Приказна за основачот на социјалната мрежа Фејсбук. Од самите почетоци, додека е студент на Харвард Универзитетот, па се до првите милион корисници на сервисот. Несогласувањата помеѓу тимот,.... и се што ќе кажам повеќе ви е веќе познато (се осеќам како последниот што го гледал филмот )
За тие што не го гледале, нека го набават и нека поминат 2 часа опуштено.
после долго време решив да ги гледам повторно некои од најдобрите филмови што воопшто се снимени, без разлика дали добиле или не Оскар....
прв филм што го изгледав е феноменалната драма за Andy Dufresne... номиниран за 7 оскари во далечната 1995 година.. прв на листата на IMDB за најдобри филмови на сите времиња.. станува збор за Shawshank Redemption...
Andy Dufresne, is sent to Shawshank Prison for the murder of his wife and secret lover. He is very isolated and lonely at first, but realizes there is something deep inside your body, that people can't touch and get to....'HOPE'. Andy becomes friends with prison 'fixer' Red, and Andy epitomizes why it is crucial to have dreams. His spirit and determination, leads us into a world full of imagination, filled with courage and desire. Will Andy ever realize his dreams?
вториот филм што го изгледав е со феноменалните Ентони Хопкинс во улогата на д-р Ханибал "Канибал" Лектор и Џоди Фостер во улогата на младата ФБИ агентка, Кларис Старлинг. станува збор за The Silence of the Lambs сосема заслужено петкратен добитник на оскар во 1992 година
Clarice Starling, a young intelligent FBI trainee, has been sent to the Batlimore state hospital for the Criminally insane to interview an inmate Dr. Hannibal-the cannibal- Lecter. A Brilliant renowned psychiatrist turned infamous Psychopathic Serial killer. She must match wits with Lecter -who has the darkest of all minds- and trust him to give her clues in the search for "Buffalo Bill". a nick name for a loose,unknown, unstoppable Pyschopathic Serial killer.
следни на листата се Forrest Gump, American Beauty, Rebel Without a Cause, Philadephia, Serpico .....
И пак, пенкалце, фала ти многу. Одсега натаму те задолжувам секој добар филм кој ќе го гледаш, да ми го препорачаш.
Неколку луѓе заробени во коцка, во коцка, во коцка ... во коцка се борат да излезат од неа, и да спасат жива глава.
Нискобуџетен, со ограничена сцена, слободно може да се сними и со една обична камера. Генијално!
Актерите .... им симнувам капа. Аутистичниот дополнително ја зголеми и онака големата тензија со неговите крици кои ги испушташе. За момент си кажуваш: шо ми требаше да го пуштам у 12 саат ова?
Британската влада и еден руски мафијаш се во потрага по најбараниот должник на данок и пари.
Елиз (Анџелина Џоли) која зрачи со својата елеганција и сексипил, а пред се ковчест изглед, е таен агент за Интерпол во потрага по должникот. Френк (Џони Деп) - американски турист која патува низ Италија да си го излечи скршеното срце, меѓудругото глуми професор по математика (иако професијата му беше ирелеванта за приказната). Двајцата „случајно„ наидуваат еден на друг во воз и оттогаш започнува нивното заедничко следење од мафијата, надгледување од Интерпол. Причината за тоа откријте ја сами.
Искрено морам да признаам дека филмот ме разочара, посебно поради дејството кое беше според мене премногу сценски отскокнувачки претставено: има добра сцена и колуминација и чекаш со отворена уста да видиш што ќе стане, и оп пак спласнува со друга сцена. И цело време така.
А локација Венеција беше одличен избор да се поткрене сценариото на филмот.
Очекувајте клишеа и добро ускладен хумор. Многу не би откривал.
The Straight Story доаѓа во една љубопитна раскрсница во кариерата на Дејвид Линч, по неговото врвно дело Lost Highway - филмот што го обнови делот кај неговата публика и во неговата способност да ги вознемири гледачите, а во исто време да ги внесе во неговите збунувачки заплети, но овојпат да ги донесе до едно поинакво поле на уживање.
The Straight Story, сепак, е токму она што го вели дека тоа е. Врз основа на квантитетот на необично реалниот инцидент, овој филм на Линч е приказна за двајца постари браќа, кои не се виделе еден со друг, ниту прозбореле меѓу себе за цели 10 години.
Алвин, е слаб во нозете, не може да се движи, еден ден ќе добие телефонски повик во врска со братот Лајл, кој доживеал мозочен удар.
Загрижен за својот брат, животот ќе го натера да посака да отиде и да поразговара со брат му и да се обиде да премине преку веќе направената штета. Па така, Алвин одлучува да го помине 350-километарскиот пат до Висконсин, каде Лајл сега живее. Не може да плати за јавен превоз, не може да гледа добро за да вози автомобил, старецот се впушта во неговата авантура со мало тракторче John Deere од 66-та со приколка полна со резерви за патот.
10/10 и топла препорака до сите да го гледаат филмот
Се работи за 5 пријатели кои ограбуваат банки. После 5 години поминати во затвор им се враќа уште нивни член, кој е желен за ограбување и им наоѓа нова работа, потешка од сите претходни. Имаат многу малку време за размислување и треба брзо да работаат. Филм со многу пресврти, многу акција и се останато. Кој не го има гледано, обавезно да го гледа.
Run, Forrest!! Run!! дефинитивно еден од најдобрите филмови што ги имам гледано... зошто повеќе не се снимаат вакви филмови ?? добитник на 6 оскари во 1995 година... феноменално изиграни улоги на Том Хенкс како Форест Гамп и на Gary Sinise (Маc Taylor од CSI:NY) во улогата на поручникот Ден Тејлор..
The story follows the life of low I.Q. Forrest Gump and his meeting with the love of his life Jenny. The film chronicles his accidental experiences with some of the most important people and events in America from the late 1950's through the 1970's including a meeting with Elvis Presley, JFK, Lyndon Johnson, Richard Nixon, fighting in Vietnam, etc. The problem is, he's too stupid to realize the significance of his actions. Forrest becomes representative of the baby boomer generation having walked through life blindly.
Филмов е според вистинска приказна, и навистина е напнат, заслужена 7ка на имдб иако реално е за нешто* повеќе поради напнатоста која ја доловиле, топла препорака да го изгледаат сите, ќе ве задржи до самиот крај, во кратки црти се работи за машинисти - возачи на возови кои ќе треба да спречат катастрофа кога еден воз поради грешка ќе тргне сам... а товарот на него е прилично опасен.
Искрено незнам за кој к*р им требала сцена при која што кажаа дека ако експлодира ќе настрада цел град и при реална опасност од тоа цел град се насобра да гледа :nesum:
Добар филм со не така познати глумци.Малку на моменти ме потсети на Exam ама си задржа свое ЈА.5 луге се заглавени во лифт и секој со својата приказна,се уклучува во целата приказна и еден детектив кој што не е случајно на случајот. и се понатаму би било спојлер.7/10 прилично добар филм.Има во темата за предлози за истиот филм збор два повеке ама би го препорачал на секој да го погледне.
Искрено претежок филм за мене и сеуште размислувам што е пораката на филмот,што сакаше да ни каже режисерот...a real mind fuck, off to search internet..
После скоро 10 месеци од кога го гледав Ghost Town(а уште и тогаш си обеќав дека и овај ќе го погледнам),кој притоа и те како ми се допадна во поглед на тоа што како и овај филм повеќе е драма отколку комедија,и тоа релаксирачка драма,која ќе те одмори после гледањето за разлика од повеќе други филмови кои би те замореле(а и на нив им сум фан ,така да мора да се балансира меѓу двата крајности).
Како што кажав одлична драма со Рики Џервас ,на човекот едноставно му лежат вакви улоги...Сторијата е околу еден класичен лузер кој живее во свет во кој никој не знае да излаже....но што ако тој научи ? За другото погледнете.
пс-Ќе заборавев,во еден момент и те како може да ве подзамисли со филозофски прашања
Филмот е хард кор порнич. Мислам на првокласно ебење во мозок.
После ова, Аронофски ми стана омилен жив режисер, човекот го дотерал филмот толку многу, што сценариото и е небитно. Пушти, гледај прекрасни кадри, слушај преубав саундтрак. Не мора ниту да го слушаш дијалогот, сосема непотребно е.
Актерската екипа си ја завршила работата одлично, Натали Портман и Мила Кунис беа .... неверојатни. Машкиот главен лик (појма немам кој е актерот) беше исто одличен.
Приказната ... ма нема приказна, ко да гледате Вселенска Одисеја е чудово.
Оценка: Не постои број кој би го опишал ова, исто ко што не постои број за да се оценат филмовите на Кјубрик
П.С. Немој да го гледате вечерно време, гадно ќе се заебете, паранојата ве јаде за време на цел филм.
П.П.С. Кој сака да се кладиме оти го зема Оскарот за најдобар филм годинава?
Едно е јасно за овој филм. Или ќе ви се допадне до таа граница шо ќе мислите за него 1 недела, или ништо нема да сватите.
Добредојдовте на балетот Лебедово езеро од Чајковски, каде од Нина се бара да ја долови улогата на Одета или Белиот лебед, (девојка која е претворена во лебед преку ден а во ноќта повторно се враќа во девојка од злобниот Ротбарт) и Црниот лебед, односно ќерката на Ротбарт Одил.
Нина е поим за невиност, нежност, сремежливост таа е отелотворение на Белиот лебед. Добивајќи ја главната улога во Лебедово Езеро, мора да знае да се претстави и како Црниот лебед, сензуално, страствено.
Живеејќи во еден вид стаклено ѕвоно поставено од мајка и, во соба во која доминира розовата боја, се чини сеуште живеејќи го детството.
Но за да ја задржи главната улога, мора да ги смени овие навики, што самата Нина има потешкотии.
Капак на се, тука е и конкуренцијата, најголемата закана доаѓа од Лили, штотуку стасана од Сан Франциско.
Во овој филм, многу работи е тешко да се определи што е реалност, а што халуцинација.
Особено и интересен дизајнот на просториите. Собата на Нина е розова означувајќи ја нејзианта невиност и наивност, така и нејзините алишта, за разлика од другите простории каде доминираат потемни бои. Следејќи ја трансформацијата на Нина, постепено алиштата што ги носи се менуваат кон сиво, па црно.
Всушност, сметам дека треба да се отвори дискусија за тоа како ги толкувате работите во филмов?
Од што пати Нина? Зошто халуцинира?
Натали Портман треба да се пофали за нејзината посветеност на филмот. 1 година вежбање балет и слабеење на раб на анорексија, се голема жртва за улогава.
Всушност ако Портман не освои оскар за овој филм, знајте дека церемонијата е наместена.
Веќе кога музиката на Клинт Мансел е отфрлена, се надевам дека ќе освои и оскар за најдобар филм.
Што ќе ви се допадне во филмов?
-тоа што ќе ве остави без здив, и ќе ве остави подзинати.
-напнатоста, неизвесноста.
-Нина како карактер ќе ви се допадне што ќе сакате да и помогнете во најтешките ситуации.
Што нема да ви се допадне?
-тоа што има крај.
Типично за Дарен Ароновски, да ти го сврти паметот, и да те збуни до лудило.
оценка:
∞/10
Црниот Лебед ( Black Swan ).....па приказната е одлична но мора да се признае дека слично е видено и во ред други филмови, но сепак не го прави тоа филмот помалку оригинален. Ова што го разликува овој филм од можеби сличните на него е одличната глума на Натали Портман, мистичната атмосфера во филмот, прекрасната музичка позадина. Сепак подолго време Холивуд не не изненадил со ваков филм. Номинација за Оскар е многу веројатна.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.