Последен гледан филм со кратка рецензија

Џ

Џонтра Волта

Гостин
What's Eating Gilbert Grape (1993)


Или ко што би идел преводот на некоја од нашите телевизии ``Што јаде Гилберт Грејп``
ќе видиш на програмата и ќе си речеш ова е некое кулинарско шоу со Викса.
Или ``Што го јаде Гилберт Грејп`` ако преводот е позајмен од бившата држава.
:D Како и да е.

Драма филм со Џони Деп во главната улога. Џони односно Гилберт е 25-6 годишен младич кој живее во едно сиромашно градче некаде во Америка, отприлика крајот на 70тите години, поточно 78-79та небитно. По смртта на неговиот татко Гилберт мора да се грижи за своето семејство, мајка која се мрднала на некој начин и не излегува од куќата веќе неколку години со што е претворена во 500 килски слон кој не може да се помести од креветот. Две сестри од кои едната е разгалено девојче а другата онака, се грижи за домот односно и готви по 300 оброци за мајка им. Сепак целиот товар е оставен на Гилберт којшто работи во продавница и мора да се грижи за брат му Арни кој е ретардиран и цело време е со него поради тоа што мајка му не може да се грижи баш за него, братска љубов на прво место.
Во градчето ќе дојде едно девојче кое ќе му се засвиѓа на Џони со што овој малце ќе го батали брат му...

И сеа си викате ок што кур ме замара овој со квази љубовна драма со Џони Деп. :pistoldz:

Го заборавив Арни. Ко што спомнав погоре Арни е ментално ретардирано дете за кое лекарите рекле дека ќе живее максимум 10 години но тој е веќе на прагот на 18тата година каде семејството му спремаат голема забава, мајката фактички живее за да го прослави 18тиот роденден на нејзиниот син.

Арни е Леонардо ДиКаприо или Лео е Арни, едно од првите негови појавувања на филм, маестрална глума со која заработил номинација за Оскар за најдобра споредна и награда за најдобар млад актер и страва потенцијал во иднина.
Имам доста негови филмови изгледано, ми останале уште 2-3 макс коишто ќе ги изгледам деновиве и можам слободно да кажам дека ова е една од неговиоте најдобри улоги, ако не и најдобра. Подобра од онаа каде доби Оскар лани, сигурно.

Проверив баш кој добил Оскар таа година, Томи Ли Џонс за The Fugitive, не сум го глеал филмов и никад нема да го глеам.
Да знаеле овие од Академијата дека во следните 20 години ќе се крене толкава фама за тоа што Лео нема Оскар ќе му го дале тука сигурно, а не да чекаат да се исфорсира глуп филм ко ланскиот за да добие Оскар.
Јеби га, морав уште еднаш да го поткачам Revenant. :D

Ок, забегав. Глејте го филмов, одлична драма, ќе ви помине за 5 минути и ќе сакате уште.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
The Man Who Knew Infinity

Се запнав ко теле дека ќе го глеам филмов пошто никад во животов не сум сакала математика нит ме интересирало и сеа си викам чекај да видам некој битен чоек од таа сфера да се позаинтересирам.
И филмов ми дое топ.

Станува збор за биографска драма имено за млад индиец Рамуџан кој расне во сиромашно место во Индија а подоцна за време на прва светска војна оди на Кембриџ кај шо станува пионер во математичките теории. За се ова му помага менторот Харди кој напочетокот беше доста суров.
Математичаров Рамуџан е уствари гениј ама на луѓево од Кемриџ не им е доволно тоа, постојано му бараат докази пошто за нив докази не е тоа што е напишано на лист. Инаку Рамуџан во Индија ја остава мајка му и жена му ама после се враќа кај нив и.......
Патем равенките му се искористени подоцна за црните дупки во вселената.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
The Sixth Sense


Брус Вилис вака така во сите жанрови го има дали трилери мистерии, дали рушење згради, дали љубовни романтики, во секој жанр оставил човекот некоја класика за сва времена, браво...

Филмов го имам гледано пред 10 години ама тогаш како многу мал не го сфатив и не ми беше интересен и мислење за дотичниот филм до пред 6 часа ми беше досаден филм некој со дете со моќи. Т.е.малку претерав ова мислење ми беше до пред 2 години, а од тогаш ми беше мислењето “филм што можда е добар, така викаат чичковците на имдб, ама ја го неам сфатено“. И добро дојде ред да се гледа пак кога имам малку повеќе грама во мозокот нели.

Сега малку се плашам да кажувам кратка содржина, да не откријам било каков битен детал, што би го скршил филмот на тие што би го гледале после моето прочитано. Значи во филмот се работи за дете кое има “тајна“ и “моќ“ кои му прават проблеми и му оневозможуваат да има мирно безгрижно детство, како сите останати, па затоа е изолиран и од сите други. Покрај детето, водечка улога во филмот има и психологот т.е. Брус Вилис, кој е задолжен да му помогне да се справи со проблемот кој го прогонува.

Се извинувам вака што ништо не откривам, но пак ќе кажам мислам за овој филм е најдобро сами да си погледнете и преку гледање се да си дознаете. Го гледав филмов со другар, кој после третина од филмот погоди што е работата уствари, ама никако не можам да кажам дека е предвидлив филмот. Напротив максимално мистичен и зезнат филм, препорака за сите љубители на трилери.

Сега пак ќе кажам сигурно 90% овие што ме читаат го глеале така да не е многу функционален мојот предлог, но што да правма што каснам во секоја работа со години :rolleyes:. Одличен филм и препорака за сите кои не го гледале, а се љубители на ваквиот тип на филмови.

 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
American Beauty (1999)

Филмов јаде многу критики на форумов а и на интернетов опшо, баш затоа и одбивав да го гледам долго време, а и боље, пошто да го гледав пред 1-2 години ќе ми беше преглуп.
Ко што реков, филмот трпи критики пред се поради тоа што им земал Оскар на филмови како The Sixth Sense и The Green Mile. Во ред, се слагам и јас, таа година Оскарот морал да заврши кај Шестото сетило.
Меѓутоа филмов си го има заслужено статусот што го има стекнато овие 16тина години, си ги има заслужено сите Оскари освен тој за филм на годината.

American Beauty (ова beauty мислам дека е иронично) е класична драма, врска нема со романса, повеќе е еден вид на црн хумор и трагедија.
Режисерот сака да ни го претстави животот на (скоро) секое второ американско семејство. Ако во American Psycho со Бејл ни е претставен еден карактер на разгалено копиле, тука режисерот паралелно обработува 5-6 карактери.

Кевин Спејси е окарактеризиран од неговото семејство како лузер, никој не го прашува за ништо се додека не ја запознае пријателката на неговата ќерка која ќе му се засвиѓа и на некој начин ќе го натера да си го промени својот монотон живот.
Жена му е опседната со идејата да биде успешна бизнисменка односно да биде број еден агент за продажба на недвижности, но на крај испаѓа дека таа е лузерот во семејството. Семејство без никаков однос, мажот и жената само живеат заедно, немаат никаков однос ниту пак се премногу заинтересирани за ќерката која како што вели Спејси е класичен тинејџер.
Џени се вика, несигурна во себе, незадоволна од својот изглед, ги мрази родителите и се дружи со една прчла (симпатијата на Спејси) која сака да биде центар пажња и најпосакувана девојка. На крај убаво ќе и објасни Рики.

Рики пак е нов сосед на семејството на Лестер (заборавив погоре да спомнам, Лестер е Кевин Спејси) дете коешто 2 години од својот живот ги поминал во лудница поради тоа што се степал на школо. Татко му фактички му ги уништил сите детски сонови кои што ги имал па среќата ја гледа во малите работи, низ објективот на камерата.
Ќе се запознаат со Џени и ќе се пронајдат самите себеси.

Татко му на Рики е некое воено лице, тежок карактер, хомофоб :)лолз), намќор кој со своите постапки во текот на годините го упропастил животот на неговата сопруга којашто се мрднала живеејќи со таков човек, воено воспитување кој секој проблем го решава со насилство.
При крајот на филмот има една сцена со Рики и неговата мајка, сцена која ќе даде објаснување за целиот нивен живот со мажот односно татко му на Рики.
Ќе ви се објасни и она лолз од погоре.

Мене ми беше многу јак филмов иако не очекував вакво нешто, мислев дека е класична романса, како што пишува во дескрипшнот на имдб, но искочи нешто сосема друго.
Кевин Спејси маестрално ја одигра оваа улога, заслужено си добил Оскар.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Our Kind of Traitor

Јако филмче типично за тоа како се работи во висока политика. Филмот да има недостатоци и според мене му фалеше уште некоја минута за да даде целосен крај на настаните вака е недокажан. Пери и Гејл се на одмор во Мароко на вечерата тој случајно ќе се запознае со Дима благајник во руската мафија кој ќе го замоли за помош за себе и своето семејство во Лондон , а за возврат тој да ги предаде сите кој мафијата ги потплаќа. Гледајте солиден 8/10
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
The Infiltrator
Мноогу добар филм. Тема за ФБИ, американската царина и Меделин картелот, но во случајов филмот е за човекот кој уеспешно се инфилтррира во редовите на Меделин. Снимен е по реален настан, а картелот за разлика од Narcos не е прикажан баш во некое милосрдно светло туку реално, сурово и крваво, каков што и бил. Ескобар се појавува само на 3-4 секунди пред камера, во поминување така да дејството се врти околу другите големи босови и банкарите. Во главната улога е човекот од Брејкинг Бед, а цела екипа солидно си ги изигра улогите.[DOUBLEPOST=1476036701][/DOUBLEPOST]Lights Out

Хорор, во однос на другите вакви филмови последно време може да се каже попристоен хорор, барем за мој вкус. Режиран е од истиот режисер на краткиот 3 минутен шведски филм од 2013, барем сцената со светлото и силуетата на жена се исти.
 
Последно уредено:

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
The Green Mile (1999)

Одамна ми стоеше во Watch листата, конечно дојде на ред. Деновиве изгледав доста добри филмови, ама искрено не ме бива ич за рецензии. Не знам да прераскажувам. Во секој случај, овој филм посебно, ептен ми остави впечаток. Си реков штом е со Том Хенкс, нема утка. И во право бев. Плус истиот режисер од Shawshank Redemption. Што значи нема прескокнување веќе, редно беше да го изгледам. Пред да гледам филм, никогаш не читам апсолутно ништо за него, бидејќи сакам едноставно да си уживам во филмот. Трае три часа, вреди дефинитивно. Драма, со вклучени делови на фантазија. Глумата е препрепредобра. Одличен избор на глумци, ма све цакум - пакум. Нема да останете рамнодушни во никој случај.
Главното дејствие се одвива во затвор, случките се гледаат од лична перспектива на буквално сто годишен човек којшто престојува во пензионерски дом, каде што почнува да прераскажува на својата пријателка, за периодот од неговиот живот додека тој бил чувар во затворот. А воедно задолжен и за надгледување на егзекуциите. Всушност сите затвореници коишто „престојуваат“ во тој затвор, се осудени на смртна казна и таму ги минуваат своите последни денови. Што реално и ќе ве подзамисли дали навистина е праведно да се има смртна казна. Бидејќи секогаш има простор за неправедности и чуда. Тој ги опишува секојдневните случки, затворениците, нивните приказни. На кратко, тројца затвореници се, три различни приказни. Меѓу нив е и еден маж којшто е осуден за силување и убиство на две девојчиња. Но, како што минува времето, чуварите стануваат сведоци на чудесни настани, да ја откриваат неговата чудна дарба. Понатаму да не продолжувам, не е тоа целта.
А и претпоставувам повеќето го имате гледано. Па ете, јас само впечатоци да си пишам. Само пофални зборови за филмот, во секој случај. :D
Исто да ви кажам дека во филмот има двајца огромни психопати! :mad: Едниот е неговиот колега, а другиот е затвореник. ГОВЕДА ЕДНА! ГОВЕДА! ГАДНИ! МРШ!! :mad::mad::mad: УФ! ГРОЗНИ!!! :pov:

 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Последен гледан филм, иако ми е гледан четири пати до сега - е Ида. Добитник на Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје во 2015, Ида претставува еден омаж на филмовите од 50тите и 60тите кога е во прашање естетиката. Црно-бел, тивок и спор. Прекрасни фотографии, се гледа дека е доста обрнато внимание на естетиката. Филмов, заедно со Aftermath или на полски Pokłosie (2012) го даваат (по)ново читање на односот Полјаци спрема Евреи за време на втората светска војна. Во Полска имаат покренато лавина различни коментари, но тоа е и една од целта на големата уметност.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.640
Поени од реакции
81.623
Значи филмов се има давано милијарда пати по нашиве телевизии, во ТВ Антена, ТВ Екстра и другите неделници специјализирани за телевизиска програма 100 пати го имаат рецинзирано, на кабелскиве оператори веќе здосадија со филмов.... и нитуеднаш го немам гледано се до сега :icon_mrgr: Причината е повеќе од јасна... коверот на филмот не ми се свиѓа, одбивен ми е и едно стопати во минатото се токмев да го гледам, и пак го запоставував, се ради проклетата слика погоре што ја постирав... одбивна до немајкаде:kuracc:

Приказната такоџе не е ништо посебно, па незнам од каде има 7.2 оценка на ИМДБ :unsure: Фамилија (мајка и двајца тинејџери) се сели во нов град, али во градчето врие од вампири... еден од тинејџерите ќе постане вампир, и понатаму знаете клише... братов ќе се обиде повторно да го стори човек.

Тоа е приказната, ништо посебно, гледајте го ако сакате добар е за тепање време, али не е за 7.2 оценка :mad: ме прелажа ИМДБ овој пат.
Од мене едно скапано 6-
 
B

beaverknight

Гостин
Perfetti sconosciuti (2016)



Италијански филм, жанровски комедија/драма.
Филмов онака го одбрав да го глеам кроз разговор со другар, добар бил, ај да видам.
Пред се' да кажам дека не го чуствував како филм, туку како да глеам претстава во театар, или барем го имав она чуство после изгледана претстава.
Се работи за седум долгогодишни пријатели кои се собираат на вечера кај Rocco & Eva (два лика). Наеднаш им паѓа на ум една игра. Да ги извадат мобилните на маса, сите, и така додека се задно цела вечер да им бидат оставени, секој што ќе добие порака или повик мора да одговори, се јави пред сите.
Одлична режија, едноставна и одлична актерска екипа. Филмот е забавен од почеток до крај, а и италијанскиот ми е многу интересен за слушање, еден од поубавите јазици, покрај
MAKEDONSKIOT!!, се разбира, кхм
Крајот има и мал трибјут за филмот Inception.
8/10 од мене.
Топла препорака.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Gods of Egypt

Да се разбереме не сакам начна фантастика ама филмов е мора да се види. Бек и Заја се смртници кои се сакаат воедно Бек е вешт крадец. Хоурс е богот на небото кој треба да биде прогласен за крал и наследник на татко му , но на крунисувањето ќе се појави Сет чичкото кој ќе го убие кралот и ќе го ослепи Хоурус , а себе си ќе се прогласи за крал. Сплетот на околности ќе доведат богот да зависи од смртникот Бек. Искрено подобар негативец од Герард Бутлер неможам да замислам едноставно му лежи улогата. 8/10.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Anthropoid 2016
За љубителите на историски филмови според автентични настани, уште еден солидно направен филм. Антропоид или Операција Антропоид е автентична приказна за обидот за атентат врз "касапинот од Прага", генералот Хајдрих, главниот ум на конечното решение за евреите во Европа и трет командант во хиераријата на Рајхот. Млади лица од Чешка и Моравија, обучени од британците за специјални задачи, се главните актери во атентатот на генералот. Додека се подготвуваат, кај овие млади луѓе се јавуваат нормални човечки реакции, страв, колебање... и дилеми за или против еден таков чин. Во текот на филмот се наѕира и заднината на помошта на британците во овој потфат.
 
Последно уредено:

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Café Society (2016)

Уште едно дело пропознатливо и со печатот на Вуди Ален. Интересен филм кој се одвива во 30те години во Холивуд, каде кај еден познат агент на филмски ѕвезди доаѓа неговиот внук да работи кај него. Во филмот е прикажан гламурот на забавите на џет сетот од тоа време кое изобилува со џез музика и прекрасна костимографија од тој период кој ти буди едно чуство на гламур и би посакал барем кратко да можеш да го почуствуваш тоа време на своја кожа.
И карактеристично за Вуди Ален и ова е една љубовна приказна, испреплетена со љубовни триаголници, но сето тоа е добро осмислено и интересно за гледање.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
The Take aka Bastille Day

Искрено мал е рејтингот на имдб во однос на квалитетот на филмот. Можеби дека не е чисто американска продукција туку ај нејсе.
Мајкол е најдобриот џепџија што некогаш сте го виделе и неговитеневолји ќе започнат кога ќе украде ќеса од девојката по име Зои која треба да изврши бомбашки напад. Заплетот е токму кога бомбата ќе експлодира откако Мајкол ќе ја фрли ќесата во канта за отпадоци и него ќе го гонат за терористички напад кој ли ќе верува на еден криминалец? Одличен филм за државните удари за заведените луѓе во идејата дека менуваат нешто е не ми се допадна што американциве ја спасуваат состојбата 8/10.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.428
Поени од реакции
9.333
Amadeus (1984)



Салиери е лут ривал на Моцарт (барем тој себеси за тоа се смета) пресметлив, љубоморен и опасен тип, опседнат со талентот на Моцарт, раскажува неверојатна приказна за краток живот на Моцарт, за злоделата и замките што тој му ги направил, но и сите зла што Моцарт сам себеси си ги направил.

Јас мразам мјузикли како прво, воопшто не сум фан на класична музика и на друштвото од таму, сосема не се разбирам, ни слушам такви работи, дали две имиња знам од тој свет, ама од вчера сум огромен фан на филмов. Ремек дело, капа симнувам за изборот на глумци, за сите од еден до последен, музиката, атмосферата, текот, крајот, се совршено погодено за сечиј вкус, уживање од три саати, жал да ти падне како се приближува крајот, а веќе ден потоа да паднеш во депресија што веќе си го изгледал. Совршено.
Antonio Salieri: That was not Mozart laughing, Father... that was God. That was God laughing at me through that obscene giggle...
10/10!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom