Последен гледан филм со кратка рецензија

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
5ive days to midnight.


5 епизоди, по 40тина минути.
Цела ноќ окапав гледајќи го, иако сега неможам да гледам и едвај седам на столов, морав да го напишам постов.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Некни го гледав

Седнав веднаш да пишувам рецензија под големи импресии,ама ми се измешаа чувства на револт,бес,возбуда,и велам па добро ќе почека малку :)
Накратко се работи за градот Александрија ,300 и кусур години по смртта на Исус. Доаѓа до судир на христијаните,поданиците на Исусовото учење и паганите,односно многубошците. Настрана е прекрасната професорка и љубителка на философијата Хипатија,која ги подучува младите во Александрија во својата библиотека. Обожувана од страна на два свои ученика,коишто подоцна ќе заземат различни страни,работите почнуваат да се комплицираат...
Преставени се многу обиди во науката,Хипатија се обидува да ги открие тајните на Земјата,нејзината смиреност наспроти дивеењето на Христијаните.
Кулминација е уништувањето на библиотеката. Се прашував,можеби денес ќе имавме одговор на многу прашања или ќе бевме чекор поблизу до нивно решавање ако библиотеката не беше уништена и наместо книги не се наполнеше со магариња овци и кокошки. Страшно е како се извртени зборовите во Библијата,и се употребувани за исполнување на индивидуални цели.
Се` за да се уништи Хипатија.
Не би сакала да ви откривам повеќе,филмот вреди да го погледнете. Би му дала солидна деветка но откако истражував некои работи,
како на пример дека всушност библиотеката не била уништена наеднаш,и дека смртта на Хипатија дошла многу многу подоцна отколку во филмот,и уште неколку пропусти би му дала
7.5/10
Рејчел Вајс е одлична во филмов,навистина улогата и прилега.
 

Toya-akita

akita inu
Член од
10 јуни 2010
Мислења
26
Поени од реакции
2
дефинитивно по мене најдобриот фим за најдобрата раса акита ину. Hachiko: A Dog's story
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Ben-Hur



Повторно го гледав ова ремек дело на филмскста индустрија.
Совршена слика на старото Римско царство. Прекрасна глума на старите мајстори особено на
Чарлтон Хјустон. Се работи за едно еврејско богато семејство кое поради љубомора на нивни пријател
изгубува се што има. Филм во кој убаво е оцртан дел од живеењето на старите римјани.
Војска,регати,поморски битки, многу реални трки со двоколки кои ги влечат прекрасни коњи...
Најискрено препорачувам да се гледа,нешто неповторливо

Отценка 10+
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Unthinkable

ЕЈ сигурно 3 месеца немам пишано тука па носталгија ме утепа.
Него околу филмо....Филмо е типична приказана за политиката на Америка на истоко и како некоја фаца пробува да и се освете со тероризам и слично.У филмо додека го гледате ке препознаете минимум 5 реченици и фрази и реплики што до сега сигурно сте ги сретнале ама тоа е..Како прво типката шо беше у филмо имаше толку антипатична фаца шо цел филм сакаѓе да ја р'сне некој по глаата и да го исклучам филмо.Самуел како секогаш на висина на задачата мада и немаше шо посебно да одглуме тука.Моја оценка една 6ка од мене поради крајо шо демек требаше да биде изненадување.
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
The Blackout

Да не лажам филмов го гледав поради името, али уште од почетокот знаев дека е грозен поради сликата на цедето. Многу напет филм со многу гадни сцени. Поради глобалното затоплување се појавуваат некои неидентификувани животињи кои брзо се размножуваат, и секако имаат непрекината желба за хранење. Потоа како и сите американски филмови група луѓе се обидуваат да преживеат и да излезат од зградата каде што се заглавени и во меѓувреме животињите гадно ги јадат еден по еден. Само ме разочара крајот каде што кога конечно излегуваат на отворено(што и беше целта на групата преживеани) испаѓа дека надвор ги чека крај на светот. Филмов е уште едно режисерско предвидување како ќе пристигне апокалипсата предизвикана од глобалното затоплување со несреќен крај. Приказната е добра ама е лошо реализирана на платно.
Оцена- 3/10
 
I

Intex

Гостин
Requiem for a dream (2000)



Аронофски, еби се! Волку не ми се згадило ни од Saw серијалот. Се снима ли ваков филм бе!? Се снима ли!? Одлично опишана состојбата во која се наоѓаат четири лица со амбиции кои се зависници од дрога. Актерската екипа врхунска. Единствениот филм каде ми се допаѓа глумењето на Џаред Лето. Џенифер Конели секаде се држи на доста добро ниво. Веќе не гледам вакви филмови, не сакам пак да имам гадење од филм.

Оценка: 100/10
 
Н

'Никола'

Гостин
The Departed


Сигурно многумина го имате гледано, но ете јас го немав, дури сеа го изгледав. Филмчево си е супер склопено. Паралелно кажуваат за двајца младичи кои се на полициска академија. Едниот е 'пратен' од најголемиот мафијаш да биде негови очи и уши во полицијата, а другиот е пратен од полицијата на андеркавер задача кај мафијашот.:) И нормално, сплетки колку сакаш.
А да го кажам крајот, а?
.
.
.
.
.
.
.
Неее..:)

Само можеле мааалку пократок да го направат, има некои делчиња кои што се непотребни, али и вака си е супер.
Од мене има 9/10
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Prince of persia the forgotten sands


Само што завршив со гледање на филмов и мене многу ми се допадна со оглед на тоа дека ги играв и последните 2 дела од играта и многу ми беше интересно да видам како тоа ќе биде преточено на платно!
Се работи за освојувачките походи на персијците и заверите внатре во фамилијата во борба за престолот.
Не откривам повеќе зошто мислам дека вреди да се погледне!

Оцена:9.5/10
 
P

Princ

Гостин
Не сакам, не можам и не знам да рецензирам филм. Сепак, филмот Remember Me морате да го изгледате доколку сакате романтични драми. Прекрасен филм, прекрасна приказна.
Може не ми личи на годините, башка на јавен форум да го кажам ова, ама сепак... да, заплакав.


Моја оцена: 10/10
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Гоуст рајдер(2007).
Тиња филм,иако во главна улога е Николас Кејџ,а придружничка Ева Мендез.
Топло препорачувам да не го гледате.
Мене баш ме бендиса. Филм за човек кој работи како шоумен , односно изведува неверојатни скокови со неговиот мотор. Дознава дека татко му е болен од рак ( мислам дека беше од рак) и за да го спаси ја продава душата на ѓаволот. Следниот ден татко му е целосно излечен од болеста, но загинува во еден од скоковите со неговиот мотор. По некое време се враќа ѓаволот и Николас Кејџ станува Ghost Rider. И треба да се тепа против бандата на сино на ѓаволот. А за приказнава да биди поинтересна, за оние поромантични души, се вклопува и Ева мендез, која е старата љубов на Николас Кејџ, а која повторно му се враќа, откако поминале многу години после последната средба.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Hot Tub Time Machine (2010)

hot-tub-time-machine.jpg

Во филмов се работи за 4 пријатели кои ќе одат на одмор. Во хотелот, поточно во собата во која претстојуваат има едно џакузи. Тие ќе влезат во него и ќе се испијанат и незнаејќи што се случило се враќаат во 1986год. Откако ќе сфатат дека се во минатото, тие ќе се обидат да не го променат. Интересен филм, со комични ситуации.

7.5/10
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Duplicity (2009)
Главни улоги се Clive Owen и Julia Roberts. Реј е член на М16 а Клер е член на CIA. Се вљубуваат ама поради работата не можат да се гледаат,па се договараат да се откажат од работите и да направат некоја превара и да ќарат неколку милиончиња и да си живеат среќно до крајот на животот. но...
мора да се гледа.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Day the Earth Stood Still

Ова е патем римејк направен според истоимениот филм од 1951 година.Главни улоги Џенифер Конели и Киану Ривс.
Накратко,вонземјанин со хуманоидна форма доаѓа на земјата за да пренесе порака.Нормално наидува на паника и страв на земјата и луѓето сметаат дека Апокалипсата е на прагот и возвраќаат со насилство.

Киану Ривс особено го почитувам како актер,мислам дека многу промислено ги одбира улогите и тоа баш оние кои му одговараат како актер. Во овој филм не верувам дека го даде максимумот, но воопшто не беше лош. Додека го гледав филмот постојано мислев дека нешто недостига во приказнава и дека нема некој одреден фокус. Всушност како да лута помалку приказната на сите страни. Мислам и дека на тоа се должи просечноста на филмот и изведбата.

Човек просто да се запраша, зошто постојано Холивуд искористува клишеа во филмовите.
Оценка ИМДБ 5.5,
Јас максимум 6
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
dorian-gray.jpg

Приказна за младиот Дориан кој откако пристигнува во Лондон како единствен наследник на неговиот дедо е заробен во социјалниот виор од страна на шармантниот Лорд Хенри Вотон, кој што го внесува Дориан во хедонистичките задоволства на градот. Пријателот на Хенри, познатиот уметник Басил ќе нацрта Дорианов портрет со кој што ќе ја истакне целата моќ на неговата младешка убавина. Кога портретот ќе биде откриен Дориан дава ветување дека ќе даде се, дури и неговата душа за да остане секогаш таков каков што е на сликата...

Into_the_Blue_poster.jpg

Into the blue

Remember_me_film_poster.jpg

Remember me
 

Kajgana Shop

На врв Bottom