Одамна немам гледано филм што вака ме потресол. Секоја чест за приказната. Крајот малце ама само малце е нејасен (
што претставува малото девојче кое трча накај светилникот, причината за смртта на детето од страна на мајката и моментот кога таткото ќе го најде медалјонот. Нема веднаш да ти текне дека и тој ја играл играта.
). Многу добра глума.
Филмот е хорор/трилер, ама нема крвишта и такви некои ствари. Мене лично ми беше страшен али на тие што гледаат многу хорори најверојатно нема да им биде. Исполнет е со морничава атмосвера, ама не е до толку да се плашиш навечер да легнеш да спиеш.
Се работи за трочлена фамилија. Детето, Симон, почнува да си игра со неговите замислени другари.
И да знаете, духовите не беа лоши. Баш напротив, тие и помогнаа на мајката да го најде тоа што го бараше.
Невообичаен филм, кој што покажува реални снимки од возвишени пејсажи па до огромни фабрики. Снимките дури повеќе личат на фотографии. Дефинитивно не е филм за секој, особено не за оние кои гледаат филмови заради кревање адреналин, пошо попасивно дејство (ако може да се каже дека има дејство) од ова неам видено.
Според мене побитно е чуството што го развива во гледачот, од возхитеност и инфериорност, до чувство на убаво и колективизам, и на крај чувство на гадење од себе си.
10 минути се мислам како да почнам да ја напишам рецензијата али не оди ради тоа што неможам да најдам толку добри зборови што ги заслужува филмов...Едноставно се во филмов е доведено до перфекција ...Филм кој ќе го паметам долго време .
прво- Музиката во позадина ,како само ја доловува атмосферата во филмот,тоа е неверојатно.
второ-Сцените,камерата -дефинитивно Лу(к) Бесон знаел што да прикаже и најбитно како да го прикаже.
трето- Приказната,повторно да го пофалам ЛУ Бесон ,не е ни најмалку лесно да напишеш толку добро сценарио а уште и да го реализираш на најдобар можен начин.
Пуцачката сцена на самиот крај можеби една од најдобрите пуцачки сцени во историјата на постоњето на филмот.
четврто-Глумата. Нешто слично како The Green Mile во смисла на тоа што Рено,Олдман и тука младата Портман, толкуваат ликови што ќе ги засакаш и изопачени ликови што ќе ги мразиш...
Нешто околу дијалозите кои ги нема многу,пошто не е спаѓа во оние како би ги нарекол "зборувачки" филмови али за крими-драма-акционен филм содржат и текако е*ено добри мисли....
За крај- филм што треба да биде репер на новиве трилери.
110 минути трае- 110 минути од животот што ги потрошив во филмско уживање.
долго време го немав овај филинг после изгледан филм.
Њу Јорк во времето на Лаки Лучијано,Бампи и Дач Шулц,всушност војната меѓу овие легенди на подземјето е измислена,но сценариото е фантастично осмислено ,одлична слика за САД во тоа време...
Стварно добар филм, криминален/драма/трилер. Станува збор за грабеж на банки, заведување на сведок, бегање од ФБИ... Добра актерска екипа, Ben Affleck, Jeremy Renner, Rebecca Hall. Моја оцена 10/10. Супер филм, препорачувам да го гледате.
Еден навистина прекрасен документарец и вистинска привилегија да се види како работи мозокот на еден од најголемите умови на денешницата, Стивен Хокинг, кој иако врзан за инвалидска количка во скоро комплетна парализа, може да отиде многу, многу подалеку од сите нас. Со помош на нараторски глас и прекрасната графика, Хокинг не води на прошетка низ Универзумот, од почетокот па до крајот, обидувајќи се да ни ги упрости и оние работи кои мора да признаеме дека немаме капацитет да ги разбереме како функционираат и како се можни.
Во продолжение ќе оставам и линкови од youtube каде што го има комплетниот документарец, за оние кои немаат лимит за симнување, но препорачувам да се симне заради прекрасните визуелни решенија. Едноставно нема да го доживеете филмот исто на youtube.
Филмот е составен од три дела, т.е. се работи за мини-серија. Првиот дел се вика "Aliens", трае 40-тина минути, и во него Хокинг зборува за можноста на постоење на вонземјаните и ако постојат, како би изгледале и како би се однесувале. Колку е веројатно еден ден да се сретнеме со нив и дали може да постои живот поинаков од оној што го познаваме.
Вториот дел се вика "Time Travel", насловот зборува доволно, но интересно е што за разлика од други документарци на оваа тема, Хокинг се потрудил убаво да објасни што би било, а што не би било можно. Зборува за патување во минатото, патување во иднината и разните начини на кои тоа би било теоретски изводливо. Посебно ми се допадна сцената за „парадоксот на лудиот научник“. И овој дел трае 40-тина минути, и за него оставам трејлер:
Последниот дел се вика "The Story of Everything", трае час и половина и во него имате ретка прилика да патувате од Големиот Бенг до денешен ден, и понатаму во иднината до Големиот Кранч или Големиот Чил. Хокинг зборува за начините на кои би можел да настане животот, дали има креатор зад сето тоа, на кој начин човекот би можел да ја надживее земјата која неминовно еден ден ќе ја снема заедно со нашиот сончев систем, и како би можел да си обезбеди 5-6 милијарди години живот за идните генерации.
Визуелно прекрасен, тежок и едноставен, овој филм е must see за сите кои ги интересираат тајните на Универзумот и животот. 10/10
Подзаборавен филм кој навистина вреди да се погледне.
Се работи за студент кој за да заработи некој денер оди да чува слеп човек, но работата не ни одблиску онакава каква што тој очекува. Филмот остава наследство во животот, едноставно прави да го цениме животот, прави да сфатиме дека животот може да се живее во една минута како што кажува Пачино во најубавата сцена од овој филм. Се зборува за вредностите на човекот, интегритетот и моралните принципи.
..."There was a time I could see. And I have seen boys like these, yunger then these, their arms torn out, their legs ripped off. But there isn't nothin' like the sight of an amputated spirit..."
Лелее дефинитивно 9.5/10. Обожавам филмови со патување низ време. Хектор е оженет човек кој штотуку се доселува во нова куќа. Дури седи во дворот, со двогледот ќе види гола жена. Ќе се десат работи и тој ќе се врати саат време. Филм полн со пресврти, многу солиден трилер. Јас на пример во никој случај не го предвидов крајот. Дури и предвреме мислев дека крајот нема да ми се допадне бидејќи јас сама не бев способна да видам добар крај. Али супер, ме изненади.
Мене лично ми изгледаше како Triangle да презема идеи од овој филм. Во Empire магазинот, дури е нарекуван и "The new Donnie Darko?". Дефинитивно го препорачувам.
Иначе филмот е шпански.
Многу добар филм. Би рекла појше трилер отколку љубовен. И конечно и мене еден љубовен филм да ми се бендиса толку. Основната приказна на филмот е за љубов на прв поглед. И овој филм е полн со пресврти. Има позната актерска екипа (Никогаш немам сфатено зошто сите го сметаат Џош Хартнет убав). Од мене има 8.5/10.
И вакви филмови обожавам, со ограбување банки. Ме фати носталгија за серијата Hustle
Филмов има прекрасен саундтрак, совршена актерска екипа.
Не ми се бендиса тоа што Дензел и Џоди Фостер се однесуваа многу надмоќно, али океј, така им рекле. Од мене има 10/10. Обавезно, лектира за сите филмаџии.
I saved the best for last Првпат го гледав филмов на А1, дури спремав колоквиум случајно ми беше пуштен телевизорот и се загледав. И утредента цело време за филмов зборев. Значи што би рекла бившата цимерка, "Ебате филмот ебате". Секоја чест.
Актерите се беспрекорни, ги обожавам Кијану Ривс и Шарлиз Терон, а тука го имаме и Ал Пачино. Човеков ме преплаши на моменти, значи стварно како глуми, чудо едно.
Еве за што се работи: The newest attorney at the world's most powerful law firm has never lost a case. But he's about to lose his soul.
Совршенство од филм. 100/10.
Незнам од каде да почнам или како да завршам, филмот ме остави без зборови со мотив да шпионирам у форуми и да најдам некое срдечно размислување кое би се поклопувало со моето. Одамна бев решен да го гледам филмот, одвоив време и се изолирав себеси само за да погледнам едно ремек дело направено со како што истражив и прочитав 7000$.
Да се вратам на идејата .... Режисерот едноставно е премногу паметен за своите гледачи. Значи ако до сега публиката стана препаметна и бараше плот кој едноставно ќе им го отвори умот и ќе ги подзамисли, не да ги гледаат оние "дежа ву" сценарија и препознатлив крај, тоа и го понуди Primer. Комплексно би го сместил во корпа со "K-PAX" и "Mr.Nobody", иако да го рецензирав нареден ден, и би се подзапрашал два пати.
Филмот неможе да го оцените со клишето "да, океј беше...". Значи или сте вие оние малкумина кои живеат 1 деценија пред другите и имаат опен мајнд сваќања за општеството, или секако сте оние другите.
Да недолжам многу... Актерска екипа? Епа Режисер,сценарист и главна улога е истиот човек. Ако барате плачипичкин филм и филм на кој би се релаксирале, едноставно избегнете го овој ве молам... Ова е за оние попаметните или едноставно речено фрикови, според колективното мислење.
Гледање еднаш? Јок. Или ќе го гледате 3+ пати, или сте се откажале гледајќи го еднаш и сте пуштиле "Кога лисјата паѓаат", трето нема.
Плот ? Двајца пријатели се муваат наоколу. Булшит, нема плот. Или има во некоја друга временски ограничена сеанса.
Нова Година.Френк тргнува накај дома,но по 20 години возење по автопатот тој се решава да тргне по пократкиот пат.Испаѓа дека тоа ќе биде најголемата грешка во неговиот живот затоа што возејќи накај дома тој ...
не се издржува, а да не се погледне под спојлер
Oд мене 7.5/10 ,и ми беше прилично интересен и имаше некои делови језиви онака
Нова Година.Френк тргнува накај дома,но по 20 години возење по автопатот тој се решава да тргне по пократкиот пат.Испаѓа дека тоа ќе биде најголемата грешка во неговиот живот затоа што возејќи накај дома тој ...
Oд мене 7.5/10 ,и ми беше прилично интересен и имаше некои делови језиви онака
Се мислев кај да го рецензирам филмов, дали тука дали во темата за последен гледан филм, ама мислам дека овде му е местото бидејќи, едноставно не смеете да го пропуштите, а јас не смеам да не го препорачам..
После толку препораки од филмските критичари да се погледне филмов, кој е ставен во главните категории за Златен Глобус, а не се сомневам и дека ќе биде за Оскар, морав да седнам да го гледам. Првите десет минути мислев дека ќе фрлам нешто во монитор од иритантното однесување на Цукенберг во филмов, кој е претставен како генијална бубалица која не знае да се социјализира.
Тука е интересното во филмов, бидејќи се работи за масовна појава како Фејсбук и основач кој е жив и здрав, зафркнато е да се направи портретирање на една личност, токму заради тоа што можеби нема да бидете ни блиску до вистината. Цукенберг кога излезе филмов изјави дека освен облеката ништо друго не е погодено во филмов. Дали е така останува дискутабилно. На моменти и јас мислев дека малку претерале со шаблонизирањето на ИТ умовите како бубатори кои се исфрустрирани и не сакаат никој жив на светот. И се уште не сум на чисто на чија страна сум.
Дејствието на филмов е поставено во две судски парници, во кои Цукенберг е тужен. Постојано му се товари дека идејата му е украдена. Токму тука може да се најдете во поделена ситуација, постојат многу аргументи кои велат дека крадел по малку, но и дека е брилјантен ум.
Има еден момент кој ќе го запазите во филмот а тоа е самиот почеток каде тој седнува на компјутерот и ја разработува првичната идеја за ФБ,а тоа не може да му се негира, и всушност токму тогаш се создава основата на социјалната мрежа. Токму затоа зачетокот на идејата не може да се припише на никој друг освен нему. И самиот тој има еден многу силен аргумент во филмот кога вели: Ако велите дека вие сте го измислиле ФБ, а не јас, вие ќе го создадевте.
Една идеја во 2003 година го создава најмладиот милијардер на светот. Се добива впечаток дека Марк е човек кој е по малку изгубен во просторот, па дури и лесен за манипулација. Гледајќи го по интервјуа, некако тоа не ми изгледа уверливо.
Момчето што го глуми Цукенберг во филмов е апсолутно брилјантно, ја одиграл улогата така како што Финчер му сугерирал претпоставуам. Секако секогаш ќе остане да виси прашањето дали човекот е (односно бил) навистина таков.
Чекам да излезе The Fighter и да видам дали Валберг ја извел својата улога толку добро колку што е фален, инаку не се сомневам дека Џеси Ајсенберг е сериозен претендент за Оскар за главна машка улога.
Филмов е вистинско уживање, првите нервозни десет минути се претвораат во прекрасно екранизирана приказна.
Гледајте го задолжително.
И нормално на кој му се допаднала рецензијава нека клика Like...
П.С: Бидејќи очекувам многу скоро да се снима филм за Асанж, мислам дека после ваков филм, Финчер е вистинскиот човек за работата.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.