Последен гледан филм со кратка рецензија

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
American Hustle

Не знам што толку многу беше зборен филмов нити пак зашто освои толку награди. Мене ми беше досаден и глуп. Да, глумците се топ, ама тоа не го прави филмот добар.
И некако getting coned by a con artist и не е нешто ВАУ или неочекувано или оригинално....
Можеби е затоа што не сум нешто многу по филмови кои се одвиваат во минатото и целата облека и фризури и слично не ми влијае многу...
Не би го препорачала искрено. Му давам 4ка само заради глумците.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Salt (2010) - IMDb

Како агент на ЦИА, лојалноста на Евелин Салт ќе биде тестирана кога ќе биде обвинета дека е руски шпион. Користејќи ги сите нејзини вештини, избегнува апсење.
Одличен филм, добар избор на актери, со уште подобра приказна.
Оценa: 9/10
 
Член од
9 јуни 2014
Мислења
12
Поени од реакции
21
Мoжда не е толку нов ама вчера го гледав ''The illusionist'' и иако не е мој тип на филм, ме изненади колку е добар! Прво, сакам филмови на кои не може да им се предвиди крајот, а ваков крај се сомневам дека некој може да очекува. Фантастика, акција, романса и се' совршено вклопено, со многу јаки глумци и дејство кое не здосадува ни за миг. Моја чиста 10ка.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Private Resort
Опуштена комедија двајца другари кои се на одмор во еден хотел и ќе западнат во разни неволји. Солиден хумор и доза на еротика за тепање на време е добар 6/10
Private Lessons
Ова е најверојатно прв филм на тема за педофилија :) Приказната е 16 годишник сака да ја легне згодната куќна помошничка , а таа и шоферот имаат план да го ограбат татко му , но нема да биде така лесно како што се надеваат. За тепање на време добар дека е нешто посебно не е 5/10.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Children of Men (2006)

Тотална глупост од филм. Можеле слободно да не го снимат. Не знам зошто спаѓа у СФ? Само затоа што дејството се одвива у 2027? Начнати се многу теми, ама ниту една не е разработена до крај. Се’ што гледате е сива зона и пукотежи. Можеби е ОК филм за некој што живее у Данска. Ние имаме многу видено и доживеано, особено ни се јасни граничните приказни и депортациите. Не ми е јасно врз основа на што филмот има добиено толку добри оцени. (n)


The Hidden Face (2011)
"La cara oculta"

НЕ ГО ГЛЕДАЈТЕ ТРЕЈЛЕРОТ!

Приказната е: еден диригент од Шпанија добива работа во Колумбија и се сели таму со девојката. По кратко веме, девојката му остава видео-порака дека заминува со друг. Нема никаква трага дека ја поминала границата и се води како исчезната...
Уште еден булшит од филм. Ако го гледате трејлерот (како мене), не ни треба да ја гледате првата половина од филмот. Се’ ќе ви е јасно, а друго нема што да се види. Глумата е претенциозна и неуверлива (особено главниот машки лик , па дете подобро ќе одглуми диригент), приказната тече пребрзо, пребргу се стигнува до целата, а без поента.


The Body (2012)
"El cuerpo"


Приказната е: од мртовечницата исчезнува телото на една богата жена, а прв на листата на осомничените е нејзиниот маж, многу помлад од неа.
Значително подобар од претходниот, но приказната не е уверлива, некако е преисфорсирана, да не правиме муабет дека треба многу работи да се поклопат за филмот да заврши така како што ќе заврши.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Zapped!
Па ако прво го имате гледано вториот дел ќе се разочарате од првиот дефинитино. Очекував поинаков развој ама тоа е за приказната : Барни е ученик кој опсесија му е науката и во лаботаријата одгледува цвеќиња за директорот а позади нив марихуана. Еден ден случајно ќе подготви пијалок со кој ќе може да поместува предмети. Понатаму гледајте 6/10,
Overboard
Дин е столар кој еден дек ќе биде повикан да поправи плакар кај богатата Џоана. Таа е многу дрска и разгалена , па нема да му плати и ќе го исфрли од бродот. Сепак судбината ќе ги спои кога Џоана ќе заврши во болница со амнезија , а тој ќе го види тв прилогот каде се бара некој кој ја познава. За одмазда тој ќе и каже дека се вика Ани и е негова жена.. Супер филмче 8/10.
 

AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.292
The Chaser (2008)
Crime | Drama |Thriller

WOW!
Каков филм! :cuc::cuc::cuc:
Трилер во буквална смисла.

Главниот лик Joong-ho (еx-cop) е pimp и има проблеми со неговиот бизнис, поточно ги губи своите девојки и смета дека еден негов клиент, ги киднапира и ги продава. Откако уште една девојка исчезнува, се впушта во потрага на осомничениот, за кого ништо не знае, освен телефонскиот број...

Не би сакала да пишувам понатаму, затоа што се што се случува потоа, е толку неочекувано, и со неверојатен сплет на настаните. :cuc:
Самиот филм цело време држи во неизвесност.
И покрај тоа што има доста крвави, брутални сцени, има и доза хумор (еј, да го запрам филмот да се насмеам на раат).
Полицијата поготово - мрзлива, неодговорна, глупава.. ме изнасмеа. :D
Премногу ми се допадна и тоа што не завршува со среќен крај.

Ако не сте го гледале.. you know the drill. :cool:

Малку му е онаа 7.9 оценка на imdb.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Salt
Ау каков филм! Не сум голем обожавател на акциони филмови ама овој ме бендиса делумно. Елвин Салт е докажан детектив се додека еден ден не заробат русин кој ќе каже дека се спрема атентат на рускиот претседател за време на неговата посета на САД , а убиството ќе го изврши токму руски шпион кој работи во ЦИА со име Елвин Салт. Од тука почнува целата брканица релативно добар филм само претерано со тоа при толку вртења на колите таа да искочи без гребаница е стварно претеризам! 7/10.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
HouseSitter

Класика мислам нема утка кога Стив Мартин е во прашање. Имено несакатае да сте во кожа на Њутан Дејвис кога неговата девојка Беки ќе му каже дека несака да се омажи за него , а тој изгради цела куќа само за нив. Неколку месеци подоцна тој ја запознава Гвен која тој мисли дека ќе помине само една ноќ со неа , но таа му ги замрсува сметките кога ќе се всели кај него со приказна дека е негова жена. Според мене опуштен филм комедија романса 8/10.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Трансформери 1,2,3 (2007-2011)
Процедурално јадење трици, морам....
У принцип сум по тие малку (пост)апокалиптични срања, па си го пуштив маратонов као мало потсетување, иако своевремено изгледан ми беше по кината. И да.... фан сум на Викачот (Starscream) пошо го имав ко копиљ и си играв старворс со него.

Филмот се консумира искључиво според редоследот, у спротивно испаѓа дека Мегатрон го замрзнуваат луѓе, Оптимус Прајм испаѓа поголем дудлач од порано а Bumble bee се трансформира во стара крнтија. not cool!
Приказната е као Црно-бела проекција на општеството, едни лоши, други добри и луѓето у средина као колатетала (особено Американците - кутрите тие што заслужија). И да... вечната борба и двосмисленост на доброто и злото.
Прајм Оптимус, лидер на добрите (автоботи се викаа да?) со карактер на проценка на... карактер :D тој ги прави клучните грешки само за да се снимат две продолженија, ништо повеќе. Али си владее.
Bumble bee - good puppy, Поштуе газда, не му љубомори шо овој брка згодни цури, cute kind-a-way... И Шеви. Амер продукт.
Ши(ј)а ЛаБело(в)улф - оној. Е тој. Транс-аш.... оќу пишким-неќу пишким... И како сврте бе две згодни цури, ај кажи ми сеа?
Меган Фокс - Катерина Ивановска во Трето полувреме. Лупнале модел во блокбастер. Ништо ново. Глума сакс.
Џон тортуро - ох тортурооо...
Викачот. Трансформер што е практично неуништив. Ја мислам треба и оскар за улижување да му се даде.
Мегатрон. Uber-massdestruction-motherfucker-V-for-Vendetta трансформер. И се појавува некаде во втората третина на првиот дел. Sucks.
IronHide - мојот фаворит во филмов. Punk-ass bitch ломи коски, не замара со непотребни дијалози.
Речет - Ironhide со хипстерски цвикери.

Зошто да го гледате маратонов?
Јер, ефекти, ефекти и само ефекти. Close ups, фото сесии, реклами за Chevy, геџети, амерички туризам промоции, египетски туризам промоции, амерски едукативен систем на википедии и теории на заговори... и одличен саундтрак на (не)повторливиот Ханс Цимер.

Од мене една солидна 8ца пошо ионака ми се губеше време, иако филмот како оди од продолжение па натака декадира.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.244
Dragon Trap или на турски Ejder Kapani

Филмот решив да го гледам токму заради Кенан Имарчиоглу,актерот кој го глуми Махир Кара во турската серија која се емитува на сител - Карадај.

Еден сериски убиец трнува по стапките на поранешните педофили и тој убиец се наоѓа токму до полицискиот комесар Абаз кој го смета него и како свој син,Абаз е решен да стави крај на сериските убиства.

Одличен крај има филмот.
имдб оценка 6.6,моја оценка 8.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Through The Eyes Of A Killer
Филмов ме остави без текст напнатост до последна минута... Неверојатен трилер за атрактивната дама која ќе изнајми еден празен стан и од крш ќе сака да го преуреди правејќи ги скиците еден колега од работа ќе и понуди тој да го изврши уредувањето затоа што му требаат пари. Незнам што да кажам едноставно седнете и гледајте 910. Му фалеше малку еротика :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Heat 1995


Филмов го имав гледано одамна, па сега почнав да се потсетувам на некои филмови што имаат добар рејтинг и ми се останати во сеќавање дека се добри и дојде ред и на него..

Значи одличен филм со легендарна актерска екипа. Филм во кој се спротиставуваат 2 големи имиња, Ал Пачино во улогата на позитивец и цајкан со цел да го фати Роберт Де Ниро, а Роберт Де Ниро во улогата на кримос и ограбува банка со неговата багра. Многу добра приказна и тек на одвивање на дејствата, има на крај една легендарна сцена во која се соочуваат и двајцата 1 на 1, од типот уште јас и ти останавме еден ќе победи... Филмов како и повеќето легендарни филмови на Ал Пачино и Де Ниро е скоро 3 саати ама е must watch movie така да секоја секунда вреди :D Штета само што некои филмови имаат тапа направено Ал Пачино и Де Ниро што некако ставаат дамка на цела кариера, ама таа дамка не се гледа од толку добри филмови оставени зад нив. Уствари да не ве замарам гледајте го ако го немате, моја оценка 9.5/10 (y)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Calvary



Ново филмче, 2014 му е година кога е издаден и можам да кажам чиста перфекција од драма која дефинитивно ќе конкурира меѓу најдобрите наслови за 2014 година.

Calvary е претежно религиозна драма, која ги раскажува последните денови од животот на еден свештеник. Тој добива закана во црквата дека за точно 7 дена ќе биде убиен. Тој знае кој му се закани и ги живее последните 7 денови од својот живот. Заканувачот во тие 7 денови ја запали црквата во која му се закани на свештникот. Тој на исповедот (кога му се закани) му рече во недела да дојде на плажата.

100 минутна драма која ќе ве остави нерамнодушен до самиот крај, ќе ве остави да мислите кој, зошто, како му се заканува на свештеникот и уште куп работи. Башка, имаше претежно мала актерска екипа, покрај тоа морам да ја пофалам и глумата во целокупните саат и 40 минути која беше повеќе од перфектна, особено глумата на Брендан Глесон кој и го глуми ликот на свештеникот Џејмс Лавел.

Без размислување, веднаш симнете го филмот и за вечерва не резрвијате ништо друго. И да не сте многу по религиозни филмови, ова мора да го погледнете.

10/10 за филмот, оти немам лоши зборови за ништо во него! ПЕРФЕКЦИЈА!
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Почнав со прегледување на легендарни филмови. Следниве 3 филма се премногу легендарни и едноставно предобри, ако случајно ги немате гледано, не трошете време со барање на добро филмче, бидејќи од ова подобри нема. Чисти 10 се сите 3 (y) Па да ги ставам сите 3 во еден пост накратко се надевам нема да е проблем, почнувам со редоследот како ги гледав

1. The Shawshank Redemption


Значи премногу добро филмче, драма која ќе ве остави без зборови. Филм во кои двајца пријатели Andy и Red се главни ликови, завршуваат во затвор и таму стануваат многу добри пријатели. Филм за животот во затвор, за случувањата, за авторитетот и суровоста кои некој луѓе ја поседуваат, за паметните размислувања и пред се за пријателството. Филм со Морган Фриман, уште кога ќе го слушнете името знаете дека филмот е легендарен. Прв е на листата на IMDB Top 250, заслужено. Ако го немате гледано, обавезно гледајте го, гарантирано ќе ви се допадне. :)

2.
Schindler's List


Прекрасен филм во кој е доловена положбата на Евреите во Втората Светска Војна и тоа како тие биле третирани и малтретирани. Филм за добрината на еден човек кој сите пари ги дава да спаси колку што може Евреи пред да одат во логор, и секое средство го вложува за да успее во тоа. На крај судбината на Евреите и колку се спасија ни е на сите позната, за жал тоа е суровата реалност. Тоа патење, страдање, измачување никој не го заслужува. Предобра три часовна биографија и драма, одличен филм

3. Forrest Gump


Немам зборови да кажам и опишам колку е само добар филмов, значи совршенство филм. Прекрасна животна драма во која главна улога е Том Хенкс. Животот на Форест Гамп, сите ситуации угодни и неугодни низ кои поминува, сите тажни и среќни моменти, сите успеси и неуспеси кои го пратеа во животот, се со една крајна јасна порака да не се откаже човек низ што и да поминува и колку и да е тешко, на крај секогаш се добива некаква награда :) Во филмов се е совршено и претерано добро почнувајќи од сценариото, идејата за филмот, пораката, глумата па и добрата музика не ни останува должна ова и ова и ова. Колку добар филм човече :place:

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom