Последен гледан филм со кратка рецензија

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Човек работи во cubicle и е незадоволен од својот живот.
Сака да го смени.

Исти фрази и пцуења од Fight Club. Иста директност кон гледачот. Крајот и неговиот говор пак, да не збориме. Ти текнува за што беше Fight Club?
Истото е овде, само на симплифициран начин, направено да им се свиѓа на дечките, американски ред некс, кои се палат на Анџелина Џоли и некој суртук ко ликот на МекАвој, па се замислуваат дека они се баш тој типац.

А да, ефектите се топ, не викам не, но искрено мене не ми прави мерак куршум што врти 360 степени. И во Матрикс имаше немогуче работи, ама бар тоа беше објаснето со виртуелна реалност. Али реков, ова е вкус, а првото со крадењето од Fight Club фори, тоа ти е факт.
Човек работи во cubicle...појава во стотици филмови.
Што е сличноста во крајот? Говорот не го знам на памет.Има ли некоја страна да видиме скриптот од двата филма па да споредиме? На една страна имаш куршуми што вртат 360 степени ко шо кажа и топп цура шо одлично глуми и уште еден феноменален докажан актер а на друга исто така добра актерска екипа и типац кој си има замислено другарче и фистфајт цело време. Не ја гледам поврзаноста.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ехх брату, сеа претера и ти се уфилма. Едино веруем дека си 280 пати поголем филмаџија од мене, меѓутим поред све и свашта што се снима, тон акции од типот “на тој шо му ја скршија кичмата“, овој филм е еден од подобрите. Можда пошо тебе Fight Club, кого верувам сите го гледале, ти е култен филм е причина вака остро и необјективно да судиш, ама сличности имало и ќе има што не го прави "Wanted" 280 пати полош :wink:

Добро бе па и ти, глеаш карикирав. :))))

Иначе, член 7, има нешта кои се викаат генерална идеја, филинг и начин на изразување.

Генералната идеја е лузер кој живее по правилата, филингот е тоа што оддеднаш станува звероња и го ослободува талентот во него, а начинот на изразување...па тоа се сите дијалози и фори кои ги користат.
Немам намера да ти објаснувам повеќе, значи не мора да е иста приказната, за да биде филмот украден, сфаќаш? :)
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
"Monster in low",кратко сиже:Најкратко што може да биде:свекрвата и идната снаа "војуваат" меѓу себе и на крајот се завршува со хепи енд,свадба,гости..., младенците одат на хани мун,и така сите среќно си живееја:D:D:DЏабе ќе раскажувам,нема да се добие истиот ефект,мора да го гледате,а верувам повеќето го гледале...:toe:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
За Wanted конкретно. Мене повеќе ме потсеќа на Матрикс отколку на Fight Club. Филмот ти е Hate it or Love it. За мене лично залудно потрошени 2 сати. Али не навлегвам многу во то, секој со свој вкус. Јас првенствено го гледав филмот ради Morgan Freeman и се разочарав малку, знај тој и многу подобро да одглуми.

Последно го гледав Watchmen
Одличен филм. Дејството се случува во 1985 во Њујорк. Постојат маскирани супер херои кој се презирани од општеството. Една вечер пензиониран херој е убиен од страна на маскиран човек. Друг херој по име Rorschach , кој воедно е и психопат почнува да истражува со цел да дознае кој е убиецот...

Ликовите во филмот се изглумени блиску до перфекција. Долго се чекаше на овој филм и мислам дека им се исплати. Имам само една забелешка, филмот е правен според стрип и очигледно е дека ќе сакаат да внесат колку што може повеќе материјал во него. Али времетраење од два и пол саата се премногу. Можеше неколку работи да се исфрлат, посебно тие од самиот старт на филмот, каде сите тие присеќавања со цел да се објаснат подобро ликовите стануваат малку досадни.
Покрај таа забелешка, филмот дефинитивно вреди да се изгледа.

Јас му давам оцена од 8,5/10 само заради тоа што неможам, а да не го споредам со The Dark Knigh.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245



Интересно е тоа што филмот го гледам за прв пат и после неколку години убедувања никако да му седнам. Но ете најдов прилика да го изгледам најпосле и него, и сега дури ми е јасно дека филмови од кои не се надевам многу т.е ги оставам на stand by излегува сосема нешто друго :pos2:.

Џулија Робертс и Хју Грант едноставно блескаат во овој филм, прекрасна приказна, неверојатна музика, и одлична глума со англиски акцент која ја обожавам :pipi:

Приказната за актерката Ана Скот и сопственикот на книжарата Вили едноставно мора обожавател на вакви лесни романтични филмови да ја изгледа!

7/10 :smir:​
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Абе мац нема ни потреба да ми објаснуваш ,незнам од каде тоа. Според тебе 90% од филмовите се крадени. Чек....У Dogma викаат Fuck и у Ugly Truth викаат Fuck,исти фрази....краден е вториов. Терминаторот моеше да глеа инфраред и Предаторот моеше да гледа инфраред....апашииии.Каков филинг ќе добиеш додека го гледаш филмот или отпосле си е лична работа така да не тврди многу.93 посто од филмовиве се со веќе искористена тематика.Јбг ххоливуд сакс.

Бтв,онтопик или како и да е,малце претерале со гзлачењево у 2012.Па неможе цело време да се вадат у 90та,ко Милан се ебате. Едино тоа не ми се свиѓа у филмов иначе ок си е. Како излезе од приколката коа пропадна у земја жииити сеее?????
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Абе мац нема ни потреба да ми објаснуваш ,незнам од каде тоа. Според тебе 90% од филмовите се крадени. Чек....У Dogma викаат Fuck и у Ugly Truth викаат Fuck,исти фрази....краден е вториов. Терминаторот моеше да глеа инфраред и Предаторот моеше да гледа инфраред....апашииии.Каков филинг ќе добиеш додека го гледаш филмот или отпосле си е лична работа така да не тврди многу.93 посто од филмовиве се со веќе искористена тематика.Јбг ххоливуд сакс.
Види, ја знам дека што и да пишам - ти никако нема да се согласиш со мене, од чиста причина што дојде тука за да НЕ се согласуваш. Затоа не ни пробувам да ти реплицирам за дискусија, бидејќи знам дека никогаш нема да прифатиш тоа што ќе го пишувам јас, од една страна, а и ќе пробуваш со смешни споредби и финтици да ме закопаш, од друга страна.

Затоа, јас му реплицирав на Батистута, он кажа што имаше, јас кажав што имав, продискутиравме у два поста и секој си го кажа своето.
Затоа, нека ти биде, да не ја спамираме веќе темава со нашата "дискусија" - така е, ако е Wanted краден, све е крадено, прифаќам, у реду е, у право си!

П.с. Вториот дел од постот ти е спојлер, нема смисла да им расипуваш филм на луѓе што не го гледале, еве јас на пример. :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Абе мац нема ни потреба да ми објаснуваш ,незнам од каде тоа. Според тебе 90% од филмовите се крадени. Чек....У Dogma викаат Fuck и у Ugly Truth викаат Fuck,исти фрази....краден е вториов. Терминаторот моеше да глеа инфраред и Предаторот моеше да гледа инфраред....апашииии.Каков филинг ќе добиеш додека го гледаш филмот или отпосле си е лична работа така да не тврди многу.93 посто од филмовиве се со веќе искористена тематика.Јбг ххоливуд сакс.
Moрав да се вмешам. Ради Fight Club.
Mac сакаше да долови поголемата слика. Не детали као, во тој инфраред, во другиот инфраред.
Како што кажа, генералната линија е иста. Ослободувањето на ѕверот во себе. Симплификација со повеќе акција, jaка женска, и ефекти својствено за таа година (2008). Фин филм за опуштање, посебно за тие со огромен hard-on кон Џоли, али величење на оne-hit-wonder со Fight Club? Come on.

:back:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Moрав да се вмешам. Ради Fight Club.
Mac сакаше да долови поголемата слика. Не детали као, во тој инфраред, во другиот инфраред.
Како што кажа, генералната линија е иста. Ослободувањето на ѕверот во себе. Симплификација со повеќе акција, jaка женска, и ефекти својствено за таа година (2008). Фин филм за опуштање, посебно за тие со огромен hard-on кон Џоли, али величење на оne-hit-wonder со Fight Club? Come on.

:back:
Нема никакво величење.Генерална линија е иста у милион филмови,спајдермен пред пајакот,Кларк Кент пуси новинарче,матриксот, сите тие пред и после....фак,види ги срцепарајучиве филмови,5 генерални приказни обработени на безброј начини за 100 години.
Иначе Фајт ми се свиѓа и мене поише,попсихо е филмот.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
kaj gi spoivte Fight club i Wanted???Sto im najdovte slicno???Fenomenalna psiho-drama i tinejdzerski akcija spot.
Navistina, koj kako saka,znae, moze.... neka si go prima filmot,ama ovakva paralela...sampioni ste.Fintcher da ja procita debatata ke se otkaze od reziranje
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Inglourious Basterds

Филмот е нешто неверојатно. Долго време немам гледано некое добро филмче како ова. Ми недостигаа долгите дијалози како карактеристика на Тарантино.

Глума перфектна. Бред Пит , пак со различен акцент.
Дејствието се одвива во Наци окупирана Франција за време на Втора светска војна. Неславните всушност Славни Копилина пуштени во Франција да чистат Нацисти.

Ах ... едноставно после гледањето на овој филм бев исполнет некако на чуден начин. :) Сепак крајот го краси делото би рекол ... и тука тоа се докажува. :)

The Shining (1980)
Ах ... Стенли Кјубрик и неговите морбидно - чудни филмови.
Филмов го имав гледано како мал ама го имав забораено.
Џек Николсон е пуштен да чува огромен хотел далекуу од градот и цивилизацијата за време на зимата додека е затворен хотелот. Предупреден е дека во него се случувале чудни работи и дека самотијата може да влијае на него. Хотелот сјае. :)
Значи нешто како лајт- хорор би можело да дојде но сепак го сметаат за класика во хорор филмовите.

Сеуште неможам да го заборавам Џек. Морбидно. :)
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Crossing Over


Еј,овоа човече Форд откога го неам гледано (добар е добар е) него филмо беше доста позитивно изнендувачки оти ми изглеаше ко некој онака....(е баш така) ама испадна поинтересен.Уствари у филмо се зборе за имигрантите у Америка и нивната судбина и шо се треба да напраат за таа зелена карта и исто ногу интересно поврзани приказни кој на почеток нема врска една со друга мене ми се бендиса па сеа.....ја му даам 8/10
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26


Defiance

Топ филм за тие кои сакаат историски филмови. Дејството е во втора светска војна. Група евреи пробуваат да избегаат од германците па во шумата поставуваат камп, се борат со глад, студ... А најмногу се борат да не станат говеда како германците и покрај целата мака. Филмот е направен според вистинска приказна и има неколку стварно трогателни моменти.
Улоги: Daniel Craig, Liev Schreiber
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
2.261
2012


Конечно денес го изгледав филмот. Роланд Емерих е ѕвер, без двоумење мој омилен режисер. Приказната на филмот е баш она што и го очекував/ме, нема некои поголеми изненадувања. Во овој негов филм некако многу е изразено она спасување на самиот крај(на неколку пати Кјузак се спаси и кога беше мртов). Инаку филмот на некои моменти мнооогу ме потсеќа на The Independence Day од истиов режисер. Пред се улогата на претседателите на САД, кои остануваат да се борат, како и нивните говори(во двата филма има многу слични обраќања кон граѓаните).
За графиката и звукот нема што да зборам, па Емерих е режисер, не се потребни зборови. Инаку мислам дека многу подобро ќе се доловат случките, звуците и се доколку филмот се погледне во кино. Вака дома го нема тоа возбудување, кое во кино можат да го направат звучните ефекти. Се на се на филмот му давам 9,5/10!​

Едит: Цело време се нервирам зошто Анхаузер(Оливер Плат) не изеде еден бокс!:kickbox:
 

Nikola Spasov

amerikanec
Член од
25 октомври 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
2012 poglednejte go filmov
:tv:

paranormal activity

filmov e izberan za najstrasen film na godinata 2009 poglednejte go za da vidite strav

 

Kajgana Shop

На врв Bottom