Identity 2003
Филмот го отвара сцена во која психијатар слуша на касета исповед на пациент кој што е осуден на смрт заради убиства шо ги извршил пред 4години... Следната е еден језив хотел во кој се собираат луѓе за да се засолнат од бурата. На почетокот изгледа дека работите се нафрлани, али како одминува времето се сфаќа поврзаноста. Убав и возбудлив филм. Препорачувам.
Shelter 2010
Зашто, зашто ги гледав еден по друг?! Значи, сличен е со горниов филм. Малку натприродно вмешано, неколку моменти да ве исплашат и то би било то. Џонатан Рис Мејерс е одличен во филмов. Таман го погодиле со неговиот манијачки поглед.
Donnie Darko 2001
Може месец дена ми стоеше не гледан. Сега сфатив што сум пропуштила... Филмов е феноменален. Те тера да мислиш, а ако не ти е до тоа, откажи се од гледањето. На почеток стварно се чудев зашто е уствари зајак пријателчето, ми изгледаше дури и бизарно, за на крај да сфатам зашто...
Coraline 2009
Анимирано филмче кое ептен ми се допадна. Онака уште на почетокот приметуваш дека ке биде крипи и даркичок. Копчињата ептен ми беа морничави и непријатни за гледање.
Ништо не е совршено како што изгледа на прв поглед нели, па така е случајот и тука. Коралајн се преселува во стара куќа, незадоволна е што родителите не и посветуваат доволно внимание и и‘ фалат пријателите. Една вечер ја отвара скриената вратата која крие тунел и оди да истражи што се наоѓа на крајот од него...
Saw II 2005
Почнав со гледањето од почеток за да стигнам нели полека до седмицата. Се одлучив за двојката зашто сметам дека е подобра од кецот, бар за мене.
Подетално ни ја дава приказната за Џон, подобра глума, повише ликови за пратење... И иако кецот го гледав завчера, не открив дека Аманда е пак тука. Ми избега тоа. Сцената со иглите беше вистинско мачење за мене, али јуначки ја изгледав енд ајм прауд оф мајселф
За приказната не пишувам зашто на сите е гледан.