Последен гледан филм со кратка рецензија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Eдно прашање. Да не е The Departed дел од „серијалот“ на Гај Ричи? :nesvest:

Тhe Departed (2006)



Oдличен криминалистички трилер чиј расплет ќе ве остави со зината уста. Приказната е за двајца „дупли агенти“. Едниот кој работи за ирската мафија undercover во Massachusetts State Police, а другиот кој работи ЗА Massachusetts State Police а е undercover кај Ирците. Има и својствен хумор. Глумата беше феноменална од страна на Leonardo DiCaprio, Matt Damon (првпат толку добро да одглуми според мене), легендарниот Jack Nicholson, Martin Sheen и така натаму. Па.. топло препорачувам. :smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Brubaker (1980)

Како што спомнав и вчера некаде по темите, класика. Еден од најдобрите затворски филмови на сите времиња. Сум го гледал барем 3-4 пати предходно, ама многу одамна. Како и да е, во една од најозлогласените затворски дупки во Америка, преполна со корупција и луѓе решени работите да останат какви што се, еден некорумпиран човек (какви што очигледно нема повеќе) се бори сам против системот, обидувајќи се да го претвори затворот во нормално место за живот.

Затворот и односите кои владеат во него повеќе ми изгледаат како метафора за светот во кој живееме денес. Го препорачувам филмот пред се на поискусните филмаџии на форумов.

9/10.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Го чекав уште од есента лани и конечно излезе торент да го гледам...



Знаев дека ќе биде прекрасен филм што вреди да се види.
Ама човек да се замисли бе. Најголемите човечки глупости во светов дефинитивно се направени „во име господово“. Колку бесмислици се испоправени, зла... и се од поединци жедни за моќ и власт, толкувајќи „зборовите божји“ на кого како му одговара, за свои себични цели. Се прашувам колку такви подли суштества се прогласени за светци?
Полесен начин за стварање фанатизам- амин. Овци колку сакаш.
Како можело низ векови ради тој фантизам да живее такво дивјаштво, да се уриваат такви ремек дела и да се унишува такви богатства од знаења.
Го прескокнав делот со
палењето на делата во библиотеката и мене ме здоболе
.
А колку само такви нешта се запалени низ вековите ин д нејм оф гад.:tapp:
Кулуминација се достигнало во среден век изгледа. Којзнае кај ќе сме биле да не постоел. Страшно.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728


Со самото тоа што главните улоги во филмов се доделени на Мерил Стрип, Алек Болдвин и Стив Мартин, мислам дека за квалитетот на самиот филм и не мора да се дискутира.

Во периодот на дипломирањето на својот син Лук, односно по отселувањето на ќерката Габи, Џејн (докажана кулинарка) повторно започнува да се гледа со својот поранешен маж Џејк кој ја оставил поради Агнес, која е многу помлада од него. Но за да работите станат малку покомплицирани, Џејн ќе почне да чувствува нешто и за Адам, кој е всушност архитектот кој треба да и ја изгради кујната од соништата.
Понатаму, останува да видите што ќе се случува.:)

Ова е уште една одлична љубовна комедија која морате да ја погледнете.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
2012

филмов претставува тотална утка...го имав во комп од пред 4 месеци и ми падна жал за 700те мб потрошени да остани невиден...сега ми уште пожал што го гледав...2012 крај на светот се остварува пророштвото на маите или инките (кој било де) и светов почнува пополека да тоне...ефектите стварно океј беа ,Кјузак незнам како прифатил да игра во филмов кога е потполно клише ...низ целото гледање знаев што ке се случи ,кој ке загине кој ке се извлече и тнт...на day after tommorow може слободно вода да му носи ма да и тој небеше ништо посебен...2/10
Туку сега приметив америве многу напалени на апокалипсата,the day the earth stood still,knowing плус овај све булшит филмови со големи буџети
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Leaves of Grass (2009) браво



Што е подобро од филм во кој глуми Едвард Нортон? Веројатно, филм во кој Едвард Нортон глуми двајца! :) Да, ќе можете да го видите како се расправа сам со себе :)


Еден инзвонредно добар филм во кој Едвард Нортон има двојна улога, ги игра Били, универзитетски професор и генијалец, и Брејди, неговиот брат, дилер на дрога, генијалец и глупак во исто време :)

Били е далеку од своето семејство веќе 12 години и се враќа во Оклахома и влегува на среде сите проблеми на брат му кој го должи пари на погрешни луѓе а во меѓувреме неговата девојка чека бебе. Били се обидува да го поправи светот кој другите го расипале.

За содржината нема да пишувам повеќе за да не расипувам. Во основа, филмот се потпира на актерските способности на Нортон кој е нешто како one man (или во случајов two men) show. Неговата способност да одглуми истовремено два тотално различни карактери е запрепастувачка. Филмот е своевидна црна комедија, иако нема смешни коментари и реплики, смешни се ситуациите кои настануваат или барем начинот на кој се прикажани. И не е од тие филмови кои ќе им се допаднат на сите.

Што е до мене, единствена забелешка имам што првата половина од филмот одеше премногу споро, иако филмот трае 1.40h со се одјавната шпица, кога заврши имав впечаток дека бил преку 2.00h долг.

Ако не стоите добро со англискиот почекајте некој ден да излезе превод, зошто ќе имате проблеми со јужњачкиот акцент на Брејди.

9/10.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Brubaker (1980)

Како што спомнав и вчера некаде по темите, класика. Еден од најдобрите затворски филмови на сите времиња. Сум го гледал барем 3-4 пати предходно, ама многу одамна. Како и да е, во една од најозлогласените затворски дупки во Америка, преполна со корупција и луѓе решени работите да останат какви што се, еден некорумпиран човек (какви што очигледно нема повеќе) се бори сам против системот, обидувајќи се да го претвори затворот во нормално место за живот.

Затворот и односите кои владеат во него повеќе ми изгледаат како метафора за светот во кој живееме денес. Го препорачувам филмот пред се на поискусните филмаџии на форумов.

9/10.
одличен филм,Роберт Редфорд е феноменален во овој филм а за сценариото на филмот немам зборови:helou:
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Pulp Fiction



Приказна за криминалот и мафијата во Лос Анџелес и за еден боксер кој се вклопува во сета таа приказна.
Очекував многу повеќе од овој филм, прочитав премногу позитивни критики, но сепак не видов нешто ептен што ќе ме фасцинира, иако има интересно сценарио. Глумата на Брус Вилис е одлична, а тука е и Џон Траволта за да ве насмее во секој случај.:)
 
I

Intex

Гостин
Star Wars original trilogy (1977-1983)


Истото шо го пишав во претходната рецензија за новата, само шо оваа има далеку подобри ефекти во споредба со годините. Не можеш да поверуваш дека првиот филм е снимен 77-ма, оти во споредба со филмовите од таа година е Аватар.

Оценка (за цела трилогија): 10/10
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Превртено.


Наш филм. Еден од моите омилени филмови. Доста тежок за гледање, ако не сакате да тупите мозок не го гледајте :D
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Amadeus 2002



Филм за животот и творештвото на Моцарт. Филмов е вистинска уметност, мешавина од музика и ставови за животот. Моцарт „кретенски“ претставен како карактер, од друга страна еден завидлив и љубоморен музичар што се чуди како таков идиот може да прави таква музика. Има и доста хумористични елементи, а и ќе ве натера да ја засакате класичната музика. Оценка 10/10.

The life of David Gale



Филм со Кевин Спејси и Кејт Вислент во главни улоги. Мистика во текот на целиот филм за на крајот да дојде до нејзино расветлување. Се работи за животот на Дејвид Гејл, но само површно, идејата е да се искажат ставови за и против спроведување на смртната казна. Токму главниот лик се бори да докаже дека тоа треба да се укине, дека човекот може и неправедно да биде убиен. Оценка 8/10.

Les Miserables



Ова е мини-серија во 4 дела, не е филм. Ја изгледав речиси во еден здив исто како што ја прочитав „Клетници“. Има многу мали отстапки од книгата, но во целина задоволува многу и се чувствува духот на Франција, не само поради јазикот туку и целата таа атмосфера е одлично доловена. И за серијава 10ка. :)
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18


Shutter Island

Двајца американски маршали Теди Даниелс и Чак одат на Шатер островот (институција за ментално болни криминалци) да истражуваат бегство на опасен, насилен пациент (затвореник). Меѓутоа открива дека на островот се случува нешто нелегално и неморално...

Го гледав у кино, ми се свиѓаше и крајот
стварно ме изненади
:) 8.5/10
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
филмски маратон:


Според книгата на Пабло Куелјо(ја немам читано,па затоа не знам дали е иста како и филмот).Се работи за девојка по име Вероника која сака да се самоубие,но на нејзина "несреќа" навреме пристигнува брзата помош и ја спасува.После две недели поминати во кома таа се буди во психијатарска болница,каде што нејзиниот доктор/психијатар и кажува дека не и преостанува уште многу да живее,бидејќи количината на апчиња што ја испила,,создавала блокада на протекување на крвта до нејзиното срце.......................
8/10 има добра поука крајот


По преживувањето на собраќајната несреќа во која загинуваат двајца негови пријатели,животото нагло му се променува.Поради последиците од собраќајката има еден вид амнезија каде што не може да се сети на одредени работи-собраќајката,нови имиња,реченици итн-па мора скоро се да си запишува во неговиот бележник.Животот ќе му тргне кон подобро кога ќе сретне една девојка,а можеби и не:toe:........

7/10


Добра психичка драма.Се работи за едно девојче кое излегува од психијатарска болница после 10 месеци поминати во неа.Причината поради која се наоѓала во таа установа се соновите кои секогаш и се појавувале откако нејзината мајка-која е тешко болна- настрадува во пожар во нивната куќа.Кога ќе се врати во куќата таа се "судрува" со новата девојка на татко и,инаку негувателка на мајка и,во која се сомнева за несреќата..........

8/10 ќе добиеше и повисока оценка но некако отпочеток ми делуваше стандардна америчка драма,но КРАЈОТ вреди за 10:)


Се работи за личност која има одреден дар уште од мал,да патува низ времето,каде што во тие негови патувања ќе ја сретне неговата идна жена.Секако тој во реалниот свет нема да се сеќава и да знае за која личност ќе се ожени,се додека не се навраќа назад во минатото за да се присети на неговите средби со неа,бидејќи не може да контролира кога и каде сака да патува.

7/10


Очекував многу повеќе од оваа драма/фантазија,но то е то:).Едно девојче по враќањето од школо,измамено е од страна на нејзиниот сосед,каде што во една импровизирана дупка,има соба,каде што ја поканува да го види неговото ремек дело,и ја убива.Но сепак полицијата не го наоѓа убиецот ниту телото на девојката,па така девојчето останува заробено помеѓу рајот и реалниот свет-нешто измеѓу овие две работи.

7/10


Филм за американското третирање и превенција со потенцијалните терористи и закани за нивната држава.После 9/11 американскиот конгрес има донесено закон/резолуција каде што секој граѓанин на САД можат да го приведат и испрашуваат ако само се сомневаат во него.Поголемиот дел од дејствието се случува во Мароко,и ги прикажува разузнавачкиот агент на САД во таа држава и нивниот началник задолжен за "испитување" на терористите.Крајот дефинитивно е возбудлив

8/10




Еден од номинираните за оскар.Реални случки за животот и работат на американсите војници во Ирак:Филмот ја прикажува работа и задачата на деминерите на американската војска во Ирак-местото каде што секоја секунда од времето е драгоцена- и нивните возбудливи сцени со секојдневните разоткривања на поставени темпирани бомби и нивно деактивирање:Возбудливо.

8/10


Филмот кој навистина ме воодушеви и ме остави без коментар.Едноставно МОРА да го погледнете филмов нема да зажалите.Се работи за вистинска случка!

10/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
SHERLOCK HOLMES


Ремек дело..љубител сум на крими филмчиња ама овој е нешто посебно.Класична приказна во која Шерлок Холмс со својот пријател Вотсон влегува во интересен случај во кој се вмешува и жената во која е заљубен.Типично за Гај Ричи тепачките ги довел до совршенство употребувајќи и технологија,но сето тоа му дава нова нишка на личноста на Шерлок Холмс,после филмов веќе не го замислувам ликот како паметно слабо човече.

10/10 за глумата ,приказната,сценариото........
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
филмски маратон:


Според книгата на Пабло Куелјо(ја немам читано,па затоа не знам дали е иста како и филмот).Се работи за девојка по име Вероника која сака да се самоубие,но на нејзина "несреќа" навреме пристигнува брзата помош и ја спасува.После две недели поминати во кома таа се буди во психијатарска болница,каде што нејзиниот доктор/психијатар и кажува дека не и преостанува уште многу да живее,бидејќи количината на апчиња што ја испила,,создавала блокада на протекување на крвта до нејзиното срце.......................
8/10 има добра поука крајот
Читај ја книгата. Многу е подобра од филмот. Навистина има многу јака поента т.е. иста е и во филмот и во книгата меѓутоа во книгата е многу посилна отколку во филмот. Ја читав книгата пред 2 години(значи на 16) и бев под имресија 2-3 дена. Не верувам дека е до годините:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom