Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


Manhunter од 1986, првиот филм (и заборавен воедно) кој е правен по новелите на Томас Харис за Ханибал Лектер. Го нема тука Ентони Хопкинс, наместо него Лектер е глумен од Брајан Кокс. Кокс го глуми Лектер смирено и неговата перфоманса е искрено застрашувачка и морничава за разлика од Хопкинс кој во понатамошните филмови кои ке се снимат, ликот го преглумава и целата работа испаѓа смешна(зборам за Red Dragon и Hannibal). Се работи за ФБИ агентот Вил Греам кој е во потрага по серискиот убиец "Забна Самовила" кој е наречен така поради тоа што на телата на неговите жртви се најдени рани од касања. Вил ке мора да да побара помош од човек кој е во затвор поради него, Лектер. Да не спојлеришем понатаму филмов е одличен трилер со одлична актерска екипа и одлична режија за која е заслужен Мајкл Ман.

17 години подоцна снимен е беспотребен римејк во облик на Red Dragon. Овојпат Хопкинс го глуми Лектер но без шармот кој го поседуваше во Silence of the Lambs. "Самовилата" кој во претходниот филм беше застрашувачки монструм кој после гледањето на филмот ве тераше ланци и катанци да купувате за посигурно да ви е дома, во Red Dragon e глумен од Ралф Фајнс. И тоа е се што памтам за ликот, само дека е глумен од Фајнс. Единствено за кое сум поделен е ликот на Вил кој е глумен од Вилијам Петерсен во Manhunter и Едвард Нортон во Red Dragon. Но и двајцата си имаат свој посебен шарм и допринесуваат подеднакво добра глума.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
The 13th Warrior



Одлична фантазија/авантура/акција исполнета со одлична приказна. Арабски курир Ахман Ибн Фадлах (Антонио Бандерас) е избркан од својата земја на исток, и се приклучува на Викинзите кои од таму се враќаат на север. Токму тие доаѓаат на истокот по помош бидејќи нивната земја е нападната од мистични суштества, Вендоли. Тие ги палат селата и ги јадат луѓето живи. По традицијата Викнзите се во потрага по тринаесетти војник но тој истиот не смее да припаѓа од северот. Случајно или не тие го одбираат Фадлах кој го започнува патешествието во мистичната, мрачна и студена земја на север. Го добива и прекарот Ебан. Немајќи избор започнува одлична авантура и акција во борба и спасување на северњаците заедно со храбрите домаќини. Потценет филм во однос на оценката, една одлична митска приказна и уште подобро изведена на дело.
Моја оценка: 8.5
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Да пробам како е да се пишува сериозна рецензија:
Има спојлери.
Fight Club (1999)

Ги прекршувам правилата бе. Луд сум кршам правила ACAB.
Сигурно сите го имате гледано филмов само сакам да му ја дадам рецензијата што ја заслужува веќе долго време. 5-6 пати го имам гледано и сеуште ми е интересен. Иако крајот да ти го кажат може и целиот филм да ти се сјебе.

Почетокот (интрото) ми се допаѓа многу бидејќи е буквално излегување (влегување?) во мозокот на нараторот.
Темните бои на филмот го доловуваат и расположението на ликот. Ми се смачи веќе од светли филмови каде што можам и влакната од брковите на женските ликови да им ги бројам. Мислам дека Финчер за ова има речено дека не сака многу јасно да им се гледале очите на луѓето.
Се разбира добар е и хуморот. Некои сцени ми биле посмешни и од комедии филмови. Цицките на Боб, I'd like to thank the academy моментот, реакцијата на Тајлор кога нараторот го удри во уво (why the ear man) и можеше да се види како Едвард се смее. Ова ми беше смешно кога третиот пат го гледав филмот бидејќи знаев дека реакцијата беше вистинска. Бред Пит не бил спремен за ова, Финчер му рекол на Едвард да го во уво, а требало да го „промаши“. Исто доста смешно in a weird way ми беше и: now, a question of etiquette. When I pass, do I give you the ass or the crotch? моментот во авионот.
Критиките кон општеството, или на нашки кажано хејтање. Конзумеризам, ова она. Мразам хејтање кога е од некој никој. Хејтање по форуми, фејсбук профили со 20 пријатели... Хејтање што нема ништо да смени и нема никој да го прочита. Барем ова хејтање во филмов ќе го видат милиони и има многу големи шанси на некого да му го промени мислењето, другото се е билдање его. Пример Fuck off with your sofa units and strine green stripe patterns, I say never be complete, I say stop being perfect, I say let... lets evolve, let the chips fall where they may., People do it everyday, they talk to themselves... they see themselves as they'd like to be, they don't have the courage you have, to just run with it... Дури и целиот филм е една критика кон општеството, but in a cool way.
Life lessons (или поуки од филмот) како што е моментот кога Тајлор го уплаши продавачот до смрт и го натера да го прави тоа што го сака во животот. Tomorrow will be the most beautiful day of Raymond K. Hessel's life. His breakfast will taste better than any meal you and I have ever tasted.
Низ филмот оставаат неколку hints дека Тајлор и нараторот се всушност еден лик. Како на пример I know this because Taylor knows this. Јас дури на крајот дознав дека Тајлор е замислен лик, со што изненадувањето го направи поголемо, а да го немаше тој mindfuck момент на крајот не верувам дека ќе го сакав волку филмов.
Саундтракот е добар. Можеби не е Requiem for a Dream добар но дефинитивно е еден меѓу најдобрите. Where is my mind крајот го прави многу добар. You met me at a very strange time of my life. Морав ова да го пишам бидејќи каде и да ја има песнава го има и ова. :)
I haven't been fucked like this since high school - Марла. Го рекла ова откако студиото ги одбиле да рече некоја по слаба линија од ова. Па Финчер, бидејќи е bad ass, cool dude, им вратил со оваа хардкор линија. Од ова по хардкор нема :)
Курот. Како може да го заборавам курот (no homo). Има еден фрејм при крајот од пенис. И низ филмот мислам дека имаше два фрејма од Тајлор. Ова многу глупо звучи кога некој ќе ме праша „Абе, го виде курот курот во фајтклу?“ или „Еј знаеш за курот?“ :D
Посветеноста на актерите. Никогаш не разликувам добра од лоша глума бидејќи мислам дека се зависи од ликот кој ќе му биде даден. Секој актер може различно да го одглуми тој лик, но сепак ликот и реакциите треба да бидат слични (ако не исти). Тајлот секако ќе беше cool dude дали е глумен од Бред или од некој друг. Сепак, тоа што се навистина пијани во сцената со голфот е интересен trivial факт што ја докажува посветеноста. Па и не е некоја тешка задача, да се опиеш и пари да ти дадат за тоа. :) Едвард требало да изгуби неколку кила поради улогата што ја играше претходно во American History X. Бред и Едвард инсистирале да кршат Volkswagen Beetle со палките бидејќи ја мразеле колата. Требало и да учат неколку боречки вештини за филмот.

Не знам како да го именувам; нараторот, Edward Norton, Jack...? Сеедно. Знаете за кого мислам секако :) Инаку повеќево информации ми се од интервјуа, wiki, imdb... И не ги проверив додека ја пишував рецензијава па можно е и да не бидат 100% точни.
Да не вметнувам уште trivial facts од IMDB или цитати, има уште многу работи што ми се допаѓаат. Буквално секој аспект од филмот ми се допаѓа. Омилен филм ми е. Додека го немав изгледано филмов не можев да се одлучам за еден омилен (или најдобар) филм.
После овој почнав да барам и други психолошки драми и трилери и се заразив со овој жанр. I'd like to thank Fight Club... Барав и similar movies to Fight Club на гугл и ги изгледав скоро сите филмови што беа предложени. И од сите филмови, барем според мене, The Machinist беше најсличен со FC. Но тешко е да се најде сличен филм бидејќи FC е многу различен и уникатен. Ги изгледав и повеќето филмови на Едвард Нортон. Сите филмови што ги изгледав од него ми се допаѓаа. Па сега Едвард Нортон ми е еден од омилените актери.

Инаку мислам дека тотално ја сјебале работата со рекламирањето на филмов. Според името, постерите и трејлерите личи на уште еден тепачки филм со убави актери со six pax. Не го гледав филмов баш поради тоа што си мислев дека е таков. А гледам по интернетов и многу други мислат така. Две таргет групи има филмов, едната што ќе се палат по six паковите на Бред и ќе отидат да гледаат тепање и ќе се разочараат. А другите што ќе се разочараат на одење да го гледаат филмов но пријатно ќе се изненадат :)


tl;dr - FIGHT CLUB BEST MOVIE EVER!!1!
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Ondine

Си бил еден рибар и еден ден, наместо риба, фатил девојка во мрежата. Така започнува Ondine, бајка пресликана на филмското платно, како оние кои сме ги читале како мали.

Што се однесува до дејството, доволно е да го кажам само ова. Или уште нешто, еве, дејството е инспирирано од ирскиот фолклор за селките, морски суштества кои ја тргаат својата кожа привремено за да живеат на копното со луѓето. Најчесто тие остануваат доволно за некој смртник да се заљуби во нив. Потоа, повторно се враќаат во морето.

Уште од самиот почеток Ondine наликува на бајка. Веднаш ги препознаваме веќе видените состојки: девојка во опасност, маж кој и' помага, негативец кој се заканува на новата љубов. Сето тоа одвивајќи се под мистериозни околности. Но, Ondine, за среќа, ја нема онаа Дизнификација која е присутна во повеќето вакви филмови. Тој совршено ги спојува елементите од нашето детство со елементите од нашата сегашност. Innocence vs. Experience - нешто што потсеќа на Блејк. И не само ова, туку е и приказна за минатото на луѓето, кое иако е закопано некаде длабоко, се заканува дека ќе излезе на површината. Поради ова, претставува еден вид надеж за луѓето кои се имаат видено себеси во најлошото светло и кои мислат дека не треба да очекуваат многу во животот.

Иако звучи комплицирано, Ondine е пред се' приказна за љубовта и мистериите кои ја придружуваат, приказна која е чудно маѓична, но сепак приземна. Затоа го препорачувам на оние кои сакаат да видат совршена и чудна мешавина од реализам и фантазија. Нешто што не може да се најде во блокбастерите. Треба да се има в предвид дека ова е филм кој, како и селките, се обидува да заведе и да ја доведе публиката во приемчива состојба. Токму тоа - емотивната посветеност на гледачот - го прави филмот толку добар. Тоа, и убавината присутна во секој дел, секоја сцена. Убавина која не служи само за плакнење очи, туку и за привремен престој во еден нов свет.

Оцена: 7/10
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Одамна не сум пишала нешто тука, а филмчево го најдов по фб каде имаше неколку цитати, па си викам мора да е лесно чим можеш да вадиш цитат од него, а не и премногу глупаво.

Prozac Nation (2001)

Приказната е заснована на книга која наводно е многу добра и преведена на не знам колку јазици, ако некој знае дека е и на македонски нека ми каже.
Филмот опишува депресија кај девојка која долго време е на бордерлајн, за на факултет да доживее криза. Има стандарт опишување на нефункционално семејство, оваа е интелигентна, тоа го ставаат во последно време како предуслов за полудување, итн.
Тоа што мене ми се допадна е тоа дека книгата е пишувана во прво лице, од девојка која навистина искусила депресија па ја пренесува состојбата, ќе му дојде како историја на случај, само без лажна објективност.
6.8/10
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


Ran (1985)
Филмов ми е меѓу омилените филмови било кога снимени ако не и најомилен. Пробав до сега 3 рецензии напишав за филмов ама бидејки беа сочинети од 3 страни патетики и лигавења спрема филмов и спрема Куросава брзо ги бришев изненаден од мојата фанбојска спергастичност. Земено е делото од Шекспир Кралот Лир(иако Куросава самиот тврдел дека не ни бил свесен за поврзаностна на приказната во филмот и таа во Кралот Лир) и е префрлено во сеуште феудална Јапонија од пред 3 века. Како и во Кралот Лир и во Ran се работи за остарен војсководец, лидерот на Ичимонџи кланот кој сеуште сонува за повеќе моќ. Тој го поделува своето кралство меѓу своите три сина (во Лир тоа се три ќерки) сметајки дека неговите синови заедно ке владееат и ке бидат посилни. Но започнува граѓанска војна мегу синовите и тој набрзо ке се најде како крал без свое кралство патувајки од место до место со психичко здравје кое полека се губи после ужасните глетки на кои ке присуствува за кои он е самиот одговорен.
Ran е филм кој Куросава го планирал со години, и тоа се познава во секоја сцена снимена во филмов. Се е на место. Се е како што треба. Јас самиот додека го гледав филмов имав желба секоја сцена да ја ископирам и да ја врамам. Музиката во филмот е прекрасна и тотално одговара со хаосот кој прети постојано во него.

 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
The Terminal



Виктор Наворски (Том Хенкс) е на патување во САД за да исполни едно ветување, но уште при самото слетување во САД почнуваат проблемите, т.е. проблемот. САД ја нема признаено неговата земја Кракозија во која има војна, за која војна он дознава по слетувањето во САД. Проблемот е во тоа што Виктор ги нема потребните документи за да стапи на американско тло, па заглавува на аеродромот (терминалот).

Филмот е дури и повеќе од одличен, чиста 10ка! :)
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
359
Поени од реакции
640


Ова е драматичен трилер со повеќе заплети, во кој се работи за неколку шеми кои тргнуваат во многу погрешна насока, а сепак некако се преплетуваат и неочекувано се решаваат на крајот. Двајцата интелектуалци, Марек Ковалевски, талентиран фалсификатор на долари, и Витек Хајдрих, со прекар Професорот, отслужуваат големи затворски казни и работат на еден итар и добро разработен план за тоа како да избегаат од затворот. Откако еден полски полицаец е киднапиран во Авганистан и за него се бараат 6 милиони долари откуп, на Марек му приоѓа Буковски од Секторот за меѓународни односи и му нуди пуштање од затвор ако соработува во правењето на лажните долари. Кога почнува тајното производство, новинарката Јовита работи на откривање на скандалозната интрига...
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
Мислам дека овие ги имам заборавено да ги препорачам, одамна се гледани.



Noriko's Dinner Table (2005)
Suicide Club (2001)
2 "хорора" од ист режисер. Норико е повеќе драма него хорор, а другиов e драма-трилер (не знам од кај им е тоа ''комедија''? на IMDB, lol). И двата имаат некое подлабоко значење и се од оние кои ги мислиш некое време откако ќе завршат.


Three... Extremes (2004)

...kako и овој омнибус од 3 кратки хорор филмови, секој од нив вознемирувачки на свој начин (како погоре споменативе 2), од Chan-wook Park (Oldboy), Takashi Miike (One Missed Call, Ichi The Killer), и Fruit-Chan (кој не е толку познат како овие двајца :) ).

Значи, уникатни, квалитетни, добро направени хорори у секој поглед - глума, атмосфера, приказна, ликови...кои не се потпираат на гадни сцени или jumpscare техники.
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628


The Intouchables. Луѓе, филмов не смеете да го пропуштите. Никако. Да не објаснувам многу, уште сум под импресии и незнам што да кажам, француски филм (вистинита приказна, драма, со добра и многу убава комедија проследена во филмот), само што излезен. На imdb има 8.5/10, а јас би му дал слободно 20/10. Must see!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
the_bank_job_1.jpg

Британска криминалистичка драма снимена според вистински настан.
Тери добива понуда од неговиот пријател Кевин и Мартина која е поранешен модел да им помогне да ограбат банка во Лондон а со тоа да заработи повеќе пари и никогаш повеќе да не биде загрижен за своите долгови. На Мартина единствена цела од овој грбеж не и се парите можност а дојде до сефот со бр 118. Тери наоѓа свои пријатели кои ќе помогнат во ограбувањето. Тие изнајмуваат продавница која се наоѓа блиску до банката и копаат подземен тунел под еден ресторант за брза храна. На покривот на една соседна зграда е поставен друг нивен работник кој помага во ограбувањето за да ги известува за се она што се случува пред продавницата. Мартина порано била фатена за крумичарење на хероин и целата содржина од целата таа работа против неа е ставена во сеф со бр 118 а нејзина цел е да го украде сефот а со тоа да го избегне одењето во затвор.
Во сефот се наоѓаат и фотографии од секс скандалот на принцезата.
Додека го ископуваат тунелот разговорот помеѓу човекот на покривот и оние во тунелот се пренесува и кај едно друго локално радио и човекот кој работи таму го слуша нивниот разговор и повикува полиција. Полицијата со помош на радиото се обидува да најде каде точно во која банка се врши кражбата. Дали дали ќе успејат да ги украдат се што има во сефовите пред да дојде полицијата останува да го погледнете филмот.
Оцена 9/10 бидејќи е базиран на вистински настан не е ништо измислено нема некоја фантастика и некои нереални работи како во некои холивудски крими драми.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
The Boss of It All





Ларс Вон Триер и зборот комедија се чини дека не одат во иста реченица. Но, со The Boss of It All, најголемиот провокатор во денешната филмска индустрија прави интересен експеримент. Уште пред да започне дејството го гледаме одразот на Триер во прозорците на некоја деловна зграда. Тој е качен на кран и се извинува за филмот кој допрва треба да го гледаме. Гледачот набрзо дознава дека Триер е надвор со причина - тој им дозволува на камерите да го режираат филмот. Иако е јасно дека тој е режисерот, Триер уште од почетокот се оградува од секаква одговорност, велејќи дека комедијата му е „безопасна“ и „недостојна за анализа“.

Еден од главните ликови е Ревн, директор на IT фирма. Тој е вистинскиот Шеф над шефовите, но има чудна потреба да биде сакан од сите околу него. Затоа отсекогаш им кажувал на вработените дека вистинскиот сопственик е некојси Свенд, кој раководи со фирмата од Америка - фигура слична на Волшебникот од Оз. Ова му овозможува на Ревн да биде строг, и во исто време да ја одржи наклонетоста на вработените. Кога ќе сака да ја продаде фирмата, Ревн е принуден да го извади фантомот на виделина. Затоа го ангажира Кристофер, пропаднат актер чија задача е да се преправа дека тој е the boss of it all. Како и некои свои колеги, Кристофер започнува да се соживува со улогата. Тој се обидува да покаже вклученост и заинтересираност, без притоа да има појма што се случува во фирмата.

Повремено појавувајќи се во улога на наратор, Триер во филмот воведува нов концепт на снимање филмови наречен Automavision - компјутерска програма која сама ги раководи камерите и со која се намалува човековото влијание при правењето филмови. Поради овој експеримент, гледачот понекогаш има чувство дека филмот го гледа низ призмата на ментално-заостанат човек без чувство на естетика и ориентација во просторот. Не дека тоа штрчи и го прави филмот нејасен. Напротив, придонесува гледачот да се чувствува како натрапник во работната средина, исто како што се чувствува и Кристофер.

The Boss of It All е типична комедија прикажана на нетипичен начин. Нешо слично како дански одговор на The Office. Триер не се обидува да додава комични ситуации for the sake of it, туку е сигурен дека реализамот може да биде доволно смешен сам по себе.

Моја оцена: 7.5/10
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
„Пеколен портокал“-Стенли Кјубрик


Најконтроверзниот филм на култниот Стенли Кјубрик кој уште после првото гледање поттикнува на размислување за некои теми кои можеби претходно воопшто ни на крај памет не ви дошле. Епитетот „најконтроверзен“ е доделен од филмските критичари, но според мое мислење ова е пред се' една сурово-реална слика за проблематиката која ја содржи во себе малолетничката деликвенција како вид на општествена девијација и за односот на заедницата, науката и власта кон неа.

Филмот е сниман во 1971 година според истоимената книга на Ентони Бурџис (Anthony Burgess). Книгата била напишана во 1962 година и со самото нејзино појавување предизвикала низа на коментари, книжевни дебати поради експлицитните насилни сцени незамисливи за почетокот на 70-тите години во една конзервативна средина како што е Велика Британија. Постојат гласини дека Кјубрик после „2001: Одисеја во вселената“ сакал да направи филм за кој не би му биле потребни огромни финансиски средства како за ова национално богатство на САД. Тогаш се одлучил да ја екранизира новелата на Бурџис.
Кога на аудицијата ја ставил вештачката трепка на Малком Мекдауел (Мalcolm Мcdowell) бил воодушевен од неговиот лудачки изглед.
Така започнува добропознатата приказна за Алекс ДеЛарџ и неговите другари (droogs) кои преку ден одат на училиште, а невечер прават хаос низ градот.

Дефинитивно филмот е многу повеќе од интересната и уникатна појава на ликот на Алекс (со чашата млеко, белите алишта, шапката и најлегендарната трепка) која има извршено влијание во секое можно поле, од мода до сликарство и фотографија.
Алекс и прекрасната класична музика во позадина, на чело со неговиот омилен Лудвиг ван Бетовен и 9-та симфонија ги отвараат есенцијалните прашања за злото, моралот, слободата и слободната волја.

 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Bandits

http://www.imdb.com/title/tt0219965/

Не ми се верува дека досега го немав гледано овој филм, како голем фан на криминалистички филмови. Но ова е еден вид на криминалистичка комедија ипак глумата на Bruce Willis и Billy Bob Thornton знае во секоја сцена да ве насмее, Cate Blanchett ви доаѓа како зачин на сето тоа.

Lets cut to the chase... воглавно во филмот се ограбуваат банки на интересен начин, каде двајцата бандити преноќеваат во куќите на директорите на банките кој имат полн пристап до сите сигурносни системи на банките, каде потоа ги зимаат како заложници во целиот процес. Планирањето на секој грабеж го прикажуваат како во некој краток документарен филм, каде крадците ги кажуваат своите искуства и патешествиа од нивна видна точка.

Несакам повеќе во детали да навлегувам да не ви го расипам филмот. :свиркам:
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Braveheart


Храбро срце ми е еден од најдобрите филмови што некогаш сум ги гледал и што некогаш ке ги гледам. Историски филм за ослободувањето на Шкотска од владеењто на Англија во 13 век, Вилијам Волис е наводно обичен човек кој сакал да си создаде фамилија и да си одгледува парче земја и да си живее нормален живот, но се тоа ке му се промени откако тајно ке се венча со една девојка која ја сакал од неговото детство, кога истата ќе биде крвнички и бесмилосно убиена пред целото село како пример за тоа како ќе се заврши ако се крене рака на некој војник од војската на Англискиот тогашен крал Едвард 1. Да не раскажувам многу ова е филм во кој преовладуваат темите: љубов, слобода , предавство и одмаза. Кој не го гледал сеуште не гледал добар и квалититен филм.(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom