Последен гледан филм со кратка рецензија

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
The Beaver

Интересно филмче за кризните години кај мажите во средно доба и нивното влијание на семејството. Мел Гибсон одлично глуми поделена личност, а и постариот син во филмов (Anton Yelcin) ме изненади со глумата и гласот.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Source Code (2011)



Капетанот Стивенс учествува во стимулација и е вратен назад низ времето за да открие терористички акт. Не нешто како патување низ времето, него обид да се смени минатото. Тој дознава дека всушност не е "тој" кога ќе се разбуди во возот.

Интересна приказна, дефинитивно филм кој ќе ви се допадне. Единствено не ми се бендиса крајот, имаше неколку пропусти кои самите ќе ги откриете при гледањето на филмот. Од мене има 7,5/10.

Fast Five (2011)



5тиот дел од Fast & Furious серијалот. Овојпат Торето и О'конор се на другата страна од законот, и извршувајќи една работа тие ќе се најдат во војна со човекот кој е највлијателен во Рио, (мафија, перење пари, полиција .. на се е главен тој). Од Америка стига полиција која има наредба да ги уапси Торето и O'конор и да ги врати назад.

Дом и Брајан собираат тим со кој ќе се обидат да го направат невозможното, она кое во Рио на никого не му ни текнало .. и за тоа вика ликови од претходните делови на серијалот, веќе познати.

Ако очекувате трки како во претходните делови ќе се разочарате, меѓутоа ако сте за акција - мора да го изгледате. Од мене 9/10.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Limitless


Првин мора да кажам дека го избегнував филмов поради постерот ,го имав на Watchlist на IMDb ,ама не знам зошто го избегнував поради постерот ,ебаго нека виша сила :P... да не забегувам ,рецензијата:

Писац даоѓа до дрога за која мал број луѓе знаат. Дрогата му дава 100% пристапност до неговиот мозок ,тој станува богат и моќен.

Ми се допадна ,супер филмче ,само да немаше неколку непотребни сцени ,неколку клишеа ќе беше ОДЛИЧЕН. Според мене сигурно спаѓа меѓу најдобрите филмови за 2011.

Saw 3D:The Final Chapter (2010)


Жртвите се наоѓаат во ситуација...(па прилично заебана ситуација) ,самите себе се повредуваат за да си го спасат животот или животот на некој нивни сакан.


Првин...КРВТА ,па на заебавај ,прв пат го гледам ПИЛА (не сум ги гледал минатите делови) ,си мислам познат филм е ,има 5-6 дела ,очекував нешто добро ,али кога ја видов крвта...дај ми сто денари боље смеса ќе направам ,СТРАМОТА !

Минатите дела сто посто биле подобри ,ова ти е ептен без врска.



 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011)



Нова авантура со captain Jack Sparow. Како и секогаш на почетокот се наоѓа во проблеми, но како и секогаш успеава да побегне и се впушта во нова авантура .. барајќи го Изворот на Младоста. Но, не е само тој ... туку и шпанската војска и капетан Барбоса со англиската војска кои го бараат изворот. Како и во претходните делови, добра авантура и секогаш Џек е победник. :icon_lol:

Oд мене 7/10.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
UNKNOW


Одличен филм, категорија трилер мистерија.
Кражба на идентитет на човек кој се буди од кома па никој не му верува дека е тој за кој се кажува. После сплет на настани дознава дека не е тој за кој самиот се претставува. Има и мала скриена порака за светот и човештвото. Во секој случај вреди да се погледне. 9/10
 
Г

Грејвдигер

Гостин
The Lincoln Lawyer (2011) - http://www.imdb.com/title/tt1189340/

Мич Халер е адвокат и работи со клиенти како криминалци, дилери, проститутки. Работите се одвиваат во ред, се додека не се појави еден богат клиент кој има извршено брутален напад врз една девојка. Халер го презема случајот на Луис Рулет (типот што го има извршено нападот врз девојката), но како се одвива судењето сфаќа дека е во игра и работите не се како што мисли.​

Се работи за доста солиден филм кој во текот на целото траење ќе ви го одвлече вниманието и ниту на момент нема да ви биде досаден. Интересна приказна и добра актерска екипа, а филмот е снимен според романот на Мајкл Конели.​

9/10​

 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ух... колку само ме нема на темава да пишам наслови и критики... ама многу се има собрано​

THOR

Кој ли му дал 7.4 на филмов???? Можам да кажам најголемото разочарување во оваа година, очекувањата ми беа реално големи... се изначекав/ме добри 4 месеци да излезе на нешто поасална снимка и ШТО? Класичен Б - класа филм, очајна глума... ПРЕОЧАЈНА, клише и тотално предвидливи сцени. Специјалните ефекти им се феноменално добри ама само тоа и само тоа е она што барем малку вреди во филмот. Совет за сите кои го очекуват или планираат да го изгледаат а барем малку себеси се сместуваат во група филмомани... - НЕМОЈТЕ не вреди за оние 2 часа колку што трае.​

Од мене солидна 5ка за филмов и тотално сместување во групата филмови од 2ра класа​
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Shakespeare in love

О зошто не го гледав порано?!?
Пред се‘ морам да кажам - добра глума! На Joseph Finnes (Shakespeare) дефинитивно му одговара ваква улога ( а и прекрасен е ). Gwyneth Paltrow има добиено оскар за најдобра глумица покрај другите номинации и награди.
Тематиката на филмот мислам дека е очигледна. Во кратки црти Шекспир е во потрага по својата муза која му е потребна за да најде инспирација за пишување на "Ромео и Јулија" и ја наоѓа во девојка која што е заљубена во неговите рими и дела. Но, токму таа девојка сака да е дел од претставата на Шекспир иако тоа е против законите на тоа време. Сепак таа се преправа во машко и оди на аудиција каде што ја добива улогата на Ромео. По некое време Шекспир ја препознава и така се препуштаат на нивната љубовна романса. За тоа што се случува понатаму дознајте сами.
Морам да напоменам дека филмот не се држи строго до точноста на оригиналот ‘Ромео и Јулија‘ туку има претрпено некои промени но сепак во целост тоа е тоа.

Друг филм со сосем различна тематика.
Harry Brown

Трилер,акција,драма. Главната улога ја има Michael Caine ( Harry Brown).Станува збор за бивши маринец кој што останува сам на светот, без неговата жена и единствениот пријател. По убиството на неговиот пријател од страна на бандата Хари ја превзема целата ситуација во свои раце поради тоа што убијците остануваат пуштени на слобода.
Филм за одмазда, дрога, убиства.
 
S

Sagan

Гостин
Priest 2011

Претстава за светот после Апокалипсата, во кој силите на злото се сместени во, замислете, резервати (типично амерски), а луѓето живеат во големи градови под водство на Црквата. Ќерката на еден од свештениците е грабната од суштество комбинација од вампир/демон и човек, што го прави исклучително моќен, бидејќи може да дејствува и на светлина.

Група свештеници се одметнуваат од Црквата и тргнуваат во потрага по девојката.

Филмов воопшто не го препорачувам. Едно големо клише, каде Црквата е претставена како апсолутен заштитник на доброто, борби со употреба на крстови, сребрени куршуми, пеење света вода, пиење “крв божја“... бла бла бла.

Спротивно на сценариото, солидна глума, одлична камера и добри визуелни ефекти.

 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Thor


Моќниот и арогантен Тор е избркан од Асгард и осуден да живее како обичен смртник помеѓу луѓето на земјата.

7.0 оцена на ИМДБ има филмов ,претерано.

Најача работа во филмов се овие визуелниве ефекти ,приказната - позната и стара. Иако трае 2 часа филмов брзо ми помина ,мора да сум бил ептен расположен. Не ви го препорачувам да го гледате ,но доколку сакате вакви супер-херојски срања ,клишеа ,прост ,едноставен филм ,гледај го....
 
E

elena.

Гостин
bam


Fight Club

Фактот што Fight Club го гледам дури сега е малце срамен за мене. Зошто, добога, некој не ми го препорачал филмов? Океј, океј, морам да признаам дека ми го препорачале, но го одбегнував поради насловот. Мислев дека е некој акционен филм со многу тепање (и имаше многу тепање, но на Едвард Нортон, всушност, одлично му стојат модринки), а многу се изненадив на крајот. Секако, филмот мора да се гледа уште еднаш, а дали поради тоа што периодов е досаден, јас сум досадна или луѓево околу мене се досадни, го гледав три пати последниве два дена!

И сега има ли поента да ви раскажувам кратка содржина на филмов? На IMDb рекле „An office employee and a soap salesman build a global organization to help vent male aggression.“ Мхм, баш така (или не)...вие само изгледајте го ;)

Уникатната приказна, можеби најдобрата изведба на Пит, моќта на Нортон да се трансформира од обичен, мирен човек без брада во бедес со goatee-то...филмов добива 9/10 од мене. И да, еден од ретките филмови на кои ги изгледав и credits-от :)

П.С. Спомнав колку е тоа Едвард прекрасен? :X3:
 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
The next three days
Еден од најдобрите филмови што ми оставиле впечаток, приказната е за брачен пар со дете, таткото наставник на колеџ а мајката вработена во некоја си фирма, на мајката и е погрешно судена доживотна робија за убиство на нејзината шефица, жалбата е одбиена и мажов почнува да крои планови како да ја извади од затвор што е можно побрзо и да избегаат.
Оцена 8.5/10
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.268
Поени од реакции
27.706
X-Men First Class

Bam. Nerdgasm.
X Men секогаш ме фасцинирал. Дали стриповите, дали цртаните, дали филмовите. Ова прекрасно се вклопува.
Ова е почетокот на приказната за x men. Поразличен од скорешните суперхеројски филмови и секако многу подобар.
Charles Xavier штотуку е новопечен професор по генетски мутации, и почнува со неговиот сон, да ги пронајде истите како него, односно, различни од останатите-мутанти.
Филмов навистина позитивно ме изненади. Џејмс Меkавој покажува одлична глума во овој филм. Исто и Мајкл Фасбендер.
Би го препорачала на сите, но највеќе би го препорачала на фановите на X-Men.
И веќе ако праат нов X-Men, мора да го вметнат Gambit. :)
 
H

Hombre

Гостин
Како голем љубител на Sci-fi и Superhero жанрот по долги месеци најава со нетрпение очекував да го гледам Thor.
Според мене Thor како дел од мистичната и инспиративна Нордијска митологија представен во оваа Sci-fi-Superhero варијанта е тотално промашување,јас лично очекував многу повеќе.По квалитетот на содржината заостанува далеку зад еден Batman или Superman,сепак филмот доживува критички и финансиски успех со заработка од околу пола милијарда $.
Да се чуди човек :tapp:.....
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Friends with benefits

Жените ќе го видат голиот задник на Џустин, а мажите на Мила. Толку од филмот. Инаку има и една смешна сцена, ама ја заборавив.

пс. Вуди Харелсон е многу потценет глумец.

ппс. не ми е јасно оти не ги покажаа и цицките на Мила, кога можеа да ги покажат градите на Џустин !?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom