One Missed Call
Филмов според мене е само една одлична реклама за Моторола мобилните телефони и ништо повеќе, обичен wannabe хорор филм, кој воопшто не е ни страшен, напротив тапа е. Барем главните ликови да се спанџаа, ни тоа не се случи. Досаден и предвидлив филм, одвај чекав да заврши.
Оцена: 3/10 и тоа само заради тоа што главниот лик е секси со секси глас.
Notting Hill
Преубав филм. Преубав. Иако приказна, малку далеку од реалноста, сепак преубав љубовен филм, глумата на Хју Грант и Џулија Робертс е совршена, филмот изобилува со преубави песни, уживав едноставно. Таа позната актерка, тој сосема анонимен човек со плавата куќа во Нотинг Хил. Најпозитивното нешто од целиот филм покрај музиката е последната сцена со пресконференцијата и уште оваа реплика: "I'm a just a girl, standing in front of a boy, asking him to love her"”. Репликава ме наежи. Преубаво кажано, не знам, ќе си ја памтам вечно. Целата реплика ја долови самата поента на филмот.
Оцена: 10/10
Не е совршен имаше пропусти, но репликата на филмот заслужи чиста 10ка.
Bridget Jones: The Edge of Reason
Дефинитивно првиот дел е подобар, без конкуренција, но и овој дел ми се допадна. Ме опушти, ме расположи, ја покажа Бриџит со целиот нејзин сјај. Несмасна, трапава, изгубена, заљубена, но сепак и покрај целиот баксуз успеава да се снајде. Башка и crazy in Love ја има при крајот.
Оцена: 8/10