Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
The hidden face (La cara oculta)
http://www.imdb.com/title/tt1772250/

Прочитав некаде по темиве рецензија на филмов и решив да го изгледам, и покрај фактот што не сакам многу шпански филмови.
Олку добар трилер одааамна немам гледано, фала му на членот што го предложи.
По препорака од членот кој прв ја пиша рецензијата не го излгедав трејлерот и не знаев што да очекувам, но бев многу пријатно изненадена.
Се работи за диригент кој поради работата доаѓа во Колумбија и ја носи со себе и девојката. Наеднаш едно утро наоѓа видео порака дека она го напуштила и го моли да не ја бара.
Типов фаќанова девојка кој за брзо време се вселува кај него во куќата, но постојано слуша некои гласови и мисли дека разговара со дух кој ја опседнува куќата. Згора на се се вмешува и полицијата која го сомничи диригентот дека ја има убиено својата прва девојка.
Не сакам повеќе да откривам бидејќи може премногу да ви кажам и да не биде интересно.
Феноменален филм, со многу неочекуван крај. На ИМДБ има отценка 7,3 од мене дури 9!
Членот рече да не се гледа трејлерот бидејќи во 2 минути го дава пресвртот на филмот, па еве и јас ве предупредувам да не го гледате за да може да уживате во фимот!
 
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
What's the Worst That Could Happen?
Кевин е крадец кој на аукција ќе запознае една девојка во која ќе се вљуби. Таа ќе му подари прстен кој наводно носи среќа. Заплетот се случува кога сигурната кражба на тајкунгот Макс ќе тргне наопаку и Кевин ќе биде фатен при што Макс ќе го ограби него.. Што знам интересен филм 8/10
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Последно глеан ми е фактички Револвер, ама пошто ме разочара како предлог на @turvior споредувајќи ми го со фајкла одам на вториот негов предлог кој за разлика од првиот испадна полн погодок. Реј Лиота бе. :facepalm: Ај готово. Изволте:
Германско ремек дело базирано на вистинска приказна. Рајнер Вегнер е даскал во средно училиште, нихилист по убедување, прототип на оние кул даскали со кои сите се имаме сретнато низ нашите училишта, со кои учениците се однесуваат исто како да е на нивна возраст. Против негова волја му даваат да држи изборен час по Автократија, наместо Нихилизам по негова желба. Бидејќи материјата е сувопарна и досадна, се обидува преку експеримент да им ја доближи материјата до учениците на уникатен и мошне интересен начин. И би Бранот. Другото сами ќе си видите. Супер филм со јака поента, кој во тонот неодоливо потсеќа на фајкла, има одлична глума посебно на главниот лик и е must-see за сите студенти. 9.37/10


 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Stand by Me​

936full-stand-by-me-poster.jpg

Четворица најдобри другари својата авантура ја започнуваат кога тргнуваат да го најдат телото на нивниот одамна изгубен пријател.

10/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
The Perks of Being a Wallflower
Не гледам многу вакви филмови ама овој вреди да се погледне.
Чарли е човек кој е повлечен во свој свет. По тешката трамуа од детството тој конечно добива шанса да се школува со нормални луѓе ,а неговата цел е да создаде барем еден пријател на првиот школски ден. Ми се допадна доказ како од 0 може да се стаса до посакуваната цел. 8/10
 
Последно уредено од модератор:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Screwed 2000 година
Откачен филм со солиден хумор. Батлерот е револтиран од односот на газдарицата кон него , па со негов пријател ќе дојдат до идеја да го киднапират нејзиното куче и да барат откуп од милион долари. Заплетот почнува кога кучето ќе им побегне , а газдарицата ќе помисли дека всушност е киднапиран батлерот.... Што се понатаму ќе им се случи погледнете 7/10.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
One Day 2011
Декстер и Ема ја поминуваат заедно ноќта после дипломската... во филмов се прикажани нивните животи секоја година на истата дата до кај се, што се... некогаш се заедно некогаш не...

Доста интересно филмче вреди да се гледа.. на ИМБД има скромна оценка 6.9 јас би му дал 8.0
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
88 Minutes
Напнат трилер ама далеку од тоа дека е нешто посебно и невидено. Психологот и форензичар Џек ќе добие повик дека му остануват 88 минути за живот. Од тој момент тој тргнува да го најде убиецот пред да истече времето. Главниот осмничен е психопат кој е осуден на смртна казна само заради неговото сведочење. 7/10 Онака за тепање време.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
Carrie (1976)
На постарите генерации добро познат. Додека пак на некои, римејкот од 2013 година. Неисе, јас се' уште не знам дали ми се допаднал. Од чиста причина, што сум коркачка. И навистина многу ретко гледам хорори, трилери итн... И покрај тоа што на повеќето им бил смешен и уште некои такви мислења и дека поновата верзија била многу подобра. Ама и не знам што очекуваат, од постаро филмче, според мене доста добро се доловени моментите. Мене едноставно ми беше помалку крипи. А крајот не успеав да го догледам. Го слушав, ама не го гледав, бидејќи планирав вечерта да си се најспијам. А Бога ми и наредните денови. Кога им кажав на моите, ми се чудеа зошто ми бил страшен. Ми рекоа дека бил доста интересен. Мислам мене секако ми беше интересен, ама фуфкензи вери мач. Инаку, се работи за девојка... па и не знам како да ја опишам. Доста е повлечена, има трауми од мајка си. Дознава дека има натприродна моќ, а мајка и' не се однесува најприкладно. И на нејзината матурска вечер ќе се случи пресврт.
И ондак то.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
The Secret Life of Walter Mitty


Бен Стилер, режисер и главен актер, можеби и затоа немав некои големи очекувања од овој филм, па ги исполни моите очекувања. Далеку поразличен од филмовите во кои сме навикнати да го гледаме Бен Стилер, мислам дека и време беше да има некоја посериозна улога. Прекрасна драма за човек кој зад него нема ниедно сеќавање вредно да се памети, поради што често пати се исклучува од реалниот свет и почнува да фантазира. Кога му се заканува отказ на работното место, тој започнува вистинска авантура.... На почетокот малку досаден филм, ама вреди да се изгледа до крај :)

бтв, имаше две сцени кои ме потсетија на други филмови

Од Волтер Мити


и од филмот Dante's Peak со Пирс Броснан

:D
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Griffin and Phoenix



Стандардна романса/драма/комедија, на двајца средновечни луѓе, кои и немаат баш толку едноставен живот. Ако кажам поише ќе треба цел филм да го откирам :D не дека има многу за откривање. Ме напна една другарка гледај го па гледај го она е таква емоционална плачка и ај решив да не и го кршам атерот па седнав да го гледам, и цело време мислев како е лејм, и предвидлив и глуп и се прашував зашо упорно гледам за да се најдам себеси во еден момент со кнедла во грло и како се подголтнувам :pipi: и иако можеби е нереален филмот на многу моменти, и воопшто не е разработен на многу груги аспекти сепак има јасна порака. Не би го препорачал како маст си, али за опуштена вечер со пуканки и винце и по некоја солза добар е. На имдб има 7.1/10, јас би му дал 6/10.


Noah




Значи у филмот се работи за дедо Ное, а на сите им е јасно кој фраер бил дедо Ное и како го изградил аркот и го спасил животот на земјава....
Веке го искажав мојот револт во драга кајгана, навистина очекував многу од филмот заради режисерот, можеби сум очекувал премногу, затоа што разочарувањето беше болно. Немам зборови со кои би го опишал, незнам што сакал да напраи Аронофски, мислам дека ни самоит он незнае. Не очекував нешто многу библиско али искрено не очекував да гледам трансформерс и коњаникот сабја :tapp:. На имдб има 6.5/10, јас гордо би му дал 1/10 затоа што не заслужува ни децимала повише!!!!
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Corky Romano
Добра комедија. Едно семејство кое е под полициска истрага заради затајување на данок , коцка и перење на пари единствениот спас од затвор го гледат во Корки кои се занимава со ветеринарство. Кога тој ќе биде впуштен во акција да ги украде од ФБИ доказите претив семејството Романо започнува вистинската забава. Имдб има оцена од 6.5/10 , јас сметам дека е потценет една 8/10 дефинитивно е смешен филм.
 

AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.293
Noah (2014)

Добро познатата прикаска за дедо Ное, арката и потопот од Стариот Завет, но со малку поинаков концепт.

Доста паметна акција/авантура/фамилијарна драма, со одлична глума од Расел Кроу, Конели, Лерман, срцката Ема (I love you) :love:, феноменални визуелни ефекти - особено ми се допаднаа time lapse-овите, сцената во која се објаснуваше како Креаторот ја направил земјата со сите елементи/суштества во неа, битката со The Watchers, самиот потоп...

Топло го препорачувам!
IMDb оценка 6.5, моја 9/10.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.132
Поени од реакции
13.258
Armageddon (1998)


Најверојатно многу од вас го имаат гледано. Ама ако има некој залутан ко мене што сеуште го нема гледано, обавезно да го гледа. Преубав филм, со одлични актери и глума. Се работи за мисија, во која одат Брус Вилис и Бен Афлек, а целта е да се спаси светот и тие се надежта на многу луѓе дека ќе го спасат. Премногу емотивен крај има, солзи само што не ми потекоа 10/10 !!
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.201
Поени од реакции
30.387
Gravity

Еве го изгледав филмов. Еве и рецензија ќе пишам.
Чекав да излезе филмов во HD за да го гледам, затоа се воздржував толку, но и ме мрзеше да гледам филмови.
Гравитација е филм за... па не е многу за гравитација самиот филм, освен една сцена што е уфрлена на крај колку да држи името вода.
Филмот е за... една докторка... мисија во вселената... што имаше друго... а да, по класично Холивуд сценарио, нешто оди наопаку и Сандра Булок и Џорџ Клуни треба да се спасат.
Ако приметивде досега, да се обраќам со имињата на актерите на ликовите и тоа е така бидејќи ниеден од ликовите нема да ви остави впечаток. Мене воопшто, а го гледав филмов пред неполни два часа.
Има момент кога ликовиве се загрозени да го потрошат цел кислород. И логично, кога имаш 5% воздух за да преживееш, што правиш? Ха, се разбира дрдориш! Зборуваш додека не дојдеш до 1% и почнеш да паничиш!
Покрај тоа, имате класично Холивудско сценарио, каде основните принципи на физиката и Њутновите закони не важат, за по неколку минути во исто сценарио да се активираат! Не знам, можеби премногу одам до детали понекогаш, и заборавам дека сепак е филм.
Во името на драмата, заплетот и deus ex machina. АМИН!
Тоа што вреди во филмов, е се останато. CGI, звукот, глумата. Има прекрасни слики што ме оставија без коментар. Посакував филмот да е повеќе за тоа.
Искрено посакував филмот да е само некој шубе муабет во вселената. Или опасност од црна дупка.
Штета што не го гледав во 3Д, сигурно било уште поубаво кога го гледаш така. Ти летаат сателити наоколу и сите тие работи.
И на крај ми се чини дека филмов без онаа приказна што си ја носи би бил само еден скап документарец. Или слајд шоу. Не знам. Знам дека филмов има replay value и дека би го погледнала неколку пати. Има нешто во сите тие слики што некако смирува.

tl:dr
Филмов е еден од подобрите space филмови. Ако сте љубители на спора приказна без многу значење и прекрасни сцени, гледајте го филмов. Во ХД. Гревота е.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom