Последен гледан филм со кратка рецензија

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Into the blue

into+the+blue.jpg



Филм баш за овој период од годината. Сонце, море, плажа, бикини, Џесика Алба! Имено, Алба и нејзиниот дечко(проклет да е) бараат потонато богатство во морето, но наидуваат на авион полн со кокаин. После низа заплети и кулминации, завршува со хепи енд. Ако сакате некој релаксиран филм, не се мислете, ова е тој!



Into the blue 2: The Reef
itb2tr.jpg



По првиот дел, нормално морав да го изгледам и вториот. Пак има сонце, вода, плажа, бикини, но ја нема Алба. Место неа се појавува не толку привлечната Лора Вандерворт. Всушност, цела актеркса екипа е сменета(на полошо). Приказната речиси иста, повторно се спријателуваат со негативец, само што овој пат место кокаин се работи за *спојлер*. И сега повторно има хепи енд, но не како во првиот дел. Сепак има и црна дамка на крајот, убиство на еден од позитивците.



The courageous heart of Irena Sendler
Reezu_4298.jpg



Малку ми фалеше на филмов да го побијам машкиот понос и да пуштам солза. Еден од најемотивните филмови што ги имам гледано, пред се поради фактот што е вистинска случка. Се работи за жена, социјален работник која за време на Втората светска војна спасува еврејски деца во Полска! Но, има цел сплет на околности кои во филмот создаваат неколку кулминации. Инаку, жената за која се работи овој филм починала 2008 година, истата година кога била номинирана за Нобелова награда за мир. Имала 98 години. Со тек на време ова би требало да стане еден од филмските класици, од калибарот на Шиндлерова листа!



Final Destination 4
Final+Destination+4+French+Poster.jpg



Долго време ми стои во компјутер, па му дојде и нему времето. Филмов е веќе клише за оние што ги имаат гледано првите 3 дела, или поточно првите 2! Нови убиства, претерано исценирани, ама за забава со друштво филмов добива повисока оцена отколку заслужената за гледање сам!



Maratonci trce pocasni krug
maratonci%20trce%20pocasni%20krug.jpg



Откако го изгледав Лајање на ѕвезде(за кој рецензирав претходно) морав да прочитам некоја критика за него од друг човек, чисто за да го споредам начинот на сфаќање. На еден српски форум, толку многу го омаловажие истиот во споредба со овој што сега откако го изгледав не ми се верува. Има епски наслов, доста добра оцена, но кај мене не остави никаков впечаток. Многу луѓе се `помочале` од смеање на филмот, а јас освен 2 сцени со прост хумор не видов ништо друго слично. Се на се, филм каков што не би сакал повторно да гледам!



Requium for a dream
requiem-for-a-dream.jpg



Знам, знам дека има веќе десетина пати рецензирано на темава. Но и покрај воодушевувачките рецензии и позитивните критики на нет, не си дозволив сето ова време да потрошам 700Мб на овој филм. Сега случајно го фатив на алфа и го изгледав. Речиси го изгледав. При крајот преспав. Па ова е бул-шит! Како може некој толку да пофали ваков филм. Да, да, секако дека има поука, но поука денес има и на кутија цигари, па е подобро предадена. Воопшто не ми се допадна филмот, ниту палк глумата на ликовите. Преку глава ми е од ваквите нискобуџетни филмови до небо исфорсирани( Paranormal activity, Blair witch project, Requim for a dream……)!​
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Во пет. го гледав Law Abiding Citizen. Барав по фреш филмови на нетов и после неколку фејл линкови, налетав на него ..

Приказната започнува со убиство на жената и ќерката на пред очите на нивниот маж, односно татко - Клајд Шелтон (Џ.Батлер). Сето тоа излегува на суд нормално, но само едниот криминалец (оној далеку почистиот) добива смртна, а другиот (кој ги изврши убиствата и ја силуваше жена му на Клајд) остана надвор. Клајд никако не се помирува со тоа и после 10 год. стварите ги превзема во своите раце ..

Се на се земено во предвид, филмот е добар. Иако малце е ''префилмски'' за мој вкус - тоа се како е изведено и пракажано, сепак добива од мене плусеви за идејата и оригиналноста на приказната. Ми се допаѓаат вакви филмови, кога некој после одредена збрка, ја превзема ситуацијата. Оценка - 8.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Другари дај користете
(http://www.urbandictionary.com/define.php?term=spoiler)... поготово гробарот и хендрикс со тоа има хепи енд, нема хепи енд...зошто би го гледал ако знам како ке заврши...и dude u'r so wrong за Requiem for a Dream освен што си му го згрешал името даваш убави препораки за лејм филмови али ај да не го тупам ипак се работи за вкусови но пробај да го гледаш сам,со изгаснати светла тонот на ниво и никој да не те ремети додека го гледаш.

пс -F
antom вери фани .

--- надополнето ---

он топик

"Nightmares and Dreamscapes: From the Stories of Stephen King" (2006)


Ги изгледав првите две епизоди од овај мини серијал и да признам се разочарав ...првата епизода немаше ниту една конверзација но глумата на
William Hurt колку толку направи да имам желба да ја гледам и следната за која наполно се разочарав ,вејст оф тајм...колку се лажам на филмови по книгите на Стивен Кинг кои секогаш испаѓаат утки...(со чест на исклучоци )
 
T

Tetro

Гостин
^^
За делата на Кинг, по кои се снимаат филмови:
Ако Кинг учествува во преточување на неговите новели во филмски дела, излегуваат добри работи. Доколку некој ѓи откупи правата, и сака да работи сам, ќе излезе некој пис оф шит, кој не ми се гледа, најискрено.

_____________________________________________________________________________________
Сабајле после 3-та смена, не можев да заспијам, а на хардот секогаш си чувам некои 20-тина филмови за гледање.
И така,
The Crazies (2010)

http://www.thecrazies-movie.com/#/home



Римејк е на истоимениот филм од 1973 година. Мислам дека е доста. На стара слава правење нов филм, кој ќе биде добар за помладата популација. Ама само толку, де.
Имдб оцена=6.8 :toe:
На почетокот на филмот дознаваме дека едно мало местенце го зафаќа некој вирус, биолоѓија. Скоро сите ќе заболат од него, па после бегаат оние кои ќе останат читави..... многу бегање и бегање и акција и мистерии и фантастика, научна.
Според мене, џабе потрошени саат ипол и 4/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Coffee and Cigarettes (2003)

Драма филм со познати глумци(да ги набројувам нема потреба) во 11 сцени ,секоја сцена со различни глумци но иста тематика- кафето и цигарите па ако сте пушач и зависник од кафе зошто да не го погледнете...Целата сторија е околу тие 2 нешта ако може така да ги наречам а и пораката е јасна,има и сатира и иронија за нивното штетно влијание и тако даље и тако даље..95 минути трае па може да биде досаден за поголемиот број членови на форумов затоа што сцените се фиксни и има само конверзација и ништо повеќе :).
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Law Abiding Citizen

Поприлично добра идеја за екранизација.Човек ,борец против системот. Мислам дека не утнале многу во изборот на Жерард Батлер за да го одигра главниот лик. За луѓе ко мене кои се сретнале со право ме наведе на размислување, колку исплатлив може да биде криминалот и колку дупки всушност има системот. Дотука се е во ред.
Но, зашто мора секој филм да го расипат со технологија? Машинче кое пука и убива се живо и диво, кревање во воздух.. мене искрено инвентивноста на убиствата малку ми го расипа впечатокот. Да имаше малку повеќе тет а тет средби повеќе ќе ми се допаднеше.
Очигледно чичко Рамбо ќе остане најиновативниот најперсонален убиец на сите времиња,овие другиве се се вадат на технологија:icon_lol:
 

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
Последно го гледав When in Rome, убава романтична комедија..се раскажува за една млада девојка од Њујорк, која е комплетноне среќна во љубовта, а при едно патување во Рим, таа ќе украде неколку парички од познатата фонтана на љубовта, и наскоро сопствениците нса паричките ќе се заљубат во неа. Краток е филмот, негде околу час и половина мислам, ама вреди да се види!
MV5BMTgxNzYwMjMwN15BMl5BanBnXkFtZTcwMTU5MTkyMw@@._V1._SX360_SY500_.jpg
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
THE A-TEAM

Филмчево е лудница според мене, се испокинав од смешки колку глупости има. Има стварно неколку работи претерани, ама баш му дава шмек на филмот, цело време е акција со јаки глупости, гледам и на имдб има добра оценка, па и од мене му давам 10ка. Гледајте го нема да ви биде досадно а и посмешен е од многу комедии у последно време иако како жанр е повеќе акција :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
KILLERS !!

Станува збор за Џен (Кетрин Хејзл - он фајр е моментално, за мене новата Шарлиз Терон :) ) која по прекинувањето на врската со својот дечко, оди на (rehab) одмор со своите родители во Ница. Таму се запознава со Спенсер (Ештон Качер) кој е всушност професионален убиец. И оп - рипче во тавче. Заедничкиот живот го тера Спенс да прекине со таа работа и тој не и кажува за тоа на Џен, но после 3 год. таа пак му тропа на врата ..

Интересно филмче, онака опуштено - мозок на пасење. Има од мене 6.3
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Coffee and Cigarettes (2003)

Драма филм со познати глумци(да ги набројувам нема потреба) во 11 сцени ,секоја сцена со различни глумци но иста тематика- кафето и цигарите па ако сте пушач и зависник од кафе зошто да не го погледнете...Целата сторија е околу тие 2 нешта ако може така да ги наречам а и пораката е јасна,има и сатира и иронија за нивното штетно влијание и тако даље и тако даље..95 минути трае па може да биде досаден за поголемиот број членови на форумов затоа што сцените се фиксни и има само конверзација и ништо повеќе :).
хехе Добро филмче.Не со ефекти или стории туку зборува за секојдневието и судир меѓу различни карактери...и доста друго.Навидум досаден ама кој е за уметнички филм,треба да го изгледа.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Последно го гледав небесно царство и многу ми се допадна.....
Филмот се однесува за време на крстоносните војни во 12 век,главна улога во филмот е Балијан од Ибелин кој се бори против арапскиот султан Салахадин за време на опсадата на Ерусалим.
Прегледај го приврзокот 32345
Небесно Царство на Р. Скот - мошне интересен филм, прилично веродостоен т.е. прилично неутрален. Мене некако ми засмета појавата на Орландо Блум кој многу зачести со филмови каде што има мечови, сабји и стрели. Мислам дека е преценет како актер, посебно ако се спореди со некои величини како Чарлтон Хестон или Питер О`Тул кои исто така имаа повеќе филмови со историска или религиозна, митолошка тематика.
Од друга страна Брендан Глисон (Рајналд од Шатилон), Гасан Масуд (Саладин) и Мартон Цокас (Гај од Лузињан), имаат феноменални изведби и успешно го доловуваат карактерот на историските ликови што ги глумат. Дури и маскираниот Едвард Нортон (Балдуин/Балдвин IV) кој нема многу простор и можности да дојде до израз е одличен. Ева Грин е преубава.
За оние кои се заинтересирани за крстоносните војни книгата на Амин Маалуф „Крстоносните војни видени од Арабјаните“ е навистина прекрасна можност за поблиско запознавање со тоа што се случувало на Блискиот исток во овој период.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Небесно Царство на Р. Скот - мошне интересен филм, прилично веродостоен т.е. прилично неутрален. Мене некако ми засмета појавата на Орландо Блум кој многу зачести со филмови каде што има мечови, сабји и стрели. Мислам дека е преценет како актер,
Се повеќе е тоа тренд, а за тоа се криви девојките па и момците кои генерално ги бираат физичкиот изглед пред глумата. Меинстримот владее за жал. Сум рекол неколку пати како типичен пример што прави фиизчкиот изглед, го земам Титаник. Во тој филм стави Место Ди Каприо некој грд сељак без заби и некоја слична девојка наместо Кејт па да видиш тогаш колку уствари некој го (гледал филмот) и дали истиот тој има право да го оценува како еден од "најдобрите"

Се извинувам за офтопик..
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Chicken Little

Movie_2010-04-05_00-24.jpg

Постарите форумџии ме паметат по аватарот што моментално го имам. Па случајно го најдов филмчево иако не знаев дека всушност година дена главниот лик сум го носела на аватар за да на крајот откријам дека по малце се пронаоѓам карактерно. Симпатично. :) Анимирано филмче за релаксација и убаво поминато време пред монитор. Карактерите се одлични, комичност преовладува и е доволна за да го задржи вашето внимание. Нема да го оценувам затоа што ми е онака лесен, наивен, детски и сладок. :)

The Shawshank Redemption

shawshank-280x400.jpg

О мај гад! Срам ми е што сум пропуштила толку добар, а така стар филм. :kesa:
Знам дека повеќето го имате гледано и клише ми е дури и да го рецензирам меѓутоа филмов влегува во топ 10 филмови што ги имам гледано. Не знам дали повеќе ме импресионираше приказната, глумата или музиката. Филм што не те остава рамнодушен долго по гледањето и те тера да сфатиш дека некои нешта макар прикажани на филм изгледаат толку реално. Мразам неправди и на моменти се чувствував бесно, нервозно, на моменти мудро. Битно е што ни за момент ништо друго околу мене не успеа да ми го сврте вниманието, бев целосно фокусирана и внесена во филмот, а тоа ретко ми се случува. Ова е дефинитивно must see movie. И уште еднаш, срам да ми е! :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
The Client List

Фам. Хортонс - среќно 5 члено семејство кое е на работ поради останувањето на родителите без работа, Саманта (Џ. Лав-Хјуит - МАМА МИА :back:) и Рекс. Очајна да најде работа Сем, која е инаку физиотерапевтка и поранешна мис Тексас, аплицира за работа во спа центар во гратче не многу далеку од нивното. Таму веднаш ја примаат, но всушност станува збор за малку поинакви терапии на муштериите .. :wink:

Класика - приказна која зборува за тоа дека постојат на овој свет родители кои би се жртвувале и би проголтале СЕ, за среќата и заедништвото на семејството. Но од др. страна, тука убаво е прикажана моќта на парите која умее да го потчини секој смртник, па така и Саманта во филмов - НЕ ПОСТОИ ДОСТА, ТОА Е НЕУГАСИВА ЖЕД (се додека нешто не тргне низ брдо). Ви го препорачувам филмов, добар е и поучен .. Ааа за машките, Џенифер е прав мелем на очи :) .

7.5
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
The Departed

81836-large.jpg

Обично не сакам да гледам филмови што траат повеќе од 2 часа, ме заморуваат но со овој некако брзо ми помина времето. Надмудрувањето меѓу Леонардо ДиКаприо и Мет Дејмон е интригантно, те тера да навиваш за подобриот и со нетрпение чекаш да се разреши ситуацијата. На почеток ми се смачи од претерањето користење на fuck, fucking, fuck you, fuck off и слично. :) Ме разгневија некои сцени, меѓутоа во тоа и ја наоѓам убавината, филмот да предизвика емоции кај гледачот. Би му дала 9/10.

Exam

exam_2009_300x447_9581531.jpg

Постава од за мене досега непознати глумци, но прилично интересно. Затворени се 8 луѓе во просторија во која треба да полагаат испит, но испитот не е така класичен ко што ние го познаваме. Владее напната атмосфера цело време која те става во исчекување. Метафорично ја толкував целата ситуација, собата ја гледав како свет, место во кое е заглавен нашиот живот, а дејствувањата на кандитатите како нашата желба за самодеструкција. Ретки се луѓето што го имаат вистинското сочувство кон другите, а тоа да не им носи посебен личен интерес или успех. Од овој аспект ми беше доста поучно, но исто така и ме натера да гледам на луѓето како на експериментални глувци што служат за остварување на нечии идеи. Има 8/10 од мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom