Последен гледан филм со кратка рецензија

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.000
Поени од реакции
12.584
The day the Earth stood still



Ептен долго време се спремав да го гледам филмов, викендот конечно најдов време и го изгледав. Ептен ме воодушеви, прво самото сценарио, па Keanu Reeves со глумата. Во суштина се работи за нас, за нашите грешки, за неможоста да ги поправиме. Ептен добра порака носит филмов, мислам дека би требало секој да го гледат. Содржината не ви ја кажвам, пошо стварно е убав и вредит да се видит.
И ефектите се доста добро обработени. Science-fiction е, али баш ваkvite филмој, со вселена, со ванземљанци ми се најинтересни!
Едино шо не ми се допадна е то шо некако ептен брзо завршвит, во 3 минути цел филм се расплетвит. Али во глобала е супер, 9/10 би му дала. :smir:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701



Го гледав во 3 наутро , со слушалки на уши , со глас до даске , во целосно темна просторија!

Доживувањето беше одлично !

Добро е сработен ....за содржината нема да коментирам , пред мене го раскажале......само сакав да ви доловам идеја за атмосфера во која препорачувам да го гледате - нема да зажалите , плус ако сте сами во гледањето - ВЕРУВАЈТЕ ми ,нема да ви биде сеедно ако нешто ви крцне ,додека си легнувате после филмот!!

Добар психолошки хорор .....оцена 9 /10
Несмее да се пропушти!
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
2012

Филмов го гледав во кино, трае околу 2 ипол часа, кои навистина брзо изминуваат. Содржината горе доле е веќе позната од филмови со слична тематика како The Day After Tomorrow, The Independence Day и др. кои се режирани од Роланд Емерих, кој е исто режисер на 2012.
Во 2012 светот го доживува судниот ден, сонцето испушта голема енергија што резултира со цунами, земјотреси, ерупции. Американците како најпаметни тоа први го дознаа уште во 2009 и изградија огромни бродови каде можат да се сместат само најбогатите. Едно место во тој брод чини милијарда долари. Бродовите ги изградија на Монт Еверест, како највисока точка на светот која последна ја опфати цунамито.
Одлични визуелни ефекти, нагласена драма во некои моменти, има хумор. Во целина е одличен science-fiction филм. Идејата ни е веќе позната „Кој друг, ако не Америка повторно го спасува човештвото!!„
Дефинитивно го препорачувам!!! Филмов нема да ве заспие!

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Spread (2009)

Првата работа што ќе ви се допадне во филмот е што има повеќе секс отколку Сенки на Милчо Манчевски. Инаку се работи за младо момче кое доаѓа во Лос Анџелес во потрага по поубав живот, но има само еден квалитет а тоа е добриот изглед, што успешно го користи во градот полн со убави и екстремно богати девојки. Се додека еден ден не се заљуби и знаете после...

Она што ми се допадна во филмов (а обично ваквите филмови не ми се допаѓаат), е тоа што е реален и не завршува како 1000 други. Ми се допадна завршницата, а исто ми се допадна и една од фразите во филмот:

„Знаете зошто делот за полетувања и слетувања на аеродромот во Л.А. се оддалечени? За оние 30 000 млади луѓе кои доаѓаат секој ден во потрага на своите соништа, да не ги видат оние 30 000 кои си заминуваат со скршени срца.“

И така, да не пишувам повеќе поради спојлерите. Еден од оние лесни филмчиња за гледање, веројатно прв филм со Ashton Kutcher кој ми се допаднал после The Butterfly Effect.

7/10 со препорака за сите што се +18 да го гледаат (иако знам дека помладите кога ќе го прочитаат ова први ќе го изгледаат филмот :) ).
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Spread (2009)

Првата работа што ќе ви се допадне во филмот е што има повеќе секс отколку Сенки на Милчо Манчевски. Инаку се работи за младо момче кое доаѓа во Лос Анџелес во потрага по поубав живот, но има само еден квалитет а тоа е добриот изглед, што успешно го користи во градот полн со убави и екстремно богати девојки. Се додека еден ден не се заљуби и знаете после...

Она што ми се допадна во филмов (а обично ваквите филмови не ми се допаѓаат), е тоа што е реален и не завршува како 1000 други. Ми се допадна завршницата, а исто ми се допадна и една од речениците во филмот:

„Знаете зошто делот за полетувања и слетувања на аеродромот во Л.А. се оддалечени? За оние 30 000 млади луѓе кои доаѓаат секој ден во потрага на своите соништа, да не ги видат оние 30 000 кои си заминуваат со скршени срца.“

И така, да не пишувам повеќе поради спојлерите. Еден од оние лесни филмчиња за гледање, веројатно прв филм со Ashton Kutcher кој ми се допаднал после The Butterfly Effect.

7/10 со препорака за сите што се +18 да го гледаат (иако знам дека помладите кога ќе го прочитаат ова први ќе го изгледаат филмот :) ).
Зашто бе вака колега? :devil3:

Филмов е трето-класно срање, ти мора многу добро расположен да си го гледал, па не си ги видел сите мани во него.
Како прво, Ештон не знае да ГЛУМИ. Дури и во една сцена плавушата му вика "All you rely on is your beauty, you have no charm or intelligence, and eventually even the beauty will fade away"...
Мислам дека со тоа и на вистинскиот Ештон му се обраќаше, не на ликот само што го глуми. :)

Потоа, можеби е реален, али што реално покажа филмот?
Дека ако се понашаш ко глупак, нема да добиеш ништо. А крајот е ремек дело, признавам. Гарант имале прво еден крај, но тој бил премногу клише нели, па се решиле да не бидат клише.
Не бива. :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Ink



Oдлична приказна но мислам малку лошо екранизирана. Као дефинирање на соништата. Што и како се случува. После заспивање борба меѓу (вообичаено) доброто и лошото. Едните се позитивните кои ни ги подаруваат добрите соништа, односно силата и надежта, другите кои ни ја полнат подсвеста со очај преку кошмари. Во таа борба, татко и ќерка ќе се најдат во средина да се борат за душата на таткото и спасувајќи ја Emma од eternal nightmare.

6.5 од 10. Шознам.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
The Maiden Heist

Дали јас ногу очекува или е стварно ногу досаден филмо почнува добро и кога очекуваш да почне било какво дејство заплет некој продужува па по истата линија на монотонија,досада и петочно глупо расположение.И вака иде прикаската 3ца стари дртала работат како обезбедување у музеј и секој си има по некое уметничко дело шо го обожава и со години тоа му е единствената инспирација да стане за на работа ама босовите одлучуват да ги преместат сликите у Данска и они одлучуват да ги украдат......Тадааааааааааааа тоа е тоа.....
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Ретко последниов месец сум седнал на двд да пуштам филм, повеќе на серии се навртив и чат пат да видам нешто на тв, ама на тв ретко кога најдов нешто интересно, не ни паметам кога последно сум видел јак филм на телевизија.
Не е битно. Пред некој ден со друштво паднавме во муабет за филмови кои те оставаат да размислуваш за нив и те оставаат да си фантазираш долго откако ќе ги погледаш.

Јас сум го гледал филмов, ми е еден од омилените, ама го гледав вчера пак, и заслужува уште една, не една уште милион рецензии и милион зборови, ама сепак се малку за едно вакво ремек дело.

A Clockwork Orange (1971)
Секогаш кога ќе го гледам, недели потоа сум импресиониран од едно вакво ремек дело. Филм кој секој мора да го изгледа барем еднаш во животот, филм кој го гледаш и потоа зборуваш само за него и мислиш само на него.
Го обожавам, мојот прв контакт со Кјубрик беше токму овој филм, уште кога бев седмо одделение и не отидов на прв час нашкола втора смена, само да го догледам.
Извонреден микс на музика, политика, насилство, филозофии до немајкаде, контроверзност, со оглед на тоа што во Англија повеќе од 10 години бил забранет. Уникатен филм, не можам да се сетам на ниеден сличен на овој.

Секогаш е, ќе биде и ќе остане еден од најубавите, можеби за мене најдобриот филм кој некогаш сум го гледал во животов.




:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Must Love Dogs

Филмов се спремав 3 месеци да го гледам, конечно вчера го изгледав. Не сум под некои големи импресии, да не речам, класична романтична комедија, ама за поминвење саат и 40тина минути е супер. Немат ништо посебно да се кажит, aли еве еден убав цитат.
Jake: i think your heart grows back bigger ya know, once you get the shit beat out of you. And the universe lets your heart expand that way, cause that's the function of all this pain and heartache that you go through and you gotta go through that to come out to a better place.
6-7/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Зашто бе вака колега? :devil3:

Филмов е трето-класно срање, ти мора многу добро расположен да си го гледал, па не си ги видел сите мани во него.

Како прво, Ештон не знае да ГЛУМИ. Дури и во една сцена плавушата му вика "All you rely on is your beauty, you have no charm or intelligence, and eventually even the beauty will fade away"...
Мислам дека со тоа и на вистинскиот Ештон му се обраќаше, не на ликот само што го глуми. :)

Потоа, можеби е реален, али што реално покажа филмот?
Дека ако се понашаш ко глупак, нема да добиеш ништо. А крајот е ремек дело, признавам. Гарант имале прво еден крај, но тој бил премногу клише нели, па се решиле да не бидат клише.
Не бива. :)
Болд по болд... :)

1. Не очекувам некоја „длабочина“ од ваквите филмови, служат за да се опушти човек и да не размислува многу. Тоа добро го знам така да знам точно што да очекувам, уште по постерот за филмот и главниот глумец.

2. Сосема си во право. Реков дека ова е вториот филм кој ми се допаднал а „глумецов“ да е во него. Веројатно го избрале зошто совршено одговара на улогата :)

3. Крајот тотално го вади филмот инаку сексот и згодните девојки ќе беа единствена добра работа во него.

Во еден момент во филмот се вели (некако) вака: „Кажете ми дека не сте научиле повеќе од филмовите отколку од школото? Повеќе од телевизијата отколку од родителите. И што научивме? Научивме да веруваме во бајки...“

Филмот завршува како што обично завршуваат приказните во вистинскиот живот. Тоа е едно убаво спуштање на земја после сите овие глупави завршетоци од кои ми е преку глава веќе.

И нормално, никаде не напишав дека ова е ремек-дело. Ова е еден од подобрите филмови од овој жанр, кој е полн со глупави и предвидливи филмови. Мене ми се допадна.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.528
Поени од реакции
2.676
Одамна немав гледано филм со Мајкл Даглас и ај го видов уплоадиран на замунда и со оглед дека многу го ценам актерот морав да го гледам и баш ми е мило.Филмот е римејк од истоимениот филм од 1956 год.

Филмот е трилер и се работи за млад новинар кој има единствена цел без разлика колку далеку треба да иде да го разоткрие главниот јавен обвинител кој се служи со измами со кој ги добива сите случаи.Не сакам повеќе да пишувам да не кажам нешто што не треба.Го препорачувам филмот еден од поубавите што сум го гледал во последно време.Ке ве задржи на место цело време и ке се зачудите како завршува 10/10

Beyond a Reasonable Doubt

 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.900
Поени од реакции
720
Pandorum / Пандорум (2009)


Двајца астронаути се будaт во напуштена вселенска станица во собата за хибернетичен сон. Тие не помнат ништо: кои се, каде се, каква е мисијата, и единствено што гледаат е мрак, а единственото што слушаат е страшен звук од срцето на станицата! Откриваат единствен излез од собата - воздушна шахта во која влегува капларот, додека поручникот останува во собата за да следи дали ке спроведат радиоврска. Колку повнатре оди во шахтата капларот, толку повеќе започнува бродот да ги открива своите тајни пред него - тие не се сами! Биоексперименти, вируси, Мутанти, експериментални чудовишта се само дел од ужас, кој ги очекува на станицата во вселената............

Напорно филмче цело време нешто се дешава,битно ми одвлече саат и 40 минути:))))) оценка .......хммм....7/10

 
I

Intex

Гостин
Rocky I (1976)



Од сите делови на Роки, овој е единствениот кој го немав гледано. Интересно филмче со одлична приказна. Роки од никој и ништо, добива шанса за живот. Иако никој не верува дека ќе успее да го стори невозможното тој успева.
Оценка: 9,5/10


Taking Lives (2004)



Еден од најдобрите психолошки трилери кои ги иам гледано. Одлична приказна, одлична актерска екипа и најбитното напнат и непредвидлив. Човекот во кој најмалку можеше да се посомнева кој и да е од екипата, на крај излезе дека е убиецот.
Оценка: 10/10
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Taking Lives (2004)

Еден од најдобрите психолошки трилери кои ги иам гледано. Одлична приказна, одлична актерска екипа и најбитното напнат и непредвидлив. Човекот во кој најмалку можеше да се посомнева кој и да е од екипата, на крај излезе дека е убиецот.
Оценка: 10/10
Ако е овај за 10/10 тогаш, еве Se7en (1995) е за 15/10. Го гледав уште летото.
Не е лош филм, ама не е за таква оценка. Од мене 6,5 или 7 макс. од 10.

Има интересна приказна, која ќе го држи гледачот да го изгледа цел. Ама во филм како целина не е важна само приказната. Требало детективите да се однесуваат подетективски, а убиецот повеќе да личи на убиец. Уште од првиот контант, гледачот се сомнева кој е убиецот, а ниеден лик нема да наликува на прав убиец. Нешто слично кај детектвите. Не личат на прави детективи, не го даваат тоа чубство.
Значи требало да направат да се јавуваат појаки чувства кај гледачот. Сепак е психолошки трилер.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Ice Age

Првите 2 дела ми беа супер ама овој ногу за никаде ич не ми се бендиса цело време тоа па тоа Диего(тигаро) ми беше ногу глупо уклопен некако и моменто со желадо и оние створењата веке станува досадно и глупо колку и да беше интересно у 2та претходни дела.Моја оцена 5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom