КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
86. Love Actually (Richard Curtis, 2003)

86.jpg
последен гледан филм (ако не го набројувам овде 24: Redemption, морав да го ѕирнам пак за да ја почнам седмата сезона) како и да е, Love Actually.
По трет пат. Изгледан со друштво. Интересен развој на настаните. Филмов следи повеќе приказни и има претерано многу ликови. Ама препознатливи се повеќето, од Кеира Најтли до Лиам Нисон.

Еден од оние "среќни филмови". Кога ќе го изгледате ќе помислите - добро, вакви клише приказни не постојат. Како и да е, ова е среќен филм. Колку и да не верувате во такви приказни, можеби се случиле некогаш.
во филмов секој би пронашол барем две карактеристични црти од својот карактер. Приказна за животот, за љубовта, иронијата која ја сочинува, неправдите кои постојат и добрината која владее пред се.
Мене, како на девојка која не воопшто не сака љубовни филмови (и драми, ама за тоа друг пат), филмов ми остави голем впечаток. Нема некоја посебна интересна приказна, али не знам, ме бендиса многу. Можеби поради глумците (изобилува со повеќе познати глумци, ги обожавам Хју Грант и Aлан Рикман). Филмов уствари претставува испреплетени приказни меѓу повеќе луѓе. Му давам 9/10 заради тоа што некои од приказните не се со убав крај. На пример не сфатив дали жена му му прости на Алан Рикман. И мислев дека цурата која беше вљубена во Карл мислам се викаше, ќе заврши со него. И така требаше да биде. Тогаш би му дала десетка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
85. The Imitation Game (Morten Tyldum, 2014)

85.jpg
Ќе почнам од крајот, имав големи очекувања за филмот и испадна и повеќе од тоа. Најдобриот филм за 2014та година и секако оцена 10/10

Приказната се врти околу животот на брилијантен математичар кој го глуми Шeрлок Холмс oh Бенедикт Кумбербат и се одвива во неколку временски интервали почнувајки од неговото детство па се до поствоениот период. Тој е вклучен во таен проект на владата на Британија за да помогне да се дешифрираат пораките кои Германија ги испраќа шифрирани со машината Енигма.

Неверојатна драма со фасцинантна приказна и глума, која што има и елементи на трилер. Обавезно погледнете го ова ремек дело.

p.s Sometimes it is the people no one imagines anything of that do the things no one can imagine
The Imitation Game - одличен! Првиот во 2014 кој добива 10/10 од мене. Инспиративна приказна, одлично сценарио, режија, глума, музика... Преубаво филмче.
Мене, искрено - сѐ! Но најнапред приказната. Јас, искрено, никогаш немав слушнато ни за Енигма, ни за човеков, а по сѐ изгледа и до скоро време многумина ништо не слушнале за него, а можеби му го должат својот живот. И болно е што сега Британија го слави како свој херој, а тогаш речиси буквално му пресудиле со „смртна казна“. Приказната ме наежи како ретко која.

Во последно време многу ми се допаѓаат британските филмови.
The Imitation Game растури.
Саундтракот, Камбербач :bravobe:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
84. One Flew Over the Cuckoo's Nest (Milos Forman, 1975)

84.jpg
Фасцинантна драма. Jack fuckin Nicholson! Oдлична глума, истотака одлична и потресна приказна.
Има својствен црн хумор да ве насмее но сепак доста реално екранизирано. Прикажува какво нечовечно однесување има во психијатриските установи, навикнувајќи ги пациентите на рутина третирајќи ги како во зоолошка. R.P. McMurphy е донесен од затвор таму за да биде проценет и е pain in the ass за администрацијата на болницата. Аs far as the story goes, бунтовноста и несериозноста на Николсон го чинеше многу. 9/10.
По не знам колку години вчера колегата ми го позајми One Flew Over The Cuckoo's Nest

Еве ја и најдобриот ревју според ИМБД

It's tough to really judge this movie. Is it Milos Forman's greatest directorial masterpiece or Jack Nicholson's best performance. Tough to say, but the marriage between both director and actor are quite phenomenal. From the first time we see Jack Nicholson to the sad, yet uplifting ending, one cannot escape the sheer power of the film. When a film is parodied as many times as this one has been, typically, greatness can be associated. Well, greatness was achieved, and let's hope this one never falls through the cracks.


Јас само би додал дека Форман ја доловил извонредно поентата на книгата, дека ако не се вклопуваш во прокрустровата општествена постела не ти преостанува ништо друго освен да се прилагодиш или лоботамираш.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
83. Persona (Ingmar Bergman, 1966)

83.jpg
Гo изгледав Persona.
Mе воодушеви, навистина одлично одглумен филм од само една актерка ако земиме времетраење на глума. Истата глумица гледам беше и во Седмиот печат, но таму по не се истакнуваше. Навистина комплексен филм. Посебно сцената кога го објаснуваше неверството со младите момчиња и абортусот, одлично одглумени.
Филмот е психодрама и е доста тежок за разбирање. Има се на се четири уллоги, а 90% е само дијалог меѓу две (кој се сведува на монолог).
Медицинска сестра и ментално болна жена, со тек на време си ги менуваат улогите. Неверојатен филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
82. Before the Rain / Пред дождот (Milcho Manchevski, 1994)

82.jpg
„Пред дождот“ (1994) на Милчо Манчевски ја означи последната пресвртна точка во македонскиот филм, претворајќи се во меѓник меѓу старото и новото, меѓу филмовите пред него и по него. Кога би се навратиле на овој филм од денешна дистанца, би рекле дека „Пред дождот“ претставува своевиден филозофски трактат кој на многу жесток, директен и ироничен начин проговори за небулозите и предрасудите кои во одредени делови на светот и во одредени средини го земаат својот данок наспроти цивилизацијата и вредностите, наспроти разумот и развојот, наспроти неприкосновеноста на човечкиот живот.

Овој филм прераскажан низ еден необичен круг на лица, зборови и слики, создава една фантастична целина на судбини и ликови низ која авторот проговори за злото и за бесмислицата, за љубовта и невиноста, за вербата и идеалите, но и за силата на предрасудите и омразата, односно за јунаштвото во најапсурдната смисла на тој збор. „Пред дождот“ донесе поинаква наративна структура, направи оригинален спој на класичното и постмодерното и создаде непогрешлива слика за испреплетеноста на човечките судбини, кои не можат да останат невини или недопрени и во глобалната слика на светот. „Пред дождот“ го направи најголемиот успех во македонскиот филм, освојувајќи го венецискиот „Златен лав“, понесе номинација за „Оскар“ и стана планетарно препознатлив.
можам да кажам дека Раде Шербеџија во пред дождот (Ќе врне) е сцена на која секој македонец би се наежил доека во позадна ја слишаш како оди Вања Лазарова и Анастасија-Со маки сум се родила :(
Речете што ќе речете но ако со нешто можеме да се мериме со светските филмаџии, тоа е филмот на Милчо кој освои еден Златен Лав и номинација за Оскар. Во секој случај, кругот на Милчо не е тркалезен, но е круг на насилство, кој раѓа ново насилство. Со убавиот саундтрак на Анастасија, одлично завршената работа со камера и начинот на кој е раскажана приказната, филмот си ги заслужи позитивните критики. Се надеваме дека Милчо еден ден ќе успее да го надмине ова дело.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
81. The Elephant Man (David Lynch, 1980)

81.jpg
Не знам како не сум го гледал вој филм претходно.Стварно прекрасен филм.
Anthony Hopkins во главна улога и John Hurt.
Се работи за доктор,којшто случајно открива еден случај на човек со тежок физички деформитет.Толку тежок деформитет што луѓе даваат пари за да видат таков фрик.Докторов го згрижува во болницата да го испита,да види дали може да се излечи,самиот запрепастен од условите во кои живее и начинот на којшто се понашаат спрема него.
Филмов носи длабока морална порака на многу убав и прецизен начин објаснета.Го препорачувам на тие што сакаат да гледаат и малку поинаков филм од тие филмови на кои сме "навикнати" да ги гледаме.
Од мене оценка 10(една од ретките :smir:)
Топло би им го препорачал на сите што сакаат да го избегнат секојдневното срање:pipi: на телевизија. Црно-бел филм with Anthony Hopkins as the surgent..

Оцена - 8/10 - покрај сиромашниот и до некаде глупав старт, се на се одличен филм.
Ова е еден од филмовите кој имаше почеток но немаше крај за жал
(Иако се заврши да кажеме хепи пронајдокот прво тортурата која му се вршеше беше спасен од тоа насилството које го тиштеше самиот третман кој го добиваше секојдневно и тоа како некој се погрижи убаво за него па дури успеа да ископа што всушност му се допаѓа која е неговата страст ајде ако може така да пролета зборот) но ми е без крај празеН.

Филмот си тргна фино приказната се убаци тука маестро Хопкинс го згрижи но некако целата прича ми умре откако кажа нема лек другар цел живот ќе бидеш таргет но тоа е лично она персонално неможам да го ставам тоа на генерално ниво и да се борам со лавови у ринг ме разбирате

Човекот слон раскажува за тоа колку е тешко да бидеш таков каков што си ...

Мислам дека денеска баш живеме во тоа време кога сите се раѓаме како што и гласи насловот на филмот The Elephant Man знаеш се раѓаш таков и во општеството има луѓе како хопкинс грижлив добар и разбирлив према другите луѓе во случајов се мисли на слонот(што и самиов филм те тера да не се избегнуват таквите лица во општеството да не бидат цел осудувани и слично) или ќе постанеш како тие одвратно немилосрдни животни(да) кој сакат да се изживуват врз слабите и поинаквите овој филм не опфаќа само овој дел мислам приказната со слонот фаќа големи широки рамки зборува за различноста,за злобата на луѓето,лошите постапки зборува за светот таков каков што е (Стварно не мислев да копам зборови-да пишујем книга нешто демек чисто онака да си се искажам што ми лежи па кој ве ебе) ....

На моменти филмов згрозуваше кога се изживува кога му истурија алкохол,бакнежите тоа е таа болна фантазија на Линч-Типот е и пациент и доктор на самиот себе КРАЈ

Но замисли ако ова се води според некој американски она типичен холивудско сценаријо најверојатно филмов би одел вака

Дејствието би се водел во некоје училиште каде што ќе има некоје дете со блага ретардација каде останатите деца ќе го малтретират сцени вообичаени ќе доминират буткање на тетратките,удирање по рака,брцање во вц школка,тепање покажување пред главната пичка у школото(плава мора да е) е ти текнује

За филмов имам само да додам уше една реченица а одлично ми се вклопува

I used to wonder why they was here, anyhow. A bunch of goddamned sons-of-bitches
looking for somebody to make fun of.'"

Ова е моје гледиште на работите и истото немора да е точно
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
80. Fracture (Gregory Hoblit, 2007)

80.jpg
На филмов налетав случајно, претурајќи по имдб и барање на занимација. Да бидам искрена прв пат слушнав за него, можно е да бил дискутиран во темата за генерална дискусија ама јас немам видено.

Вили Бичам (Гослинг) е успешен млад адвокат кој има одличен процент на добиени случаи во своја полза и во исчекување е на ново работно место. Моменти пред да ја напушти старата работа, добива повик од неговиот шеф да заврши една навидум рутинска работа, не претпоставувајќи дека тој случај ќе стане негова агонија и опседнатост во исто време, но и најтежок случај во кариерата. Од другата страна пак го имаме Тед Крофорд (Хопкинс) кој пука во неговата жена со намера да ја убие но со пред тоа одлично осмислен план како да се ослободи од обвиненијата, иако исходот изгледа преочигледен.
Нема епитети со кои може да се опише глумата на овие два централни карактери. Хопкинс - стандард, зарем треба да се трошат зборови за ваков актер? Уште една улога на негативец изглумена на негово ниво. За Гослинг во филмов само може да се каже дека е јасно зошто неговата кариера за толку брзо време има добиено таков експоненцијален тек. Неговата агонија и немоќ на почетокот се претворија во вистинска пасија потоа, кои Гослинг ни ги прикажа на исто ниво како и неговиот противник Хопкинс што ни ја покажа неговата добро позната ладнокрвност. Навистина не можам да одлучам кој од нив двајца подобро одглуми во филмов.

Што се однесува до самиот филм, тој припаѓа во оние филмови за кои се вели дека нема да почувствувате кога поминало времето. Многу точно. Но имам само една замерка за крајот - пребрзо се расплети дејството, дури и како да протрчале сценаристите во тој дел. Зборувам за
начинот на кој Гослинг дојде до доказот. Па и уште на крајот кога неосетно му влезе дома. :eek: И што беше глупоста со телефоните на масата кога се потенцираше дека инспекторот има ист телефон како Гослинг? Погрешно наведување, на моменти почнав да мислам дека и инспекторот е вмешан во тоа. Според мене многу непотребна сцена.

Како и да е, сепак го препорачувам филмов, одлична глума како што нагласив, без премногу ликови и објаснување зошто Гослинг е меѓу најдобрите (помлади) актери во моментов.

8/10, поради забелешките во спојлерот.
Мистерија, во која успешен иноватор и бизнисмен, кој вооедно е и многу паметнен ке успее да го изманипулира законот, на начин на кој што он сака. Женаму е помладна од него, жена во средни години, но мн атрактивна физички, го вара со згоден, рандом тип. По случакава типов се одлучува на најгруморозниот начин на одмазта.. Филмот е одличен, го препорачувам, од мене има 9тче.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
79. The Boy in the Striped Pajamas (Mark Herman, 2008)

79.jpg
Филм според истоимениот роман за деца на Џон Бојн во кој, преку детската чиста душа и невиност е прикажан највалканиот период од човечката историја. Детското срце не знае за непријател. Не може да биде гневно и не може да следи сувопарни идеологии. Детското срце сака да истражува. Сака да верува во искрено пријателство, да гради свет од својата имагинација и да биде среќно во него. Мене посебно ми се допадна кратката содржина на книгата која ја прочитав. Авторот успева на секое дете да му ги прикаже ѕверства на кои е спремен човечкиот вид без при тоа да го повреди неговото чисто срце. Го внесува на едно место оделено со бодликав жица од детскиот свет и мала невина фигура на дете од другата страна, дете во валкани пижами.
Многу тежок и емоционален филм останав без зборови.​
Другарство помеѓу две невини деца. Бруно син на командир на логорот го запознава Шмул кој пак е сместен во логорот. Тој не знае што се случува и каков е животот позади таа жица.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
78. Citizen Kane (Orson Welles, 1941)

78.jpg
Филм кој веројатно на поголемиот дел од вас им е познат, од многумина сметан за најдобриот некогаш снимен филм. Е сега од тоа не произлегува секогаш нешто добро, бидејќи кога со толку големи очекувања се одлучуваш да гледаш одреден филм, големи се шансите да бидеш разочаран. Затоа најдобро е да се тргнат сите тие работи на страна, и со ладна глава да се проследи филмот. Токму тоа јас и го направив со CK.
Да почнам прво со тоа колку револуционерен е овој филм, кога станува збор за филмските ефекти. Снимен е во 1941 година, и претставува режисерско деби на големиот Orson Welles. Начинот на кој филмот е сниман и иновативните визуелни ефекти нема да ве остават рамнодушни, дури и за денешни стандарди претставуваат нешто посебно. А тоа што го направило филмот уште попривлечен за тогашната публика е главниот лик Charles Foster Kane, кој што по многу работи е сличен со вистинскиот медиумски тајкун William Randolph Hurst (оние поупатените знаат за кого станува збор, пионер на сензационалистичкото новинарство...).
Филмот започнува со смртта на Kane, и последниот збор кој што излегува од неговата уста - Rosebud.
Уредникот на еден весник е убеден дека позади тој збор, се крие нешто многу важно и на своите репортери им дава задача да го дознаат вистинското значење на тој збор. Како што напредува истрагата на еден од репортерите, толку повеќе дознаваме каква всушност била животната приказна на овој медиумски магнат. Со оглед на популарноста на зборот Rosebud, дури и ако не сте го гледале филмот веројатно претпоставувате каква е позадината, и која поука се извлекува на крајот.
Морам да напоменам дека не е нешто особено забавен филм (времетраењето на филмот е 2 часа) и не е многу лесен за гледање, но остава прилично добар впечаток (се разбира, in the end, токму тоа и го сакаме од филмовите;)).
Морам да признаам дека иако не би можел да го сместам во моите најомилени филмови, имам огромна почит за CK, со оглед на тоа што е еден од највлијателнитe филмови во кинематографската историја.
Мојата конечна оценка за Citizen Kane е 8/10
интересен стори телинг трилер. Карактеристичен е поради тоа што за првпат е воведена техника филм во филм.
Филмов почнува како еден славен публицист умира, а неговиот последен збор на смртната постела е Rosebud. Млади новинари, поттикнати од овој настан истражуваат да откријат кое е значењето на овој збор, притоа посетувајќи многу пријатели на Кејн.
Филмов ме навлече да го прелистам после тоа повторно и да ја пуштам првата сцена. Овој е меѓу првите режирани на Орсон Велс, човек кој има оставено големо творештво зад себе.
На еден странски форум имаше топик - Дали Граѓанинот Кејн е најдобриот филм на сите времиња?
Вреди да се погледне, поради тоа што приказната гледана од повеќе личности оди во една неизмешана насока, за да дојдеме до заклучок.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
74. The Wizard of Oz (Victor Fleming, George Cukor - uncredited, Mervyn LeRoy - uncredited, Norman Taurog - uncredited, King Vidor - director: Kansas scenes, uncredited, 1939)

74.jpg
И овде се мислевме дали во светска кинематографија или не, ама таму сепак е најжестока конкуренцијата а овде има слободен простор. А филмов е таткото на сите останати фантазии. Само погледнете која година е направен и се ќе ви биде јасно. Има премногу референци во различни филмови и серии, затоа што е култен филм и понапредните филмомани веќе го имаат гледано, ама сепак, основен, најосновен филм ако се почне од негде со овој жанр.
Плачам на филмови!
Цена по договор.

Цмизрам на се бе. Немам критериум во последно време. Цмиздрам на шпански серии, нискобуџетни филмови, политички емисии...
Еднаш се расплакав на Волшебникот од Оз. Тоа ми беше врв на кариерата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
73. Law Abiding Citizen (F. Gary Gray, 2009)

73.jpg
Ууу, напнат филм, навистина морам да признаам. Всушност поентата на филмот е да се покаже дупката на правосудниот систем во Америка и како всушност многу лесно можеш да си играш мајтап. Нормално тоа лесно е под наводни... :)
Се работи за човек чија жена и дете се убиени, а вистинскиот убиец добива само 3 години затвор, а соучесникот смртна казна... на денот на смртната казна се случуваат чудни работи и од тука почнува целата заплетканост.
Џерард Батлер е сјаен во овој филм, немам зборови - макар што јас очекував малку позаплеткан крај. Само заради тоа има 9.5/10.
The Usual Suspects и Fracture овај е трет во иста група со нив. Инаку одличен трилер и не претерувам кога го велам тоа, снимката беше кино ама не претставува некој проблем затоа што не е филм со специјални ефекти така да можи да помини со таква снимка.
Ова е филм кој што со својата неизвесност и загадочност ќе го задржи вашето внимание до крај нема шанси да го предвидете дејствието и избегнува секакви клишеа од претходни филмови со кои што ќе го споредите. Ретко добар филм кој што со вакво или слично сценарио излегува еднаш на неколку години.
Одлично филмче со Џералд Батлер во улогата на Клајд. Ќе му ги убијат жената и децата пред неговите очи, тој што ќе ги убие ќе добие никаква затвроска казнан поради начинот на кој што функционира системот. По неколку години Клајд се враќа и решава на многу чудни начини да им врати на сите оние кои се дел од системот и посебно ел од тој случај. Се на се супер склопено филмче со одлични пресврти.
9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
72. Memento (Christopher Nolan, 2000)

72.jpg
Очекував заебан филм, но до овој степен не. Уствари филмот не е “заебан“ дур го гледаш, туку отпосле кога ќе сфатиш дека ништо не си сфатил. Капа до колена за цела продукција, за целото сценарио и замислата, значи генијална идеа и филмов е одлично смислен и разработен.

Нешто другар ми кажуваше демек супер замислам, но досаден и мачен бил филмов на делови, ама мене во ниедна секунда не ми беше досаден, максимално возбудлив од почеток до крај. Значи за тие кој не го гледале (ако има такви) се работи за човек кој има кратко помнење и запишува белешки за да му се олесни животот и за да може да се одмазди за убиството и силувањето на неговата жена. Друго не би сакал да откривам филмот ниту за случувањата ниту за начинот на кој течат истите. Топла препорака до сите кои го немаат гледано, независно какви филмови преферираат, ова е MUST SEE филм.

И секако не е баш филм ако сакате да изгледате за опуштање, лабаво, без да го замарате мозокот, сепак треба доза на концентрација и пратење, а и кај 99% од луѓето и да читаат после на нет за филмот па да видат нивното сфатено, со сфатеното на други гледачи. Како и да е, од мене чиста 10ка.
Вакви филмови вредат да бидат репризирани одново и одново, може претходно иам пишувано за него али еве пак.
Совршенство од филм кој се гледа на само. Крајно напнато, нема дел од филмот кој што не е битен. Гледајте го внимателно за да не се чудите од кај ова сега, зошто ова вака. Испуштите ли нешто, џабе го гледавте. Не кажувам ништо од приказната, што и да кажам нема да ви доловам-ќе си гледате:)
филмов спаѓа во категорија психолошки трилери. Снимен е за некои 25 дена. Ако го гледате филмов, ќе размислувате за него со денови. Можеби главна тема за инспирација, но од ко ќе го изгледате ќе ви се вртат во главата само информации. Оригинално сценарио.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom