- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.132
- Поени од реакции
- 13.258
Да си пишам и јас 2 легендарни филмчиња што си гледав последнава недела, па да споделам мои импресии со вас
1. The Departed
Цело време некако како да го избегнував филмот, како да чекав прав момент да го гледам и само си стоеше во watchlist, но знаев во себе дека е многу добар, да се види актерска екипа и се ти станува јасно и така и бидна. Значи одлично филмче во кое се соочуваат Леонардо Ди Каприо и Мет Демон, како двајца кртови во двете различни страни. Едниот од страна на полицијата, другиот од страна на мафијата, и Џек Николсон како шеф на мафијата. Значи филм со многу акција, тактики, легендарни сцени, не е многу напорен или да речеш многу треба да се размислува, баш е онака интересен да те држи цело време. Многу ми се сфиѓаше онаа сцената со лажната адреса и Ди Каприо, али ајде да не откривам за оние кои го немаат гледано, ако случајно има такви. 10 од мене
2. Catch Me If You Can
Ептен ги сакам филмчињава со Леонардо Ди Каприо и сакам да му ги гледам сите, му ги гледав баш пред некое време и оние постарите, тој со Џони Деп и оној со кошарката, си реков и овој да го гледам. И ми текна дека уствари го имам гледнао ко мал... Значи во ниедна минутка од филмов не погледнав да видам уште колку време има, толку што ми беше интересен. Да не ви октирвам многу, Том Хенкс е полицаецот што го брка Леонардо, а Леонардо е амбициозен младич кој е многу паметен и со фалсификување на чекови си ги остварува сите желби и сите идеи што му доаѓаат на памет. И што е најдоброто тоа се случува кога уште е во средно училиште. И да филмот е според вистински настан. Ептен ми се бендиса, сакам вака кога ќе се изненадам и мислам немам гледано некој филм, го гледам, и таман си се потсетувам на него, 10