The Dude
Лајно
- Член од
- 25 мај 2009
- Мислења
- 502
- Поени од реакции
- 321
Неколку страни назад некој не само што го критикуваше филмот, туку го претстави како ужасно лош филм кој не заслужувал да се погледне.
Прво сакам да го замолам тој член да не пишува повеќе во филм и тв, а посебно не во филм.
Второ, рецензија за The dark knight. Филмот ми стоеше во компјутер едно 5-6 месеци онака и чекаше ред да биди гледан. Сега жалам што за тоа време не сум го изгледал барем неколку пати. Значи, ова не е филм кој ќе го изгледате еднаш и готово, ова е филм кој заслужува да се гледа еднаш во годината во најмала рака. Толку добри реплики не сум видел мнооогу одамна.
Приказната и повеќе од добра. Иако нема некои сложености и испреплетености па цело време да се чудиме кој е Кајзер Сосе, сепак има да понуди неизвесност, а во себе си носи и порака која е вонвременска. Во целина приказната е прекрасно раскажана.
Ефектите се повеќе и од задоволувачки и за најголемите гурмани, деловите кога лета Бетмен и брканицата во тунелот ќе се прикажубжваат уште долго.
Со една ваква актерска екипа недозволива е грешка, а од тоа што го видов речиси се беше совршено. За глумата на Хит Леџер немам зборови. Не дека е умрен па сеа да го фалам и да беше жив ќе го имав истото мислење. На моменти ме потсеќаше на Тим Рот но сепак речиси совршено оригинален, мислам дека ќе се согласите дека Џокер подобро изгледаше дури и од времето кога Џек Николсон го глумеше. Благо сум разочаран од Кристијан Бејл, во некои сцени кога глуми Брус Вејн, мислам дека вакви улоги на самоуверен моќник не му лежат многу, не дека е лош, тој е многу добар речиси одличен (ретко кој може да го изигра перфектно тоа), но лично јас повеќе уживав додека го гледав во Машинистот. Уште ако ги споменам Арон Екхарт, Меги Гиленхал и двете живи легенди Мајкл Кејн и Морган Фримен јасно е каква може да биде глумата.
Ако јас се прашувам, оскарот немаше да оди кај детето од Мумбаи, туку кај чуварот на Готам.
оценка 9.5/10