Последен гледан филм со кратка рецензија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Поентата е да заинтересирате некој со рецензија, не да опишете што, кога, како, зошто.
Има некои што не го гледале оригиналот или римејков од погоре. Внимавајте на спојлери.

Имаш среќа што ми е гледан, инаку ќе те наполнев црвенки. :devil3:
 

klime7

vending
Член од
6 ноември 2007
Мислења
1.241
Поени од реакции
52
http://www.imdb.com/title/tt1523372/



Освен сексот и згодните женски тела ништо ново немат во четвртово прoдолжение на Wild Things, запеткан е до вкрај ама сепак многу проѕирен (за сите шо гледале барем еден дел од првите три)
Првиот ми остави дефинитивно нaјубав впечаток досега, можит затоa што го гледав на кино :))
3.5/10 толку од мене
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Man Som Hatar Kvinnor (The Girl with the Dragon Tatoo) - Девојката со тетоважа на змеј 2009

Шведски филм работен според истоимената книга, дел од трилогијата на Стиг Ларсон. Филмот успеа да ме задржи 2 ипол часа пред екранот (реткост :)), ниеден момент не беше ниту досаден ниту монотон. Се работи за (според некојаси класификација) криминален трилер, истрага за исчезнување на една девојка кое се случило пред 40-тина години. Низ филмот не водат две личности - средновечен новинар и млада девојка хакер. Покрај главната истрага, јак впечаток остава и
приватниот живот на девојката и нејзините трауми кои се насетуваат низ одредени сцени
(не знам колку е сполјер, за секој случај).
Книгата исто така може да се најде низ продавниците во Македонија.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
A single man (2009)
Филм за еден човек кој после смртта на неговиот дечко , со кој биле заедно 16 години ,сака нормално да продолжи да живее.
Ама болката е преголема. Се друго би било спојлер.
Главниот актер, Колин Фирт е еден глумец кој има минимално фацијално мрдање ... а сепак ке видиш, ке почуствуваш дека страда. :)

Ако не сте gay friendly, или такви филмови не ве интригираат ... не го гледајте.
8/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Clerks. (1994)

Филмчево еваа :) ме изненади со оглед дека е прво режирано од страна на Кевин Смит-Silent Bob кој ми беше идол во другите филмови кои ги имав гледано како малишан :),a овај сум го испуштил.Интересно ниско буџетно филмче во црно бела техника :) за двајца 22 годишни другари кои работат ,едниот во продавница а другиот во видеотеката до продавницата...Сторијата од имдб - A day in the lives of two convenience clerks named Dante and Randal as they annoy customers, discuss movies, and play hockey on the store roof...и то .А има и порака филмов во единствениот момент кога ке прозбори тивкиот Боб :).

А еве ja и омилената сцена кога дискутираат за ....
(1:00- Коце Трајановски,незнаев дека пред да се занимава со политика глумел :pos2: )
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Saw VI

Не знам дали може да има погрозоморни убиства од овие во филмот. Почетокот нешто налик на делот со Шекил, коа човекот си ја сече ногата, ама ова е претерано. Не знам каков психопат од режисер треба да си за вакво нешто да направиш. Не го препорачувам на луѓе со слаб желудник. А мора да признаам дека на почетокот и мене ми одеше да го изгасам да не го догледам, ама истрајав.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Последно што гледав е Мири и Зак снимаат порниќ изрежирано од Кевин Смит и слободно можам да заклучам колку хуморот отупел од раните 90ти до 2008ма.Не дека филмов е нешто големо промашување, спротивно -има одлична уникатна приказна за 2ца цимери (цимер и цимерка:)) кои во средна школа биле лузери ...Се наоѓаат во тешка економска положба а единствената можност да излезат од таквата состојба гледаат во снимање на порниќ.
Но едноставно мене не ми се допадна,не беше во мој фазон...

6/10 ради уникатноста само
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
The Wrestler (2008)



Шо знам, и не сум толку импресиониран од филмов.
Прво позитивниве страни: глумата на Мики Рурк, саундтракот(Clint Mansell мадафака + интересни рок нумери), режијата.

Е сега, не ме бендиса одвивањето на работите, некако со недоволно добро беа изнесени сите случувања, некои кратко некои предолго.. плус очекував малце поинаков крај. Една 7ца ќе излезит од сево ова, гледам доста позитивности сум набројал.

Следно на репертоар ми е The Fountain, исто од Дарен Аронофски.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184


Одличен филм! Џексон глуми прекрасно во овој филм, а истовремено е и cold mother fucker...Кој не го гледал нека го гледа!



Според мене, за разлика од другите два дела овој е најдобар. Бојка повторно се враќа на сцената за да докаже дека е најдобриот борец! Одлични сцени со борби, приказната исто така...
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
film-poster-shutter-island[1].jpg

SHUTTER ISLAND (2010) Режисер: Мартин Скорцезе, Главна улога: Леонардо Ди Каприо. Трилер дејството е во 60 години се работи за мистериозен остров на кој се вршат експерименти на психички болни пациенти Каприо тргнува да истражува.... гледајте го филмчево. Крајот е интересно решен режисерот остава вие да одлучите за целото дејство во филмот т.е. изборот е на гледачот како ке го заврши филмот.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Book of Eli
Не ги сакам филмовите со апокалиптично сценарио,но овој ми се допадна.Најмногу заради актерската игра на Дензел Вашингтон.
Светот е во постапокалиптично расположение ,малкумината што останале се трудат да преживеат.Eli веќе 30 години пешачи кон Запад обидувајќи се да да го најде вистинското место за она што го заштитиува.Некои би убиле за тоа нешто да падне во нивни раце.
Убаво срочено филмче,барем мене ме заинтересира.
Оценка исто како ИМДБ 7/10
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Речено, сторено... го гледав The Fountain.

A У!

Како прво ова е прилично тежок филм, hate it or love it, со многу различни гледишта и сфаќања и токму тоа е убавината во него. Прочитав доста статии и гледишта од други луѓе за тоа како тие го сфатиле филмов. Повеќето се тука-така со моето.
Јас мислам
дека минатото и иднината се фиктивни, односно пренесени преку умот на сегашниот Том читајќи ја книгата од жена му. Дрвото на животот го асоцирам во минатото како лекот за Из, додека во иднината(во меурот) како самата Из која бара оживување во Небулата. Само што мислам дека приказот на иднината е запишан во книгата од страна на Том, додека досега напишаното е прикажано преку сцените од минатото.
Ептен е збунувачки да, ама сепак ако го имате гледано ќе сфатите отприлика како јас го гледам сево ова.

Друго. Не знаев дека Џекмен може олку маестрално да изглуми. Да сум искрен, на сцената кога си црташе прстен од мастило, се ежев до коска. Не знаев ни дека Аронофски е олку добар... секоја чест. Да не спомнувам од претходниот пост во темава сите веќеспомнати работи се одлични и во овај филм.

Дискусијава слободно нека продолжит во другава тема, би сакал поопширно да поразговараме и за вашите гледишта околу филмов.
Одамна олку не сум мислел за филм, на времето ко го гледав Usual Suspects и Fight Club можда, иако е сосем друг жанр ова. Дур сме кај жанрот, јас би го сместил во фантазија, а не научна фантастика како на имдб(Иако и за Троја таму не пишеше дека е воен филм, али ајде). За оценката... прво стегнав 9ка, го избришав гласот и мавнав 10ка. Од проста причина шо мислам на него 2 сати од ко го догледав.

На некој начин, филмов ти ја буди цела инспирација во тебе.
Не знам дали другпат ќе напишам поопширна литературна рецензија.:)

 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
THE WOLFMAN

Е многу ми се допадна филмов,има добра актерска екипа почнувајќи од Ентони Хопкинс, а не може да се одмине ниту Бенисио Дел Торо, но, и самото дејствое на филмов ми се допадна (малку ме потсети на WOLF со Џек Николсон).

Кај Лоренс доаѓа сопругата на неговиот брат барајќи од него помош за да се открие што го убило ,убиството е мошне необично.Изгледа како да е нападнат од ѕвер.Тоа го поттикнува населението повторно да ги оживее приказните од минатото за зверот кој некогаш убивал во местото.Лоренс се враќа дома кај татко му и почнува со истрагата.

Оценка 7/10
 
T

Tetro

Гостин
Seed (2007)
Филмот е на Uwe Boll (еден од најлошите режисери на сите времиња)
Жанр: Трилер, Хорор.



Филмот е за сериски убиец кој ѓи затвора своите жртви и ѓи гледа како умираат заробени во малата ќелија. Тој го снима сето тоа, и потоа го испраќа материјалот на полицијата.
Тие го наоѓаат кај се крие (многу е темно, и не се гледа најдобро тука)
............ но според американскиот федерален закон, ако некој затвореник на електрична столица преживее три серии од 15.000 волти секој за 15 секунди, го следува слобода. :toe:


имдб оценка: 2,5/10
моја оценка: 4/10 (само поради некои од ефектите)
 
I

Intex

Гостин
Fight club (1999)


Последнава недела гледам се подобри и подобри филмови, и за секој изгледан кажувам дека е најдобриот. Овој најдобар, оној најдобар. Вечерва го гледав fight club и за него ќе кажам, еј, овој е најдобриот драма/трилер филм кој го имам гледано.
Мислам дека филмов го менува начинот на кој гледаме кон животот. Која приказна ја има само,. Па каков пресврт има после. Да. најдобриот е ... се додека не гледам утре некој подобар. xD

Оценка: 100/10 :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom