Предлог за филм со кратка рецензија

Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
Mad Max:Fury Road (2015)

Имав шанса да си го видам синојќа у кино после долго чекање и морам да признаам дека не бев разочаран.Голем акцент е ставен на акцијата и ми се чини режисерот го знаел тоа и не се ни обидувал да ја придобие публиката со приказната.Визуелно излгеда фантастично и со сигурност тврдам дека е еден од најдобрите акциони филмови у последниве 10 години.Имаше недостатоци у поглед на сценариото и на моменти како недовршени да оставаа некои работи,еве мене лично ми сметаше што не видов доволно Макс у филмов и тоа што преголем акцент беше ставен на карактерот на Шарлиз.Иначе Тома Харди беше закон со оние чизи one-liners као шо беше Гибсон на времето.Се на се филм кој не се пропушта за сите оние кои сакаат да видат спектакл со луди возила,супер експлозии у широки кадри,bad-ass музика и топ модели увиткани у чаршафи као шеткаат сред пустина.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
My First Sex Teacher -Sara Jay(2015)



Имав шанса да си го видам синојќа у кино после долго чекање и морам да признаам дека не бев разочаран.Голем акцент е ставен на акцијата и ми се чини режисерот го знаел тоа и не се ни обидувал да ја придобие публиката со приказната.Визуелно излгеда фантастично и со сигурност тврдам дека е еден од најдобрите акциони филмови у последниве 10 години.Имаше недостатоци у поглед на сценариото и на моменти како недовршени да оставаа некои работи..Се на се филм кој не се пропушта за сите оние кои сакаат да видат спектакл со Spanking,Ass drilling,tits fucking,bukake тогаш овој филм не треба да го пропуштите.

9-10
 
Член од
24 август 2006
Мислења
136
Поени од реакции
45
Ќе се обидам да ви предложам 3 релативно понови филмови кои ми оставиле впечаток во последно време.

Escobar: Paradise Lost

paradise_lost_ver4_xlg.jpg
Најпрво морам да ја истакнам глумата на Бенико Дел Торо како маестрална. Ескобар како мафијашки бос е поприлично реално доловен од страна на овој порторикански оскаровец. Во филмот паралелно е прикажана и симпатичната романса помеѓу внуката на Ескобар и еден канаѓанец кого го игра Џош Хачерсон. Режисерот Андреа Ди Стефано одлично го прикажува светот на црни бизниси со кокаин, ладнокрвни убиства и поврзаноста помеѓу власта и мафијата. Лицемерието на Ескобар оди дотаму вереникот на неговата внука најпрво да му биде близок како син, а подоцна само еден од оние кои мора да бидат ликвидирани.



The Age Of Adaline

age_of_adaline_ver11_xlg.jpg
Иако има елементи на научна-фантастика, сепак се работи за солидна романтична драма на која што вреди да се потрошат два часа од слободното време. Блејк Лајвли во главната улога одлично се трансформира низ сите 107 години живот на безвременската Аделина. На крај победува вечната љубов која што ја ослободува Аделина од прангите на бесмртноста. Љубовта ја прави смртна, но од друга страна среќна.



Focus

focus_ver5_xlg.jpg
Лесно филмче за гледање во друштво, плус не мора цело време фокусот да ви биде во мониторот...или пак треба. Вил Смит е професионален измамник кој се вплеткува во љубовна врска со Маргот Роби, а воедно е и нејзин ментор за и таа да ги усоврши вештините на мамењето. Филмот изобилува со пресвртни ситуации, а не изостанува и комедијата. Идеален е за детективско настроени филмаџии и оние кои не дозволуваат да бидат дефокусирани.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
The Perks of Being a Wallflower

the-perks-of-being-a-wallflower-wallpaper-we-are-infinite.png


Јас, како еден Рики, сум личност која сака комплицираните работи да ги поедноставува. Затоа не ме интересираат deep meaning, приказни и дела во кои нивниот креатор пробува да пренесе некаква порака, да те наметнува чувства, да ти каже како да го живееш животот, да преку некој вид благородна кауза во вид на уметност проба да ти го приклони твоето размислување кон неговото. Од овие причини, вкусот за (се што општеството го дефинирало како) уметност кој јас го поседувам, од останатите личности во моето опкружување е сметан за бош и ништожен, навидум површен. А од овие причини пак сметам дека се што јас би го рекол, предложил, истакнал, истовремено би било shutdown-ато инстантно. Затоа го преземам ризикот да го предложам овој филм, кој коинцидентно го поседува тоа што погоре реков дека јас не го барам во филмови, но е толку добар, што едноставно не останав рамнодушен и конечно успеав да сфатам некаква посуштинска работа од она што обично ме привлекува. Можеби причината за која што толку јако ме удри е што едноставно не очекував, не се спремав да гледам некој филм у кој ќе се внесам, туку сакав да се олабавам малце по долго спремање на испит, без притоа да имам претсознанија за филмов. Добро ај, да си кажам, немаше ни да го пуштам да не беше Ема Вотсон у главна улога. Но, тоа е таа иронија на животот, ваквиве работи те маваат кога најмалце очекуваш. Али, да не го тупам, ваљда више ви здосадив, па што останува за филмов...

The Perks of Being a Wallflower, филмче кое трае саат и 40 минути, а во тоа кратко време успева да прикаже многу работи. Секако, нема да го раскажувам, но ќе ја кажам основата. Во центарот на приказната е дете кое доаѓа во средно, без притоа да има пријатели со кои ќе се дружи. Но, пред да продолжам, тука да напоменам. Не, ова не е од оние типични филмови кај што nerd-от си бара друштво, и има проблем со малоумни bullies на кои се палат курви, па некако успева цело средно да го засака и најубавата типка иде со него на prom. Не, филмов е нешто сосема друго. Момчето доаѓа со проблематично минато, минато кое постепено се открива низ текот на целото дејствие, но сепак се навестува од самиот старт. Интересното е што акцентот не е ставен на тоа да изгледа како оние типичните „not all is what it seems“ филмови, туку напротив, тие работи се сосема позадински ставени, додека главното дејство те фокусира на актуелниот живот и случките во нивната сегашност. Покрај ова, во тие саат и 40 минути филмот совршено не запознава и со позадината на останатите ликови, односно оној „багаж“ кој секоја личност со себе го носи, и како различни работи и различни искуства те влечат во различна насока и ти го определуваат животниот пат. Пошто реално, колку и некој да ни вика дека нашата судбина не е определена, туку е нешто што виси во воздух и иде по насоката која ќе те односи ветерот, не е така, бидејќи одлуките кои ги носиме секогаш зависат од претходни искуства, па истите, сакале ние или не, сами по себе не усмеруваат во која насока ќе се движиме и какви последици ќе сносиме. Филмов го покажува токму тоа, а начинот на кој го претставува, барем мене, а се надевам и вас, дека емоционално ќе ве поврзе со ликовите. Додека го гледаш целиот филм, приказната изгледа толку едноставно скроена, што дури кога ќе го изгледаш ќе сфатиш уствари колку работи се случиле во филмов и колку работи ти прикажал. Не се пронајдов во личност, не го сменив животниот став, не сменив никакво мислење, но сепак уживав во филмов бидејќи прикажа еден интересен аспект на некои работи, а притоа за време на гледањето ми ги предизвика сите основни чувства кои ние луѓето ги чувствуваме во текот на нашиот живот, добри и лоши, позитивни и негативни. Ме насмеа, ме растажи, сочувствував, љубоморев, се возбудив, ме фаќаше туѓ срам и така натака. А како личност која никогаш не сака да ги возвишува премногу работите и максимално да ги оценува (што по малце и треба да ги заплашува луѓето ако евенутално станам професор како што се надевам дека ќе станам), сепак на филмов му давам чиста 10/10. Не можам да кажам точно зошто, односно не можам да кажам „е, ради ОВА!“, може да се препише на многу работи, можеби дури ни филмот не е до толку добар па ме фатил во конкретно расположение, којзнае што е, не ме интересира, но тоа е моето видување. Искрено се надевам дека ќе ви се допадне колку што на мене ми се допадна :)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Now You See Me (2013)
now you see me.jpg
Топло ви го препорачувам филмчево, добра глума, неизвесност до крај, јаки реплики.
Искрено филмови во ваков стил ми се омилени и немав одамна гледано нешто добро, пријатно сум изненаден од филмов. Да не ви објаснувам многу детално, еве и trailer погледнете го, мислам дека нема да зажалите ако го изгледате :)

п.с ако имате нешто слично на ова предложете :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Ретко кога некој филм толку ме фасцинирал за да се осмелам да напишам рецензија (која за жал заборавив како се пишува веќе...) но и причината за овој предлог е што филмот и не е толку познат колку што треба да биде.
Се работи за The Conversation (1974), филм на Франсис Форд Копола, кој за филмот кажал дека од сите филмови што ги направил, ова е неговиот омилен филм.

Копола долго време се обидувал да го финансира филмот но ги добил средствата тек после успехот на The Godfather, па со парите од него го снимил овој.
Јас искрено не ни знаев дека постои филмов се до скоро време.

Накратко, се работи за експерт по прислушкување (stranski_sluzbi) кој има задача да прислушува пар маж и жена и нивниот разговор транскриптиран да го предаде на агенцијата која го изнајмила да ги прислушкува. Парот, кој очигледно параноичен и искусен со такви служби, знае дека ако разговара во гужва многу се мали шансите за да биде прислушкуван. И поради тоа се среќаваат на најпрометно место, на плоштад.
Gene Hackman, кој ја игра главната улога на прислушкувач, почнува да стравува дека парот кој е прислушкуван има опасност да биде убиен.
Накратко, тоа е главниот plot на филмот.
Кинематографијата е одлична, The Conversation е исто така многу значаен по тоа што има многу добар sound editing, лесно се навлекува човек и 2 часа поминуваат многу брзо. Изобилува и со добра џез музика така што љубителите на џезот би уживале во филмот.

Мене ме држеше напнат до самиот крај, значи до последната минута. Кога го изгледав морав да го премотам назад на неколку сцени затоа што не бев свесен што точно се случи.
За тие што сакаат мистерија, трилер (има трилер елементи секако), неизвесност, убава режија и класика актери од тој период (Џин Хакман, Харисон Форд, Роберт Дувал) обавезно да го погледнат филмот, мислам дека нема да ве разочара и ќе ви ги исполни очекувањата за тоа што е добро аудио визуелно остварување.

Од мене има 10ка.

 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
40 years ago, an undelivered letter from John Lennon could have changed his life… Forever.
“Danny Collins” е првенец на Dan Fogelman како режисер. Со Al Pacino во улогата на Дени Колинс, рок ѕвезда, кој го изгубил вистинскиот пат. Едно писмо засекогаш можело да го промени неговиот живот…



Филмот започнува 40 години порано, на почетокот на кариерата на Дени. Млад и амбициозен рокер за кој сите предвидуваат светла иднина. Во едно интервју тој ја изразува својата загриженост за тоа што го чека – слава, богатство. Исто така кажува дека негов идол е Џон Ленон и дека тој е најзаслужен за тоа што тој е на прагот на славата.



40 години подоцна. Дени е веќе на залезот на кариерата, спремен да ја одработи последната своја турнеја. Еден ден пред неговиот роденден ќе одржи одличен концерт кој повторно ќе го вивне меѓу ѕвездите. Но, на неговиот роденден ќе добие неочекуван подарок од неговиот најдобар пријател и менаџер, Френк Грубман (Christopher Plummer) – писмо кое Џон Ленон го напишал за Дени 40 години преходно, но тоа никогаш не дошло во негови раце. Ова писмо ќе го замисли Дени и тој ќе реши да го промени својот живот од корен…



Одличната глума и харизма на Ал Пачино му даваат посебен шмек на овој филм, а проникливте дијалози и реплики добро ќе ве насмеат. Во позадина на комичните разговори се одвива една сериозна драма во животот на Дени Колинс, човек кој се обидува после 40 години повторно да се врати на вистинскиот пат. Целиот филм е зачинет со одличниот саундтрак, со Џон Ленон во прв план. Одличен филм за да се опуштите, моја топла препорака.

Преземено од filmskirecenzii.com
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Woman in Gold (2015)



Многу ретко пишувам рецензии, но овојпат морав, затоа што филмов е ремек-дело.
Во овој филм се зборува за Мариа Алтман (Хелен Мирен) која е во потрага по сликата (портрет) од нејзината тетка, Адел. Сликата која Мариа сака да ја врати во нејзина сопственост е во музеј во Виена, а самата Мариа е еврејка која избегала во Америка за времето на владењето на нацистите во Австија. Од голема помош е и нејзиниот адвокат, Рендол Шонберг (Рајан Рејнолдс), со својата упорност и одлучност.
Тоа е од мене, не сакам повеќе да ви откривам за филмот само ќе ви кажам дека вреди да се изгледа, но и дека мораше и имаше можност сеуште да трае иако филмот трае скоро 2 часа, нешто што многу ретко го кажувам за филмовите кои ги гледам.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524

Heathers (1988)

Јака сатира (иако според постерот изгледа како тин романтика од Џон Хјуџс).
Шенон + Винона = :love:, 80-ти :cool:, јако сценарио, what's not to like...?
Еден од најдобрите чик фликс (покрај Clueless, Night Of The Comet...) и еден од најцитираните филмој.


Spirits of the Dead (1968)

3 кратки филмови според хорор приказни на Е. А. По.
Од мене има препорака поради третиот, последниот во овој омнибус, "Toby Dammit" од Фелини, затоа што некако се издигнува над останатите 2 (''Metzengerstein" од Роже Вадим со Џејн и Питер Фонда, и ''William Wilson" од Луи МАл со Ален ДЕлон и Брижит Бардо). Ќе признаам дека не сум фан на Фелини ама краткиов филм е must-see :cuc:. Глумата на Теренс Стамп, атмосферата која преовладува, самиот лик е од оние анти-херои кои не се забораваат, па крајот...А бе совршенство.
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2015
Мислења
21
Поени од реакции
17
Selena (1997)

Еден од моите омилени филмови, ако не и најомилен. Можеби тоа се должи на тоа што е базиран врз вистинска случка, можеби не. Којзнае. За Џенифер Лопез немам некое посебно мислење, го почитувам нејзиниот труд, има некоја песна што ми се допаѓа ама далеку ми е од омилен артист. Во филмот, Џеј Ло ми беше доста солидна.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
The Intouchables

Филмов го гледав пред некој месец и сеуште ми е број еден за годинава, а во меѓувреме сум изгледал 30+ филмови.

Се работи за животот на еден француски милјардер кој останал парализиран по инцидент со параглајдер и е во потрага по негувател, односно човек кој што ќе му помогне да ги изврши секојдневните работи бидејќи он не е спосебен самиот да ги изврши. Работата ја добива еден млад црнец од гето, кој одвај сврзува ден за ден.
Филмот е полн со спротиставување и судирање на карактерите и нивните општествени класи, исмевање на општеството но воглавно на ''аристократијата'' и ред други работи.
Сето ова надополнето со одличен хумор и малку романтика го прави овој филм тоа што е, односно чиста 10-ка.

Филмов е must see и топло го препорачувам :)
 
Член од
3 октомври 2013
Мислења
24
Поени од реакции
37
Irreversible (2002)

Жанр: Крими, Драма, Мистерија
Режисер: Gaspar Noé

Гаспар почнувајќи од крајот (во обратен хронолошки ред) со дезиорентирана камера ни ги прикажува настаните што се случуваат во текот на една вечер.
Ја содржи според мене најконтраверзната 9 минутна секс сцена во подземен премин.
Првите 30 минути од филмот се со background шум со фреквенција од 28Hz (речиси бeсчуен), сличен на оној што го создава земјотресот. Предизвикува вртоглавици, гадење и мачнина. Тоа е причината зошто филмот држи рекорд по бројот на гледачи кои што ја имаат напуштено кино салата за време на неговото прикажување во Кан и Сан Себастијан.



:cuc:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom