The Body Snatchers!
OK, три во едно, цело е кога има се... Рецензија за три филма, или три верзии, како сакате:
1. Invasion of the Body Snatchers (1956)
2. Invasion of the Body Snatchers (1978)
3. The Invasion (2007)
И сите три ги изгледав турбо, еден по еден, за да можам да направам споредба и да видам како изгледа приказната во филмови од три различни временски периоди. Самата приказна за Боди Снечерите (Крадците на тела), оди вака: Од вселената паѓа непозната материја (начинот и формата различен во филмовите), кои влегуваат во човековиот организам и го модифицираат неговиот ДНК. При тоа, луѓето ги губат емоциите кои се одлика на човечкиот карактер, и се раѓа нова врста на бесчуствителни суштества, која го истиснува човекот и ја презема планетата, формирајќи ново општество на мир, хармонија, но без никакви чувства...
Во сите три дела главниот лик е Др.Бенел, со тоа што во првите два е машко, а во третиот е женско (Никол Кидман). Првиот дел се одвива во мало Американско гратче а другите два во големи градови. Различен е начинот на кој Снечерите доаѓаат, се манифестираат, и го преземаат човековиот организам, во сите три дела. Заедничко е што луѓето мораат да заспијат, за да бидат преземени. Исто така, еден дел завршува со хепиенд, во еден победуваат Снечерите, а еден има недефиниран крај, со предност за „нашите“. Не откривам...
Првиот дел е Sci-Fi Класика од 50-тите. Како таков, филмот претставува вистински терор за тогашната публика. Потребно е да ги знаете некои карактеристики на луѓето од тоа време, степенот на нивното познавање на работите и слично... за да ви биде јасно зошто Sci-Fi филмовите од 50-тите се толку ценети и толку ги избезумувале луѓето. Прво, за овие луѓе, Sci-Fi жанрот често им доаѓал пострашен од најстрашните денешни хорори, затоа што им бил ново искуство и како и денешните луѓе, биле на смрт препрлашени од непознатото. Ако се внесете малку во таква улога, тогаш првиот филм за Снечерите е ненадминат терор, луѓето се жалат дека не ги препознаваат најблиските: Татко ми не е Татко ми, Син ми не е Син ми... но никој не им верува, се додека Снечерите не ги преземат и нив. Кругот се затвора и остануваат само главните ликови кои се борат да избегаат од светот кој веќе престанува да биде нивни.
Филмот има оцена
8.0/10, што е ОК, оние кои гледаат Sci-Fi класици знаат што треба да очекуваат.
Римејкот од 1978 има одлична актерска екипа: Доналд Садерленд, Џеф Голдблум, Брук Адамс... но некако овој филм потфрли кај мене. Приказната е пренесена во поголем град како што реков, но некако изостана спектаклот што би требало да произлезе од тоа. Не се почуствува многу стравот од Снечерите или некаква тензија во филмот. Има оцена од
7.3/10, јас би му дал
6.5/10 максимум, добро е да се изгледа но не е ништо посебно за кое треба да се мачите да го најдете филмот.
Како што си оди редот, очекував дека третиот дел ќе биде најслабо оценет и најмногу критикуван. Луѓето секогаш очекуваат повеќе а римејк филмовите секогаш потфрлаат. Но филмов воопшто не ми остави лош впечаток, иако можеше да се направи и многу подобро. Прво, има една разлика што во овој дел Снечерите можат дирекно да ти ја пренесат „заразата“, на малку (малку повеќе) одвратен начин, и незнам зошто поновиве филмови го внесуваат тој „гаден“ елемент. Не е страшно, а не е ни смешно. Како и да е, барем го немаше многу. Понатаму, во овој дел прв пат се јавуваат и луѓе кои имаат имунитет, што не беше случај во предходните.
Иако повеќето веќе ја знаат приказната за Снечерите и не им делува шокантно како во првиот дел, можеби ќе беше подобро да има повеќе мистерија (како во првиот), а не веднаш да прејдат „на главното“. Но и вака како што е, успеале да направат тензија, да ја доловат паниката кај луѓето кои се борат да преживеат, луѓето кои не сакаат да живеат живот без никакви чувства (младиот пар кој се фрла од една зграда е вистинска сцена која ги опишува очајот и немоќта кај луѓето). Атмосфера во која никој не верува никому зошто во секој момент, најдобриот пријател може да се претвори во најголем непријател.
Можеле да направат и епски добар блокбастер од ова, но како и да е, не сум незадоволен, филмот е сосема респектабилен римејк.
7.5 за овој дел и препорака да го изгледате, и покрај многуте лоши критики. Само без огромни очекувања.
Официјален трејлер, иако е прилично лош: