Последен гледан филм со кратка рецензија

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Пак јас.
Со филмовите на Линч не сум баш на рамно дали ги сакам или не и какви што му се филмовите, така е и моето мислење за нив - нејасно :D Само, има нешто во нив што не ми дава да ги исклучам, колку и ништо да не разбирам и мозокот да си го напрегам, гледам, пазам, се внесувам и таман кога очекувам кулминација, нешто најјако да се деси, оп крај. Не можам да проценам дали гледам ептен глуп, или премногу генијален филм, дали 2 или 9 да му ставам, битно колку и да се нејасни и неповрзани, за чудо повеќе ги памтам од некои со обична проста приказна. Како било, овој филм не е нешто такво, за овој си имам мислење и оцена. :D
Blue Velvet (1986)
Why are there people like Frank?
Едно исечено човечко уво и истрага за да се најде сопственикот и оној кој го оставил без него.
Одамна го имав во план, ама сосема друго мислење имав, па некако деновиве ептен ми се провртка и веќе не можев да го игнорирам. Па и кога го прочитав и ова..
.Син сомот многу му должи на ноар филмовите од 1950тите, бидејќи ги содржи и анализира истите конвенционални ликови на femme fatale (Дороти Валенс), навидум незаприлив злосторник (Френк Бут), како и херој со сомнителен морал (Џефри Бомонт); неизбежно е секако спомнувањето на сенишната, понекогаш и сосема мрачна кинематографија. Син сомот ја инаугурира и воспоставува познатата Линчова искривена визија на светот (askew vision), но и воведува неколку универзални елементи што стануваат заштитни знаци во неговите филмови, како на пример извештачените ликови, поларизираниот универзум, ужасувачка повреда на черепот или мозокот, како и мрачното подземје на големите, или како што е во овој случај - малите градови. Исто така, во клучните сцени се појавуваат црвени завеси, и тоа особено во станот на Дороти - нешто што денес се гледа како една од клучните одлики на неговите филмови. Син сомот се споредува со ХичкоковиотПсихо (1960) пред сѐ поради неговиот третман на психотичното зло
И ај го пуштив...
Сега не е баш Хичкок стил, ни на нешто негово потсеќа, ама и не треба да биде така зошто си има оригинален печат. Филм на Линч се познава од прва минута дека е негов. Исти бои, атмосфера, ликови, музика...

Убаво. Гледајте си го. 8/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Disconnect

Филмов ја збори суровата реалност за интернетот кражба на лични податоци , лажни профили на социјални мрежи и слично. Приказната многу ми се допадна реално многу јак филм кој следни неколку приказни паралелно Не раскажувам многу многу едноставно погледенете го 7/10.
The Big Short

Филм за финансиската криза во САД т.е за економскиот крах во 2009. Еден научник случајно ќе го забележи “балонот“ во пазарот за недвижини врз таа основа тој ќе почне да купува обврзници кои ги гарантират и тоа најјаките хипотеки на пазарот со образложение дека таков вид на обврзници во случај на финансиски крах ќе носат огромна исплата. 8/10.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Argo (2012)

Вчера на Телма го имаше, едвај се натерав да седнам, бидејќи јас не гледам многу од поновиве филмови, не дека се сите лоши туку едноставно постарите имаат некаква убавина и повеќе уживам во нив.
Филмов Арго го знаев ама од пусти инает не го гледав си викав што ќе трошам нет сигурно не чини филмот, сега видов дека го даваат на тв и едвај со многу мислење седнав пред тв.
Дали зажалив? Ни најмалку, ептен добар филм кој ме задржа пред тв после долго време. Интересен на моменти напнат филм, да не опишувам за што се работи дека сигурен сум сите знаете, бидејќи јас заостанувам со филмов.
Се на се одличен филм после кој ќе гледам со други очи на поновиве филмови. :)
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
The Wailing (2016)​
Not everything that moves, breathes, and talks is alive.

Во едно мало село почнуваат да се случуваат чудни работи откако еден странец ќе се досели во планината над селото. Луѓето почнуваат да си ги убиваат своите семејства и затоа што не постои мотив за тоа, сомнежот е дека странецот е стар дух кој ги опседнува душите кои убиваат. Јонг Го е детектив кој се обидува да ги реши мистериите и да ја спаси својата ќерка и селото во кое почнува да владее хистерија и страв.

Филмов, заедно со The Witch, за мене се едни од најдобрите хорор филмови кои се појавиле во последните 10 години. Како што кажав и кај вештерката, тука нема паѓање од стол од страв и многумина ќе кажат пффф па ова не е хорор, ама е нешто што секој мора да го изгледа, да си најде 3 саати слободно време, да се сконцентрира и да му седне. Од почеток филмов е крипи и мистичен, се е некако сиво и мрачно, затворени језиви простори, обреди и обичаи од кои се смрзнува крвта и приказна која од почеток до крај создава заблуда за она што е добро а што лошо во филмот. Како што кажав, филмов си бара концентрација затоа што е непредвидлив и тежок за следење, напорен, мистичен и мрачен и мене ме измори, изнемошти, измачи и восхити :D
9/10 (y)
 
Последно уредено:

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617


Shaun the sheep movie

Жанр: Анимиран филм
Комедија
Аавантура
Година: 2015
Должина: 1 час 25 минути
Лична оценка: 9/10

Пре пре пре пре предобар анимиран филм за сите возрасти, предобри кадри, преубав артистички стил, музиката е неверојатна, приказната надпросечна со одредени моменти кои ќе ве допрат. Хуморот е на нереално добро ниво со оглед на фактот дека целиот филм има нула дијалог! Ми фалеше физички хумор особено колку е добро изведен во филмов - ремек дело! Го немам гледано цртаниот серијал ова ми е прв допир со Шон офцичката али се заљубив! Препорачувам на сите да го погледнат овој анимиран филм и се надевам дека ќе има втор дел.
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2015
Мислења
181
Поени од реакции
593
Changeling (2008)
MV5BOTA1Mzg3NjIxNV5BMl5BanBnXkFtZTcwNzU2NTc5MQ@@._V1_SY1000_CR0,0,675,1000_AL_.jpg


Филм со Анџелина Џоли и Џон Малкович. Има номинација за 3 Оскари.
Филмов го имав ставено на листа за гледање уште одамна никако да се натерам да го гледам.
Се работи за мајка (која ја глуми Анџелина Џоли) на која и исчезнува 9 годишниот син додека таа е на работа. После неколку месеци полицијата и подметнува дете кое не е нејзиниот син. Тука почнува нејзината борба да си го најде синот.. Корумпирна полиција, затворање во ментални установи без причина, бесење затвореници и болни луѓе во мозок кои се способни да убиваат невини дечиња.
На почеток досаден али потоа е се поинтересен. Емотивен,тоа што е снимен по вистински настан носи плус тежина кога го гледаш.
Од мене 8/10.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.488
Поени од реакции
87.360


Не се палете сељаци, не е со Џејсон Статам... туку со Чарлс Бронсон :cool: Оргиналниот филм кој нажалост е подзаборавен одкако излезе римејкот во 2011 година.

Артур Бишоп е "механичар" (атентатор де) кој работи за тајна организација, и често е на задачи да ликвидира што повеќе луѓе. Финтата е што Артур е премногу смирен човек, слуша класична музика додека го планира убиството на следната жртва. Човекот работи полека, никогаш не се брза, нема пријатели и со никого не е приврзан, освен со една проститутка која ја користи чисто за секс.
Една ден треба да го ликвидира стариот пријател на татко му, со што го прави тоа... али попатно се спријателува со неговиот син. Дали ова е грешка или не, оставам на вас да си видите :)

Можеби нема стомачни како Статам, ги нема ниту неговите трицепси, бицепси и шукураццепси, али во секој момент Бронсон би го тепал како куче Џејсона :icon_mrgr:

Топ филмче за тепање време, чуден стил имале луѓето во 70-тите :)


Уште еден со mojot covek, Bronson... :cool: Винс Маџестик (Бронсон) е воен ветеран од Виетнамската војна, кој станал фармер и си одгледува лубеници на својата фарма. Попатно си вработува 10-тина мексиканци да работат на неговиот ранч, али проблемот настанува кога локалниот буљаш му се курчи на Винс и со сила сака да му ги пикне своите луѓе да работат на фармата за пари.... МУ-СЕ-КУРЧАТ-НА-БРОНСОН-!!1!1... :nesumjas: Ок...:toe:

Фала богу барем на овој филм нема направено римејк.

Како и да е одлични два филма за тепање на време (y)
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Hacksaw Ridge (2016)
1.jpg

Филм снимен по вистинска приказна за медицинар кој служи во WWII. Станува збор за дечко
кој расте во нездрава околина, татко пијаница (кој е патем воен ветеран од WWI) кој ги малтретира него, неговиот брат и нивната мајка која пак од друга страна ги учи на љубов кон Господ. Се' заљубува во девојка, која е медицинска сестра, почеток на војна, осеќа должност да се пријави и да служи. Пред да оди во војна, мора да помине обука но сака да ја помине истата без да држи оружје во рака, сака да оди како медицинар, не како војник. Армијата на САД сака да го прати на воен суд и да го пикне во затвор затоа што според нив со тоа негово недолично однесување покажува непочитување кон државата, народот, армијата (ги знаеме какви се, драма квинс), но, тој едноставно има преголема верба во бога и верува дека може многу повеќе да помогне со тоа што ќе лечи ранети, него што би одел на воено поле со пушка во рака. По некоја случајност (да не откривам која), армијата на САД не го осудува, туку го праќаат во Јапонија. Со неговото стапнување на јапонско тло, почнува д ријал ши
т.

Надвор од обидов за рецензија, да истакнам дека не сум нешто љуботел на воени филмови ама ова е класична перверзија.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Midnight Run (1988)

Повторно пред тв начекав одличен филм. Еден од моите омилени, како ми се погоди вчера дека досадно, уживанција. Интересна акција со мојот омилен Де Ниро.

Јас како љубител на постари филмови овој ми беше еден од оние првите изгледани.
Де Ниро во улога на Џек Волш, поранешен полицаец кој треба да го однесе мафијашкиот сметководител до човекот кој му ја има платено кауцијата. По пат се приклучуваат, агенти на Фби кои сакаат мафијашов да сведочи против својот шеф, мафијаши кои сакаат да го убијат сметководителов, и уште еден bounty hunter кој само сака пари.

2 часовна бркотница со овие двајца "непријатели". Филм со измешани жанрови, филм кој сигурно те залепува за стол.
Грицки, сок, светло ич, уживањето е загарантирано. Вакви филмови нема повеќе.
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Nerve - "nerve" е игра каде што преку апликација на телефон играчите добиваат предизвици кои мора да ги извршат во замена за пари. Ви предизвикана од нејзината најдобра пријателка ќе се впушти во лудата игра која ќе ги истестира сите нејзини морални, физички и психички ограничувања. Во филмот има доста нереални работи, но ми се допадна главната поента со која сите се соочуваме деновиве. Односно, луѓето се осеќаат моќни кога се позади нивните екрани и тастатури и анонимно дејствуваат, но што би се случило доколку бидат соголени од таа анонимност и би морале да се соочат со светот со своето вистинско име и изглед? Другата порака која се провлекува низ филмот е, што се луѓето би направиле за слава и пари? Дали вреди да му се докажува на остатокот од светот дека можете да направите се што ќе посакате, само за да не бидете етикетирани како кукавици и повлечени личности кои не прават ништо во животот? Во принцип, филмот не е нешто претерано добар, но не е ни лош.

Popstar: Never Stop Never Stopping - mockery филм за еден типичен поп пејач, најверојатно Бибер бил главната инспирација. Не е екстремно смешна комедија, но многу ми се допадна. Има доста смешни моменти, идејата е интересна, има еден куп познати личности што му даваат дополнителен шмек на филмов. Башка, Adam Samberg.
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384
Arrival

Уште еден во низата одлични сајфај-драми во последниве 3-4 години.Филм во кој грандиозен настан е третиран со многу приземјен приод, запрашувајќи се дали навистина сме подготвени како битија за судир со нешто што е надвор од нашиот здрав разум, тестирајќи ја нашата истрајност.
Денис Виланув, сигурно еден од највнимателните нов бран на режисери, се грижи да секоја сцена има свое значење и допринос во сторијата, притоа збогатена со многу симболика. Многу кохерентно раскажување, се истражува и надополнува низ темите кој ги оснива, создавајќи чувство на висока веројатност... човеков нема промашај до сеа, успеа сегде жанровски да се снајде со голем успех, така да Блејд Ранер е во сигурни раце. Во тоа што е претпознатлив е неговиот интимен пристап на центрирајќи се на една лидечка фигура, ликот на Еми Адамс... филмот го доживуваме низ нејзинато опкружување и перцепција, правејќи да се грижиме повеќе за нејзината борба, уште повеќе олеснува фактот што Еми е одлична во улогата, пред се ради добро напишаниот карактер.
Гледав што помалце да навлагам во плотот бидејќи секое сознание за филмот пред да се гледа би можело да штети на генералното искуство.
Музиката,кинематографијата,камера... нема многу што да се зборува треба да се доживее, препорака за во кино.

 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Wedding Daze

Добро филмче за тепање време романтична комедија . Андерсон е млад дечко кој сака да ја запроси својата девојка , но кога тоа ќе се случи таа ненадејно умира пред да одговори на прашањето дали ќе се омажи за него. По една година тој во ресторан случајно ќе и понуди брак на Кејт која на негово изненадување ќе прифати и тогаш почнуваат неволјите. 7/10.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Breakdown (1997)

Како да се утепа времето а тоа да не е со садење дрва? Си пуштиш некој не толку познат филм, со некоја напната приказна и со малку акција, и одма поминува времето.
Филмов е баш таков, јас на пример покрај тоа што сакам стари филмови, сакам и некои вакви кои не се познати толку ама не се за никаде. Интересни се, за тепање време баш. :)

Пустина, расипана кола, и само еден "случаен" спасител.
Курт Расел, интересен актер барем за мене. Во филмов глуми човек кој си ја бара киднапираната жена од случајниот спасител.
Во едно гомно сред пустината како што го нарекуваат малото гратче, треба да ја најде и спаси женичката. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Ова више му доаѓа како филм кој што НЕ го препорачувам да се гледа. Има минимални спојлерчиња постов, кој сака нека чита.

Be kind, rewind со Jack Black, Danny Gover и Mos Def.

Се збореше многу за филмов, и виртуелно, и по медиуми (кога искочи) и вака со друштво. По мене, дури и премногу.
Некои го окарактеризираат како шармантен флешбек во времето кога се одеше до видеотека по филмчиња, други му даваа до значење на пародичен хумор....
Сторијата оди вака. Наводно има 3-4 главни фаци во филмов, едно старо дртало, еден „фин дечак“ и еден ментален ретарда. И сеа демек стариов и фимиот момак држат некоја радња која секако има ретро изглед, рента VHS ленти, док овој ретардава (obvious Jack-black) расипува све. На стариот вака и онака му се ближи крај на кариера, а со тоа и местото кое „има мнооогу спомени уште од 42га“, па заговара некако да го зачува док овие двајцава пробуваат да ја исправат грешката - да ги „преснимат“ сите ленти што дебелиот ретарда случајно го избришал. Понатаму не е ни вредно да го должам, ќе кажам од моја лична перспектива зошто е тешко срање. Прво идејата е 100% копија на Bowfinger (1999) со Стив Мартин и Еди Марфи - двајца ветерани на пародијата. Ова е само обид да се заживее нешто што некогаш можеби било смешно но во денешни услови е веќе видено. Убаво е што пробале да го убацат Џек во ваков жанр (сепак е комедијант човекот сам по себе), но во пародии не му стои баш. Во посериозни филмови како High fidelity има посебен шарм, тука е исфорсиран и безосетен во глумење на тешка ретарда. Hell, во School of rock повеќе рока од тука. Mos Def не го знам баш, и нема некој континуитет што имам гледано кај него. За Danny Glover гледам како очаен обид да се наврати во филмската индустрија. Воопшто не му требаше.
Пак ќе кажам, далеку е од оноа што би се нарекло флеш-бек на старите добри времиња кога се рентаа ленти во маалската видеотека (барем мислам дека тоа е главната поента на филмот - флешбекови на некои стари добри времиња), како и очајниот обид да се направи пародија по секоја цена.
2/10, само заради некои ретардирани сцени на Џек Блек. Другото...без врска.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
Ретко кога пишувам тука. Ама ако пишам, значи или ептен ги ми го напраил меракот филмот или катастрофа жива.
Е па сеа е второто.


The Choice (2016)
Шо мајка барав па и јас да го симнам. :toe: Толку клише, толку досаден, предвидлив... веќе видено.:pov:Што дури немав трпение ни последните 10 минути да ги догледам, па го исклучив, е - до толку! Смор. :unsure: До толку ли биваше кога го пуштив, да знам како ќе заврши? (n) Не успешен обид за романтична драма.
Во главно, девојка се доселува во мал град каде што се запознава со нејзиниот комшија. Она во врска, он во врска, па започнуваат они меѓусебно во врска. И сеа тинтири пинтири, заљубување, крајот од авион ќе го претпоставите. Ништо посебно.
Моја препорака - не го гледајте, чао!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom