Ако кажам дека сум ги гледала повеќе од 10 пати, ќе ви стане јасно колку ги обожавам 3-те делови на Господарот на прстените?
-Многу ми се свиѓа поставата од актери ... не ми се верува колку добро се избрани, колку секој најмногу си одговара на својата улога и колку најдобро глумат!
-Иако е некаква фантазија, ептен реално изгледа се` ... не е пренатрупан со некои незамисливи сцени ... т.е. можеби има и по некоја таква, ама тоа воопшто не се приметува додека се гледа филмот.
-Многу ми се свиѓа и тоа што се опфатени повеќе теми ... има добро прикажани војни (срце ми се кине на секое гледање), љубовни моменти, доловено е другарството какво што би требало да е, фамилијарни љубови и нељубови
)) итн итн итн.
-Општо без здив ме остава секогаш целата таа борба на тоа големо зло против доброто ... тоа е секојдневна работа, само поинаку прикажана, па токму затоа толку ме фасцинира филмот ... неповторлив е и ќе го гледам уште мал милион пати!