Последен гледан филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Maverick (1994), добра вестерн/комедија со Mel Gibson. Одличен хумор, карактеристичен за филмовите на Гибсон како What Women Want (2000), Conspiracy Theory (1997) или Bird on a Wire (1990). Во една сцена се појавува неговиот партнер од “Смртоносно оружје“, Danny Glover. Двајцата се гледаат како да се познаваат од некаде, а во позадина оди музиката од Lethal Weapon (1987).

Многу добри фори, но и премногу пресврти на крајот. Се на се, филмов е добра забава. 7/10

ЕДИТ:

Морав да одговорам на предходниот пост

City of Angeles по 5-ти пат:)

Најубавата љубовна приказна некогаш раскажана, толку многу жртвувања за еден допир, еден бакнеж, еден ден ... Николас Кејџ и Мег Рајан мислам дека би биле преубав пар и зад филмското платно, незнам дали тоа филмов толку ме обзема или навистина е така :toe: Кејџ дефинитивно најдобро го опишува какво е чувството за време на водење љубов во Хемингвеј стил :icon_lol:
Спаѓа во групата на омилени фимови, а меѓу нив го зазама највисокото место :)
Чиста 10/10
Морам да не се согласам со ова :nenene:
Филмов како прво не е најубава љубовна приказна некогаш раскажана, и во моментов можам да набројам барем 10 подобри. Но приказната сама по себе не е лоша, туку филмот е уништен од однесувањето, или глумата на Кејџ, кој во тоа време беше на дроги. Па очекувано, во текот на целиот филм повеќе мумла одколку што зборува, глумата му е на најниско ниво за разлика од други негови филмови. И филмот е премногу мрачен, можеле многу подобро да го сработат делот со Ангелите одколку да се висат наоколу како сеништа и да не прават ништо.

Многу сакам романтични филмови, ама не го сакам овој филм.

Ретко пишувам за филмови што не ги сакам, затоа мора да спомнам, респект за секое мислење, се работи за вкус на крајот на краиштата. Да не бидам погрешно разбран... :smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Full Metal Jacket

Уште едно од ремек делата на Стенли Кјубрик, филм кој изобилува со легендарни реплики, и филм кој одлично ја доловил онаа човечката страна на војниците вклучени во воениот конфликт во Виетнам. Филмов едноставно плаче за римејк под палката на Квентин Тарантино :vozbud: оценка 8


 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Gran Torino (2008) е филм кој нема да ви биде досаден,тоа е една драма проследена со малце акција за зближувањето на еден старец и едно младо момче кое сеуште не е изградено како човек па Walt Kowalski (Clint Eastwood) ќе го воведува во некои основни движења и муабети кои ќе му требаат на тоа момче во понатамошниот живот.Филмот завршува како трагедија,правдата победува а што е најважно моделот на FORD Gran Torino го добива момчето а не некој од фамилијата.Иако филмот се вика така автомобилот не е толку многу застапен,гледајте го филмот и нема да се покаете...
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
The Godfather



Малку изгледа смешно што досега го немав гледано овој филм, ама нема да ми замерите претпоставувам :).Конечно се решив да го ставам во ДВД цедето кое ми седи дома година дена и решив да потрошам скоро три часа од моето време да не речам скапоцено :).Да се навратам на филмот.Фантастично филмско остварување како и што очекував и целосно се сложувам со ИМДБ во врска со оценката.Супер приказна, супер музика, фантастични глумци посебно Ал Пачино и Марлон Брандо.Браво за Копола, браво за сите актери.Кум заслужено се наоѓа на врвот во филмските остварувања.Другите делови обавезно ќе ги изгледам во новата година.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Godfather



Малку изгледа смешно што досега го немав гледано овој филм, ама нема да ми замерите претпоставувам :).Конечно се решив да го ставам во ДВД цедето кое ми седи дома година дена и решив да потрошам скоро три часа од моето време да не речам скапоцено :).Да се навратам на филмот.Фантастично филмско остварување како и што очекував и целосно се сложувам со ИМДБ во врска со оценката.Супер приказна, супер музика, фантастични глумци посебно Ал Пачино и Марлон Брандо.Браво за Копола, браво за сите актери.Кум заслужено се наоѓа на врвот во филмските остварувања.Другите делови обавезно ќе ги изгледам во новата година.

Вториот дел е на исто ниво, според многумина подобар, иако јас му давам мала предност на првиот. Според мене, најдобро филмско остварување на 20-тиот век.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341

леонардо ди каприо е оперативец од ЦИА во Ирак. Го бара водачот на големата терористичка организација. Како да го најди видете сами... вреди да се гледа.
Многу добро филмче...:helou:
 
V

Viktorijabt

Гостин
Lord of War


Многу интересен филм со добра порака. Се работи за еден човек, Јуриј Орлов (Николас Кејџ) кој ќе стане шверцер на оружје притоа оженувајќи се и со жената од своите сништа. Но тоа што тој го прави е илегално и заради тоа страда неговиот семеен живот. Неговиот брат Виталиј кој воедно е и негов деловен партнер во трговијата со оружје го гризе совеста заради последиците од продажбата на оружје во Африка. Во исто време на трагата на Орлов е и еден упорен полицаец...

Улоги
Nicolas Cage
Bridget Moynahan
Ethan Hawke
Jared Leto
Eamonn Walker
Многу добар филм, јас би му дала 9/10.
 
Член од
4 август 2008
Мислења
243
Поени од реакции
8
Сега пред малце заврши ''Серендипити'' (на Сител мислам дека беше) и по трет пат го гледам. Едноставно воодушевен сум од филмот и не можам да му се наситам ...

Станува збор за романтична драма. Две симпатични лица, ќе се сретнат само еднаш во животот и ќе поминат заедно само една вечер. Но пред себе поставуваат речиси невозможна цел, дали еден ден судбината пак ќе ги спои, и ако тоа се случи тоа е знак дека тие се створени еден за друг. Настанува вистинска збрка по 7 години, кога и двајцата се пред венчавки со други партнери и се впуштаат во потрага на еден за друг.

Главните улоги ги толкуваат : Џон Кузак и Кејт Бекинсејл

Ова навистина не се испушта, и доколку имате можност гледајте го !!!
zakon film, stvarno...i ja go gledav, ama ne go fativ odpocetok.

Go preporacuvam na site
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.218
Mulholland Dr. (2001)

Го гледав по препорака на Syn. Љубител сум на делото на Линч, незнам како овој сум го пропуштил. Прво што може да се забележи е дека се користени елементи од Твин Пикс. Серијава дури и беше пресудна за најдраматичните 8 епизоди во која било тв серија некогаш. Црвената завеса е изгледа заштитен знак на Линч. Од тогаш почнав да го простудирам режисеров.

Само изопачен ум може да направи вакви дела. Сепак, пред се' е премногу специфичен. Филмовите на Линч или ги сакаш премногу, или премногу ќе ги мразиш. Кога ќе даваш оценка, или таа е 1-2, или е 9-10.

Mulholland Drive на почетокот ќе ви изгледа како обичен трилер, како некоја сообраќајка се дешава и притоа девојката добива амнезија. Добро, првите 20 минути држат таква теорија, но после доаѓа нешто друго. Филмов изобилува со неверојатна глума. На моменти ми се згрозува од аголот под кој се претставуваат ликовите и како се класифицираат.

За гледање на филмов е потребна сто процентна концентрација и сто процентна работа на мозокот. Не смеете да прескокнувате сцени и да ги премотувате понапред. Некој рече дека приказната е како рубиковата коцка, затоа е малце потешка да се разјасни.

За да издвоите време за ова ремек дело ви се потребни 5 часа. 2 и пол за да го гледате, и уште 2 и пол за да размислувате за него. И како препорака - гледајте го со некој поинтелигентен другар, само така ќе биде поинтересен. Го сфатив кај беше почетокот, средината и крајот. Уште некои детаљи не ми се јасни, но деновиве ќе седнам, ќе прочитам и ќе го премотам пак за да ми се разјаснат.
Тој што го гледал и сака да поразговараме малце за филмов, нека ме контактира без разлика дали на профил или пп или мсн.
10/10
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Shortcut to Happiness (2004)



Ме привлече насловот и затоа го симнав филмот. Пораката е многу длабока, ми се допадна, интересна приказна.. има некои пропусти во сценариото, некои банални сцени, но добра актерска екипа.
Филмот би го оценил таман со оценка каква што е на imdb.com, 6/10.

p.s. Carpe Diem Baby!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Уште од првите трејлери филмот ме освои, како прво маестралната приказна, под режисерка палка на Клинт Иствуд и Анџелина Џоли. Пред некој ден го изгледав конечно филмов и можам да кажам дека е одлично направен, само некако Гран Торино за нијанса ми е подобар од овој, некако повеќе ми се допадна, но што знам, мислам дека и двата подеднакво имаат шанси за Оскар. Да се вратам на овој филм... приказната почнува одлично, киднапирањето на нејзиниот филм, каква болка, па сместувањето во лудница, неверојатни маки проследени со една неверојатна глума на Џоли (мислам дека заслужува номинација на Оскар а богами и награда)... 8,5/10 :pipi:
 
Ј

јовица11

Гостин

The color purple:back:


Го гледам 5-6 пат и секогаш моето восхитување е истото.Мега спектакал во секоја смисла на зборот.Вупи како Сели и Опра како незаборавната Софија се благо речено ГЕНИЈАЛНИ!
Приказната е како скроена по мој тертип:црнци,робовладетелство,емоции,преубави пејсажи и незаборавни инструментали(особено музиката на Квинси Џонс).Последната сцена од филмот е најдобрата во целата приказна и спаѓа во мојата топ листа на 10-те најемотивни филмски моменти.Тоа е сцената кога Сели и Нети најпосле ќе се сретнат во полето со боја на пурпурот

10/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Последната сцена од филмот е најдобрата во целата приказна и спаѓа во мојата топ листа на 10-те најемотивни филмски моменти.Тоа е сцената кога Сели и Нети најпосле ќе се сретнат во полето со боја на пурпурот

10/10
Уф, спектакл филм, легендарно дело на Спилберг, и јас го имам отприлика толку пати гледано, ама на првиот пат најмногу ме наежи последната сцена, најмногу ме потресе... неверојатно добро :wub:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Во последно време изгледав неколку филмови,па ќе ги рецензирам без некој посебен ред.

The Illusionist



Ова е типичен Нортон филм,феноменална глума со рудиментарни специјални ефекти,едноставно го дише времето кое пробува да го долови,целата таа елеганција,отменост и сите други ситни работи кои ја прават сликата целосна.
Тотална манипулација на умот на карактерите и на гледачот,и дефинитивно ќе ве остави магепсани по финалната сцена.

Paul Giamatti ја одигрува својата најдобра улога во овој филм,според мое мислење.
Оценка 9/10,поради маестралноста на Нортон,но можеби и субјективно влијание врз мене имаше и друштвото при гледање на филмот :)

Papillon


Овој филм ми беше препорака,но ми дојде како препорачан.
Штета е што квалитетот на филмови прогресивно се намалува со годините,како и се поголема цензура.
Papillon е подценето ремек-дело,зборува за основните човекови права како слободата,преку главниот лик кој е упорен и неверојатната волја која ја демонстира за да ја оствари својата цел.
Dustin Hoffman само ја надополнува одличната глума на McQueen,а сцените во филмот се графички прикажани,впрочем и како треба за да се долови тежината и одвратноста на работите кои се одвиваат на сцена.
Можеби некои ситни замерки за штедењето при ефекти (крвта е катастрофална),но од друга страна пак некои сцени како ловењето на крокодил се застрашувачки веродостојно креирани.

Оценка,10/10,a must see!


Resident Evil - Degeneration


Го пронајдов случајно,всушност ова е промоциско издание на Capcom пред Resident Evil 5.
Има премногу недостатоци,CG анимацијата овозможува некои неверојатни акциони сцени,но 90% од сцените се веќе видено,и нема место за изненадувања.
Најлошото од се,е што филмот изгледа како една огромна cut-сцена,и можете да почуствувате кога би требало да заврши cut-сцената,за да почнете со играње.
Но не ме сфаќајте погрешно,ова дело е далеку пред сите три филма со Мила Јовович и нејзиното катастрофално карикирање на одлична RE приказна.
Фацијалните експресии на ликовите не ги спомнувам,бидејќи и ги нема.

Само за die-hard фановите на играта,другите верувам дека ќе ги жалат потрошените мегабајти.

Оценка 6/10

Wall-E


Нема потреба ниту пак простор за било какви објаснувања,најдобрата критика е веќе напишана.
Цитирам "ова дело е еквивалент на оние филмови на Чаплин,и поставува нови стандарди во анимацијата"
Има толку елементи во него,што апсолутно секој ќе се пронајде во еден од нив,без разлика дали е тоа футуристичката мрачна прогноза за иднината,слаткиот главен лик,емоциите итн...

10/10.

Journey to the center of the Earth



Да се разбереме,филмов не е филм,туку е технолошки демонстратор.
Ефектите се главни во него,па затоа мораме да оцениме чисто според нив.

1.Гледање во IMAX кино (гуглајте ако не ви се познати) во реално 3D,оценката би била 7/10,феноменални ефекти.
2.Гледање на Blu-Ray FullHD,оценката би била 4/10.
3.Гледање на стандарден формат...подобро да не би имало гледање,но...оценка 0/10.

Не можат да се пронајдат доволно зборови за да се долови во колку аспекти филмов пропаѓа.
Совет за IoSonoInterista,ако стоевме на мислењето дека Eagle Eye е глупост,погледни го ова :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
1.Гледање во IMAX кино (гуглајте ако не ви се познати) во реално 3D,оценката би била 7/10,феноменални ефекти.
2.Гледање на Blu-Ray FullHD,оценката би била 4/10.
3.Гледање на стандарден формат...подобро да не би имало гледање,но...оценка 0/10.

Не можат да се пронајдат доволно зборови за да се долови во колку аспекти филмов пропаѓа.
Совет за IoSonoInterista,ако стоевме на мислењето дека Eagle Eye е глупост,погледни го ова :)
Го изгледав пред месец дена. Нејќам ни да го коментирам. :pos2:

Ме убиваат овие преработките значи... Во недостаток на идеи ќе им нафрлаат сценски ефекти, ќе ги нашминкаат малце, ќе им закрпат два-три трејлери и така комерцијализирани ќе ги пуштат да ја направат единствената работа за која се снимени: да заработат некој долар. Никој да се засрами што го загадил светот со такво ѓубре. Ја лично би ги дал на суд...

Никако не можам да сватам зошто им е толку тешко да направат римејк. Приказната им е веќе раскажана, снимен е добар филм за неа, [Journey to the Center of the Earth (1959)], треба малку да ја збогатат со идеи... И покрај тоа, поголемиот дел од преработките пропаѓаат, иако имаат технички можности да го надминат оригиналот во секој поглед.

Според критиките очекувам истово да се случи (т.е. да е случено, филмот е излезен...) со уште еден S.F. филм, The Day the Earth Stood Still (2008). Затоа пред некое време си го изгледав оригиналот, The Day the Earth Stood Still (1951), а од римејкот ќе очекувам само сценски ефекти, па нема да бидам многу разочаран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom