбара се среќен брачен пар кои доживуваат сообраќајна несреќа. Се враќаат во својот дом но како духови. Откако ќе се помират со тоа дека се мртви и дека се духови нивниот мир ќе го нарушат новите газди на куќата кои се неподносливи. За да ги избркаат од куќата Адам и Барбара ќе побараат помош од "био-егзорцистот" Beetlejuice.
10/10
 
Член од
23 август 2009
Мислења
111
Поени од реакции
6


Enemy at the Gates



Втора светска војна... руски фронт, приказ на русите пред да се свестат што прават и приказ на моментот кога се освестуваат и ќе почнат да ги шибаат дотогаш несопирливите германци, прикажано низ биографијата на најдокажаниот руски снајперист Василиј Зајцев (Џад Лоу), херој каков што дотогаш немале во своите редови, синоним за храброст со кој прават цела реформа... љубовна приказна, прекрасни кадри фатени низ снајперските нишани и убава приказна оценка: 9/10 (сакам филмови од 2св)

Алал да ти е за филмов шо убаво ме потсети да го гледам!Браво за тебе.Сега одма барам торент за филмов.Најдобар филм според мене после Спасувањето на Војникот Рајан од 2св.


 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ево мене пак :D


Ајс Ејџ тројче шо би рекле на нашки, продолжение ко продолжение, незнаат веќе што да направат (се обложува некој со мене дека наредно продолжение и луѓе ќе има?)... анимација, убава за тепање време и да 3-4 смешни моменти тоа го извади филмов од кашата (е де, и оние романтичните моменти ме пленија... нема шо, правервериците се запукаа :icon_lol:), и сега... добро бе бива ли некој да биде толкав кретен и да неможе да запамти како што и колкаво било нешто... да за Руди зборувам... според тоа колкави стапалки имаше и колкава беше мама тираносаурус, Руди не требаше да ми го собере во екранов... и шо... крокодил со нозе, логика на место нема што... плус тоа стапчето што како нож го користеше тој бушманот со пола око... било цел заб на Руди :tapp: оценка 4/10 (за 4те смешни моменти).

__________

За следново... се мислев помеѓу две опции: краток пост илиии подолг пост, ќе ги пишам и двата, во еден па кој сака тоа нека чита:

Краткото:

Темава е за последен гледан ФИЛМ и знам дека сум оф-топик со тоа што ќе го спомнам Трансформери 2 и тука ќе прекинам.

и долгото:

Е добро бре... што к*рац сте се обиделе да направите... саки од саканија by МРТВ продакшн остај шо беше пореален и попривлечен за гледање, туку и поврзан беше... Меган Фокс??? Имаше ли таа функција освем да трчка наоколу во тесни пантолони и убави деколтеа додека потскокнуваше таа а и нејзините близначки кои "случајно" завршуваа во преден план, генерално, катастрофална глума... тотално неповрзани работи... па баба да го режираше ќе му дадеше некој шмек, приказна да има барем малку и да и овие како оние погоре, уште неможам да си одгатнам како во еден момент прајм и компанија се ОГРОМНИ а во нареден за само глава повисоки од обичен човек... сцена каде што човек се губи во висина на стапалото на роботот и сцена каде што човек му е до половина... :tapp: х 3 ...нема оценка - инаку да трансформери двојчето е филмот, линк не оставам да не случајно ви текне да го симнете клик тука да си задоволите потребата од меган и атрибутите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom