Предлог за филм со кратка рецензија

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.880
Поени од реакции
6.939
71: Into the fire (2010)



Ooooo човече Корејциве! Значи ова е втор воен филм шо го гледам од кај нив и импресиониран сум. Значи каква кореографија, сцени, целокупна реализација на филмот е супер. А тоа што е и според вистинска приказна едноставно уште повеќе ја крева оценката. Станува збор за, секако, Корејската војна помеѓу Северот и Југот. Јужните сили повлекувајќи се притиснати од инвазијата на Северот и чекајќи ја помошта од САД оставаат како последна одбрана, пречка, 68 студенти, без искуство и обука за борба заедно со 3 обични војници како нивни командири да бранат едно средно училиште и колку толку да се обидат да ги задржат многубројните непријатели додека стигнат американците. Ефектите со wow! Дополнително приказната, глумата верувам дека ќе ги задоволат вкусовите на љубителите на воени филмови. Го има на BRRip снимка, а има и српски превод...па уживајте :)
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
CRAZY STUPID LOVE-Драма,комедија

Прекрасен филм со Стив Карел и Џулиен Мур.Филмот ни го прекикажува едно америкасно семејство кое го живее својот Американски сон,се додека Емили(Џулиен Мур) не побара развод.Што се случува понатака оставам да го видите во филмот.
Во фимот индивидуално ме импресионира прикажувањето на љубовта во три различни периоди од животот(како тинејџер,љубовта во 2-3 декада од животот и љубовта во оној средновековен живот).Да не бидам спојлер ви препорачувам да го погледнете филмот.

http://www.imdb.com/title/tt1570728/

На имдб има 7,7-Јас комотно би му дал 9.

Трејлер

 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Taking lives 2004


Успешна ФБИ агентка Илиана е повикана во Монтреал за да помогне околу истрагата за серискиот убиец за кој се претпоставува дека им го зема идентитетот на жртвите што ги убива додека патува низ Северна Америка. Илиана треба да се прилагоди на чудниот град со полициски тим каде што таа не се вклопува баш најдобро.
Според мене одличен трилер возбудлив до крај
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Gran Torino

Значи филмов им го препорачувам на сите, не е без врска трошење на време(y)
Филмов е ДРАМА , за еден постар човек татко и дедо, ама има заладени односи со неговото семејство т.е. и воопшто во целиот филм е таков.
Живее сам во куќа и во соседството има исселеници од Кореа...
Се надевам доста е рецензијава моја (иако не ме бива за рецензии) , филмов е сепак нешто добро.. Не оценувам филмови затоа што секој филм се разликува и оценки на добри филмови не давам..
Значи вреди да се гледа филмов .
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326


The Prestige

Филм на Кристифор Нолан со извонредна актерска екипа како Мајкл Кејн, Хју Џекман, Кристјан Бејл, Скарлет Јохансон кој го опишува во главо ривалитетот на двајца илузионисти на почетокот на 20 век во Англија.
Нема да откривам ништо посебно, ниту е филм за некоја подлабока анализа да се дискутира, туку одличен филм кој ќе ти го одвлечи вниманието од првиот до последниот момент.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Оваа недела ги гледав по ред Scary Movie деловите и покрај тоа шо се газев од смеење, заклучив дека 3тиот дел е пародија на The Ring додека 4тиот дел пародија на Војна на световите, овој со Том Круз шо беше.
Кој дел да го полгеднете нема да зажалите, но сепак ви го препорачувам 2 и 3. Најцарски се, можеби на некој момент ќе ве исплаши некоја сцена но веднаш потоа доаѓа смешна сцена па ќе заборавите на страшното.
Вториот дел (бидејќи него ви го препорачувам) се работи за група ученици кои не знаејќи во што се впуштаат, под водство на двајца професори, одат во една куќа која е опседната со дух(тие не знаат за тоа) и таму демек се на некаква задача која е дел од училишната програма, но тие всушност се таму поради тоа што едниот професор сака да се збогати со тоа шо ќе докаже дека постои тој духот во таа Hell House и да докаже дека постои живот после смртта.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
59
Поени од реакции
54
The Others

Драма/мистерија.
Никол Кидман во главна улога со нејзините две деца живеат во куќа која мислат дека е опседната со духови.
Во куќата ке дојдат тројца слуги кои и предходно работеле во таа куќа пред семејството да се досели и знаат доста работи за неа.
оценка според мене 9/10
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
crazy stupid love

го видам ли Steve Carell дури и во наслов мене ме фаќа смеа. го обожавам од дното на душата. по мутава-телешка-симпатично-наивно-невина фаца не се видело!
ок, го имаше филмов некаде поназад но бидејќи вреди ќе се надоврзам и јас.

обично не сакам, и не мислам дека е правилно, да се пишува било каква рецензија одма штом си го изгледал филмот. сеуште си под импресии, па секоја критика ти е пренагласена. затоа мислам дека е најубаво да помине некој ден.
(да додадам во случајов дека презирам предлози од типот: само што го гледав филмот ми е стварно топ!) . (топ те утепал)


тоа се случи со филмов. поминаа 10тина дена. во тие 10 дена го гледав уште 10 пати. никако да помине тој момент на еуфорија, а веќе многу ќе застари па еве мора да се најде момент. ги научив сите реплики, можам да го рецитирам на памет како на времето што сум ја рецитирал денови од кочо рацин.

посебно вреди првиот дел од филмот.
hangover 2 ми изгледа како кикирику - радио скопје во споредба со овој филм.
да ме навлегувам во кратка соджина, бидејќи сосема е непотребно.
она што ќе напоменам и ми остави впечаток, скоро па ништо не беше нерално во филмот, (ок, ретко остварливо, да) со оглед на тоа на какви американски комедии сме навикнале.
не го оставајте овој филм на листа на чекање ако веќе го имате на диск! тоа е мојот совет.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210


Интересен филм на Spike Lee. Режија Сценарио и Главна Улога на Spike Lee. Ала Чарли Чаплин One men show. Meѓу постарите е 1989. Приказната е за една Италијанска пицерија во Црнечко маало. Убаво е илустрирана расната омраза и црнечката култура во САД. Одлична глума John Turturro, Danny Aiello инт. Добра Музика Public Enemy и компанија.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Michael Haneke:

The Piano Teacher (2001)


Брутално реален филм, каде млад ученик пробува да и се приближи на својата професорка, која има повеќе сексуални пореметувања. Ликот на професорката е многу интересен, тој е последица од општество каде се репресира сексот, се форсира кариерата, се запоставува социјализацијата. Не се битни проблемите на двајцата, колку што се битни причините за истите, и на тоа јас се фокусирав кога го гледав филмот.

The White Ribbon (2009)


Негде пред Првата светска војна, во германско село почнуваат да се случуваат злосторства за кои не може да се најде причинител. Единствените кои можеби го знаат одговорот се децата, кои се поттиснати и малтретирани, како резултат на догматскиот авторитаризам карактеристичен за тоа време. Белата машна е симбол кои тие мора да го носат како потсетување на нивната невиност.

Pedro Almodóvar:


Law of Desire (1987)

Almodovar прави лесни филмчиња, кои се фокусираат на ликовите. Како и повеќето шпански филмови неговите се исполнети со трансексуалност, хомосексуалност... И иако е сексуалноста толку отворено прикажана, ова е филм за љубовта, опсесијата, потребата за блискост, и јас го доживеав како доста позитивен.
Овде може и да помогне млад, гол, Антонио Бандерас, кој е забележан од Холивуд благодарејќи на оваа улога, и уште две други во филмови на истиот режисер.
Алмодовар не ја дава фантастичната слика на љубовта карактеристична за Холивуд, туку реалната, каде има искористување за секс, разочарување, болна опсесивност, бегање од интимност и сите срања кои романсата ги носи.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Y Tu Mamá También - И мајка ти исто така




Мексикански филм на режисерот Alfonso Cuaron, а главните улоги ги толкуват двајцата феноменални мексикански актери Gael Garcia Bernal и Diego Luna а главната женска улога ја игра прекрасната шпањолка Maribel Verdu.
Ова е филм за пријателствата и лагите во нив, за изневерувањата, и доказ за тоа на што све се спремни мажите само за да легнат девојка.
Приказната се фокусира на двете млади незрели момчиња Tenoch и Јуlio. Нивните девојки ќе заминат за Италија, а на нив ќе им стане многу досадно. На една венчавка ја запознаваат прекрасната Luisa koja e постара од нив и е мажена. Сакајќи да ја импресионираат ќе и кажат дека за некој ден ќе одат на долго патување низ Мексико за да ја посетат најубавата плажа. После некој ден неочекувано им се јавува Luisa и им соопштува дека сака да отиде со нив на таа плажа. Сите тројца се спремаат и тргаат, а што све им се случува по пат останува на вас да видите.

Еве го трејлерот

 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286

Одличен филм на Toмас Безуча. Познат по неговото уникатно режирање и пишување, овој филм ќе ви остане во глава доживотно. Ќе ве изненади, ќе ве воодушеви, ќе ви предизвика разни емоции што ретко кој нов филм денес го може тоа. Од каде да почнам? Актерската екипа ја сочинуваат добро познатите и талентираните Селена Гомез, Кејти Касиди, Лејтон Мистер, Кори Монтеит... Селена Гомез навистина се докажа во оваа улога. Улоги, might I say. Во својата кариера има глумено во повеќе сериозни филмови, но овој заслужено и е, и ќе и биде на врвот. Својата професионалност ја докажа и со глумењето два лика во еден филм, нешто што сите актери не го можат вешто да го направат. Својата хармизма ја проектира низ целиот филм, Селена ќе си поигрува со вашите чувства. Самата актерска екипа ја дига оценката на 7/10. За другите актери не е потребно да коментирам, како и Селена, тие се на врвот во својата кариера и жалам што се толку потценети. Сценариото од Томас, Ејприл и Марија е на ниво. Перфектни дијалози меѓу ликовите, длабоко навлегување во секој аспект од емоциите и чувствата на ликовите. Саундракот се состои и од многу добри нови ремек дела од познати артисти како Cee Lo Green. Мајкл Гиачино навистина се докажа со овој избор на песни. Пофалби. Кореографијата, изборор на сцени се исто така добар аспект од филмов, перфектно одбрани локации за снимање во Париз, камерата и осветлувањето си „поиграа“ со филмот и направија вистинско ремек дело од филм. Екстремно реален филм, опфаќа разни теми од завист од коцкање до љубов, изневерување и измамување. Гледачот може да се поврзе со многу од ликовите и настаните. Ликовите се пресликани од разни луѓе од општеството, сите карактеристики вешто одбрани и одиграни. Филмов ја дава перфектната слика на Монте Карло, луѓето кои живеат таму и сите негативности на општеството денес.

Овој филм не е за сите. Интелигентниот хумор е на високо ниво и во својата топ-форма. Ако сакате романтични холивуд комедии, детски веќе-видени срања - филмов не е за вас. Мене многу ми се допадна и ја добива мојата 10/10 оценка - тотално заслужена.

На IMDB ќе најдете најдобар опис на филмот, но јас на кратко би напишал - 3 млади дами се соочуваат со одмор во Париз. Што ги очекува и што ќе се случи? Дознајте сами - гледајте го филмот.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
In A Better World
IMDB Оценка: 7.7
http://www.imdb.com/title/tt1340107/


Година: 2010
Жанр: Драма
Режија: Сузан Бир
Сценарио: Андерс Томас Јансен
Улоги: Микаел Персбраунт, Трине Дирхолм, Улрих Томсен

Ова е филм кој се фокусира на неколку филозофски избори во еден социјален контекст. Во филмот станува збор за две деца, од кои едното го исмеваат и тепаат неговите врсници, а неговиот разведен татко работи како доктор во едно африканско село исполнувајќи ја својата хипократова заклетва, додека пак неговото другарче е револтирано на начинот на кој луѓето се злоупотребуваат едни со други и откако ќе почине неговата мајка одлучува дека на насилството треба да врати со поголемо насилство. Оригиналниот дански наслов на филмот „Haevnen“ е најсоодветен превод за неговата содржина - „Одмазда“.
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868


40 Days and 40 Nights

Филмчево е легендарно долго време вака се немам вака смеено!2002 е годиштето,а режирано го има Мајкл Лехман.Филмот почнува како еден дечко ја снима девојката и колку е среќен со неговата девојка од ‘‘соништата‘‘.Ама доаѓа до раскинување(видете сами зошто) и дечково неможе да го преболи и кога има секс со други девојки му се причинува дека све распаѓа околу!За да го преболи тоа чуство се заколнува дека нема да има ништи поврзано со секс 40дена (бакнување,мазење,гребење итн).Но,доаѓа со бројни препреки кои му ги припремија неговите другари(нема више другариии...)и почнуваат да се кладат дали ќе издржи до крај!
Би ви го препорачал на сите кој мислат дека можат ова да го направат(да издржат без бакнување,мазење,секс и остало) и секако да се изнасмеат добро!! :)
Оценката на IMBd e многу мала.Мислам дека фимов заслужува 8/10 ;)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
The thirteenth floor

Леле Inception ако не крадел од овде, еве ве.
Значи, многу добро филмче. Не трепнав дури го гледав. Трилер е, mindfuck крај (разочарана сум сама од себе што не го погодив). Го препорачувам на сите кои сакаат трилери.
Содржината се врти околу виртуелна реалност, еден софтверски продукт, нешто како создавање на нов свет во кој луѓето од софтверот се како вистински луѓе. Не знаат дека се уствари програма. И фактички јас ако ја уклучам програмата, ќе влезам во виртуелниот свет и ќе можам да управувам со Srcee од 1972 година. Ух, не знам убаво да објаснам, гледајте го филмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom