- Член од
- 8 јануари 2014
- Мислења
- 2.218
- Поени од реакции
- 2.075
12 Years a Slave
Најпрво има две ''ситници'' за мене. Прва, филмов има материјал за да оди барем уште пола саат повеќе. Не секој филм може да трае долго,можат само големите и јаките, а овај е баш таков. Друга замерка околу Бред Пит. Улогата си ја одигра топ,има неколку хумани реченици и шмекерски настап. Мислам дека му е дадена мала улога што не ми се допаѓа.,се појавува неколку минути а сепак впечатлива поради тоа што се бори за црнците.
Приказнава е инспирирана според вистинити случувања,екранизација на автобиографската книга на виолинистот и столар Соломон, роден како слободен човек, во својот роден град му приоѓаат двајца циркуски промотори кои му ветуваат восоко платена работа како музичар во циркусот. Без да ја информира својата сопруга тој ќе го прифати предизвикот и заминува со странците, за тогаш да биде одведен во ропство, лишен од личните документи и под ново име Плат, присилен е да работи по плантажите на големите земјопоседници....
Одлична и веродостојна глума,врвна сценографија и костимографија. Вреди да се одвојат134 минути. Нема да останете рамнодушни и сигурен сум дека ќе му се допадне на вистинските љубители на филмот. Тажна и инспиративна приказна која не води кон преиспитување,размислување, учење за храброст и пријателство,црпење снага од надежта...