Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


Escape from New York

Далечната иднина ..1998 г. Америка има пораст на криминал од 300 %. Драстични мерки се преземаат. Менхетен е претворен во огромен затвор во кој сиот олош од земјата се собира и става таму. Околу островот се поставени и мини, зидови и митралезки гнезда. Во меѓувреме авионот на претседателот прелетува од таму и е соборен а претседателот заробен. Освен Снејк Плискен не може никој друг да го спаси претседателот. Проблемот е што Плискен не е многу патриотски расположен. Решение? Вметни му во телото микроскопски експлозиви кои ке експлодираат во рок од 24 часа доколку не отиде во траг на претседателот. Que the rest of the movie. Класика :)

Направен во 1981 од Џон Карпентер кој тука е во врвот на својата креативност (која за жал завршува 1996) филмов за мене претставува безвременски класик(секако доколку се занемари фактот дека дејствието е 1998г.). Карпентер успева од Плискен да направи еден од најинтересните филмски анти-херои на сите времиња. Он е себично копиле но сепак поседува чуство што е добро а што е лошо. Многумина после филмов пробуваат да го имитираат ликот но никој не успева да го долови кул факторот на Плискен. Освен можеби еден јапонски дизајнер на игри кој обожава да прави шуњачки игри.

Саундтракот е феноменален. Карпентер очигледно го обожава синтисајзерот. Тоа е чуството што го добивам кога гледам негови филмови. Или тоа или не знае друг инструмент да свири. Во повеќето свои филмови он сам ја прави музиката како и тука. За разлика од други акциони филмови во кои има инструментални фанфари кои ти прават желба да најдеш било кој во близина што ти е и да му ја опнеш една по глава овде музиката е воглавно спора и одговара со текот на филмот со оглед на тоа колку Плискен не е особено заинтересиран за задачата пред него.



Плус поени за филмот, неверојатните џигерици на Курт Расел.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Омилениот ми Тим Бартон се врати со повторно анимиран филм од типот на @Corpse Bride. Му се радував многу на филмот уште кога дознав дека ја обновува приказната од 80-те години кога тогаш беше преточена како краткометражен анимиран филм. За разлика од неговите драми, анимираните филмови ми се далеку подраги, посебно тоа што работи со stop motion техника.

Не ме разочара воопшто. Приказната ми е феноменална. Виктор Франкештајн е момче кое е малку “поинакво“ од другите. Ја сака науката и се она поврзано со неа, и најголемиот дел од слободното време го поминува со кучето Спарки. Живее во Њу Холанд, мирно градче кое е центар на чудните случувања, многу често има невреме проследено со громотевици. Еден ден Спарки ќе биде согазен и умира, па Виктор е безнадежен во врска со неговиот живот. Решава со помош на електрицитет да го оживее своето куче. Но откако го оживува, Спарки ќе се трансформира во злобно куче, па почнуваат невољите во Њу Холанд.

Предобро филмче. Засега тој ми е фаворит за анимиран филм на Оскарите. "Brave" беше исто добар, но според мене недоволно за да го земе Оскарчето. Сакам да ги изгледам уште Wreck-It-Ralph, ParaNorman и Hotel Transylvania.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Lincoln (2012)

E филмот кој оваа година ќе победи во категоријата Најдобар филм и уште неколку други. Верувајте ми, немам промашено од 2009, иако само лани победи филм за кој што навивав.

Зошто Линколн ќе победи:
1. Типичен оскаровски материјал
2. Една од омилените историски теми на американците за која што ќе се врзат емотивно.
3. Даниел Деј Луис.
4. Ако можеше The King's Speach...

Да расчистиме набрзина: филмот е многу добар, но јас никогаш не би гласал за ваков филм да добие Оскар. Филмот има една многу добра и една многу лоша страна, и двете се викаат Даниел Деј Луис. Добрата страна е што човекот е актериште, одигра одлично и ја поврза публиката со главниот лик. Го понесе целиот филм на свои плеќи и треба да му се заблагодарат за сите награди што ќе ги освојат. Лошата страна е што освен Даниел Деј Луис ништо друго не се случува во филмот, многу слично како во Говорот на Кралот со Колин Фирт.

Обично историските филмови се полни со интересни ликови и содржини, но Линколн е one man show. Сите останати се апсолутно здодевни, Томи Ли Џонс е зрел за во пензија а Џозеф Гордон Левит потроши една улога за ништо. Единствено Сали Филд имаше добра улога бидејќи ја предраматизираа.

И покрај сите овие работи Линколн вреди да се изгледа исклучиво поради перформансот на Даниел Деј Луис за кој можат уште од сега да му го дадат оскарот. Кога сме кај филмовите за правата на црнците, Амистад на Спилберг далеку повеќе ми се допадна.

8/10 според мене е реално ниво за филмот, препорака да го изгледате за да бидете во тек и Бене, пази да не го симнеш тој со вампирите.

Одиме понатаму:

Life of Pi (2012)


Во 3D. Мераци.

Визуелен мастерпис. Како старецот и морето, ако старецот беше младич и имаше тигар во кајчето.

Не сум сигурен како да ја напишам содржината на филмот без да спојлерисам, затоа што не е се како што изгледа. Филмот започнува со возрасниот Пи кој му ја раскажува својата неверојатна приказна на еден млад писател. Во приказната, семејството на Пи се сели од Индија во Канада со брод, заедно со животните од нивната зоолошка градина кои татко му на Пи планира да ги продаде. Но се случува бродолом после кој Пи завршува во кајче заедно со неколку животни, помеѓу кои и еден бенгалски тигар, права ѕверотиња... Пи е сега само последна алка во синџирот на исхрана. Што се крие понатаму во приказната ќе си откриете сами. Инаку направен е според новела и колку што знам доследно ја прати од почетокот до крајот.

Околу другите работи, визуелно како што реков филмот е прекрасен, ако го гледате во 3D доживувањето е комплетно. Ако не ви скокнал тигар на седиште додека јадете пуканки, ништо не сте виделе :)

Она што не ми се допадна е нараторскиот карактер и праволиниската структура, јас би го направил покомплициран со шок-твист при крајот... но и вака како драма може да помине.

Не верувам дека овој филм има шанси за оскар но се надевам барем дека за визуелните ефекти ќе биде награден.

8.5/10

Не го гледајте на без везе снимка, аман :)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Thank you for smoking (2005)


Филмот шо требаше да го глеам порано.
Филмот шо заслужува многу повеќе публицитет.
Филмот шо треба обавезно да се гледа ако се двоумите да престанете да пушите.
Одличен експлоатистички филм (шо е реткост),дијалогот е фантастичен , темпото е перфектно, во никој момент не здосадува филмот.
Темата воглавно е за начинот на кој тутунските корпорации ги користат сите можни средства за да им успее пропагандата "колку е кул да пушиш".
Но има моменти филмот каде оди подлабоко ,улогата на родител, тим МОД и нивните состаноци(кој гледал знае за шо пишувам , а кој не ..ќе дознае):)
Глумата е чиста 10-ка , Арон Екарт е врв во филмот , но и споредните улоги ептен добро си ја вршат улогата.
Сценариото можеби е најдобриот дел:Поучни дебати,лицемерие, искористување,одмазди,сето тоа пропратено со балансирана комедија.

7.7/10 на имбд
од мене 10-ка (y)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Mientras Duermes (2011)

Не знам колку ве има овде фанови на шпанските трилери, но јас сум дефинитивно еден од тие, и секогаш кога ќе испадне нов имам потреба од гледање на истите. Приказната е генијална, нешто што досега не сум го сретнал по филмовите (иако сигурно може го има). Станува збор за Цезар, портир во една зграда каде што секој ден со соочува со животите на станарите кои влегуваат и излегуваат од зградата.

Филмот започнува со неговиот “обид“ за самоубиство на кровот од зградата, но продолжува филмот па се` до крајот ќе ја видиме всушност причината зошто не го сторил тоа. Уствари тој е несреќен, нема никаква причина за живот, ја има само неговата мајка која ја посетува секојдневно. Но она што тој го крие е тоа што секоја вечер оди под креветот на Клара, една од станарките, и откако таа ќе заспие тој ја успива со течност и и` прави работи кои ќе ја направат несреќна. Воедно неговата цел, како што и кажува на мајка си е дека сака да и ја тргне насмевката од лицето на Клара како што таа им направила нив (не ја сфатив причината до крај зошто тој ја одбрал неа како мета).

Генијален трилер, одличен саундтрак, и напнато дејство. До крајот нема ни да очекувате какви се настани ќе се случат, филмот остава секој гледач да е под штрек (во буквална смисла на зборот).

 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Napoléon


Не знам колку од вас го имаат гледано филмов, знам на времето имаше премиерно прикажување на А1, тогаш не го загледав ко што треба па се решив да ги симнам деловите. Инаку според официјалните информации се работи за ТВ серија од 4 епизоди. Јас го класифицирам повеќе ко филм во четири дела затоа што секоја епизода трае по саатипол. На крај краева не е ни важно, она што е важно е историската точност на хронолошки подредените настани и совршениот начин на кој тие се прикажани во филмов. Едноставно некои аспекти на филмот како костимографијата, камерата, кадрите, кинематографијата, битките и поставеноста на војските на Наполеон и неговите противници, како и текот на битките се доловени низ перфектни детали, со еден збор вистинска историска лекција. Тоа е делот што највеќе ми се допадна морам да признаам и мислам дека подобар историски филм немам гледано до сега. Втората работа која што морам да ја споменам е Christian Clavier кој што го глуми Наполеон. Момаков ем е Французин ем е метро и жилет. :) Дури и кога би си го замислил Наполеон уште пред да го гледам филмов подобар лик од овој сигурно немало да смислам. Едноставно човеков ја доловува есенцијата на една историска личност како Наполеон, кој е прикажан како човек со огромни амбиции и егоцентрик кој постојано ги наметнува своите планови, човек кој оди до крај и не попушта без оглед на се т.е пати од комплекс на супериорност, страстен човек со многу љубовници и богзнае колку деца. :) И покрај тоа што се покажа како еден од најдобрите воени стратези едноставно не знаеше да каже доста во моментите кога тоа беше најпотребно и е виновен за преполовувањето на популацијата на Франција, така да не би можел да се одслика како историски херој туку како налудничав лик кој единствено може да се најде во друштво со луѓе ко Хитлер и Александар. За неговата големина доволно збори една битка против Прусите кога знаменосецот на Французите е убиен, Наполеон го зема знамето и буквално сам и бестрашно ја предводи војската во смртоносен јуриш иако тоа не му беше баш паметно, до душа и тогаш ги придобива симпатиите на француските војници .:)
Според мене неговата најголема победа е битката кај Аустерлиц, кај што буквално со финта ги смачкува Русите и Прусите
.:) Еве ја битката во филмот, кој го интересира како изгледа сето тоа


Инаку во филмот се прикажани и попознатите битки на Eylau, повлекувањето од Русија, Waterloo и многу други кои не можев да ги запомнам.
На последнава битка може да се види која тешка будала е кога со 100 000 војска се решава да им се спротистави на 700 000 војска составена од Пруси, Руси и Англичани
предводени од легендарните британски генерали Нелсон и Велингтон и рускиот генерал Кутузов. Тоа збори дека се работи за човек со исклучителна храброст, но и за човек без крупули и обзири кој би газел и преку мртви трупови на свои пријатели за да стигне онаму каде што сака. Иако постојат и некои позитивни страни на ликот и делото на Наполеон, тоа е човекот кој се избори за Републиката во Франција против тогашните тирански монархии и ројалистите со начело слобода, правда и еднаквост. :) Уствари и заради тие негови вредности кои што сакаше да ги рашири започнаа војните со останатите земји,
иако си се прогласи за император :)
, мислам дека има донесено и некаков си Наполеонов код кој е застапен во правото на многу земји и ден денес. Други пофални зборови би можел да упатам и кон актерската екипа која се состоеше од Изабела Роселини како Жозефина (жената на Наполеон и неговата најголема љубов), Џон Малкович (министерот за надворешни работи), Жерард Депардје (министер за внатрешни работи). Она што не ми се допадна во филмот е тоа што го гледав на англиски а инаку сниман е и на француски по втор пат (не е синхронизиран), така што Наполеон заедно со Депардје имаат многу лош англиски, додека Џон Малкович цепа на бритиш инглиш додека останатите амерички, така да се дешава вистинска карамкаша кога ќе сублимирате на крај. Тоа е единствената забелешка која сепак не е мала. Се на се супер филм кој сеуште важи за најскапиот европски филм со буџет од, не ме фаќајте за збор, 46 милиони евра.:)
 

Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
Филмов заедно со неговото продолжение се дефинитивно најдобрите романтични филмчиња што може да ги најдете.Многу ми се допадна тоа што не одат по стандардниот холивудски шаблон на boy meets girl , boy falls in love и сите такви срања.Оваа приказна е практично дијалог меѓу двајца млади кои се среќаваат на воз што оди за Виена.Момчето треба да утепа еден ден во Виена затоа што авионот за во Америка му тргнува наредниот ден а пак девојката оди за Мадрид.Ќе започнат муабет во возот по што Џеси ќе ја покани Селин да му прави друштво во остатокот од денот и така почнува нивната авантура низ Виена.Глумата е одлична и од Итан Хок и од Џулија Делпи а муабетите што ги водат едноставно се мерак за слушање.Дефинитивно еден од паровите со најголема хемија што се појавил на филмското платно.
Дејството се случува 9 години по нивната прва и едниствена средба во Виена но овојпат Џеси и Селин повторно се сретнуваат во Париз.Во меѓувреме Џеси станал познат писател и се наоѓа во Париз за промоција на неговата најнова книга во која всушнот ја опишал неговата ноќ помината со Селин пред 9 години.Селин пак живее во Париз и е новинарка која пишува критики за книги и на пат до нејзината омилена книжарница го здогледува Џеси.Повторно почнуваат разговор шетајќи се низ Париз овојпат си кажуваат како им оди во животот и како им поминале тие 9 години од нивната прва средба.Повторно се забележува некоја хемија меѓу нив иако Џеси е веќе женет и има дете.Исто како и првиот дел целиот филм е дијалог со прекрасните пејсажи на Париз од кои застанува здивот.Уживајте.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
- Age of innocence

Базиран на истоимената новела од Едит Вортон, од 1920 година, во која се зборува за првите висококласни семејства во Њу Јорк (од втората половина на 19иот век), со современи погледи, но сепак традиционални вредности. Њуланд Арчер (Даниел Деј-Луис) е успешен адвокат, верен со Меј Веланд (Винона Рајдер) - убава, но конвенционала девојка. Љубовта и планираниот живот на Арчер се ставени на раскол по пристигнувањето на братучедката на Меј, егзотичната и софистицирана грофица Елен Оленска (Мишел Фајфер). Мадам Оленска е страсна љубовница, која се бори за развод од нејзиниот неверен сопруг (гроф од Полска), поради кој што таа дирекно стана социјално отфрлена, на големо незадоволство на нејзиното семејство кое што сака да си зачува ''чистиот образ'' и да избегне скандал. И покрај тоа што чувствата на Арчер спрема Елен непобитно растеа, тој ја убеди нејзе да се повлече од разводот, а притоа му стануваше мачно, но воедно и јасно дека остатокот од својот живот ќе мора да го помине во безчувствителен и плитон брак со Меј. Прашањата во тој момент што ескалираат се : Дали тој да ги почитува социјално прифатените вредности, или вредностите во неговото срце ?

 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Yor: Hunter from the future

http://www.imdb.com/title/tt0084935/

За ова филмче немаше да дознаам да не беше Spoony.

Имено, ова е филм од Б продукција, снимен во 80тите. Приказната е за Јор, русокос пештерко кој еден ден ќе наиде на село во опасност од диносаури, ќе ги спаси и од тој момент почнува авантурата. И тоа каква авантура! Филмот во себе вклопува - диносаури, пурпурни пештерски лица, воини во некое пустинско место и луѓе од напредна цивилизација кои имаат за агенда... ОК, ова звучи премногу чудно. Зошто има толку многу бизарни ствари во еден филм? Искрено, ни филмската екипа не знае, ама толку добро ги склопиле работите да си кажеш дека ова е еден од оние Б филмови со добра идеја и воедно филм кој би бил далеку подобар да има поголем буџет.

Се надевам дека некое холивудско студио ќе направи од Yor blokbaster филмиште.

За се останато, тука е Spoony да каже повеќе.





Најдобрата сцена на сите времиња
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
The Words.

Одлична драма. Станува збор за млад, надежен автор кој откако ќе биде неколку пати одбиен поради комплексноста на неговите дела, на туѓа приказна ќе успее да изгради огромна слава. Секако, за секоја грешка се плаќа одредена цена, па авторот ќе мора да се соочи со својата.
Ако сакате филм со кој не треба да се мачите, а сепак да не биде љубовна комедија или некоја лесна приказна, би ви препорачал да го погледнете.
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
51
Поени од реакции
7
Не знам дали е спомнат погоре, ама Limitless со Бредли Купер и Де Ниро е одличен трилер. Станува збор за писател (Купер) кој се наоѓа во тешка финансиска ситуација, недостиг од инспирација итн. Случајно на улица среќава познаник кој му нуди апче. Најмногу поради љубопитност, Купер го пробува и неговиот живот, неговата ментална способност драстично се менува во нагорна линија. Станува експерт за берзата, среќава успешен бизнисмен (Де Ниро) со кого соработува, но мора постојано да се снабдува со истите апчиња...
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286

Потценет, паметен филм. И сериозно, не е ова psyside-style па секој филм да е потценет или преценет. На imdb има 6.3/10, а на RT 35/100, од критичарите исто лоши рецензии. Ама ај, за да не испаднам хипстер, нека биде филмов нормален. :D Можно е да има спојлери, но не би сакал да ви го сјебам еден од моите 3 омилени филмови па да си знаете дека не е намерно

Да не правам лејм преводи и раскажувања, гуглајте за plot.

Ги има карактеристичните елементи што ги имаат и другите филмови на Гај Ричи: криминалци, убиства, хумор, коцкање, нарација... разликата од другите негови филмови е што овој е потежок за сфаќање, па можеби тоа е причината што има толку слаб рејтинг. (глупите ко бене очекувале лесен филм, а добиле тежок :D)


Главна тема во филмот е борбата со егото. Егото во филмов е претставено преку ликот Sam Gold (што никогаш не го гледаме како физичко лице), кој е кралот на шахот, бандите, совршенството што сите сакаат да бидат. Многу цитати и настани од филмов се поврзуваат со егото.
Најголем нерпијател ви е егото, и тој се крие во последното место каде што би провериле (во себе)
The greatest enemy will hide in the last place you would ever look.^
Во поголемиот дел од филмов се игра шах и цитатите (кои треба да бидат наменети за шахот) се наменети за најголемата игра - живот (deep). Кога егото преовладува во тебе, кога ќе те натера да мислиш дека тоа си ти, губиш во игрите.
The greatest con that he ever pulled, was making you believe that he is you.^
In every game and con there's always an opponent, and there's always a victim. The trick is to know when you're the latter, so you can become the former.

Сцената во која Џејк се ослободува од егото ми е омилена сцена од сите филмови. Ми се допаѓа повеќе од горењето на раката и крајот на Фајкла, повеќе од лезбејските сцени со Џоли во Gia, nude сцените со Кристен во Melancholia... yeah, it's that good.


Нe знам да оценувам. Најверојатно би му дал 10ка, не ни ми е гледан во скоро време за сеуште да сум напален. Знам само да проценам дека ми е омилен филм, а тешко е да се влезе во мојата листа на омилени филмови (фајкла, the man from earth) :)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Hachi: A Dog's Tale





Филм снимен според вистинска приказна, филм за тоа колку голем дел од животот на еден човек може да стане едно куче, но уште повеќе за тоа колку еден човек може да стане важен во животот на едно куче.

Хачи по долго патување од Јапонија до Америка конечно се ослободува од својот кафез и завршува во рацете на Паркер (Ричард Гир), од тој момент тие се речиси неразделни, се додека еден ден смртта не ги раздели, но Хачи не губи надеж дека еден ден повторно ќе биде во друштво на неговиот најдобар пријател.

:place:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Les Miserables (2012)



Ете, ми помина меракот, „Клетници“ изгледани и тргнати од watchlist, барем за овој месец пошто дефинитивно ова е филм кој ќе го гледам репризно. Филмот ми ги оправда безмалку сите очекувања иако овој пат истите беа огромни, нешто што не го практикувам за да избегнам непотребно разочарување. И сега вака не знам од каде да почнам бидејќи доста зборувавме за филмот и повеќето работи сите ги знаат уште на невидено.

Да почнам од двата постери што ги одбрав, кои се ставени намерно за да појаснам дека не се работи за дирекна обработка на книгата на Виктор Иго туку на театарскиот мјузикл кој оди на Бродвеј а го имаат изгледано преку 60 милиони луѓе во незнам колку земји. Јас за жал не сум во тие луѓе но викаат дека пеењето таму е фантастично. Кога викам обработка на претставата, мислам на тоа дека се користени истите песни кои се напишани за претставата, а во филмот е додадена само една оригинална песна која служи за да ни ја долови татковската љубов на Валжан кон Козет.

Да продолжам со пеењето: луѓето откинаа! :cuc: Се растурија од пеење. Едвај малку имаше текст без пеење во филмот. Но не само тоа: ова е филм во кој се пееше во живо, со што ја подигнаа границата во светот на мјузиклите, нешто што ќе биде тешко достижно за следните мјузикли. Ова им дозволи да си играат со ритамот и емоциите. т.е. да се препуштат на глумата. Исто така, луѓето задолжени за звучни ефекти направија фантастична работа, така што можете да го слушнете и дишењето на актерите заедно со пеењето. Повеќе за пеењето на видеово од 13.00 натаму:


А на истото можете да видие и за другите аспекти како сценографијата, костимографијата итн...

Одиме сега еден по еден:

Хју Џекмен е фаца. Од срце ќе навивам за него да добие Оскар за улогава. Ги гледав скоро сите негови конкуренти и во моментов листата ми е фиксно оваа:

1.Хју
2.Бредли
3.Дениел (уз поштовање)

Емотивно и беспрекорно ја долови улогата на Жан Валжан, поранешен затвореник кој одлежал 19 години затвор поради тоа што украл леб за детето на сестра му, а сега се крие од властите под туѓо име. Покрај тоа има гласиште, најмногу експериментираше со песните од сите други и внесе емоции во истите.

За Расел Кроу имав два сомнежи: првиот, критичарите го нападнаа за пеењето, вториот - тешко ми е да го замислам како негативец. Критичарите можат бурек да јадат, Расел можеби не отпеа којзнае што но далеку од тоа дека беше лош. Несреќно, на трејлерите за филмот се неговите најлоши моменти. Но во глобала ок, иако неговиот рокерски глас не е за овој тип на филм. За второто сомнежот ми беше оправдан, Расел Кроу не е добар Жаверт, не онака како што беа Џон Малкович и посебно Џефри Раш. И за тоа не е виновен Расел, едноставно сме го виделе во премногу улоги на херој, оваа улога не му легна најдобро.

Ен Хатавеј за 30-на минути растури за сите пари, си ги заработи наградите поштено и сега може да си го вежба јас-сум-изненадена говорот за Оскарите. И шегата што ја тераме на Филм и ТВ на страна, секогаш сакам кога актер кој се жртвувал за улогата е награден за трудот. Гласот и е неверојатен, искомбинирано со глумата полн погодок. Доволно зборува тоа што го кажа Еди Редмеин во едно од интервјуата ког рече: цел живо мислев дека ја знам I dreamed a dream но кога Ен ја испеа за прв пат го разбрав текстот. Ен е дефинитивната Фантин, нема римејк после ова. Case closed.

Аманда Сејфрид и Саманта Беркс - двете се слатки, добри актерки се и имаат прекрасен глас. Полн погодок.

Еди Редмеин - и пеење и емотивни сцени, браво за дечково, прв пат го гледам но ми остави силен впечаток.

Хелена Бонам Картер и Борат - не ми се вклопуваа во филмот, поточно се што беше со нив не ми се вклопуваше. Не по нивна вина, мислам дека претераа со костимографијата и тоа ги направи скоро како цртани ликови.

Том Хупер - не влезе во 5 номинирани за Оскар. Најмногу му забележуваат што премногу користеше крупен кадар, но мислам дека тоа е важно за актерот да ги долови емоциите. Всушност и на било како концерт го зумираат пејачот. Мислам дека ова е клучниот фактор поради кој отпадна. Но исто така филмот има и претерана костимографија и на моменти прилично нереална сценографија. Во акциониот дел има нејасни моменти, не се знае кој точно што прави и сцената со барикадата не е најдобро изведена. Тоа се отприлика сите мани што ги има филмот. Нешто читав дека не одел со исто темпо но мене времето и летна веднаш, со мал застој кај сцените н Борат.. Во секој случај Хупер и неговиот тим како што реков поставија нова граница во светот на мјузиклите која е отприлика слична на онаа на Сергеј Бубка во скок со стап. Така да дефинитивно може да биде задоволен од неговото дело.

Можам да напоменам уште дека ова е филм со скоро ист буџет како Линколн а има актерска екипа која чини многу повеќе и ефекти кои чинат многу повеќе. Или поинаку, за истите пари направиле многу повеќе. Штета што не е во лесна филмска година, ја нема среќата на Чикаго кој е нула во споредба со ова. Истиот малер го има Хју и така на некои луѓе несреќно им бега Оскарот. Но искрено и непристрасно (пошто ич ништо немам против ДДЛ) мислам дека треба да го добие.

Како и да е, најдобро потрошена палома евер. Препорака за сите љубители на музикли, хејтери на мјузикли, фанови на Челзи итн...
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Kramer vs. Kramer



Kramer vs. Kramer раскажува едноставна приказна. Џоана Крејмер е жена која постојано играла туѓи улоги – улога на ќерка, на сопруга, на мајка, но никогаш улога на ‘себе си’. Заситена од едноличноста, таа одлучува да ги напушти сопругот и синот со цел да се пронајде самата, како жена и како човек. Нејзиниот маж, Тед Крејмер, публицист кој се наоѓа на врвот од кариерата, исто така е принуден да прифати една нова улога за која не е ниту малку подготвен – улогата на самохран родител. Ваквата неочекувана поделба на улогите се пренесува и на нивниот шест-годишен син, Били, кој сега треба да сфати зошто мајка му го напуштила и како тоа одеднаш татко му му е се` во животот. Приспособувањето оди тешко и за таткото и за синот од проста причина што тие двајца никогаш не се доволно познавале. Кога конечно ќе осетат дека времето на промени е позади нив, Џоана се враќа и бара старателство.

Насловот на филмот кажува се`. Kramer vs. Kramer е филм за конфликтите и битките во едно семејство. Тед Крејмер е човекот кој е принуден да ги води овие битки и тоа на три фронта – соочен со некогашната жена, со својот син и на крај, со самиот себе. Додека Џоана се обидува да ја пронајде својата цел во животот, таа индиректно го принудува и Тед да сфати кој е всушност тој. На крај, не е ни толку важно дали ќе извои победа во битките или не, бидејќи е јасно дека патот, а не дестинацијата, е она кое ќе му овозможи да ги надмине сите проблеми и она кое ќе го претвори во подобра личност.

Преку приказната за овие луѓе, филмот се обидува да разгледа како семејството може да опстои и после разводот и како двајца поранешни брачни партнери можат да останат трезвени за доброто на своето дете. Kramer vs. Kramer не е ниту оптимистички, ниту песимистички филм, туку едноставно се обидува да ги покаже последиците од разводот со тотално искреност. Луѓето кои имаат искуство со вакви работи можат да заземат страна, но интересно е што режисерот внимава да не го стори истото. Тој се обидува да ги претстави во неутрално светло сите засегнати страни: мажот, жената и детето. Иако е поедноставно работите да бидат црно-бели и Џоана да личи на некоја Дизни вештерка која си гледа само за себе, филмот одлучува да ја постави приказната во сложената сива зона, со што подобро ќе може да ја истраже улогата на двајцата родители и да ги издвои особините на правилното воспитување. Тоа се постигнува и преку ликот на Тед, кој не е прикажан како совршен родител и идеален пример за татко кој успешно може да балансира помеѓу работата и воспитувањето на синот. Напротив, Тед допрва треба да учи многу. Треба да научи да биде татко во вистинската смисла на зборот, а не само човек кој има за задача да печали за семејството. Треба да научи и дека работата не е поважна од фамилијата и дека грижата за себе си не е ништо во споредба со грижата за својот син. Всушност, тој може да биде и главниот родител и целосно да се грижи за потребите на своето дете, нормално, не на ист начин како мајката, туку со иста посветеност, желба и ангажираност. Улогата на таткото во општеството сигурно еволуирала во последните три децении откако Kramer vs. Kramer е сниман, но сепак, пораката е универзална и прифатлива и за денешно време, а тоа е дека потребите на детето треба да бидат пред потребите на родителот. Токму ова, акутелноста, е особината која на филмот му дава неограничен рок на траење.

Атмосферата е клучна во филмот и режисерот совршено го знае тоа, понекогаш тргајќи го дијалогот на страна, а оставајќи ги лицата на карактерите да зборуваат. Како на пример, кога Тед и Били прават тост без притоа да кажат ниту збор, што го покажува напредокот во нивниот однос. Ова и темата која филмот ја обработува не се единствените работи кои филмот го прават вонвременско ремек-дело. Kramer vs. Kramer може да се прикажува на факултетите за драмски уметности поради актерите кои му даваат посебен белег. Дастин Хофман е феноменален во улогата на Тед. Со својата тивка и ненаметлива глума совршено се претопува во човекот кој одеднаш треба да се научи како е да се биде татко, човек чиј свет изгледа дека ќе се сруши во секој момент. Исто и Стрип пред себе има тешка задача, која ја извршува со едноставна самодоверба. Иако по правило треба да ја мраземе Џоана поради нејзината себичност и болката која ја нанесува околу себе, Стрип не ни дозволува. Да, „пронаоѓањето на себе си“, што и да е тоа, нам ни изгледа бесмислено, но кога Стрип излегува на клупата за сведоци, одеднаш не тера да ја сфатиме нејзината болка. Можеби не се согласуваме со постапките на главниот женски лик, но Стрип со својата извонредна глума покажува дека овие постапки оставиле белег и на нејзиниот карактер.

Разводот помеѓу маж и жена, нивната битка за старателство и сета болка која настанува поради несогласувањата помеѓу родителите се работи кои се секогаш актуелни. За жал, нели. Поради ова, Kramer vs. Kramer никогаш нема да биде филм со застарена тематика. Ова не е само обичен добитник на Оскар, туку е филм за сите времиња, генијално, исцрпно проучување за љубовта на родителот кон своето дете и општо за љубовта во семејството. И да, што е многу важно, ова е филм за сите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom